Во Тајван, вежбите со ракети со муниција како оваа, се еден начин на кој островот се спротивставува на честите упади на кинеските сили во неговиот воздушен простор и води. И за да ги контролираат тензиите - било да се тие меѓу Пекинг и Тајван, или Пекинг и Манила во Јужното Кинеско Море - САД и Кина зборуваат повеќе. И двете жешки точки очигледно предизвикуваат загриженост, нешто што американскиот државен секретар Ентони Блинкен го истакна оваа ...

Хезболах и либанската влада го обвинуваат Израел за експлозиите на пејџери што ги користеле членовите на Хезболах, во кои во вторникот загинаа најмалку 12 лица, а околу 2.800 други беа ранети. Хезболах во средата соопшти дека ќе ја продолжи својата борба против Израел за поддршка на милитантите на Хамас во Газа и дека Израел треба да чека „строга казна“. Израел не го коментираше инцидентот, кој дојде неколку часа откако израелската влада најави ...

да има но ќе се ограничи маржата која може да изнесува најмногу до 10 отсто. Ова е предлогот на министерството за економија кој ќе биде доставен до Владата а кој е договорен на средбата на министерот Бесар Дурмиши со трговците и производителите. Мерката ќе биде на сила еден месец. „ Се сретнав со претставниците на стопанските комори и ги чув нивите барања и забелешки како и на производителите и трговците. Направивме предлог како министерство за ...

БАЛТИМОР (АП) - Одделот за правда на САД во средата го тужеше сопственикот и управителот на товарниот брод што го предизвика уривањето на мостот во Балтимор, барајќи да врати повеќе од 100 милиони долари што американската влада ги потроши за расчистување на подводните остатоци и повторно отворање на пристаништето во градот. Во тужбата поднесена во Мериленд се тврди дека електричните и механичките системи на бродот биле неправилно одржувани, ...

(Ројтерс) - Боинг и неговиот најголем синдикат ќе ги обноват преговорите за договор во среда во присуство на федерални посредници, откако не успеаја да се договорат за клучните прашања како што се платите и пензиите, соопшти Меѓународната асоцијација на вработени во воздухопловството. Синдикатот, чии членови излегоа на штрајк минатиот петок, се залага за зголемување од 40 отсто во текот на четири години во првите преговори со Боинг во последниве ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати во кампањата за прв пат по очигледниот обид за атентат во неделата, додека агентите работеа да дознаат повеќе за осомничениот во притвор. Покрај одржувањето на настан во градското Собрание, Трамп изјави за Фокс њуз дека му било кажано дека Тајната служба ќе ги зајакне неговите безбедносни детали. Њујорк Тајмс, исто така, во вторникот објави дека Роналд Роу, вршителот на должноста директор ...

Пракса за оваа целосно женска група за противвоздушна одбрана наречена Вештерките од Буча. Во доброволните сили за територијална одбрана Буча во близина на Киев има три борбени групи. Составени се само од жени. Овие три жени војуваат од април. Нивната главна цел е да ги соборат беспилотните летала Шахид, произведени од Иран, што Русија ги лансира кон регионот на Киев. Еден од командантите на групата има прекар „Џига“. 37-годишната е поранешна ...

Американскиот државен секретар Антони Блинкен слета во Каиро рано во средата, додека напорите да се обезбеди прекин на огнот во Газа дополнително се комплицираа со бранот експлозии во Либан. На неговото 10-то патување на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа пред речиси една година, Блинкен ќе се осврне на преговарачките напори со египетските власти, според американскиот Стејт департмент. Блинкен се очекува да се сретне со египетскиот ...

Дипломатското искричење на релација Скопје - Софија не се смирува. Бугарското министерство за надворешни работи денеска се обидува да ја дообјасни целата ситуација која дополнително се влоши откако вчера амбасадорот Жељазко Радунов, на состанокот во македонското МНР, одби да ја прими протестната нота иницирана од отсуството на македонското знаме при средбата меѓу претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова во Софија. Embed share ...

Кон крајот на летото во туристички град во Западна Вирџинија… семејства се забавуваат пред враќање во училиште и на пониските температури, а размислувањата се свртуваат кон драматичната промена на претседателските избори - од Џо Бајден до Камала Харис. „Тоа ќе привлече многу женски гласови, гласови на малцинства за неа, но нема никаква суштина. Таа нема со што да се пофали, заслуги за во избори“, вели Џон Линч, жител на Западна Вирџинија. ...

Прашањето за статусот на Њујорк како град отворен за мигранти беше доведен во прашање во јануари, кога во близина на „Тајмс Сквер“, група мигранти, наводно, нападнала двајца полицајци. Случајот е во тек, но останува прашањето дали Њујорк треба да го преиспита својот статус да ги штити мигрантите? Во моментов, локалните органи за спроведување на законот се ограничени да соработуваат со федералните власти за имиграција. Дури и кога мигранти се ...

„Те сакам Кина. Драга моја мајка“ - поранешниот претседател на САД Доналд Трамп стои пред микрофон и се чини дека пее на совршен кинески јазик. „Плачам за тебе, а исто така се чувствувам горда за тебе“, се чини дека одговара потпретседателката Камала Харис, демократската противкандидатка на Трамп на овогодинешните избори, исто така, на совршен кинески јазик. Трамп се насмевнува додека ги слуша зборовите. Видеото доби илјадници лајкови и десетици ...

Израел денес објави дека ја проширил својата војна против Хамас за да ја вклучи целта да им овозможи на жителите на северен Израел да се вратат во домовите што ги евакуирале поради судирите меѓу израелските трупи и милитантите на Хезболах долж границата меѓу Израел и Либан. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека безбедносниот кабинет го одобрил потегот доцна во понеделникот. Хезболах, сојузник на Хамас, ги започна ...

Американските истражители ги разгледуваат социјалните мрежи и другите објави на осомничениот за последниот очигледен обид за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, обидувајќи се да утврдат мотив и дали некој друг можеби бил вмешан. Замениците на шерифот во Флорида го уапсија 58-годишниот Рајан Весли Рут, запирајќи го на главниот автопат доцна во неделата, откако побегна од теренот за голф на поранешниот претседател во Вест Палм Бич, ...

СКОПЈЕ – Со 65 гласа „за“ Собранието го изгласа Законот за задолжување во износ од половина милијарда евра кај Унгарската експорт-импорт банка. Против беа пратениците од опозициската СДСМ а на гласањето му претходеше едночасовна дебата. За опозицијата законот е нетранспарентен и ризичен бидејќи ја става државата во неповолна положба и има место за корупција, за власта е одличен бидејќи ќе внесе свежи пари во државата кои потоа ќе се ...

Унгарскиот кредит кој Северна Македонија треба да го добие од официјална Будимпешта се всушност кинески пари, обвинува опозициската партија СДСМ. Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа ја става земјата во политичка зависност од трети држави. „Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела една милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Ова е уште една официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја претстави - најсовремена подморница на Турција. Заедно со носач на хеликоптери, нови фрегати и повеќе од десетина други воени бродови - се дел од настојувањето на Ердоган да ја вклучи турската морнарица меѓу најголемите во Европа. „Ова е дел од политичката агенда на Ердоган за вршење влијание во странство од Катар до Сомалија до Либија, така што тоа одговара на неговата визија. За морнарицата ...

Напади со руски беспилотни летала во текот на ноќта беа насочени кон енергетски објекти во североисточна Украина, соопштија официјални лица денес. Нападите ја исклучија струјата во регионот Суми, каде што властите соопштија дека украинската воздушна одбрана соборила 16 од беспилотните летала. Нападот врз Суми беше дел од поширок напад со беспилотни летала, за време на кој украинската војска соопшти дека соборила вкупно 34 од 51 руски беспилотни ...

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да прими протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација - отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија. На Жељазко Радуков му е врачена нота за, како што го нарекуваат во македонското МНР, пропуст на ...

Нил Бектон е сопственик на оваа продавница за плочи во Вашингтон речиси две децении. Но, клиентите не купуваат само винилни плочи овие денови. Бектон вели дека пред неколку години морал да посвети посебен дел на аудиокасетите. „Касетите почнаа да се собираат во последните две години. Порано продавав по една месечно, а сега ги продавам речиси секој ден!”, вели Бектон. Овој тренд се протега надвор од неговата продавница. Истражувањето на ...

Федералното истражно биро (ФБИ) истражува, како што рече, уште еден обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Инцидентот се случи во неделата во Меѓународниот голф клуб Трамп Вест Палм Бич во Флорида, каде Трамп, поранешен претседател, играше голф. Официјални лица за спроведување на законот изјавија дека Тајната служба видела маж со пушка и пукала во осомничениот атентатор. Според органите на редот, осомничениот ...

Рускиот гигантски проект Арктик СПГ 2 во Мурманск требаше да стане целосно оперативен во јануари оваа година. Неговата цел беше да произведе речиси 20 милиони тони течен природен гас секоја година, заработувајќи милијарди долари на „Новатек“, компанијата која ја поседува фабриката, и на Кремљ. Наместо тоа, Русија се чини дека се мачи да го продаде гасот. Аналитичарот Том Марзек-Мансер користи сателитски податоци и податоци за следење на бродови ...

Украина денес соопшти дека побарала од Обединетите нации (ОН) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, да се приклучат на хуманитарните напори во рускиот регион Курск по прекуграничниот упад на украинските сили. Украинската армија е во регионот Курск повеќе од еден месец по започнувањето на нападот, во кој претседателот Володимир Зеленски вели дека Киев ја презел контролата врз околу 100 населени места. Руското министерство за одбрана денес ...

По она што Федералното истражно биро (ФБИ) го нарече очигледен обид за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имаше широко распространета осуда на политичкото насилство, како и повици за засилени безбедносни мерки. Потпретседателката Камала Харис, која му се спротивставува на Трамп на претседателските избори во ноември, во изјава рече дека е „длабоко вознемирена“ од инцидентот во неделата на теренот за голф во Флорида. ...

СКОПЈЕ – Граѓаните и неделава ќе плаќаат високи цени на сезонскиот зеленчук и овошје и ќе чекаат на одлуката дали и на кои стотина прехранбени продукти и производи ќе се намалат цените. Ќе се разговара со производителите и трговците и потоа ќе се донесе одлука кои мерки ќе се применат и кои продукти ќе бидат опфатени, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Неизвесен е и стартот на примената на Законот за нефер трговски практики. Иако ...

Голема чест ми е да бидам во таа група на пливачи и спортски работници кои се влезени во „Куќата на славните“. За мене тоа е едно големо признание за целата моја кариера, за сите успеси кои ги имам постигнато во пливањето. Така вели Евгениј Поп Ацев, кој по повеќе од две децении пливачка кариера, во мај годинава влезе во меѓународната „Куќа на славните“ во маратонското пливање, иако не така лесно се стигнува до неа. Embed share Македонскиот ...

Во израелски воздушни напади рано во понеделникот загинале 16 лица во појасот Газа, според палестинските власти, Воздушните напади во Газа погодиле дом во бегалски камп во центарот на Газа, при што загинале најмалку 10 лица, а 13 други биле ранети. Шест други лица биле убиени во напад на дом во градот Газа, изјавија за Асошиетед прес екипите кои работат во рамките на владата на Хамас. Меѓу загинатите има четири жени и две деца. Во меѓувреме, ...

Главниот град на Латвија, Рига, ги побива поделбите што растат во оваа земја, како што се во Литванија и Полска. Експерти велат дека тоа делумно се должи на користење на мигранти како „оружје“ од страна на Русија и нејзиниот сојузник Белорусија. „Буквално, Русија и Белорусија им плаќаа на илјадници Ирачани, Сиријци, ги качија во авион, и тие слетаа во Минск, а потоа ги однесоа со автобус до границата со Полска, Литванија и Латвија и ги пуштија ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝсе заблагодари на Тајната служба и локалната полиција доцна во неделата, по, како што рече ФБИ, очигледен обид за атентат во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида. „Би сакал да им се заблагодарам на сите за вашите грижи и добри желби - ова секако беше интересен ден!“, рече Трамп на својата платформа Truth Social. „Работата беше завршена одлично“. Инцидентот, во кој Трамп не беше повреден, ...

По вторпат во девет недели, поранешниот претседател Доналд Трамп избегна обид за атентат – последниот, во неделата попладне, во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида, соопштија властите. Официјални лица рекоа дека Трамп не е повреден и дека напаѓачот бил забележан и во него било пукано од членовите на обезбедувањето на Трамп. Различни извори на национални медиуми, вклучително и Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Фокс њуз, цитираа неименувани ...

Скопје

10ᴼ/10ᴼ
4.12
58%
1020

Белград

7ᴼ/5ᴼ
2.57
87%
1021

Софија

8ᴼ/6ᴼ
4.12
70%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
8.44
50%
1015

Љубљана

8ᴼ/5ᴼ
1.03
95%
1021

Атина

20ᴼ/16ᴼ
1.34
65%
1013

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

12ᴼ/7ᴼ
4.63
54%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $