Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека, ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. „Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, ...

Селена Гомез го прослави својот 34-ти роденден и е во многу помирна фаза од животот. Од 2023 година е во врска со музичкиот продуцент Бени Бланк. Селена Гомез порасна пред милиони гледачи. Од девојката од серијата „Барни и пријателите“ до една од највлијателните жени на денешницата, нејзиниот живот беше обележан со слава, бурни љубови и сериозни здравствени проблеми, поради што мораше неколку пати целосно да ги менува своите приоритети. ...

До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром ...

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Американската компанија „Амазон“ денес отпушти дел од вработените во својот оддел за развој на општа вештачка интелигенција (AGI), продолжувајќи ја серијата помали реорганизации што следеа по големиот бран отпуштања на почетокот на годината. Компанијата објави дека останува посветена на развојот на големи модели на вештачка интелигенција, но дека сака да ги насочи ресурсите кон проекти кои имаат најголемо значење за корисниците, пренесува ...

Полната Месечина (Buck Moon) нè очекува на 29 јули во воздушниот знак Водолија и ќе има силно влијание врз Водолија, Лав, Шкорпија и Бик. Полната Месечина во Водолија носи силна потреба да се ослободиме од сè што нè спречува и нè потсетува дека е време да бидеме самите себе, без страв од туѓите очекувања. Желба за промена Полната Месечина ја засилува желбата за промени, нови идеи и кршење на старите шеми кои повеќе не служат за нашиот развој. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска беше во Кавадарци каде што беше пуштен во употреба реконструираниот Градски базен. „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива ...

Повеќето возрасни лица треба да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми натриум дневно, што е еквивалентно на една лажичка сол. Сепак, многу луѓе значително го надминуваат ова ограничување и со тоа го зголемуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Натриумот е клучен за функцијата на мускулите и нервите, но вишокот често се додава во преработената храна и оброците во ресторани, па затоа готвењето дома останува најсигурен начин за ...

Раперот Драгомир Депсиќ, попознат како Десингерица, привлекува големо внимание во јавноста ова лето. Неговите настапи во Црна Гора станаа предмет на бројни дискусии, а најмногу коментари предизвика неговиот настап во кој им ја потстрижуваше косата на одредени луѓе од публиката. Додека некои го сметаат овој потег за ексцентричен дел од неговиот сценски настап, други го критикуваат и се прашуваат дали ваквите изведби се соодветни. Десингерица , ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Додека Гостивар се соочува со масовно заболување предизвикано во услови на контаминиран водоснабдителен систем, Владата на ДПМНЕ се обидува својата законска, здравствена и морална обврска да ја спакува во пластично шише, велат од Левица и истакнуваат дека флашираната вода во ограничени количества не може да ги покрие поттребите Партијата бара итна целосна мобилизација на државните капацитети – цистерни и домашна достава на исправна вода, ...

Елизабет Харли е „многу среќна“ со Били Реј Сајрус, но нема намера да се пресели во САД, објавија странските медиуми. Актерката Елизабет Харли (61) ужива во врската со Били Реј и откри како се справуваат со предизвиците на врската на далечина. Познатата убавица, најпозната по своите провокативни изданија во бикини , не крие дека конечно е среќна во љубовта , но сепак ѝ се допаѓа фактот што сè е „на далечина“. Во разговор за E! News, Елизабет, ...

Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека по вчерашната голема акција за расчистување, денес почнува садењето на 60 нови садници јавор и јасен. „Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура ...

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, а не од лажни информации на социјалните мрежи. „Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните ...

Изградбата на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто влегува во својата завршна фаза, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Она што го затекнавме е навистина охрабрувачко. Градежните работи се одвиваат според предвидената динамика и проектот влегува во својата завршна фаза. Паралелно со изградбата, во финална фаза е и постапката за набавка на нов училишен инвентар, со што учениците ќе добијат современо опремени ...

Фиат престана да го продава моделот 500e во Австралија, а се повеќе се шпекулира за повлекување од тој пазар. Фиат го суспендираше увозот на електричните модели 500e и Abarth 500e во Австралија, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека брендот Stellantis би можел целосно да го напушти пазарот. Ова ги остава само моделите за испорака Scudo и Ducato во понудата. Електричниот Fiat 500e имаше проблем со високата цена уште од самиот почеток. ...

Од 27 јуни, рибарскиот град покрај езерото Комо казнува одење во бикини или без кошула надвор од плажите и пристаништата. Популарното италијанско одморалиште ги заостри правилата за туристите, особено за оние кои шетаат по улиците во бикини или без маица. Патниците кои не носат соодветна облека би можеле да се соочат со високи казни според новите прописи. Варена, рибарски град на езерото Комо, ги казнува жените кои шетаат низ градот само во ...

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните, истакна на прес-конференција Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најважните резултати, според него, е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за ...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од ...

Вивиен Џоли-Пит, ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поднесе петиција за отстранување на презимето на нејзиниот татко, потврдувајќи ги шпекулациите дека и таа е во лоши односи со својот татко. Таа поднесе барање до Вишиот суд во Лос Анџелес за промена на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Маршелин Бертран е името на мајката на Анџелина Џоли, која почина во 2007 година по борба со рак на јајниците и дојката. Во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.29
27%
1010
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
4.0
32%
1009
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
4.79
39%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.63
33%
1010
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.18
28%
1008
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
57%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
5.36
36%
1008
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.3
33%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
0.89
41%
1009
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
4.02
40%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
4.88
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Калај

56.77