Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобро дело на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“ што се доделува во чест на еден од најзначајните македонски раскажувачи. Во конкуренција од 24 доставени авторски трудови, стручната комисија во состав проф. д-р Димитар Пандев, претседател, и членовите Славе Ѓорѓо Димоски и проф. д-р Иван Џепароски, одлучи наградата да му припадне на расказот „Службен пат до ...
Италијанскиот Дом на пратеници го одобри предлог-законот за ратификација на Договорот за стратешка соработка со Албанија, потпишан во Рим на 13 ноември 2025 година. Предлогот доби поддршка од 149 пратеници, 81 гласаа против, додека тројца беа воздржани. За договорот целосно да стапи во сила, потребно е да биде разгледан и одобрен и од италијанскиот Сенат. Со договорот се воспоставува сеопфатна рамка за соработка меѓу Италија и Албанија во ...
Фото: Министерство за транспорт Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. На средбата се разговараше за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Министерот Николоски ...
Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека „овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана“. Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите Американски Држави со ...
Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ уште двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава. Станува збор за имамот Бекир Халими и политичкиот аналитичар и поранешен политички активист Валон (Ваљон) Белја. Според информациите, по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи на Албанија ги ставило ...
Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На шШолата ...
Фото: Национална агенција за цивилна заштита Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, ...
По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец. Споменикот е подигнат во чест на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот за време на ...
По повод 2 Август – Илинден, Државниот архив објави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, кои сведочат за борбата, идеалите и жртвата на илинденците. „На денешен ден 1903 година започна Илинденското востание, еден од најзначајните настани во македонската историја. Водени од идеалите за слобода и сопствена држава, македонските револуционери ја започнаа борбата која остави траен белег во колективната меморија на ...
Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, во потпелистерското село Трново ќе ја одржат 55-та по ред, Семакедонска средба. Според востановената традиција, на средбата ќе и претходи утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ со која ...
2025: 19 години од членството на Република Бугарија во ЕУ, 35 години од воведувањето демократија, 62 години од почетокот на политиката на негирање, асимилација и дискриминација на македонското малцинство во Бугарија Содржина: – Вовед: Положбата на македонското малцинство и главни настани во 2025 – Негирање на македонското малцинство, нација и идентитет – Говор на омраза – Недостаток на правна заштита – Прекршување на правото на здружување: ...
За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на македонскиот народ на национална држава, во којашто се гарантираат правата на малцинските заедници. Во Илинден ја гледам искрата на македонскиот револуционерен оган, што им го осветли патот на ...
Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методоја Андонов Ченто ,на Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Кузман Јосифовски Питу, на Могилата на непобедените, денеска во Прилеп беше одбележан 2 Август, Илинден, Денот на Републиката. Бројни делегации, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во ...
Илинден не е само датум, туку завет, карактер и најсилен доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани и потценувани, но никогаш покорени, порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден, Денот на Републиката. Слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, истакна ...
На големиот македонски национален празник Илинден, во Јабука се одржа Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што беше означен почетокот на ново и историско поглавје за македонската заедница во Република Србија. Во Сојузот се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, без Националниот совет. Ова претставува најшироко организирано обединување на македонски здруженија, фондации, културно-уметнички ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека 2 Август – Илинден е најсилниот доказ за вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност и државност, истакнувајќи дека тој историски пат започнал во 19 век, а својата кулминација ја достигнал со независноста на Македонија во 1991 година. Во изјава од Крушево по повод одбележувањето на националниот празник, Николоски нагласи дека идејата за македонската држава ...
Слика: Излет на Македонците во Тирана за Илинден во 1937 година Македонското друштво “Илинден“-Тирана го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ. „Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени ...
Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта кон татковината, ...
Фото: Мечкин камен – Крушево Илинденското востание, кое се слави со посебна величественост, чест и комеморација, секогаш на 2 август, во спомен на 2 август 1903 година, кога народот од Крушевско и околните области херојски се кренаа против суровиот отомански јарем, е навистина единствен случај во ваквите ослободителни движења, не само на нестабилниот и воинствен Балкански полуостров. Ова се вели со полна убеденост, меѓу другото, затоа што ...
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата ...
Стерјовски: Илинден е вечен симбол на слободата, достоинството и националниот опстанок, а за Македонците во Албанија претставува инспирација за продолжување на борбата за национални права. По повод националниот празник 2 Август – Илинден, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка до Македонците, во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната борба за слобода, ...
По подолго боледување, денес во Скопје, на клиниката за кардиологија, на 72 години почина Исмаил Бојда, примерен сопруг, татко, дедо, прадедо, Македонец, голем патриот, другар и пријател, кој целиот свој живот го посвети во одбрана на правата на Македонците со исламска вероисповед во Македонија, Албанија, Косово и Турција, насекаде каде ги има во светот. Неговите дела ќе останат за пример на идните генерации – да се биде горд припадник на ...
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица загинаа за време на обидот за премин, ...
Вчера и денес во Туминец се одржа традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина).Повеќе од илјада верници од областа Преспа, Албанија и Македонија и светот присуствуваа на вчерашниот заеднички молитвен и празничен собир во чест на светицата-заштитничка на манастирот. Свеченостите започнаа со вечерна богослужба на 29 јули, по што следеше богата културно-уметничка програма со македонски народни песни и ...
Премиерот Еди Рама денеска на испораката на првите 40 тактички возила за албанската армија произведени во земјата, изјави дека една од стратешките цели на Албанија во областа на одбраната сега стана реалност, бидејќи првата флота возила произведени дома според стандардите на НАТО е ставена на располагање на вооружените сили. Според него испорака на возилата, произведени во Албанија, од страна на компанијата „Тимак Дифенс“, претставува ...
Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. Летната школа ...
Првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8, се одржа денеска во Софија. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
Албанија и Србија начелно се договориле да отворат конзулати во Скадар и во Бујановац, изјави српскиот министер за надворешни работи, Марко Ѓуриќ. „Ме радува што имав добри разговори со новиот албански министер за надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме начелна согласност да отвориме конзулати на нашите две земји во Скадар и во Бујановац“, изјави Ѓуриќ. Зборувајќи за Европската Унија, Ѓуриќ рече дека Србија го забрзала ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. ...