Иранец и Романка се обвинети за обид да влезат во британската база за нуклеарни подморници во Шкотска, објави шкотската полиција. Двајцата, кои британските медиуми ги нарекуваат осомничени ирански шпиони, беа уапсени во четврток, пренесува Ројтерс. Обвиненијата доаѓаат три недели по почетокот на американско-израелската војна против Иран. Иако Велика Британија не учествува директно во нападите врз Иран, нејзините сили пресретнуваа и соборуваа ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пред самитот на Европскиот совет во Брисел изјави дека Европа не смее да дозволи повторување на миграциската криза од 2015 година, предупредувајќи дека конфликтите на Блискиот Исток би можеле да имаат сериозни последици врз безбедноста, енергијата и миграцијата. Мицотакис рече дека сегашната геополитичка криза ја покажува потребата од ефикасно активирање на клаузулата за заемна помош од Европската Унија, ...

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван силно, но не траел долго. Исто така, ...

Во Палатата на Србија се одржа проширена седница на Советот за национална безбедност, посветена на енергетската ситуација, со која претседаваше претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Претседателот на Србија се обрати до јавноста по седницата. „Ја анализиравме ситуацијата за февруари и март 2026 година“, рече Вучиќ. „Кога зборувам за енергетската безбедност, не станува збор само за нафтата, туку и за цената на гасот на светскиот пазар, ...

Рамазан бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов. Енергијата и топлината на светиот месец не се присутни само во исламските верски објекти и во домовите на нашите сограѓани од исламска вероисповед, тие се чувствуваат во целата заедница, напиша во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам. „Во време когa целото човештво се соочува со сериозни конфликти, војни, кризи, климатски ...

Фијаското на протестот на ССМ кој беше организиран и логистички поддржан од СДС јасно покажа дека ССМ не доби поширока поддршка од вистинските работници, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста, велат од оваа партија, ја виде вистината за ССМ, наместо синдикат што се бори за работниците, ССМ се претвори во продолжена рака на политичките интереси на СДС. „Факт е дека во изминатите 1,5 година ССМ нема склучено ниту еден колективен договор со ...

Утре, 22.03.2026 (недела) во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел ...

Нови докази за Организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО, велат од СДСМ. „Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен „на дело“ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку објава на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед. „Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери ...

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик. Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна ...

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите, истакнуваат од владејачката партија. Додаваат дека секој којшто го прекршил законот мора да одговара. „Во однос на апсењето ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите, истакна на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршнниот одбор на СДСМ Овој енергетски „октопод“ на Мицкоски, како што вели, има длабоки и широки пипци. „Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку ...

Во одговор на прашање за синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тоа е определба на Владата за борба против криминалот и корупцијата на дело. „Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДС од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, истакнуваат во соопштението. Очекуваат како што велат, надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп, информира Министерството за внатрешни работи. „Денеска полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во наредните денови следува период на променливо ...

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу девет и 16 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне до 15 ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката – систем во кој се испреплетени политиката и бизнис интересите, велат од СДСМ. „Овој енергетски „октопод“ се протега од Душан Адамовиќ, функционер на сестринската СНС, преку офшор структури и „Rudnap Group“, до директни врски со Владата преку Божиновска. Мрежата продолжува во клучни институции: во Развојната банка, каде е поставена Ефимија Димовски, ...

Пакистан и Авганистан објавија привремен прекин на огнот во нивниот ескалирачки конфликт, два дена откако Кабул го обвини Исламабад за смртоносен воздушен напад врз болница за рехабилитација од дрога во авганистанскиот главен град, во кој, како што тврдат, загинале стотици лица. Двете страни изјавија дека ги прекинуваат борбите пред муслиманскиот празник Рамазан бајрам, на барање на Саудиска Арабија, Турција и Катар, кои се обидуваат да ...

Трилатералните преговори меѓу Украина, САД и Русија се одложени поради ситуацијата на Блискиот Исток, но тимовите остануваат во секојдневен контакт. Ова го потврди Георгиј Тихи, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи, пренесува „Украинска правда“. Тихи истакна дека трилатералните консултации веќе се одложени неколку пати и сега се повторно на чекање. „Тие не се напуштени или откажани, тие само се одложени. Нема потреба да ...

Бебе на возраст од само 18 дена почина од фатални повреди на главата откако нејзината мајка наводно ја фрлила од прозорец на трети кат во Лондон. Бебето Маријам паднала од 10 метри додека нејзиниот татко подготвувал шише во кујната, беше кажано на судот, објави Скај њуз. Захира Биџауан, 43, е обвинета за убиството на нејзината ќерка и требаше да се појави пред судот Олд Бејли во среда, но не присуствуваше. Трагедијата се случила во саботата ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на Советот, советници, како и соработници на Општина Битола од невладиниот и бизнис секторот. „Во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, парламентот, на раководни функции во органи на централната власт “ за периодот од 2020-2025 година. Сиљановска-Давкова ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата ...

Саудиска Арабија објави дека нејзините системи за воздушна одбрана пресретнале и уништиле две балистички ракети лансирани кон Источната провинција, додека властите соопштија дека засега нема извештаи за жртви. Во кратка изјава, портпаролот на саудиското Министерство за одбрана изјави дека ракетите биле успешно неутрализирани. Според саудиски извори, остатоците од пресретнатите ракети паднале и врз делови од Ријад по уште еден напад насочен ...

Папата Лав XIV ја критикуваше воената пропаганда во говор оваа недела, во она што се чини дека е прилично јасна алузија на администрацијата на Доналд Трамп. Папата зборуваше за прикажување на војната како да е видео игра, само неколку дена откако Белата куќа вметна слики од видео игри во својата воена пропаганда за Иран, објави MS NOW. Зборувајќи пред вработените на италијанската државна телевизија TG2 на 16 март, папата рече дека новинарите ...

Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. – Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на ...

Премиерот на РС Македонија, Христијан Мицкоски извести дека во рамки на посетата во Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија, била остварена средба со Андреј Пленковиќ. „На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство“, информираше Мицкоски. ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, издаде соопштение помалку од еден ден откако неговата влада го потврди атентатот врз шефот за безбедност на Иран, Али Лариџани. Во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним, Хамнеи рече дека ја примил веста за смртта на Лариџани со „големо жалење“. Тој го нарече „интелигентна и посветена личност“ и истакната личност во политичката елита на Иран. „Атентатот врз таква ...

Државниот регулатор за комуникации на Русија, Роскомнадзор, објави денеска дека апликацијата за пораки Телеграм продолжува да ги крши руските закони, пренесува државната новинска агенција РИА. Руските власти постојано го обвинуваат Телеграм, една од најпопуларните апликации во земјата, дека дозволува нејзината платформа да се користи за нелегална и екстремистичка содржина, објави Ројтерс. Телеграм ги негира обвинувањата Телеграм ги негира ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели видео на социјалните мрежи од пролетната генералка низ градот. „Да живееме во чист град, без изговори и без навики од минатото што не водат никаде. Сите заедно! Се работи насекаде – во сите општини, улици, паркови, маала и јавни површини. Се чисти темелно и системски затоа што градот убав заслужува еднаков ред и грижа на секој чекор. Грижа, за доброто на секој еден жител! За нашето ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
88%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
89%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
60%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1015
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
60%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9518

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Алуминиум

3.53

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Цинк

0.00

Сребро

2534.46

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Рутениум

51376.89