Белград
11ᴼ /
11ᴼ
„Amazon.com“ планира да вработи 250.000 работници за време на шпицот на сезоната, исто како и во претходните две години. Тоа го прави трговецот на мало исклучок, во услови на инаку мрачен пазар на труд за празниците, објави „Bloomberg“. Позициите вклучуваат полно работно време, скратено работно време и сезонски позиции, при што привремените работници заработуваат просечно 19 долари на час, соопшти „Amazon“. Платата за постојани работни места е ...
Од Венко Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, неговите советници не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го „излизгаат“ со неточни податоци за економијата, реагира владата откако лидерот на опозициската СДСМ денеска на прес конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува ...
Со почетокот на новата академска година, Хајделберг факултетот во Скопје ги пречека своите нови студенти кои ги направија првите чекори во високото образование според германски модел на настава. Бруцошите ја започнаа својата академска приказна, а во следните три години ги очекуваат бројни предизвици, искуства и академски успеси. Наставата започна со динамичен и интерактивен пристап, кој е препознатлив за оваа високообразовна установа. Студентите ...
Цените во земјоделството во септември 2025 година, споредени со цените во септември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот, соопшти Државниот Завод за Статистика. Во делот инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 3.0 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во ...
Цените во земјоделството за една година се намалиле за 1,6% но нивните трошоците се зголемиле за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, Според нив, во делот на трошоците – инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на тековно потрошени средства во земјоделството за 3% и зголемување на цените кај средства наменети за инвестиции во земјоделството за 6,7 %. Најголем раст ...
Бизнис Одбележан Меѓународниот ден на руралните жени: Признание за трудот, визијата и придонесот на руралните жени во земјоделството 15.10.2025г Јакнењето на руралните жени е клуч за стабилен синџир на исхрана, отпорност на климатските промени и поправедна иднина, е заклучокот од одбележувањето на Меѓународниот ден на руралните жени, што се одржа во Дојран, во организација на Националната федерација на фармери (НФФ), со поддршка на Шведска и ...
Акциите на „Луи Витон“ (Louis Vuitton) скокнаа откако сопственикот на „Луи Витон“ (Louis Vuitton) и „Кристијан Диор“ (Christian Dior) неочекувано објави раст на продажбата во третиот квартал – знак дека падот на побарувачката за луксузни производи почнува да се ублажува. Приходите пораснаа за 1 отсто на реална основа, прекинувајќи го двокварталниот пад, соопшти компанијата „ЛВМХ“ (LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SE) во вторникот вечерта. ...
Германската влада одобри нацрт-закон за поттикнување на работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработат до 2.000 евра месечно со ослободување од данок. На ваков начин најголемата економија во Европа се обидува да го намали недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на почетокот на 2026 година и се очекува да ја чини државата 890 милиони евра годишно во изгубени даночни приходи ...
Македонскиот преносен систем (МЕПСО) доби грант од 600.000 евра од Француската агенција за развој со кој ќе ја унапредува, модернизира и дигитализира преносната мрежа за електрична енергија. Грантот овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на ...
За извршниот директор на Форд, патувањето во Кина бил отрезнувачки удар на реалноста. По посетата на низа фабрики, Џим Фарли бил воодушевен од техничките иновации што се пакуваат во кинеските автомобили - од софтвер за самостојно возење до препознавање лица. „Нивната цена и квалитетот на нивните возила се далеку подобри од она што го гледам на Запад“, предупреди Фарли. „Ние сме во глобална конкуренција со Кина, а тоа не се само електрични ...
Австриската подружница на најголемиот светски продавач на мебел Икеа е казнета во тамошниот Сојузен административен суд (BVwG) за неовластено снимање на клиенти и складирање на снимката со 1,5 милиони евра. Контроверзното снимање се случило во текот на 2022 година во стоковната куќа Икеа во Виена. Акцијата на австриската агенција одговорна за безбедноста на личните податоци на граѓаните (DSB) следеше по анонимна жалба против Икеа, а судот првата ...
Основачот на хрватскиот производител на спортски автомобили Римац (Rimac Group) вели дека е во преговори за откуп на уделот на Порше (Porsche AG) во нивното заедничко претпријатие „Бугати Римац“ (Bugatti Rimac) и работи на постигнување договор до следната година. „Не е тајна дека сме во разговори“, рече Мате Римац, давајќи ги своите најдетални коментари досега за потенцијалната трансакција. „Само сакам да можам да донесувам долгорочни одлуки, ...
Европската Унија го подготвува првиот план за прифатливо домување, кој ќе ги опфати прашањата за правата на закупците, шпекулациите со недвижности и краткорочното туристичкo изнајмувањe. – Европската комисија ќе предложи нови правила за справување со „големиот проблем“ со краткорочнoто изнајмување преку платформи како Airbnb и Booking.com, со кои сака да одговори на „социјалната криза“ на луѓето кои се борат со трошоците за живот – изјави првиот ...
Двете најголеми економии во светот, САД и Кина, треба да имаат помал економски раст оваа и следната година во споредба со 2024 година, се наведува во новата прогноза за перспективите на светската економија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според ММФ економскиот раст во САД за 2025 година ќе биде околу 2%, а во 2026 година може да биде малку повисок 2,1%, што е доста голем пад во споредба со 2,8% минатата година. И Кина ќе има помал раст во ...
Фабричките работници, благајниците и хотелскиот персонал во Грција наскоро би можеле да работат подолги смени, бидејќи земјата ќе стане првата земја-членка на Европската Унија што официјално ќе воведе 13-часовно работно време во приватниот сектор, објавува Политико. Парламентот ќе гласа за контроверзниот закон утре, и покрај протестите планирани низ целата земја. И покрај растечкиот отпор од синдикатите и опозициските партии, се очекува законот ...
Александар Вучиќ, шефот на државата Србија, му предложи на руското претставништво Белград да го преземе делот во руски посед во Нафтената индустрија на Србија (НИС), со можност, кога ќе настапи стабилизација на глобално ниво, сè да им биде вратено, пренесе Вечерње новости. Меѓутоа, официјална Москва не гледа со голема наклонетост кон ваков исход, истакнува весникот, додавајќи дека, по сѐ изгледа, поприфатлива опција за Русија е да го отуѓи ...
Македонската компанија за дојдовен туризам Балкан Прајм Турс започнува амбициозна промотивна кампања на азискиот пазар, со цел да ја претстави Македонија и регионот на балканот како атрактивна туристичка дестинација. Компанијата со сопствен штанд ќе учествува на престижниот саем ITB Asia 2025 во Сингапур, кој претставува водечки азиски туристички саем, а кој оваа година се одржува од 15 до 17 октомври 2025. На ITB Asia учествуваат илјадници ...
Финансии / Банкарство ФЕД Е ВО РАСЧЕКОР МЕЃУ ЕКОНОМСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ 15.10.2025 Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, вчера го одржа својот последен планиран говор пред следниот состанок на Федералните резерви, во време кога американската економија бележи посилен од очекуваниот раст и скок на продуктивноста, но сè уште се прилагодува на царинските и имиграциските политики кои, според економистите, може да ...
За вкусот не се дискутира, секако. Но како се креира вкусот на индивидуата? Што сė влијае на одлуката дали одреден производ ќе стане избор по наш вкус? Дали изострените гурмани строго се држат до својот избор и навики или се одлучуваат да пробаат нови продукти? На пример, дали би пробале слатко од црн тартуф со лути пиперчиња? Или ако шетајќи низ маркетот во потрага по својот омилен производ здогледате македонски џелато сладолед - дали ќе го ...
ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-партнер Логистикс Nippon Express е сопственик на cargo-partner почнувајќи од оваа година, па оттука се наметнува прашањето на самата интеграција на cargo-partner во Јапонската групација? Станоевски: Од 4-ти јануари оваа година официјално сме членка на Nippon Express Group. Процесот на трансформација е во полн ек и носи дополнителна полза за двете компании. Со вклучувањето на cargo-partner во NX ...
Македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 отсто. Меѓународниот Монетарен Фонд благо за 0,2 процентни поени, ја намали проекцијата од ланскиот октомври, и со вакви бројки нашата економија, заедно со Албанија и Косово ќе бележи највисоки стапки на раст во регионот. Инфлацијата, до крајот на годината ќе остане висока и според ММФ ќе изнесува 3,9, додека следната 3 отсто. Пониски цени можат да се очекуваат дури во 2030 та, кога ...
Бизнис Бесплатно скијање на првиот ден од отворањето на зимската сезона на Копаоник 14.10.2025 Годинава отворањето на зимската сезона на Скијачкиот центар Копаоник е планирано во од 4 до 7 декември. На првиот ден од отворањето на скијачкиот центар, скијањето, како и секоја година, ќе биде бесплатно, додека за преостанатите три дена од отворањето, скијачите можат да очекуваат попуст од 30 проценти на сите билети во тој период, објавија српските ...
Бизнис Во Албанија биле запленети 65 милиони евра во недвижнини, банкарски средства и криптовалути 14.10.2025 Во текот на 2024 година во Албанија биле запленети 65,5 милиони евра, што е зголемување од 60 отсто, во споредба со 2023 година, вклучувајќи недвижнини, банкарски средства и средства од криптовалути. Ова го изјави првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, пред ...
Како што наближува крајниот рок, така се зголемува интересот што владее меѓу средношколците за натпреварот „Средношколец милионер“, кој им нуди единствена можност на младите во Македонија да ја претстават својата идеја за бизнис, а најдобрите да освојат награда од 1.000.000 денари. Пријавувањето е сè уште отворено, но времето истекува. Според податоците од Бреинстер групацијата, веќе се пристигнати неколку десетици оригинални и иновативни ...
На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени. Одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. -Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот ...
Маж од италијанскиот град Виченца, кој повеќе од 50 години примал инвалидска пензија и во тој период добил милион евра од државата, е обвинет за измама откако е откриено дека лажел дека е слеп, објавија италијанските медиуми. 70-годишниот маж примал инвалидска пензија од 1972 година, објави ТВ Раи. Финансиската полиција го следела повеќе од два месеци и го снимала како работи во градината, користејќи опасни алатки како што се градинарски ножици ...
Хрватската општина Бизовац воведе мерка „Услугата за баби и дедовци“ со која им плаќа на бабите и дедовците кои се грижат за своите внуци. Мерката е со цел да се ублажи недостигот на места во градинката, а ќе се спроведува додека додека не го прошират капацитетот на градинката. Надоместокот ќе биде 70 евра по дете месечно. Условот е бабите и дедовците кои се грижат за децата да бидат пензионирани. – Ја прифатив иницијативата во рамките на ...
„ЏП Морган чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) во третиот квартал ги надмина проценките на аналитичарите за надоместоците за тргување и инвестициско банкарство, поттикнати од зголемувањето на склучувањето зделки и проценка на ризик во услови на продолжена нестабилност поврзана со царините на американскиот претседател Доналд Трамп. Најпрометниот квартал за иницијални јавни понуди (ИПО) од 2021 година помогна во зголемувањето на надоместоците за ...
Деканот на Градежен факултет Јосиф Јосифовски смета дека треба да се изгради целосно нова траса на брзата пруга, а сегашната траса да остане за одвивање на товарниот сообраќај. Тој вели дека се работи за сериозен план во којшто ќе се организира принципот на изведба и работа, онака како што го заговараме долг период, а тоа значи ќе треба да помине низ подготвителни работи, изработка на физибилити студии кои ќе укажат на обврските и потребните ...
Бизнис Почна регионалниот онлајн саем за вработување 14.10.2025 Регионалниот онлајн саем за вработување, што ги обединува работодавачите од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Северна Македонија, започна денеска и ќе трае до 21 октомври, објави Инфостуд, организаторот на саемот. Саемот во Србија собира 38 компании кои имаат подготвено повеќе од 450 отворени работни места. На ниво на целиот регион учествуваат вкупно 100 работодавачи со ...