Вашингтон воведува нови санкции против Иран поради неговата испорака на проектили на Русија за употреба во нелегалната инвазија на Москва на Украина, објави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите имаат за цел дополнително да ги ограничат „дестабилизирачките активности на Иран“ и да таргетираат поединци и бизниси со седиште во Иран и Русија, вклучително и водечкиот ирански ...

Потпретседателката на САД Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп никогаш не се сретнале пред нивната претседателска дебата вчерва вечерта, но веднаш почнаа да се критикуваат во клучната средба пред националните избори на 5 ноември. Двајцата кандидати на самиот почеток се ракуваа, ги зазедоа своите места зад говорниците на бината во Филаделфија, а потоа почнаа да се напаѓаат меѓусебе. Тие се расправаа за американската ...

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кои заеднички ќе го посетат Киев оваа недела, денес изјавија дека се обединети за потребата од справување со влијанието на Иран на Блискиот Исток и Украина. „(Ние сме) целосно усогласени со потребата да се справиме со малигните активности на Иран во регионот и пошироко“, им рече Лами на новинарите покрај Блинкен, кој е во посета на Британија. ...

Министерството за здравство на Газа денес соопшти дека во израелски ракетен напад врз хуманитарна област во јужниот дел на појасот Газа биле убиени најмалку 19 лица, а 60 други биле ранети. Министерството соопшти дека спасувачите сè уште не успеале да стигнат до некои од жртвите кои останале затрупани под песок и урнатини. Бројот на убиени е помал од претходниот биланс обезбеден од Цивилната одбрана, која соопшти дека во нападот загинале 40 ...

Заменик-помошникот секретар на САД Александар Касаноф изрази силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повтори нивната посветеност да ни помогнат на патот кон членството во ЕУ, напиша на Фејсбук првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Меџити е во официјална посета на САД, а од Атлантскиот совет бил поканет да учествува на Конференцијата за енергетска безбедност на Централна и ...

Ноќта помеѓу осми и деветти септември 1991 година, на три минути по полноќ во Скопје на свет дојде Христијан Проданов, првороденото дете во независна Македонија. Неговото раѓање се случи кога на плоштадот „Македонија“ во Скопје со огномети се славеше прогласувањето на македонската независност изгласана преку референдум од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Embed share Христијан Проданов е првороденото дете во независна ...

Демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп треба да се соочат на дебата вечерва во она што може да биде клучен момент во кампањата што води до претседателските избори во САД на 5 ноември. Кандидатите никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон, но вечерва ќе стојат на кратко растојание еден од друг во Филаделфија. Тие се очекува да се критикуваат меѓусебе 90 минути додека одговараат ...

Руската војска денес соопшти дека уништила 144 украински воздушни беспилотни летала лансирани во ноќните напади насочени кон региони низ западна Русија. Противвоздушната одбрана соборила 20 од беспилотните летала над московскиот регион, каде што гувернерот Андреј Воробјов рече дека дроновите оштетиле станбени згради и домови. Во нападот загинало најмалку едно лице, а повредени се уште тројца, изјави Воробјов на Телеграм. Најмногу пресретнувања ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во средата објави дека помилувал уште 30 политички затвореници, што е трето ослободување на затвореници во последните три месеци. Имињата на ослободените не беа објавени, но не се очекува да биде вклучена најпознатата затвореничка во земјата, истакнатата опозициска личност Марија Колесникова. Таа беше дел од трите жени, вклучувајќи ги Светлана Тихановскаја и Вероника Цепкало, кои водеа обединета ...

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на САД, каде на покана на Атлантскиот совет учествува на 9-от состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност. Глас на Америка: Вицепремиере, учествувате на 9-тата годишна Конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон. Каква е ...

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен доцна во понеделникот пристигна во Лондон на почетокот на еднонеделната дипломатија со новата влада на Обединетото Кралство, на која се очекува да се зборува за Украина и Блискиот Исток. Посетата на Блинкен доаѓа пред посетата на премиерот Кир Стармер во Вашингтон во петок, негова втора средба во Белата куќа откако неговата Лабуристичка партија победи на изборите во јули. Блинкен - највисокиот ...

Сцената е поставена за она што би можело да биде клучен момент во кампањата што води до претседателските избори во САД на 5 ноември - дебата утре вечер меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот поранешен претседател Доналд Трамп. Двајцата кандидати никогаш не се сретнале, ниту разговарале по телефон, но утре ќе стојат на кратко растојание еден од друг во Националниот уставен центар во Филаделфија. Тие треба да ...

Минатата недела американските власти презедоа големи акции против ширењето на руската пропаганда во американскиот информацискиот простор. Одделот за правда на САД, Стејт департментот и Одделот за финансии на САД, истовремено објавија откривање на компанија финансирана од Москва, која добивала наредби од менаџери на руски државни медиуми, кои пак им плаќале на популарните десничарски онлајн коментатори да искажат наративи блиски до Кремљ. Се ...

Шведска ќе го испрати својот 17-ти пакет помош за Украина со дополнителна воена поддршка во вкупна вредност од 443 милиони долари, изјави денес министерот за одбрана Пал Џонсон. Новиот пакет ќе вклучува муниција за пешадиски борбени возила веќе донирани од Шведска, како и набавки кои би го олесниле трансферот на борбени авиони во иднина, иако сè уште не е одлучено за таков трансфер. „Сакаме да имаме можност да донираме Грипен на Украина во можна ...

Во летно утро во главниот град на Србија, Белград, Вадим Морус, професионален лизгач на мраз од Русија, лизга на отворено на 1.600 километри од неговата родна Москва, но почнал да се чувствува како дома. Тој побегнал од Русија со својата свршеница во 2022 година, дел од бранот од десетици илјади кои дојдоа во Србија по руската инвазија на Украина. Далеку е да се дојде, но многумина го избрале Белград поради неговите стари културни и религиозни ...

Како да се ограничи и да се спротивстави на влијанието и моќта на Кина - преку нејзините биотехнолошки компании, беспилотни летала и електрични возила - ќе доминира во првата недела на Претставничкиот дом на САД по летниот одмор, кога законодавците ќе преземат низа мерки насочени кон Пекинг. Вашингтон го гледа Пекинг како свој најголем геополитички ривал, а законодавството се верува дека гарантира оти САД преовладуваат во конкуренцијата. Многу ...

По повод Денот на независноста на Северна Македонија, државниот секретар Ентони Блинкен рече: “Во име на Соединетите Американски Држави, им ги честитам на македонскиот народ 33 години од независноста и историскиот избор на вашата прва жена претседател. Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница. Американскиот народ и народот на Северна ...

Шефот на Обединетите нации за човекови права Вокер Турк, денес рече дека завршувањето на војната во Газа „и избегнувањето на целосен регионален конфликт е апсолутен и итен приоритет“. „Знаеме дека војните се прелеваат и на идните генерации, поттикнувајќи повторени циклуси на омраза доколку нивните причини останат нерешени“, рече Турк на седницата на Советот за човекови права во Женева. „За жал, војната во Газа е суштински пример“. Турк го ...

Хамас вчера ги повика САД да „извршат вистински притисок“ врз Израел да постигне договор за прекин на огнот во Газа, како што премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека нема договор. Двете страни ја разменија вината за застојот на разговорите за прекин на огнот и размена на заложници, додека Нетанјаху се соочува со притисок да склучи договор по смртта на шестмина заробеници од Газа. Главниот преговарач на Хамас, со седиште во Катар, Калил ал-Хаја ги ...

Симпатичниот ресторан „Конзулат“ ја доловува богатата разновидност на њујоршката метропола и енергичната мешавина на светски влијанија низ неговиот концепт за храна, коктели и дизајн. Embed share Успешни Македонци во САД: Њујоршкиот ресторан „Конзулат“ – место за префинет вкус Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:06:22 0:00 Direct ...

Нестабилен Западен Балкан им одговара на официјален Кремљ и Пекинг. Надворешни актери ги искористуваат слабостите во државите од Југоисточна Европа, користејќи широк опсег на алатки за хибридни закани. Земјите трпат сајбер-напади, кампањи со дезинформации, гранични спорови, велат познавачите на приликите. „Русија и Кина се голем предизвик за евро-атланската заедница. Тие сакаат да ги искористат постоечките слабости кои се појавуваат во регионот. ...

Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да дозволи неговите сили да го користат оружјето со долг дострел за да ја нападнат Русија, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денес предупреди дека тоа нема да има огромно влијание што би ја претворила војната во Украина во корист на Киев. На редовниот состанок на украинските сојузници во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, Зеленски ја повтори ...

„Дневно мора да се достигнат - 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот Битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Северна Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки. Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство. Embed ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се состана денес со највисоките воени лидери на САД и повеќе од 50 партнерски земји во Германија, за да изврши притисок за поголема поддршка за оружје, како што Вашингтон најави дека ќе обезбеди уште 250 милиони долари безбедносна помош за Киев. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека состанокот на лидерите се одржува во динамичен момент во борбата на Украина против Русија, додека таа ги ...

САД обвинија пет руски разузнавачи и еден руски цивил во врска со голем сајбернапад. Одделот за правда во четвртокот го обвини Русите дека го извршиле нападот со малициозен софтвер „WhisperGate“ во јануари 2022 година, кој имаше цел да ја ослабне цивилната инфраструктура на Украина пред руската инвазија следниот месец. „Кампањата WhisperGate вклучуваше таргетирање на цивилна инфраструктура и украински компјутерски системи целосно неповрзани со ...

Највисоки американски воени лидери ќе бидат во Германија за да разговараат за потребите на Украина за време на војната, како што Русија го изведе еден од најсмртоносните воздушни напади во конфликтот и Украина ја притиска својата офанзива во рускиот регион Курск. Секретарот за одбрана Лојд Остин и генералот Браун Џуниор, претседател на Здружениот генералштаб, ќе бидат домаќини на состанок в петок во воздухопловната база Рамштајн на украинската ...

Самитот на НАТО во Вашингтон не беше само самит за прослава на 75 години на Алијансата, туку самит со конкретни задолженија, рече поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски, кој за Гласот на Америка ја лоцира улогата на Северна Македонија во тој контекст: Embed share Самитот на НАТО во Вашингтон не беше само самит за прослава на 75 години на Алијансата, вели Пендаровски Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL ...

Украина постигна „многу“ во својата офанзива во Курск во Русија, но тешко е да се каже како ќе се развива ситуацијата понатаму, изјави во четвртокот на новинарите во Осло генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Само Украинците можат да ги направат тешките избори што се потребни, како на пример каде да ги распоредат своите сили и каков тип на војна е соодветен во оваа ситуација“, рече Столтенберг. Руските сили напредуваат на истокот на ...

Пред повеќе од една година, знаците на интернет за закана од пукање во училиште ја навеле полицијата во Џорџија да интервјуира 13-годишно момче, но истражителите немале доволно докази за апсење. Вчера, тоа момче пукаше во своето средно училиште надвор од Атланта и уби четири лица, а рани девет, соопштија официјални лица. Тинејџерот е обвинет како возрасен за смртта на средношколците Мејсон Шермерхорн и Кристијан Ангуло, и двајцата 14 години, и ...

Кинескиот лидер Шји Џјинпинг денес вети повеќе од 50 милијарди долари финансирање за Африка во следните три години, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во инфраструктурата и трговијата со континентот додека се обраќаше на најголемиот самит во Пекинг од пандемијата. Повеќе од 50 африкански лидери и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, присуствуваат на форумот Кина-Африка оваа недела, според државните медиуми. ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
4.12
58%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
2.57
87%
1021

Софија

8ᴼ/6ᴼ
4.12
70%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.44
50%
1015

Љубљана

8ᴼ/5ᴼ
1.03
95%
1021

Атина

20ᴼ/16ᴼ
1.34
65%
1013

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
4.63
54%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $