Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес објави дека Србија ќе купи повеќе оружје и ракети. „Ќе имаме повеќе ракети. Ќе имаме разни ракети. Постои очајна потреба од нашите ракети во Заливот. Сега кога имаме 5.000 ракети, успеавме да ги продадеме сите 5.000“, рече Вучиќ за време на посетата на општина Аранѓеловац. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека Загреб ќе ги предупреди партнерите од НАТО за новата хиперсонична ракета ...
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на актерот Кирил Поп Христов – Кили, уметник кој остави значаен траг во македонската филмска и театарска уметност, истакнуваат од Агенцијата за филм. „Со својата посветеност, талент и автентична актерска енергија, тој создаде ликови кои ќе останат запаметени од публиката и ќе бидат дел од културната меморија на македонскиот филм. Во негова чест, споделуваме краток видео осврт од филмовите во ...
Али Лариџани му одговори на шефот на Пентагон, Пит Хегсет, кој рече дека иранските лидери „се кријат како стаорци“, истакнувајќи дека бројни високи функционери, вклучувајќи го и претседателот Масуд Пезешкијан, се појавија јавно на митинг во Техеран. „Господине Хегсет! Нашите лидери беа и се меѓу народот. А вашите? На островот на Епстин!“, напиша висок ирански функционер на платформата Икс, алудирајќи на покојниот сексуален престапник Џефри ...
Оние што учествуваа во воениот напад врз Иран не успеаја да ги постигнат своите цели, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. „Што се случи? Ништо. Знам што сакаа. Четири или пет точки, од соборувањето на владата до бомбардирањето на нуклеарните постројки и напуштањето на нуклеарното оружје. Ништо не се случи“, рече Лукашенко во разговор со новинарите за време на посетата на регионот Могилев, објави агенцијата Белта. Според ...
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Загреб, во изјава за медиумите се осврна на гласините за новото оружје на српската армија и повтори дека ќе го предупреди НАТО за тоа, но не сакаше да навлегува во детали. „Такво оружје никогаш не е видено на европска територија“. Кога станува збор за американското олеснување на санкциите врз руската нафта, премиерот рече дека тоа е нешто што нема да има големо влијание врз цената на нафтата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „можеби малку“ му помага на Иран. „Мислам дека можеби малку им помага (на Иран), да, претпоставувам. И веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Трамп, исто така, истакна дека на Соединетите Американски Држави не им е потребна помошта од Украина во одбраната од беспилотни летала и дека Соединетите ...
Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк. Битолската ...
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека системската реакција на институциите по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани била подобра во споредба со трагедијата во Кран Монтана во Швајцарија. „Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски и јас не сакам да делувам така, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање. Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела поврзани со трагичниот настан во скопската населба Карпош, кога Ивана Јовановска скокна од шести кат заедно со своето малолетно дете. Како што соопшти Обвинителството, нејзиниот сопруг се товари за телесна повреда сторена како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и за наведување на самоубиство и ...
Утре времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време, со услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американската одлука за ублажување на санкциите за руската нафта не помага во напорите за завршување на војната во Украина. Тој предупреди дека таквата мерка може да ѝ донесе на Русија околу 10 милијарди долари дополнителни средства за финансирање на војната. „Ова американско ублажување на мерките може да ѝ обезбеди на Русија околу 10 милијарди долари за војната. Тоа сигурно не помага ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, го осуди нападот врз базата Ербил и изјави дека позицијата на Франција на Блискиот Исток е исклучиво одбранбена. „Во регионот сè е јасно. Тоа е одбранбен став. Ние не сме во војна со никого“, рече Макрон. Тој исто така предупреди дека Русија греши ако мисли дека конфликтот на Блискиот Исток ќе ѝ донесе предност во војната во Украина. Макрон нагласи дека Европската Унија од 2022 година досега ...
Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека тврдењата на српските власти дека се вооружуваат за одбрана од соседните земји не се основани и дека со купувањето кинеско оружје Србија покажува хегемонистички тенденции кон нив. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во четвртокот изјави дека Србија купила разорни кинески надзвучни балистички ракети CM-400 и дека „се подготвува да биде нападната од сојуз што го формираат ...
Советот на Општина Битола денеска одржува седница на која меѓу точките на дневен ред се завршната сметка и годишниот извештај за работата на Општината во 2025 година. Градоначалникот Тони Коњановски во обраќањето пред советниците кажа дека буџетот е 100 % реализиран. „Пред вас денеска е завршната сметка на Општина Битола за 2025 година и годишниот извештај за истата година. Имавме градежна офанзива и тоа може да се види дека заклучно со ...
Интензивно работиме на подобрување на секој сегмент на образованието, затоа што приоритет на Владата е да изградиме образовен систем кој ќе ги оспособи младите да се справуваат со реални предизвици. Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за кусо време спроведоа активности и сега ја имаме Анализата на финансиската писменост во основното образование во Македонија. Таа покажа дека нашите ученици имаат фактичко ...
Кубанските власти започнале разговори со американската влада, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел, додека островот се соочува со тешка економска кризa. „Целта на овие разговори е преку дијалог да се најдат решенија за билатералните разлики меѓу двете земји“, изјави Дијас-Канел во видео објавено на државната телевизија. Тој рече дека разговорите од кубанска страна ги водел заедно со поранешниот претседател Раул Кастро и други ...
Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел. Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и изградба на пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за прошетка, ...
Полицијата уапси 18-годишник од тетовско кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште. Според информациите на МВР, вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. „Веднаш се преземени ...
Во близина на селото Мојанци кај Кочани синоќа избувнал пожар во објект во состав на Пречистителната станица, сопственост на „ЈП Водовод“ од овој град. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кочани и пожарот бил изгаснат. „Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгасне пожарот со ПП апарат, заедно со двајца соселани, вдишале чад, при што од Итната ...
Владата и општината интензивно инвестираат во инфраструктурни проекти што треба да го подобрат квалитетот на живот на жителите на Кочани и околните општини, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кочани. Тој посочи дека се работи на повеќе проекти, меѓу кои и изградбата на експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница, Делчево и граничниот премин со Бугарија. „Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено ...
Работната група која го подготвува новиот закон за високо образование ќе се сретне уште еднаш, а потоа за кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Министерката за образование Весна Јаневска не размислува за повлекување на законот и негова доработка, како што побара група професори. На оние кои бараат повлекување на законот им порача дека имаат две можности. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа ...
СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво, тврди Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС. Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и ...
„Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски, изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ. „Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката. Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката. А преку Кипар доаѓаме и до уште една ...
Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу потврди дека брод во турска сопственост поминал низ Ормускиот теснец откако добил дозвола од Иран, објави Ал Џезира. Тоа беше еден од 15-те бродови во сопственост на турски компании кои чекаа во близина на иранскиот брег, а за чиј статус Анкара е во контакт со Техеран, објави Хабертурк. „Таму имаше 15 бродови во турска сопственост. Добивме дозвола од иранските власти за еден од нив, оној што ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа за РТС потврди дека Србија купила суперсонични балистички ракети CM-400 од Кина. „Имаме значителен број ракети и ќе имаме уште повеќе“, изјави Вучиќ за Радио-телевизија Србија. Тој изјави дека српските вооружени сили успешно ја интегрирале кинеската ракета во руските борбени авиони МиГ-29 што ги поседуваат. Изјавата на Вучиќ доаѓа откако фотографиите на борбени авиони во сопственост на српските ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните. Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² ...
Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“. Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во ...
Бидејќи конфликтот на Блискиот Исток го нарушува превозот низ Ормутскиот теснец, предизвикувајќи зголемување на цените на горивото и превозот, Панамскиот канал доживува пораст на сообраќајот. Според заменик-администраторот на Панамскиот канал, Иља Еспино де Марота, каналот што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан бележи „мало зголемување“ на бројот на бродови. „Она што го видовме неодамна е зголемување, иако мало, на бројот на транзити“, ...
Полски државјанин е уапсен во Грција под обвинение за шпионажа на воена база на Крит што ја користат американските сили, објави новинската агенција АНА. Полицијата се сомнева дека 58-годишникот фотографирал бродови што влегуваат во базата. Мажот, кој беше уапсен во четврток, ги негираше сите обвиненија, објави Ал Џезира. Кон крајот на минатиот месец, бродот „УСС Џералд Р. Форд“, најголемиот носач на авиони во светот, исто така помина низ ...