Белград
6ᴼ /
6ᴼ
„Венко Филипче на кого идол му е Заев ќе продолжел со како што и тој самиот вели добрите политики и практики. А тоа значи дека и тој би ги уништувал спомениците на борците од НОБ, партизаните, исто како Заев што тврдеше во интервју за една бугарска телевизија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За Филипче добри политики се изборот на судии и обвинители во Струмица и Зајас, заради што граѓаните немаат доверба во судството и е на ниво на доверба од 2 ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски оствари билатерална средба со Н.Е., д-р Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност на ОАЕ. Соговорниците разговараа за заштита во областа на сајбер безбедноста, меѓународната соработка во справувањето со хибридни напади и сајбер закани. Ал Куваити е познат по тоа што ја доведе ОАЕ во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат либерализација за билатералниот и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на настанот „Глобален женски појадок 2025“, што се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Поврзување за одржлива иднина“. „Глобалниот женски појадок 2025“ го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, во рамките на иницијативата на IUPAC (Меѓународна унија за чиста и применета хемија). Се одржа по повод 11 февруари – ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни следните области: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост. Претседателката го информира за новоформираните тела: ...
Реал Мадрид стигна до голема победа во Манчестер, каде го совлада Сити со 3-2 (0-1) во првиот бараж натпревар за пласман во осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста по натпреварот, но истакна дека сите во тимот се одговорни за конечниот исход. „Ова ни се случи многу пати оваа сезона. Ги знам квалитетите на тимот на Реал Мадрид. Во вториот дел ја контролиравме играта, но сакавме да ...
Кевин Дурент ја мина границата од 30.000 поени во поразот на феникс од Мемфис 112.119. Гостите до победата ги предводеа бековите Џа Морант со 26 поени, седум скока и шест асистенции и Дезмонд Бејн кој запиша 20 поени, осум скока и четири асистенции. Најефекасен играч во тимот за кој Бредли Бил не можеше да игра поради повреда беше 36-годишниот ветеран Кевин Дурент, кој постигна 34 поени (12/18 од поле, 3/4 за три) и додаде три скока и ...
Откако пропадна трејдот за Марк Вилијамс, Лос Анџелес Лејкерс побараа нов центар на пазарот на слободни агенти и го најдоа во 31-годишниот Украинец, висок 213 сантиметри, Алекс Лен. Алекс Лен изминатите три и пол години ги мина во Сакраменто Кингс како трет центар, а оваа сезона во 36 натпревари имаше просек од 1,4 поени и 1,8 скока за седум минути игра. На последниот ден од преодниот рок во НБА лигата Сакраменто Кингс го разменија со Вашингтон ...
Флекситарната диета станува сè попопуларен начин на исхрана, а нејзиниот зголемен број поддржувачи ширум светот најдобро ги одразува промените во начинот на живот кои стануваат сè поздрави и еколошки. За разлика од традиционалните диети кои наметнуваат строги упатства, флекситаризмот е пристап кон јадењето што овозможува поголем избор, а сето тоа ја намалува потрошувачката на месо и ја зголемува храната од растителна основа. Оваа диета нуди ...
Францускиот сообраќаен кодекс дозволува казнување на оние кои користат уреди и инструменти за да го нарушат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. Светот пред неколку дена беше шокиран од веста дека маж во Франција е казнет со 200 евра затоа што зборувал прегласно на својот мобилен телефон. Лицето познато само како Дејвид зборувало со својата сестра на железничката станица во Нант, Франција, на звучникот на ...
Тиктокер со корисничко име @guyzer сподели снимка од необичното откритие што го дочекало во неговата хотелска соба додека бил во Амстердам. Собата на прв поглед изгледаше сосема обична, но внатре се криеше огромно изненадување. Имено, во собата има авион. „Ох, има авион во средината на хотелската соба. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, вели тој во видеото, кое е прегледано повеќе од 24 милиони пати и ...
Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа во рок од пет години, објави Данската разузнавачка служба за одбрана, пишува „Политико“. „Русија веројатно ќе биде поподготвена да употреби воена сила во регионална војна против една или повеќе европски земји на НАТО, ако оцени дека НАТО е воено ослабен или политички поделен“, се вели во извештајот објавен вчера. „Ова е особено веројатно ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на ноќниот напад на Русија врз Украина со балистички ракети и беспилотни летала, покажувајќи ги последиците и нагласи дека „Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови, а само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор“, пишува УНН. Last night, Russia attacked Ukraine with ballistic missiles and drones. Apartment buildings, ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Израел не може да дозволи Хамас да го користи сегашниот прекин на огнот за повторно да ги зајакне своите сили. „Дел од предизвикот овде е тоа што Хамас продолжува да користи мрежи за шверц на оружје и помош за сопствена реконструкција“, рече Рубио за време на интервјуто за NewsNation. „Израел не може да го дозволи тоа. Не можете да му дозволите на Хамас да го користи прекинот на огнот за ...
Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ...
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -10 степени, -8 било во Крива Паланка и Попова Шапка, -6 во Велес, -5 во Штип, Скопје-Петровец, -4 во Маврови Анови, Струмица, Крушево, Виница и Скопје-Зајчев Рид, -3 во Битола и Кавадарци, -1 во Прилеп, Охрид, 0 во Претор, 2 во Гевгелија. Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови. Времето денеска Наутро студено, преку денот ...
Денеска и утре, министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство. Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет ...
United Group B.V. („Група“), водечката телекомуникацискa и медиумска групација во Југоисточна Европа, која е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави дека постигна договор за продажба на SBB doo Белград, водечки алтернативен провајдер на платена телевизија, широкопојасен интернет и фиксна телефонија во Србија на e& PPF Telecom Group BV („e& PPF Telecom“). Групацијата, исто така се договори да ја продаде Eon TV International Ltd ...
Има жени кои го имаат тоа нешто – енергија, став и неодолив изглед кој ги привлекува мажите со висок статус. Некои го прават тоа свесно, а некои едноставно зрачат со луксуз, самодоверба и софистицираност, што магнетски ги привлекува луѓето со богатство и моќ. Во астрологијата, постојат знаци кои ги имаат токму овие квалитети – харизма, интелигенција и непоколеблива самодоверба. Тие не бараат успешни мажи, туку природно се собираат околу нив. Еве ...
Принцот Хари ги отвори игрите Invictus 2025 во Ванкувер за време на викендот. Неговата сопруга Меган Маркл исто така присуствуваше на отворањето, среде гласините дека се разведуваат. Меган цело време се смешкаше. Фотографите ја фатија како се смешка и пие пиво, додека Хари беше до неа. Поранешната актерка беше облечена во топла облека. Хари и се обрати на публиката на настанот и им се заблагодари на луѓето за поддршката, а потоа ја донесе ...
Обвинителството задолжено за истрагата објави дека најмалку 38 лица загинале во тешка сообраќајна несреќа во Мексико, помеѓу градовите Вила дел Сол и Теколутла, минатиот викенд. Судир меѓу камион и патнички автобус се случил во југоисточно Мексико, а засега е познато дека животот го загубиле две лица во камионот, како и најмалку 36 во автобусот. Ова во јавноста го соопшти обвинителот Џексон Виласис, три дена по големата трагедија. „Несреќата се ...
Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако лавина блокираше три хотели во планинската област на градот Фукушима, соопштија денеска официјални лица. Лавина се случи на 10 февруари на пат во областа Точиги Онсен, оставајќи три хотели изолирани, објави јапонскиот NHK. Во моментот на несреќата во објектите се наоѓале вкупно 62 лица. ❄️ A snow avalanche in northeastern Japan has left ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо планира да се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Брисел за да ги подобри односите со блокот. Патувањето на Трудо беше објавено неколку дена откако Соединетите Држави ги суспендираа планираните царини до 25 отсто за увоз од Канада и Мексико, бидејќи двете земји се согласија на нови мерки за безбедност на границата. Поради ...
Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Земјотресот е регистриран со сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во 18 часот и 43 минути, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС скалата. Земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Задар, во Лика, Далмација, како и во делови од соседна ...
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди поширокото задарско подрачје, а според досегашните информации нема пријавени повредени или значителна материјална штета, извести Управата за цивилна заштита. Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во 18 часот и 43 минути, со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на земјотресот во ...
Реал Мадрид победи на гостувањето кај Манчестер сити со 3.2, откако постигна два гола во периодот од 86. до 92.минута. Бранителот на трофејот е чекор поблиску до пласман во осминафиналето. Таму речиси сигурно е Борусија Дортмунд, „милионерите“ во Лисабон го победија Спортинг со 3:0. Јуентус со предност од еден гол ќе патува на реваншот в Ајндховен, откако го победи ПСВ со 2:1. Спектакуларен натпревар одиграа Сити и реал на „Етихад“ во Манчестер. ...
Се повеќе се зборува дека Евролигата би можела да брои 20 екипи од следната сезона. Како што пренесува порталот Јурихупс, ваквиот развој на настаните може да доведе до промена на форматот на натпреварувањето. Новинарот Арис Баркас наведува дека раководството на Евролигата, предводено од Дејан Бодирога и Паулиус Мотејунас, на тимовите со лиценца „А“ им претставило план за проширување на натпреварувањето на 20 екипи. Предлогот е тимовите да бидат ...
За време на AI Action Самитот во Париз, извршниот директор на OpenAI Сем Алтман изјави дека OpenAI не е на продажба, особено не на Илон Маск. „Овде сме со уште една епизода – имаше различни верзии на обидот на Илон, на овој или оној начин, да ја преземе контролата врз OpenAI. OpenAI не е на продажба. Мисијата на OpenAI не е на продажба – а да не го спомнуваме фактот дека конкурент кој не може да не победи на пазарот сега се обидува да каже: „Ќе ...
Фудбалерите на ПСЖ можат да се подготвуваат за осминафиналето во Лигата на шампионите. На отворањето на нокаут фазата во Лигата на шампионите, првиот плејоф натпревар против Брест на гостински терен со 3:0. ПСЖ славеше со головите на Витиња од пенал во 21.минута и Дембеле во 45. и 66.минута. За францускиот репрезентативец во 2025 година веќе постигна 15 голови. Покрај двата негови гола, тој натпреварот го обележа со неверојатното промашување во ...
Снимката од надзорните камери го покажува моментот кога почна земјотресот што ја потресе цела Далмација. Потресот беше регистриран во 18 часот и 43 минути, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој беше почувствуван низ Далмација и Лика, но и во околните земји, Босна и Херцеговина и Италија, е снимен од надзорна камера на островот Зларин. На снимката се гледа како бродовите во пристаништето се тресат. Текстот (Видео) ...