Американската осигурителна компанија Алстејт иншуренс (Allstate Insurance) денеска го соопшти својот план за исплата на 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за покривање на штетите предизвикани од пожари кои ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари. Иако сумата е значајна, компанијата истакна дека успеала делумно да ги намали своите загуби со повлекување од пазарот во Калифорнија, како што го соопшти Си-Ен-Ен. Сепак, според извори, износот ...

Винисиус (24) ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му понуди покачување на сегашната плата од 15 милиони евра. Ова го тврди Марио Кортегана, новинар на „Атлетик“ добро упатен во односите во Реал. Тој додава дека се очекува да продолжат преговорите кои започнаа пред две недели. Винисиус пред две години го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година со трансфер клаузула од една милијарда евра. Минатото ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го критикуваше акцентот на различноста во американската војска, обраќајќи му се на персоналот на Пентагон, ветувајќи построг пристап кон НАТО и дека некој ќе сноси одговорност за неуспешната војна во Авганистан. „Мислам дека „нашата различност е нашата сила“ е најглупавата реченица во воената историја“, рече Хегсет пред публиката од неколку стотици луѓе во салата во Пентагон, додавајќи дека под негово ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за тоа Украина да ги снабдува САД со ретки метали во замена за финансиска поддршка во конфликтот против Русија. Ако зборуваме за договор, ајде да направиме договор, ние сме за тоа, рече Зеленски во рзговор со Ројтерс. Тој нагласи дека Украина треба да добие безбедносни гаранции од сојузниците како дел од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот план за Појасот Газа, според кој САД ќе ја преземат контролата врз палестинската територија што ќе биде испразнета од нејзините жители за да може повторно да се изгради, не бара „брзање“. „Апсолутно нема брзање“, рече американскиот претседател. Тој вчера изјави дека Газа „ќе биде предадена на САД од Израел на крајот на борбите“. Дотогаш, Палестинците „веќе ќе бидат преселени“ на друго ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Вистина“ објави дека ќе потпише извршна наредба „за крај на смешната промоција на хартиени сламки“ од неговиот претходник Џо Бајден, со порака: „Враќање на пластиката!“ Трамп е климатски скептик кој редовно ја нарекува енергетската транзиција измама и вети дека ќе ја зајакне експлоатацијата на јаглеводородите. Демократот Џо Бајден постави цел со извршна наредба да ја елиминира ...

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој е осуден поради корупција и трговија со влијание, од денеска ќе носи електронска алка на ногата. Касациониот суд во декември ја потврди пресудата за Саркози – тригодишна затворска казна. Две години затвор се суспендирани, а Саркози е осуден на носење на електронски мониторинг уред една година, наместо да оди во затвор. Одлуката на судот значи дека Саркози ќе мора да носи електронска алка и ...

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го критикуваше акцентот на различноста во американската војска, обраќајќи му се на персоналот на Пентагон, ветувајќи построг пристап кон НАТО и дека некој ќе сноси одговорност за неуспешната војна во Авганистан. „Мислам дека „нашата различност е нашата сила“ е најглупавата реченица во воената историја“, рече Хегсет пред публиката од неколку стотици луѓе во салата во Пентагон, додавајќи дека под негово ...

Делегацијата на ЕУ и Германија како земја членка во изминативе години вложија и напори и средства за подигнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), институција која е основа за здрава и демократска медиумска сцена. Мандатот на актуелните членови на ААВМУ е одамна истечен, а деновиве Собранието избра предлог-кандидати кои допрва треба да бидат изгласани на пленумот. Дел од експертската јавност и ЗНМ ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон учествуваше на церемонијата во Летонија по повод првото распоредување на шведски трупи во земја членка на НАТО откако Шведска се приклучи минатата година. „Шведските војници сега се важен дел од одбранбените капацитети на НАТО“, рече Кристерсон. Околу 500 шведски војници се стационирани во воената база Адажи во близина на Рига од јануари, како дел од бригадата на НАТО предводена од Канада, која се состои од 3.500 ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив. „Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на ...

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во рамките на 24-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. Целта на овој состанок произлегува од Меморандумот за разбирање, кој ЗЕЛС и Владата го потпишаа во август минатата година, а согласно кој вакви средби треба да се одржуваат редовно. На средбата се разговараше за финансиската стабилност на општините, потребата од ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Тетово присуствуваше на четвртиот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните. Директорот Јанев го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и ...

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид изминатите три сезони мака мачи со повредите на фудбалерите, тие најмногу се изразени во дефанзивниот дел на тимот. Сезонава Карло АНчелоти не може да смета на Дани Карвахал и Едер Милитао ја завршија сезоната, Давид Алаба никако да се врати во тимот, повторно се повреди откако претходно отсуствуваше 13 месеци, а минатиот викенд се повреди и најстандарниот, Антонио Ридигер. Поради големиот број повреди Карло Анчелоти ...

Рускиот претседател Владимир Путин му порачал на рускиот премиер Михаил Мишустин дека главна задача оваа година е да се тргне кон патот на стабилен економски раст и да се намали инфлацијата, пренесува Спутник. Тој исто така кажал дека е неопходно да се промени структурата на економскиот раст, оценувајќи дека е важно да се создадат нови компании и да се отворат нови работни места во сите руски региони со примена на најсовремени технологии. За да ...

Полицијата и училиштата до крајот на денов ќе добијат нови насоки за постапување по дојави за бомби откога утрово многу училишта ширум земјава не можеа навреме да ја почнат наставата поради дојави за бомби. Премиерот Христијан Мицкоски, по доделувањето на социјалните станови во Велес, попладнево, рече дека ваквите хибридни напади не се неочекувани и претпоставува дека ќе продолжат. „Јас бев постојано во контакт со министерот за внатрешни работи, ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов се огласи по барањата од дел од опозициските партии за негова оставка од пратеничката функција порафи фактот дека пред 10 години добил осудителна пресуда за предизвикување на сообраќајна несреќа Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално злоупотребување и пооигрување со лични судбини, притоа надополнети со лаги и неточни ...

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, изјави дека Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, спуштајќи ги на тој начин надежите (ако ги има) на македонската влада дека може да изнајде некаков договор со властите во Софија за излегување од ќор-сокакот. „Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, рече Георгиев. Ивон Величковски – лидер ...

Пожарникарите во Струмица интервенирале при гасење на запалена просторија во училиште. „Денес, (петок) во 13.28 часот во СОУ Никола Карев, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија(тоалет)“, се истакнува во напишаното на социјалните мрежи. Пожарот, како што е соопштено е успешно локализиран за кратко време после пристигнувањето на пожарникарите. Текстот Локализиран пожар во училиште во ...

Директорот на БЈБ, Александар Јанев информираше дека денес се добиени 240 дојави за бомби. „Контактирано е со партнерите од Интерпол и Европол и има одредени траги. Контактирано е со Хрватска и Унгарија каде во последниот период се соочиле со слични закани“, истакна Јанев. Тој не сподели информации од каде доаѓаат заканите само кажа дека целта е да се предизвика паника. „Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави ...

Директорката на Клиниката за белодрбони и респираторни заболувања кај децата „Козле“ д-р Каролина Симоновска претходно испрати соопштение до медиумите со кое забрани да се споменува нејзиното име и рече дека ќе ги преземе сите законски мерки ако некој ја спомне во новинарски текст. На соопштението за личниот став беше ставен печат од Клиниката. Од Агенцијата за заштита на личните податоци за „Макфакс“ посочија дека носителите на јавни функции, ...

Апелациониот суд во Скопје на нејавна седница ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде е фатен со 80 кесички амфетамин. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја ...

Драго ми е што семејствата во оваа социјална зграда ќе најдат топол дом и ќе градат пристојна иднина, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Велес на доделување на социјалните станови. Вкупно 29 семејства ги добија клучевите во социјалната зграда во Велес. На доделувањето присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на АД за станбен и деловен простор Марјан Стефановски, ...

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави, велат од МВР. Министерството ја информира јавноста дека во насока на ефикасно, планско и координирано делување а по утринските ...

Денис Шрудер пред неколку дена го нарече самоволието на клубовите кога е во прашање периодот за „тргување“ со играчи во НБА „модерно ропство“. А потоа, во рок од 24 часа, „на своја кожа“ почувствува како функционираат работите. Неверојатно е дека за само 24 часа, Шрудер смени четири франшизи. МВП на претходниот Мундијал ја започна сезоната во Бруклин Нетс, кој пред еден месец го трејдуваше во Голден Стејт Вориорс. Пред неколку дена, шокантниот ...

Новата сезона во Формула 1 ќе започне со трка во Австралија на 16. март и ќе биде прва во која ќе се возат 24 трки. Сезоната ќе заврши на 7. декември во Абу Даби. Титулата ја брани Макс Ферстапен, кој со Ред Бул освои четири светски шампионски титули. Холанѓанецот е исто така најплатен возач во Формула 1. Во сезоната 2025, Ферстапен ќе заработи 65 милиони долари. А што е со платите на другите возачи: Втор најплатен возач е новиот член на Ферари, ...

Авион удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Пауло. Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Пауло. Несреќата се случила во близина на аеродромот „Конгоњас“. На социјалните мрежи кружат снимки од несреќата. ⚠️⚠️⚠️ Um avião de pequeno porte caiu na avenida de São Vicente, no bairro da Lapa, na zona oeste de São Paulo, próximo ao aeroporto de Congonhas. A ...

„Пеце Мирчевски потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни. Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, само потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во ...

Министерот Тошковски во своето излагање дефинираше неколку најважни точки на предлог законски измени и унапредувања кои ќе го зајакнат системот со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот: – Ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци, конкретно сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
6.17
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.18
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
4.12
88%
1007
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
93%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
100%
1006
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Никел

473258.99

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Цинк

3.22

Сребро

1876.20

Калај

40.49

Рутениум

29192.88

Бакар

10.96