Палестинските здравствени власти во вторникот соопштија дека во серија израелски воздушни напади загинале најмалку 30 луѓе во Појасот Газа. Еден напад доцна во понеделникот погоди куќа во која раселените семејства се засолнуваа во Беит Лахија, при што загинаа најмалку 20 луѓе, соопштија властите. Други смртоносни напади се случија во градот Газа, Зувеида и Деир ал Балах. Израелската војска во вторникот соопшти дека нејзините сили убиле милитанти ...

Милиони американски гласачи ќе го дадат својот глас и ќе одлучат дали потпретседателката Камала Харис или поранешниот претседател Доналд Трамп ќе биде следниот лидер на земјата. Анкетите на денот на изборите покажаа тесна трка, особено во збир на држави од натпреварувачкотополе кои ќе бидат клучни за одлучување за победникот. Двајцата кандидати во понеделникот застанаа во Пенсилванија, една од оние држави кои внимателно се набљудуваа, одржувајќи ...

На 25-ти септември рускиот парламент го поддржа законодавството со кое ќе им забрани на граѓаните на земјите кои дозволуваат родова транзиција - хируршка или на хартија - да посвојуваат руски деца. Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, вели дека предложениот закон „ќе ги заштити децата и традиционалните вредности“. Но, Рајан Ханлон, претседател на Националниот совет за посвојување на САД, се грижи дека ова може да има повеќе врска ...

СКОПЈЕ – Владата најавува мерки во случај на поскапување, опозицијата достави предлог закон за укинување на ДДВ-то на прехранбените производи, граѓаните во исчекување дали ќе има нов ценовен шок или не. „Цените речиси и да се исти без разлика за какви мерки станува збор. Треба нешто поконкретно да се преземе бидејќи нашиот стандард не може да издржи ново поскапување. Дали тоа ќе биде од Владата мерка или пак од опозицијата закон мене ми е ...

„Мајка ми беше брилијантна, висока, обоена жена со акцент“, беа зборовите со кои Камала Харис, демократската претседателска кандидатка, се претстави пред сипатизерите. Во 1964 година, започна приказната на Камала Харис во Сан Франциско. Нејзините родители имигранти, Шјамала Гопалан од Индија и Доналд Харис од Јамајка, се сретнале во Беркли, Калифорнија, каде што двајцата напредни дипломирани студенти пристигнале да продолжат да студираат на ...

Во Јенди во северна Гана, американски и германски делегати им предадоа полициска опрема на локалните лидери за да го одбележат започнувањето на новата иницијатива за заштита на заедниците од растечката закана од тероризам и екстремизам што се прелеваат од Сахел. Механизмот за стабилност на крајбрежните држави се фокусира на справување со основните причини за регионалната нестабилност преку решенија предводени од заедницата, подобрено владеење и ...

Претседателката на Молдавија Маја Санду го освои вториот мандат на клучните избори за земјата кандидат за ЕУ, победувајќи го противкандидатот поддржан од Русија, Александр Стојаногло во вториот изборен круг. Со речиси 100 отсто преброени гласови, Централната изборна комисија на Молдавија објави дека Санду води со повеќе од 55 отсто, наспроти 45 отсто на Стојаногло. Нејзината победа е поттик за проевропските аспирации на Молдавија, иако изборите ...

„Сега можеме да заклучиме дека поранешниот потпретседател Џо Бајден е избран за претседател на САД“, рекоа водителите на една од американските телевизии во 2020 година и тоа требаше да биде крај на тогашните избори. Но, тогаш, Доналд Трамп, 45-тиот претседател на САД, не беше подготвен да го признае поразот. „Ако ги преброите законските гласови, јас сум победникот. Ако ги преброите незаконските гласови, може да се обидат да ни ги украдат ...

Вербални напади, навреди, омаловажувања, особено преку социјалните мрежи, кои воопшто не се наивни и не смее да се сметаат за безопасни, се главните проблеми со кои се соочуваат македонските новинари, предупредуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. На меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите, од новинарскиот синдикат велат дека анкетата која ја спровеле на над 450 новинари и ...

Бурната претседателска кампања во САД во 2024 година е во последните часови, со потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп кои се наоѓаат во одлучувачките сојузни држави и одржуваат митинзи. И Харис, кандидатка на демократите, и Трамп, кандидат на републиканците, беа упатени на повеќе места во Пенсилванија, источната сојузна држава која е најголемата изборна награда меѓу седумте одлучувачки сојузни држави кои ...

Ако демократската претседателска кандидатка Камала Харис влезе во историјата со тоа што ќе биде избрана за прва жена претседател на Америка, нејзиниот сопруг Даг Емхоф исто така би ги скршил бариерите и би станал „првот господин“ во САД, откако речиси четири години тој е „втор господин“ на нацијата. Дора Мекуар има повеќе. Embed share Дали Америка за прв пат ќе испише историја со свој „прв господин“? Embed share The code has been copied to ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вети поддршка од нејзината држава за Украина за време на денешната посета на Киев на средба со украинските лидери. Баербок рече дека на Украина и е потребна поддршка во време на руските воздушни напади додека ѝ следи уште една зимска сезона со дополнителна закана од воена поддршка на Северна Кореја за Русија. „Ние се спротивставуваме на оваа бруталност со нашата хуманост и поддршка, за ...

Социјалдемократите го прифаќаат предизвикот на премиерот за можноста за предвремени парламентарни избори. Лидерот на опозицијата, денеска од Собранието, порача дека СДСМ и коалицијата се подготвени за какви било избори веќе од денеска. „Тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само 5 месеци по формирањето на владата е доказ дека на владата не ѝ оди. Наша теренска анкета покажува дека 65 проценти не се задоволни од политиките на ...

Успешната словенечка манекенка Меланија Трамп кога стана прва дама на САД имаше контроверзно искуство во центарот на вниманието откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп беше избран за претседател во 2016 година. Со можноста Меланија Трамп да се врати во Белата куќа следната година - за животот и некои очекувања на гласачите за нејзиниот потенцијален втор мандат. Вероника Балдерас Иглесијас со детали. Embed share Ќе има ли втор мандат за ...

Во обид да ги првлечат преостанатите неопределени гласачи пред изборите, потпретседателката на САД Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп на митинзи во сојузните држави кои важат за одлучувачки на претседателските изборите за нов мандат во Белата куќа што започнува во јануари. Демократката Харис беше во Мичиген, една од седумте одлучувачки сојузни држави каде што анкетите покажуваат дека исходот би бил неизвесен. Политичката ...

Студентските лидери на колеџот Монтгомери во Роквил, Мериленд, неодамна поставија симулирана гласачка кабина, со примероци од гласачките ливчиња и ги поканија изборните лица да спроведат едукација на гласачите. Тоа е обид да се подготват студентите да гласаат на ноемвриските претседателски избори во САД. „Денешниот настан беше едукација на гласачите и можност да ги видат и што да очекуваат на гласачките места“, објаснува Бритни Грин, ...

Израелското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека државата официјално ги известила Обединетите нации дека нема да соработуваат со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци откако новото израелско законодавство ќе стапи на сила на почетокот на следната година. Потегот уследи по одобрувањето на израелскиот парламент на легислативата со која се прекинуваат врските со Агенцијата и се забранува да работи во Израел. ...

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник. И двете кампањи, за Гласот на ...

За украинскиот град Хмелницки, според Анатолиј Бирко, војната е започната пред повеќе од една декада. „Дури и да имав избор да не одам да се борам во војната, сепак ќе отидев. Дури и да не бев во војска ќе одев како волонтер или како изведувач”, вели Бирко. На почетокот на март, Бирко беше ранет во регионот на Запорожје кога мина експлодираше во близина на ров каде што беше засолнет. „Ровот се урна заедно со нас внатре во него, но успеавме да ...

Ова не е местото каде што тој е роден. Но, ова е местото каде што Џеј-Ди Венс го нарекува дом. Џексон, Кентаки. „Кога ја запросив сопругата, реков: Душо, имам долг од 120 илјади долари за правниот факултет и гробно место на една планина во источен Кентаки“, истакна Венс. Бабата на Венс била позната како „Мемоу“. Embed share Профил на Џеј Ди Венс, републикански кандидат за потпретседател на САД Embed share The code has been copied to your ...

Демократскиот кандидат за потпретседател Тим Волц ја поминал првата половина од својот живот во овој рурален дел на Небраска… на околу пет часа возење од најблискиот голем аеродром. Овде, силосите за жито, се нешто што често го гледате. Некои луѓе овде гледаат дел од себе во кандидатот за потпретседател. „Кога ќе го видам на телевизија, не ме потсетува на политичар. Тој ме потсетува на омилениот наставник во училиште, бидејќи тој навистина ...

Меѓу оние кои гласаат во отсуство од земјата, додека се во странство, е и Ана Белокур, една од околу шест илјади Американци кои живеат во Украина. Таа е менаџерка на социјалните медиуми за публикацијата Kyiv Independent, што се објавува онлајн, на англиски и вели дека нејзината лична врска со Украина е длабока. “Во Украина живеам околу една година. Ја посетував Украина пред да почне војната, и мојот татко е Украинец, така што имам корени во ...

СКОПЈЕ - Владината мерка за ограничување на маржите до 10 отсто преточена во т.н. есенска потрошувачка кошница даде резултати смета министерот за труд и економија, Бесар Дурмиши. Пресметките во министерството за економија и труд покажале дека едно семејство заштедиле до 1.360 денари минатиот месец но во зависност од тоа како се хранеле и каде купувале. „Цените на производите од есенската кошница се намалени во просек од 5 до 10 проценти при што ...

Пет точки и три тајни анекси - вака изгледа Планот за победа на украинскиот претседател Зеленски. „Ако почнеме да одиме напред со оваа идеја, со овој специфичен план за победа токму сега, можеме да ја завршиме војната најдоцна до следната година“, рече Зеленски. Embed share Очекувања и реалност: Што носи планот на Зеленски за победа Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media ...

Европа се подготвува за потенцијалното враќање на поранешниот претседател Доналд Трамп на власт - дури и кога неговата демократска ривалка, потпретседателката Камала Харис, останува главно непозната за многу Европејци. Многу виши лидери од ЕУ веруваат дека со гласањето во САД во залог се односите во НАТО, трансатлантското сојузништво до војната на Русија против Украина, трговските односи и иднината на нивните сопствени демократии. Многу ...

Овие избори во САД се важни не само за американските граѓани и глобалните случувања, туку и за регионот. Аналитичарот Петар Арсовски вели дека забрзувањето или забавувањето на евроинтеграциите ќе зависи од тоа кој ќе победи на изборите. „Македонија може по таа основа да направи некаков исчекор, зависно од тоа кој ќе победи на изборите во САД. Македонија не може многу да направи да влијае на изборите, ниту пак драматично да го менува курсот. Во ...

(AFP) - Молдавската про-бриселска лидерка Маја Санду е во тешка борба на претседателските избори во недела со противкандидатката која сака поблиски врски со Москва само две недели откако таа победи на референдумот за членство во ЕУ со мала разлика. Со оглед на тоа што Грузија се опоравува од спорните избори кои ја вратија на власт нејзината владејачка партија пријателска кон Москва, сега сите очи се насочени кон Молдавија, која граничи со ...

СКОПЈЕ – Владината мерка есенска потрошувачка кошница завршува денес и од утре повеќе нема да има ограничување на маржата до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на министерството за економија и труд. Владата, синдикатите и граѓаните со различни оцени дали и колкави ефекти даде едномесечното ограничување на маржата. За едните е успешна за другите намалувањата на цените биле со едноцифрени бројки и затоа немало речиси никаков ефект ...

(AFP) - Руски државјанин, поранешен вработен во американскиот Конзулат во рускиот далечен источен град Владивосток е осуден на четири години и десет месеци затвор за „тајна соработка со странска држава“, соопштија руските агенции во петокот. Роберт Шонов работеше повеќе од 25 години за Конзулатот на САД до 2021 година, кога Москва воведе ограничувања за локалниот персонал кој работи за странски мисии. Подоцна, тој работел како приватен изведувач ...

Прослави избија на улиците на Идлиб, Сирија, минатиот месец, по смртта на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во Либан. Насрала беше убиен од Израел, кој нашироко се смета за непријател во Сирија. Но, во последното упориште во Сирија што го држат бунтовничките сили, Хезболах, сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, исто така се смета за непријател. Идлиб е дом на милиони раселени луѓе од сириската војна, во која од 2011-та ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
65%
1030

Белград

8ᴼ/7ᴼ
5.14
56%
1030

Софија

5ᴼ/2ᴼ
4.12
62%
1032

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
3.17
48%
1033

Љубљана

6ᴼ/3ᴼ
0.0
94%
1030

Атина

15ᴼ/13ᴼ
4.47
59%
1027

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.06
71%
1025

Подгорица

9ᴼ/8ᴼ
2.06
71%
1026
Currency

61.615

Currency

56.5094

Currency

73.443

Currency

37.2137

Currency

40.7399

Currency

65.6179

Currency

7.96242

Currency

0.58053

Currency

0.37169

Currency

0.5264

Currency

1.64857

Currency

0.67324

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

498 $

Никел

505016 $

Рутениум

15530 $

Калај

32 $

Сребро

1042 $

Злато

87961 $

Бакар

8 $

Паладиум

34019 $

Платина

31528 $

Родиум

150321 $

Цинк

97384 $