Бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката се шири со нова алка, велат од СДСМ. „Поранешниот градоначалник од ВМРО, Ацо Ристов, чија сопруга Данка Ристова е избрана за членка на Судскиот совет, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. И Ристов како Мицкоски имал бизнис со хидроцентрали. Своите луѓе Мицкоски ги става во клучните институции, сега и во Регулаторната комисија за енергетика – телото кое директно ...

Денес во Собранието се одржа јавна расправа по Предлог-законот за јавното обвинителство, усогласен со правото на Европската Унија и европските стандарди, вклучително и мислењата на Венецијанската комисија и експертската јавност. Целта на предложеното законско решение е зајакнување на самостојноста на јавното обвинителство, како и подобрување на ефикасноста и квалитетот во неговото постапување, во согласност со европските практики. Јавната ...

Членовите на собраниската Комисија за избори и именувања, на денешната седница, со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден воздржан, одлучија Ацо Ристов да биде предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Предлогот треба да биде изгласан на пленарна седница на Собранието. Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во ...

Полска нема да испраќа војници во Иран бидејќи конфликтот не влијае директно на нејзината безбедност, изјави премиерот Доналд Туск, имплицирајќи дека САД и другите сили ја разбираат одлуката на Варшава. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика сојузниците во текот на викендот да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, додека иранските сили продолжуваат со нападите врз виталниот воден пат во услови на американско-израелската ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ликвидацијата на високиот ирански функционер Али Лариџани е дел од планот на Израел да го дестабилизира иранскиот режим и да му даде можност на иранскиот народ да го собори режимот. „Ова нема да се случи одеднаш и нема да се случи лесно. Но, ако истраеме, ќе им дадеме можност да ја земат својата судбина во свои раце“, рече Нетанјаху во видео порака објавена од неговиот кабинет, пренесува ...

Никица Корубин Упорноста во негирањето и игнорирањето на уставот во однос на употребата на албанскиот јазик, како официјален јазик на ниво на цела држава, останува доследен инструмент во градењето и одржувањето на “патриотскиот наратив”. Речиси на ниво на своевидна “иницијациска мантра” во која за да се пристапи во “друштвото на подобни патриоти” – темата за употребата на албанскиот јазик мора да биде во согласност со наметнатата црвена ...

Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и Марк Руте се најлошите политичари во ЕУ и НАТО во последните неколку децении, пишуваат шпанските медиуми. Реакцијата на Европа на интервенцијата во Иран фрла сомнеж врз европското раководство во Брисел, како во институциите, така и во НАТО, според медиумите. Како што се истакнува, многу докази за ова може да се најдат во трговските преговори со САД, политиката на „помирување“ на американскиот претседател ...

Десетици милиони луѓе ќе се соочат со глад ако војната во Иран продолжи во јуни, според анализата на Светската програма за храна (WFP) објавена денес. Нападите на САД и Израел врз Иран, кои започнаа на 26 февруари, ги блокираа клучните правци за хуманитарна помош, одложувајќи ја испораката на помош што спасува животи за некои од најитните кризи во светот. Се очекува дополнителни 45 милиони луѓе да се соочат со глад поради зголемувањето на ...

Самитот на Европската Унија закажан за четврток ќе заврши со фијаско, според словачкиот премиер Роберт Фицо. „Ако ги погледнеме подготовките за самитот, четврток ќе биде големо фијаско, бидејќи воопшто нема да бидат презентирани конкретни предлози, на пример, за намалување на цените на електричната енергија. А тензиите драматично растат бидејќи унгарската влада продолжува да го блокира доделувањето на 90 милијарди за Украина“, рече Фицо на ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека со членовите на СДСМ има договор за борба против криминалната власт на ДПМНЕ и за европска иднина на државата. -Ме прашувате за неакаков договор. Гледате што ми прават секој ден, ме масакрираат медиумски секојдневно. Ме споредуваат со убиец на деца, дека сум бил наркоман, ме лепат на некои слики со златни визи во Дубаи, така ...

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење. Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, место низ кое поминале бројни генерации ученици кои таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства. Градоначалникот потсети дека во периодот ...

Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, наведувајќи дека станува збор за информирање на јавноста, а не за ПР кампања. Оттаму велат дека се целосно транспарентни и дека редовно информираат за активностите, на кои се поканети сите медиуми. Министерството признава дека дел од армиската инфраструктура не е на највисоко ниво, посочувајќи дека во одредени објекти не се инвестирало не 35, ...

Денеска се исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници, во рамки на програмите за финансиска поддршка во земјоделството, соопшти МЗШВ. Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со месец јуни, по основ на Мерка 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. 3.746.560 денари се исплатени ...

Објавена е нова листа на најомразените земји во светот за 2026 година, а на самиот врв, и покрај актуелните конфликти на Блискиот Исток, се најде Кина. Веднаш зад неа следуваат САД на второто и Русија на третото место, со што овие три светски сили продолжуваат да доминираат на врвот на оваа листа. Ставовите за другите земји зависат од низа фактори – од потезите на владите и воените интервенции до доминантната култура, религија или ...

Денес, Парламентот на Албанија усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда ја прогласи за терористичка организација. Во резолуцијата се наведува дека Иран е земја што спонзорира тероризам, пренесува АП. Резолуцијата ја предложи Социјалистичката партија на Албанија, а беше усвоена на пленарна седница на која не присуствуваа претставниците на Демократската партија на Албанија, објави агенцијата АТА. Претседателот на парламентарната ...

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари. По спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, до ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против две правни и седум физички лица за ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе пакет законски решенија за намалување на цените на горивата и на храната, најави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој посочи дека денешното поскапување на горивата е второ сериозно покачување на цените на горивата, а владата не презема ништо за да го заштити стандардот на граѓаните. „Од денеска повторно има покачени цени на горивата во земјава. Иако ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека одлуката на Извршниот одбор за иницирање постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството е донесена едногласно, по направени внатрепартиски проверки. Тој нагласи дека се работи за процес за одработување за ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата. „Точно е дека се почитувало и се слушало туѓото мислење, така е и сега, така и ќе биде понатаму. Но, тука не станува збор за туѓо и ...

Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните. Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Протестот во саботата кој беше организиран од страна на кадрите на СДС ...

Киев продолжува со залуден отпор наместо да донесе одговорна одлука и да го отвори патот за мировниот процес, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин. „Киевскиот режим продолжува со залуден отпор наместо да донесе неопходна, одговорна одлука и да го отвори патот за продолжување на мировниот процес“, изјави Песков пред новинарите, пренесува РИА Новости. Тој изјави дека руските вооружени сили продолжуваат ...

Военото партнерство меѓу Загреб, Приштина и Тирана е директно насочено против Србија, а во одреден момент кон него би можела да се приклучи и Бугарија со своите стремежи и амбиции кон Северна Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Софија. Ова го изјави Владимир Џукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП), јавува БГНЕС. „Според сè што се прогнозира и што веќе јасно може да се ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад. „Согласно информациите, летот е предвидено да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 ...

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од ДУИ. Според оваа партија, Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, ...

Амбасадорот на Иран во Русија, Казем Џалали, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сакал вооружените сили на Иран да му „се заколнат на верност“, но дека неговиот план не успеал поради отпорот на иранскиот политички систем. Џалали објасни за ТАСС дека Трамп верувал дека со убиството на врховниот водач на револуцијата може да го дестабилизира Иран и да ја добие лојалноста на главните воени структури, да прогласи победа до ...

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денес изјави дека процесот на реформи во Украина мора да се забрза, бидејќи безбедна Европа не може да постои без безбедна, демократска и просперитетна Украина како „една од нас“. На прес-конференцијата, по неформалниот министерски состанок со Украина, таа рече дека за време на нејзиниот неодамнешен престој во таа земја, било „длабоко трогателно“ да се види дека членството во ЕУ им носи надеж ...

Израел тврди дека во синоќешниот напад врз Техеран бил цел на напад Али Ларијани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, и дека е убиен. Во исто време, иранските агенции Тасним и Мехр објавија дека Ларијани наскоро ќе објави порака, што ја доведува во прашање информацијата за неговата смрт. Израелски воен извор потврдил за Би-Би-Си дека Ларијани бил цел на нападот. Во истиот напад, според израелските тврдења, убиен ...

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици. „Со самото тоа базата на експерти е ставена во функција, а општините можат, согласно своите потреби, да ...

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март ...

Финскиот претседател Александар Стаб го бранеше британскиот премиер Кир Стармер поради критиките од Доналд Трамп за конфликтот во Иран. Во разговор за Би-би-си, Стаб рече дека му се восхитува на Стармер и рече дека „никогаш не ја потценил“ способноста на британскиот премиер да „остане смирен“. Финскиот претседател додаде дека многу меѓународни лидери имаат „добри и лоши денови“ со Трамп. Трамп рече дека „не е задоволен“ од Велика Британија ...

Пристигна нов тренд кој „ветува“ да ги промени хаотичните утра и да ги направи нашите почетоци на денот многу попријатни и пофункционални, а се нарекува „opening shift“. Овој концепт, кој доаѓа од светот на малопродажбата, всушност значи повеќе од само „отворање на продавницата“. Во продавниците, утринската смена е онаа што го подготвува просторот пред да пристигнат толпите – сè е средено, поставено и исчистено за да може бизнисот да тече ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
78%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
79%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 11ᴼ
0.0
50%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.31
79%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
0.29
85%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
47%
1018
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
63%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 15ᴼ
0.89
75%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
0.89
78%
1016
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0083

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Паладиум

49351.40

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Иридиум

253540.09

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.53

Цинк

0.00

Злато

152465.86

Кобалт

45.39