Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече изградбата на ветените патишта низ државата, изјави: „Изградбата, ако се спореди со тоа како напредува сега и каква беше во истиот период, да речеме пред една или две години, можам да кажам дека разликата е десеткратно подобрена, во насока на динамиката. Сведоци бевте на почетокот на годината дека се ...

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање во врска со текот на реконструкцијата на студентските домови во Скопје, кои имаат значаен придонес за подобрување на студентскиот стандард, информираше дека во тек е реконструкција на два студентски дома, „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“, за кои се очекува за година и половина од денеска или до 2026 година да биде завршена. „Во тек е реконструкција на два ...

Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар. Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот помеѓу Кливленд Кавалирс и тогашните Њу Џерси Нетс. Заврши со 41 поен, шест скока и 13 асистенции. Во петокот тој ...

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике изјави дека не жали по Килијан Мбапе, кој минатото лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид. Мбапе не му помогна на ПСЖ да ја освои Лигата на шампионите, ќе видиме дали ќе го направи тоа во „кралскиот клуб“, но факт е дека не се раздели со „светците“ во најдобри односи. Ниту со тренерот Луис Енрике, инаку легенда на Барселона. „Бев многу храбар минатата сезона кога ви кажав дека ќе бидеме ...

Ако некогаш сте поминале речиси еден час одлучувајќи помеѓу чоколадна торта и овошна торта, за на крајот да се откажете и да земете сладолед затоа што изборот бил премногу тежок, има големи шанси да ја делите оваа дилема со некој од овие хороскопски знаци. Тоа се знаци кои се сомневаат во себе и секој избор го претвораат во филозофска дебата. Вага Природната желба за рамнотежа што ја чувствуваат Вагите е толку силна што често се заглавуваат ...

Еден маж е убиен синоќа во нова престрелка за шверц на дрога во Брисел, соопштија локалните власти. Ова е трето пукање од средата наутро во општината Андерлехт, каде властите знаат за неколку места каде се продава дрога. Градоначалникот на општината Фабрис Кампс изјави дека станува збор за „војна на бандите за контрола на територијата“. Тој апелираше да се зголеми присуството на полицијата. Според првите информации од локалните медиуми, новото ...

Автопатот долг 98 милји (приближно 158 километри) во Кина е изграден целосно од роботи. Проектот е дел од автопатот Пекинг-Хонг Конг, а користени се напредни машини од групацијата Sany, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува The Economic Times. Автоматските возила ги дистрибуираа каменот и песокот, по што автономните валјаци вршеа притисок за да обезбедат еднаква и издржлива површина на патот. Беспилотните летала го следеа ...

Урош Блажиќ, осуден за масовно убиство во селата кај Младеновац, се судрил со уште еден притвореник со кој ја дели ќелијата во Окружниот затвор во Смедерево. Од Управата за извршување на кривични санкции за Танјуг потврдија дека вчера Блажиќ и уште едно приведено лице имале кратка вербална и физичка пресметка во просторијата каде што биле заедно сместени. Службата за обезбедување веднаш интервенирала и двете лица ги привела на лекарски преглед, ...

Грчките власти се во подготвеност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита. „Уште еднаш, сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета ...

Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“. „Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени. Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на ...

На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже. „Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди. Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град. „Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат ...

Непотизмот е раширен во владата на Мицкоски, семејните и партиските стебла се единствен критериум за избор и вработување на високи позиции, нема мерит систем, нема ништо, велат од СДСМ. Класичен пример, како што додадваат е семејството Андоновски. „Стефан Андоновски ВМРО-ДПМНЕ го постави за министер за дигитална трансформација. Неговиот татко, Љупчо Андоновски е поставен за советник во Влада а неговиот брат, Игор Андоновски е поставен за ...

„Државните институции на СДС му служеа за лично богатење. Седум години власт, буџетите на институциите СДС ги користеше како непресушен извор за богатење на поединци. Преку наместени тендери ги празнеше државните буџети на институциите, а парите завршуваа кај лица од СДС или на нив блиски лица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е карактеристика на лицата кои што СДС ги поставуваше на раководни државни позиции. И поранешниот директор на СОЗР, Пеце ...

Според СДСМ, потона уште едно лажно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има нов Клинички центар. „Пред изборите ветуваа модерен, нов Клинички центар кој ќе овозможи подобри здравствени услуги за сите граѓани. Денес, кога се на власт, признаваат дека нема да го реализираат ова ветување, а наместо тоа, нудат импровизирано решение – пребукирана Градска општа болница „8 Септември“ да стане регионален центар. Ова не е реформа во здравството, ова е уште ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица. Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 ...

Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна ...

Утрово во 10 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба пристигна дојава за поставена бомба. Веднаш по примените дојави, училиштата согласно утврдените протоколи пријавиле во полиција, часовите беа прекинати, а учениците заедно со наставниците оддалечени на безбедно надвор од училиштата, информираат од Општина Гази Баба. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски по информациите добиени од директорите, разговараше ...

Иако Ерлинг Халанд неодамна го продолжи договорот со Манчестер Сити на 9,5 години, „граѓаните“ на лето би можеле да останат без него. Сити пред неколку недели потпиша со Халанд долгорочен договор, до 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно. Клубот од „Етихад“ доста добро се обезбеди, бидејќи во договорот нема откупна клаузула до 2029 година, па дури потоа ќе биде активирана за сите клубови, но не е познато ...

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо. Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини. Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување. Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека „искуството“ покажало дека преговарањето со Соединетите Американски Држави „не е паметно, мудро или чесно“. Хамнеи ја коментираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средата рече дека би сакал да постигне нуклеарен договор со Техеран, пренесе Ројтерс. За време на неговиот прв мандат во 2018 година, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 ...

Три силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, утрово за само седум минути го погодија Санторини. Првиот земјотрес беше во 08:09 часот, со јачина од 4,2 степени. Две минути подоцна следеше уште еден од 4,3, а во 08:16 часот беше најсилниот земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала. По само неколку минути, земјата повторно се затресе. „Навистина се чувствуваше“, „Се тресеше“, „Го почувствувавме ...

Полициски службеници во Загреб спроведоа кривична истрага против 34-годишен маж поради сомнение за сторени кривични дела тешка телесна повреда, оштетување туѓ имот и насилничко однесување врз жени на возраст од 20, 30 и 65 години. 34-годишниот осомничен во средата, на 5 февруари, околу 18 часот и 45 минути на подрачјето на Медвешчак, се сомничи дека извршил кривично дело тешка телесна повреда на тој начин што физички нападнал случајни минувачи ...

Пратеникот на Самоопределување во Северна Македонија, Беким Ќоку, во емисијата ОнТајм на ТВ-Коха изјави дека Самоопределување ќе формира политички субјект и во Северна Македонија тогаш кога ќе смета дека е структурирана низ целата држава. Ќоку рече дека како Самоопределување не добиле ниту една позиција во извршната власт и дека ниту планираат да се кандидираат во некоја општина на локалните избори што се очекува да се одржат кон крајот на 2025 ...

Роберт Левандовски потпиша нов договор со Барселона, но клубот не сакаше јавно да ги соопшти деталите од договорот, што ги натера шпанските медиуми да почнат да ги истражат финансиските детали од договоорт. Славниот напаѓач потпиша нов договор со каталонскиот клуб до крајот на јуни 2026. Многу се пишуваше за условите на договорот под кои ќе ја игра четвртата сезона во дресот на Барселона. Според некои информации, Левандовски ќе мора да пропушти ...

По неодамнешниот развод со Џенифер Лопез, Бен Афлек наводно се насочил кон познатата актерка Џесика Алба, која исто така неодамна се раздели по 17 години брак. Извори за странските медиуми изјавија дека актерот долго време бил вљубен во Алба. „Добро чувана тајна е дека Бен Афлек бил вљубен во Џесика Алба пред многу години“, рекле тие и додале: „Тој се интересира за неа речиси 20 години. Сепак, нивните патишта никогаш не се вкрстиле. До сега. Тие ...

За време на панелот на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Анџелина Џоли откри дека нејзините деца немаат посебен интерес за глума. Таа објасни дека сака тие да пораснат свесни дека се дел од уметничко семејство и дека нивните родители работат во креативната индустрија, но тоа не им се допаѓа особено. „Тие едноставно не се заинтересирани за тоа. Навистина не го сакаат светот на славните, особено Шајло, која буквално го мрази”, рекла ...

Омразената Меган Маркл повторно се соочува со јавна осуда откако на Инстаграм објави видео во кое и помага на девојката која ги преживеа пожарите во Лос Анџелес, но нејзиниот гест многумина го сметаат за невкусен и промотивен. Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на 4 февруари објави видео во кое покажува еден куп промотивен материјал потпишан од Били Ајлиш. „Само што ми кажаа дека пристигна нешто што долго го чекав“, рекла Меган пред камерата, ...

Најмалку 29 тела на мигранти се пронајдени на две локации во југоисточна и западна Либија, соопштија од безбедносната администрација и либиската Црвена полумесечина. Дирекцијата за безбедност на округот Алвахат во соопштение соопшти дека 19 тела биле откриени во масовна гробница на фарма во областа Џихара, на околу 441 км од Бенгази, вториот по големина град во Либија, и рече дека смртните случаи се поврзани со шверцерски активности. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нема официјален план за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и додаде дека е подготвен за разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, кога ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми. „Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
6.17
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.18
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
4.12
88%
1007
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
93%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
100%
1006
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Калај

40.49

Сребро

1876.20

Платина

52864.82

Паладиум

46361.38

Родиум

255598.44