Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Астрономите идентификуваа планета направена од стопена лава, што укажува на постоење на сосема нова категорија течни планети, објавува „Гардијан“. Најновите набљудувања на планетата L98-59d, оддалечена околу 35 светлосни години од Земјата, сугерираат дека таа би можела да биде различна од сè што е видено досега. Според „Гардијан“, таа е околу 1,6 пати поголема од Земјата и орбитира околу мала црвена ѕвезда оддалечена 35 светлосни години од ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија. Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик. -Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите на Пинтија, оваа реконструкција ...
„Денеска, уште еднаш, собраниското мнозинство покажа дека нема ни волја, ни храброст, ни совест кога станува збор за заштита на жените. И оваа година како лани, не поминаа измените на Законот за заштита од семејно насилство и насилство врз жените, предложени од Либерално-демократската партија (ЛДП), со кои покрај забраната за движење, сторителот на насилство ќе биде обврзан да носи електронска нараквица за следење и предупредување на жртвата. ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје почна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно ...
Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. „За“ гласаа 66 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат ...
Израелските воздухопловни сили ја нападнале гасната инфраструктура на југот на Иран, потврди израелски претставник, пренесе „Тајмс оф Израел“. Според него, цел на нападот било најголемото иранско постројување за преработка на гас во покраината Бушер. Иранската државна телевизија исто така извести за нападот, наведувајќи дека делови од гасните постројки во специјалната економска енергетска зона Јужен Парс во Асалује биле погодени од ...
Полскиот премиер Доналд Туск денес на меѓународната конференција за енергетика во Гдањск изјави дека поради војната на Блискиот Исток и претстојната енергетска криза, Европската Унија ќе ги ублажи санкциите врз руската нафта и гас и нема да се врати на вообичаениот предвоен бизнис со Русија. Тој исто така рече дека Полска сигурно никогаш повеќе нема да стане зависна од руските извори на енергија. „Полска сигурно, но ние ја сметаме и цела ...
Ако сакате вашите рози во градината да бидат побујни, поздрави и полуксузни, не мора да трошите богатство на скапи ѓубрива. Искусните градинари сè повеќе користат природни трикови од кујната, а една од најефикасните состојки е кората од банана. Зошто лушпите од банана помагаат Лушите од банана се богати со калиум, клучна хранлива материја за цветните растенија. Калиумот го поттикнува формирањето на пупки и поинтензивното цветање, што им дава ...
Само во последните две недели, граѓаните платиле над 10 милиони евра повеќе за нафтени деривати, тврди Имране Велиу Алиу од ДУИ, која денеска изнесе податоци и анализа во врска со, како што рече, неинтервенирањето на Владата пред драматичниот раст на цените на нафтените деривати. „Врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка во Северна Македонија, произлегува дека потрошувачката на нафтени деривати за транспорт изнесува околу ...
На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, рече вицепремиерот Александар Николоски на собраниската седница на која се избира државен јавен обвинител. Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и, ...
Според израелскиот „Канал 12“, израелските одбранбени сили го ликвидирале иранскиот министер за разузнавање, Исмаил Хатиб, во продолжение на ескалацијата меѓу Израел и Иран, која сè повеќе добива контури на директна конфронтација на највисоко ниво на безбедносните структури. Израелските медиуми наведуваат дека Хатиб, иако не бил меѓу највисоките политички и безбедносни личности во Техеран, претставува значајна алка во системот на иранската ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“ во скопската општина Ѓорче Петров. Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина. „Од почетокот на месецот март, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти вкупно 1.260 кубни метри отпад од диви депонии на територијата ...
За прес-конференцијата на Богданка Кузеска која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот, ниту другиот не се ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту можат да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може ...
Куркумата е многу повеќе од зачин што им дава на јадењата интензивна жолта боја. Нејзините активни соединенија, особено куркуминот, привлекуваат сè поголемо внимание од експертите поради нивниот потенцијал да го поддржат губењето на тежината, да го намалат воспалението и да го подобрат метаболизмот. Правилната употреба на куркума може да биде моќен сојузник во вашата борба против вишокот килограми. Куркума и губење на тежина Куркуминот, ...
Откако не успеа јасно да дефинира цел или стратегија за излез, и да ја убеди целата американска јавност во оправданоста за нова војна во Иран, претседателот на САД, Доналд Трамп се најде во неволја, само неколку недели по почетокот на конфликтот, поради погрешна проценка на капацитетот на Иран за широка одмазда, пишува француската новинска агенција АФП. Дополнителен притисок е оставката во вторник на висок американски функционер за борба ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа ...
Откако целосно ја разоткривме и јавно го објавивме енергетскиот откопод, бизнис мрежата на Мицкоски од Адамовиќ до „Руднап“ ВМРО се обиде повторно да го урива СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на ...
Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудатаод 13 години затвор на Васил Јованов, кој лани на пешачки премин на усмрти Фросина Кулакова. „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, поднесе предлог-измени во својот најнов извештај, со кои се доведува во прашање вториот протокол кон Договорот со Бугарија – дел од преговарачката рамка на ЕУ што го условува напредокот на Скопје со внесувањето на Бугарите во Уставот, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Во предлог-измени 108, Вајц, во име на групата на Зелените, предлага во текстот на идната резолуција да ...
Појадокот обезбедува енергија за почетокот на денот и му обезбедува на телото доволно „гориво“ до следниот оброк. Затоа е многу важен изборот на храна што ја јадеме наутро. Нутриционистите истакнуваат дека постојат намирници што треба да се вклучат во појадокот, но и такви што треба да се избегнуваат. Целта на избалансираниот појадок е да се создаде оброк што го стабилизира шеќерот во крвта, го поддржува метаболизмот и нè одржува сити во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини членките на НАТО дека направиле глупава грешка затоа што одбиле да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, низ кој пред војната минувала околу една петтина од светската нафта. Говорејќи вчера во Овалната соба, Трамп изјави дека повеќето сојузници го информирале дека не сакаат да се вмешаат во конфликтот. Тој посочи дека не му е потребна помошта од НАТО, но дека сојузниците требало да ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата, соопшти АХВ. Еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за ...
Нови, досега непознати детали од животот на британското кралско семејство се појавија во новоиздадена книга од авторот Том Бауер. Кралицата Камила му се доверила на пријател дека Меган Маркл му го „испрала мозокот“ на принцот Хари среде расправија во кралското семејство. Ова и многу други зачинети, досега непознати детали се појавуваат во нова книга, која, според британските медиуми, ја шокирала јавноста. Авторот Том Бауер тврди дека ...
Нападите на Иран во близина на урбаните области во земјите од Персискиот Залив се резултат на преместувањето на американските сили од воените бази во хотелите во градовите, изјави министерот за надворешни работи Абас Аракчи за „Ал Џезира“ во коментарите објавени од иранските медиуми во среда. „Каде и да се собираат американските сили, каде и да се нивните објекти, тие се цел. Можно е некои од овие места да се во близина на урбаните области“, ...
ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија во пракса, изјави финскиот претседател Александар Стуб, објавено од финскиот весник „Илталехти“. „Европа никогаш нема да признае дека евентуалните територијални отстапки на Украина се правно или во принцип (де јуре) дел од Русија. Во пракса (де факто), работите може да бидат поинакви“, рече тој, зборувајќи во британскиот аналитички центар „Чатам Хаус“, пренесува Спутник. ...
Повторно се покачија цените на горивата во земјава. Иако Христијан Мицкоски најавуваше поевтинување, наместо тоа, граѓаните добија ново поскапување од 7 денари по литар, велат од СДСМ. „Уште една лага на Мицкоски која директно удира по џебот на граѓаните. Тоа се мерките на тендер коалицијата ВМРО/ЗНАМ. Граѓаните ги прават луди. Наместо намалување од 2,5 денари – поскапување од 7 денари. Ова е второ сериозно покачување, а владата не презема ...
Утрово се измерени -3 степени на Попова Шапка, 0 степени на Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 во Берово, 3 во Крива Паланка, Претор, 4 во Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и 8 степени во Демир Капија, Гевгелија, соопшти УХМР. Висината на снежна покривка е 58 сантметри на Попова Шапка, 1 во Крушево. Денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ...
Во време кога лежерните, преголеми чанти беа во мода во 2000-тите, еден модел беше задолжителен – чантата „Хамилтон“ на Мајкл Корс. Речиси и да немаше стилист, модел или модна љубителка што не ја носеше, поради што доби култен статус. Инспирирана од винтиџ патните чанти, беше претставена во 2009 година и брзо се издвои во уличниот стил со својата препознатлива квадратна силуета, пишува Hypebae. Просторниот ентериер со бројни џебови и ...
Американскиот воен брод „Триполи“ (LHA-7) е забележан во близина на Сингапур додека се движи кон Блискиот Исток, покажаа податоците за поморско следење. Според податоците од AIS системот што ги видел CNN, бродот се приближувал кон Малајскиот теснец на југозападниот брег на Јужното Кинеско Море. Американската морнарица, за која се верува дека транспортира илјадници маринци и морнари на Блискиот Исток, се приближува кон Малајскиот теснец во ...