Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да се справат со корупцијата во оваа држава и дека се подготвени за бескомпромисна борба во таа насока. Со други зборови, ...

Објавата е дезинформација со најверојатна цел да шири говор на омраза по етничка и политичка основа. Зашто ослободувањето од партиципација во јавните здравствени установи за крводарителите со над 10 дарувања продолжува како што било и е предвидено и во Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Македонија за 2023 година, донесена од страна на Владата. Странските пациенти, пак, трансфузираната крв ја плаќаат во рамките ...

На Германија целта не и е Украина да се предаде, ниту пак, Киев да оди на преговори со Путин, а ниту пак, Шолц има изјавено било што во овој или сличен контекст. Напротив, тој смета дека Русија е таа што треба да се повлече Објава на социјалната мрежа Фејсбук манипулира дека Германија крева бело знаме во однос на војната која што се одвива во Украина. Ова не е вистина. 03.09.2023 Германија крeва бело знаме. Киев да оди на преговори со Путин. ...

Фото: Мета.мк Град Скопје има доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 5 милиони евра, а за три месеци долгот пораснал за околу 2 милиони евра, пишува Порталб Само првите пет најзадолжени јавни претпријатија на централно и на локално ниво, на крајот од јуни имале доспеани, а неплатени обврски во износ од 68 милиони евра, а петте најзадолжени општини (во кои е вклучен и град Скопје), на крајот од првото економско полугодие, заедно ...

Нема договор потпишан од САД, Европа и Русија дека НАТО нема да се проширува. Идејата дека НАТО ќе се прошири подалеку од Германија не беше на агендата во 1989 година, затоа што постоеше Варшавскиот пакт. Ова е потврдено од Михаил Горбачов во интервју во 2014 година Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели: Џефри Сакс за кризата во Украина. САД ја поставија основата за специјална операција долго пред да биде избран ...

Видеото е од 2021 година, но тоа на ниедно место во објавата не се кажува, па кога ќе се погледне се добива впечаток дека станува збор за сегашен настан и непотребно се крева паника и страв во јавноста за смртоносен вирус. Во објавата се споделуваат и неточни информации дека овој вирус значи активирање на 5Г мрежата, како и „многу жртви од оние што имаат во телото наночипови и графен оксид“. Овој наратив е поврзан со разните дезинформации кои ...

Недостасуваат повеќе елементи во равенката членство во ЕУ до 2030 година за да може некој да тврди дека ќе влеземе во ЕУ во 2030 година и тоа први на Балканот, само ако го смениме Уставот. Освен тоа, нема докази дека во моментов сме најдобри на Западен Балкан во однос на евроинтегративните процеси, без оглед што некои наши соседи во регионот поминуваат низ период на стагнација Пишува: Теофил Блажевски Претседателот на Владата, Димитар ...

Жив е или навистина загинал во авионски пад на 23 август? Ова е главната дилема што се наметнува во јавноста по серијата вести и (дез)информации околу падот на компанискиот авион на Евгениј Пригожин, во кој се наоѓал и самиот во моментот на падот, барем според официјалните списоци и официјалните информации што ги лиферува руската влада. Проблемот е што малку кој верува во информациите од Москва кога станува збор за легендарниот основач на ...

Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија. Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска возраста за ваква ...

Објавата произволно тврди дека пандемијата на ковид била лажна и дека луѓето треба да се борат против некакви сатанисти и против некоја „длабока држава“. Пандемијата и коронавирусот беа реални и однесоа многу човечки животи, менувајќи го начинот на живот на луѓето и за тоа има медицински докази и факти. Конспирациската теорија за длабока држава особено зема залет за време на претседателствувањето на Трамп во САД, а тој и некои републиканци ...

Не запира трендот на пораст на внатрешниот долг. Доспеаните а неплатени обврски на институциите на централно и на локално ниво, на јавните претпријатија, општините, државните фирми, на крајот од првото економско полугодие изнесуваат над 443,5 милиони евра, пишува Порталб.мк. Долгот на јавното здравство се приближува до 100 милиони евра – со пораст и на квартално ниво, но и во однос на лани. Долгот по основа на неплатени комуналии, греење, ...

Во Влае постои единствено пешачка патека долж кејот на Вардар, 14.8.2023 година; Фото: Мета.мк Врз основа на сите собрани податоци од сајтот на Бирото за јавни набавки, од сајтот на Агенцијата за катастар на недвижности и од увидот на терен на новинарската екипа на Мета.мк, можеме да утврдиме дека ветувањето за изградба на Зелен спортски кеј од Ѓорче до Долно Лисиче е неисполнето од страна на Градот Скопје и градоначалничката Арсовска ...

Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот Објава на Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден, заминал на одмор во Невада и сè уште не го посетил Мауи на Хаваи, кој ...

Не е вистина дека Николоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и дека е против ЕУ, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Очигледно е дека станува збор за монтирано видео, со цел да се оцрни најголемата опозициска партија. Доколку се слушне целосното интервју на Николоски, дадено за ТВ21, ќе се види дека тој зборува за наративот на власта која ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека е антизападна и против ЕУ Рецензираме објава на Фејсбук во која се ...

Термоелектрана „Неготино“, енергетскиот сектор е главен причинител на стакленичките гасови во земјава; Фото: Мета.мк Владиното ветување од Програмата за работа за периодот 2022-2024 година за трансформација и прилагодување на ТЕЦ „Неготино“ на работа на природен гас до денешен ден не е исполнето Владиното ветување за трансформација и прилагодување на термоелектрана „Неготино“ за производство на електрична енергија од природен гас не е ...

Во објавата на Фејсбук не е споделен целиот текст и не може да се види дека станува збор за евтаназија на свињи во Хрватска поради исклучително заразната болест африканска чума, а не за постоење на некаков глобален план за уништување на традиционалното производство на храна и префрлање на синтетичко. Нема светски заговор за уништување на земјоделството, целта на Европската комисија е во наредните 10 години 25 проценти од земјоделството да ...

Објавата изнесува низа теории на заговор и непотврдени факти во врска со вакцините и нивниот состав. Вакцините не содржат графен оксид, ниту пак, графен оксид или некаква нанотехнологија која генетски ќе го модифицира човекот за тој да биде управуван со помош на 5Г технологијата Рецензираме објава на Фејсбук која ги шири добро познатите теории на заговор против вакцините кои особено се засилија во време на ковид пандемијата и во голема мера ...

Нема никакво бркање на клоци на фондацијата Сорос од Африка и Европа, како што се обидува да прикаже оваа објава. Фондацијата ќе го ограничи своето финансирање на проекти во ЕУ, но тоа не значи дека целосно се повлекува, а уште помалку дека некој ја избркал. Исто така, Фондацијата делува и во Африка, наспроти тврдењето во објавата дека е избркана од овој континент Рецензираме објава на Фејсбук која тврди дека фондацијата „Отворено ...

Илустрација: Мета.мк Населението во Кочани забрзано старее – од 10, 2 отсто во 2002 година, процентот на лица над 65 години во вкупното кочанско население во 2021 година изнесувал над 21 отсто, односно двојно повеќе. И покрај ова, изградбата на домот каде би се згрижувале стари лица не е ниту на повидок И покрај најавите и ветувањата во предизборната кампања на актуелниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов дека овој град на истокот од ...

Заклучно со крајот од првото економско полугодие, во земјава имало 337.054 пензионери. Просечната пензија во земјава изнесува 19.106 денари. Низ земјава пензионерите преку протести бaраат линеарно зголемување на пензиите. Владата преку Уставен суд ќе проверува дали е уставно ваквото решение. Економистите предупредуваат – внимателно со растот на пензиите, пишува Порталб.мк. ДА за подобар пензионерски стандард, но и за одржлив пензиски ...

Не постои никаков глобален план за уништување на Рсуија и на Путин, бидејќи наводно биле последниот бранител на традиционалните вредности кои почиваат на темелите на православното христијанство. Мит е дека Западот сака да ги уништи „традиционалните вредности“, тоа е познат руски дезинфо наратив кој многупати можеше да се слушне во говорите на рускиот претседател. Факт е дека Русија ја нападна Украина со цел да приграби што е можно повеќе ...

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви е огромен и многу е погрешно за тоа да се обвинуваат НАТО и ЦИА, кога и двата конфликта ...

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи, бидејќи тие можат да се користат надвор од државата и се опфатени со техничкиот период ...

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во Словенија која беше погодена од поплавите. Како што е објавено на веб-страницата на НАТО, помош испратиле ...

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, Путин е тој кој одлучи целосно неиспровоцирано да го нападне територијалниот интегритет на суверена држава. Исто така, Вашингтон постојано потенцира дека Русија може да ја прекине војната во Украина уште утре, ако се повлече од нејзината територија. Што значи дека САД не сакаат да има војна во Украина, но ја поддржуваат украинската позиција на самоодбрана Рецензираме објава на социјалната ...

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани. Така што православието е доминантно во Украина и нелогично е да се враќа нешто што е веќе доминантно. Исто така, објавата манипулира дека мирот во Украина зависи од религијата, иако таа е еден од камењата на сопнување со Русија. Но, таму не може да се бара решението за војната, туку во потезите на рускиот политички врв предводен од Владимир Путин, кој одлучи да изврши ...

Во Германија марката не е официјална валута од 2002 година кога беше прифатено еврото. Нема никакви најави дека ќе се врати марката во употреба, ниту дека Германија ќе излезе од ЕУ. Ваквите гласини датираат уште од 2011 година, но никогаш не се остварија. Се работи само за шпекулации и подбуцнувачки наративи кои доаѓаат од одредени политички центри противници на Европската Унија, како што е германската крајно десничарска партија – АФД ...

Изнесените тврдења за наводна трговија со луѓе и органи во Украина не се поткрепени со никакви докази и истите се базираат на произволни тврдења на Јутјуберот Морис, кој и претходно изнесувал дезинформации во своето шоу. Ова е позната руска пропаганда и дезинформација, според која западните земји наводно ја злоупотребуваат војната во Украина и вршат трговија со луѓе и органи, а рускиот претседател е тој што се бори да го запре ова. Но, за ...

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува во војната со Русија. НАТО само ѝ помага на Украина да се одбрани од руската агресија Анализираме објава на ...

Фото: Мета.мк Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните, а на трето место е државата. Во исто време, компаниите биле и први на листата ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.6
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
74%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Калај

43.91