Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс. Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски. Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои ...
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулевски, предупреди дека блокадата на железничката делница од Крива Паланка до бугарската граница од страна на владата значи ризик за губење над 200 милиони евра неповратни европски средства. „Оваа делница е дел од Коридорот 8, кој има и економско и безбедносно значење за Македонија и регионот. Наместо да го изградиме со европски пари и под нивна контрола, владата го блокира проектот без објаснување“, истакна ...
Митко Трајчулевски, пратеник од СДСМ, на трибината „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ го сруши митот за економска супериорност и ефикасност. „ВМРО-ДПМНЕ имаше седум години да се подготви за владеење, но денес не гледаме резултати – гледаме само оправдувања. Целосно се распаѓа митот за економски способна и организирана власт. Сведоци сме на неуспешно менаџирање, неспособност и недостиг на ...
Еден од најосетливите и најважни аспекти во образованието се платите на наставниците. Во својата предизборна кампања, ДПМНЕ ветуваа достоинствени плати и вреднување на трудот. Но, што добија наставниците во реалноста? Наместо најавеното покачување од 12%, тие добија 5%, а остатокот дури неколку месеци не беше исплатен, со што наставниците практично беа во услови на годишна криза, рече професорот Петре Трајковски, од трибината „Македонија ...
Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем и тоа само во една година. Ние имаме нефункционален здравствен систем со заостанати реформи и апсолутен политички марктинг, истакна д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Радеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма имаше напишано 13 страни проекти за здравство, кои останаа ...
За ВМРО ДПМНЕ е својствено да лажат, лажеа пред избори за нови мерки, за повеќе пари за субвенции, лажат и сега, ги манипулираат земјоделците, а земјоделството тоне, потенцираше претседетелот на Комисијата за земјоделство,шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковвски, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Димковски посочи дека за една година владата на ВМРО ...
Како млад човек, јас најпрво што очекував е дека за една година Македонија навистина ќе стане горда држава. Но, за жал, наместо горда, станавме понижени – и тоа е факт. И денес зборуваме за тоа. Кога СДСМ се бореше за зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за вработување на роднини во институциите. Денес, Македонија е претпоследна во Европа според висината на минималната плата. Единствената држава зад нас е Албанија, а таа ...
По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ветената горда Македонија е само празен слоган во еден докажано лажен ПР-наратив на ВМРО-ДПМНЕ, гол, популистички памфлет зад кој се крие суровата реалност на нашата држава – Македонија е понижена, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ...
-На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Почитувани граѓани, Во јавноста излегоа нови, сериозни сомнежи поврзани со скандалот за јазичниот сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски. Последното истражување на БИРН, од увид во документацијата открива нови сомнителни и скандалозни детали за валидноста на ТОЕФЛ сертификатот по кои мора да постапат институциите. Прво. За јазичниот сертификат ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека караванот „Се гледаме во маало“ продолжува повторно од вторник, 24 јуни и ќе трае до 7 јули. Овој караван овозможува директна комуникација меѓу центарци и општинските власти преку дискусии за состојбите, за предизвиците, но и за идеи и предлози од кои треба да произлезат нови проекти за наредната година. „Маалските средби се неопходни ако сакаме вистински да ги слушнеме и разбереме граѓаните. ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист ...
Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа „Косата ми беше кратка и ми кажаа дека тоа не остава добар впeчаток за жена и исто така ми беше кажано еднаш додека бев на работно место – ’Насмевни се малку, ги бркаш мажите така ненасмеана’ ова ми беше кажано додека местев банери пред настан” – Испитаничка на возраст меѓу 25 и 36 години. Ова е само една од бројните изјави кои истражувачкиот ...
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарснот во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска при нејзиното гостување во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“. –Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, ...
-На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, информира Владата. „Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа. Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални ...
-На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје, соопшти МВР. -Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор: Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски? Македонија заслужува одговори. СДСМ вчера објави документирани информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на ...
-Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, соопшти Владата. „Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија. Со оваа ...
Соопштение на СДСМ: Ниту збор од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за огромниот скандал. Документи потврдуваат дека„Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип кој Мицкоски четри месеци го штитеше, е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ молчат? Затоа што се фатени живи или затоа што има и друго нешто што сакаат да го сокријат? Што друго ќе открие Вистината за Кочани 2? Проследете ја денешната прес конференција ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта. Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда. „Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил“, изјави Филипче. Тој предупреди дека власта се ...
Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богаднка Кузеска која изнесе нови детали околу одговорноста за пожарот во Кочани. Таа сподели податоци од Државниот завод за ревизија каде меѓу донаторите на кампањи на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа и името на компанијата „Салтировски консалтинг“ од Делчево чиј ...
Ако навистина се тргнат канџите на Мицкоски од Обвинителството, одговорноста за работењето на дискотеката „Пулс” ќе укаже директно на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 година се сретнува компанијата „Салтировски Консалтинг” ДООЕЛ ...
Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка: Македонија се соочува со најголемата измама и обид за затскривање на вистината за најголемата трагедија која се случи во поновата македонска историја. Од денес станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никаква намера да работат во корист на правдата, ниту пак на крај памет им доаѓа да спроведат неселективна правда. Согласно јавно достапните ...
Уредникот на Цивил медиа, Фронтлајн и Новатв.мк, Џабир Дерала, вчера соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдил пресудата против него во тужбата на премиерот Христијан Мицкоски, своевремено поднесена преку неговиот тогашен адвокат и сега актуелен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. За Дерала, пресудата ја покажува длабоката испреплетеност меѓу политичката моќ и судството во земјата. „Повеќе од две години бев предмет на ...
Апелациониот суд во Скопје вчера ја потврдил пресудата за уредникот на Цивил медиа, Фронтлајн и Новатв.мк, Џабир Дерала по тужба од актуелниот премиер Христијан Мицкоски. Дерала по тој повод во изјава за јавноста вели дека тужбата и пресудата се со цел да се замолчи критичката мисла преку институционален прогон. „Повеќе од две години бев предмет на политички мотивиран судски процес, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денес оствари средба со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Фатих Туркменоглу. Средбата претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој. Тие разговараа пред сѐ за значењето на макроекономската стабилност како предуслов за ...
Соопштние на ДУИ – интегрален текст: Демократската унија за интеграција јавно ги осудува дискриминаторските практики при вработувањето во Центарот за управување со кризи, каде на последниот конкурс се примени 12 Македонци и само 3 Албанци. Оваа институција се води од директор со албанска етничка припадност, но, очигледно, со лојалност кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Ситуацијата е алармантна. За Албанците нема значење ако раководителот е само ...
Средба на министерот Стефан Андоновски со вицепремиерот на Полска, Кристоф Гавковски. Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, г. Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска. На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во ...