Зоран Илијоски, деветтоодделенец од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Кичево е годинашен добитник на „Иван Ќостаров“, награда за извонреден научен потенцијал наменет за сите ученици во 9. одделение во Македонија. Наградата ја доделуваат платформата „Наука за деца“ и Фондацијата „Кантарот“ во соработка со проф. д-р Венка Симовска. Наградата е вредна 30.000 денари, а целта е да се стимулира едно љубопитно и посветено дете да продолжи со љубов да ...

Компанијата OpenAI, креаторот на популарниот ChatGPT, објави оглас за „лидер на подготвеност“, чија задача ќе биде да го брани човештвото од најлошите можни сценарија поврзани со вештачката интелигенција. За таа позиција е резервирана годишна плата од 555.000 долари. Новиот раководител на подготвеност на OpenAI ќе биде директно одговорен за одбрана од ризиците што сè помоќната вештачка интелигенција ги претставува за менталното здравје на ...

Револуцијата во македонското сметководство и даночно работење доби прецизен датум. Управата за јавни приходи (УЈП) го дефинираше планот за имплементација на системот „Е-фактура“, кој треба целосно да заживее од 1 октомври 2026 година. Според најавите, подготовките се одвиваат тековно, а веќе од наредниот месец започнува техничката фаза која ќе ги засега сите компании во државата. Календар на имплементација: Што треба да знаат компаниите? ...

Се наѕира крај на неизвесноста за некогашниот гигант за наменска индустрија „11 Октомври – Еурокомпозит“. Основниот суд во Прилеп донесе решение со кое се одобрува планот за реорганизација на компанијата, со што се отвора пат за влез на нови инвеститори и рестартирање на капацитетите. Според најновата објава од Централниот регистар, која стапи на сила на 26 декември 2025 година, официјално е усвоен предлогот за реорганизација на стечајниот ...

Во рамки на работилницата посветена на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор, учесниците имаа можност да се запознаат со практичната примена на платформата SignPlus – решение за електронско потпишување и работа со дигитални документи, кое овозможува побрзи и побезбедни деловни процеси. Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО) и Стопанската ...

Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија. Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и ...

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО). Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна ...

Во Централниот регистар е евидентирана промена во управувачката структура на една од водечките банки во земјава, Стопанска банка АД – Скопје. Според најновото решение донесено на 26 декември 2025 година, извршено е бришење на Милица Чапаровска-Јовановска од позицијата член на Управниот одбор и Генерален директор за банкарство на мало. Во официјалниот документ стои дека причината за оваа промена е истекот на времето за кое е дадена согласноста ...

Со измени во законот за финансиски друштва државата ќе ги спречува компаниите за брзи кредити енормно да заработуваат на грбот на граѓаните, најавува министерката за финансии Кочоска. За една година има над 200 илјади договори, вредни 133 милиони евра. Од нив, 114 милиони евра се кредити на физички лица, а останатите, скоро 20 милиони евра на фирмите. Измените ќе бидат во насока да не може провизиите и каматите да го надминуваат вкупниот ...

Финансиските резултати на „Ericsson“ за четвртиот квартал не ги исполнија проценките откако очекуваното закрепнување на продажбата во Индија никогаш не се материјализираше во текот на периодот, објави „Bloomberg“. Прилагодената заработка пред камати и даноци изнесуваше 9,8 милијарди шведски круни (894 милиони долари), што е зголемување од 33 проценти во однос на претходната година. Аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, сепак, очекуваа ...

Бизнис Помош до пет милиони евра за соработка со глобални хотелски брендови, нови субвенции за хотелиерите во Србија 29.12.2025 Сподели: Владата на Србија усвои нова регулатива за финансиска поддршка на домашните хотелиери со цел, како што е наведено, да се подобри туристичката понуда на хотелиерството и да се интензивира нејзиното користење, а една од мерките е субвенција во износ до пет милиони евра за соработка со светски брендови. Целта ...

Компанијата Фортонмка Инвест 2, дел од групацијата Фортон, официјално стана новиот сопственик на автобуската станица во Охрид, стекнувајќи се со стратешки значаен имот кој опфаќа огромна парцела помеѓу трговскиот центар Охрид Мол и земјиштето на Лидл со вкупна површина од приближно 3.500м2, како и постоечки објект со површина од приближно 1.000м2. Засега нема официјални информации од новиот инвеститор во врска со идните планови за овој ...

Групацијата „Рио Тинто“ (Rio Tinto) и „Фортескју“ (Fortescue Ltd), двата најголеми светски производители на железна руда, го промениле индексот што го користат за формирање на цените на испораките за најголемиот светски потрошувач на суровини. Ова е невообичаена промена што следеше по јавните критики на постојниот механизам од страна на државниот кинески купувач China Mineral Resources Group (ЦМРГ). Според извори запознаени со случајот, кои ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови малопродажни цени на горивата, која стапува на сила вечерва на полноќ. Бензините и дизелот поскапуваат за 0,5 денари по литар. — реклама — Со ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 72,50 денари за литар. Поскапување има и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија малопродажна цена од полноќ ќе биде 65,00 денари за литар, што ...

„Ербас“ (Airbus SE) во последните денови од годината произведува авиони со забрзано темпо, а во компанијата расте уверувањето дека ќе успее да ја исполни целта за испораки што беше намалена пред само неколку недели, велат добро упатени извори. Според еден од соговорниците, компанијата досега во декември испорачала околу 90 патнички авиони, а уште околу 35 веќе ги финализирале завршните пробни летови со клиентите и се подготвени за ...

Тојота најави дека од 2026 година ќе започне со продажба на автомобили произведени во Соединетите Американски Држави во Јапонија. Моделите кои ќе ги увезува се Камри, Хајлендер и Тундра. Иако сè уште нема прецизен датум за почетокот на продажбата, Тојота потврди дека подготовките веќе се во тек. Камри и Хајлендер не се непознати за јапонските купувачи, бидејќи претходно се продаваа таму, но беа повлечени од пазарот во 2023 и 2007 година. ...

Шведска на 145 километри во Арктичкиот круг прави една од најрадикалните урбани трансформации во светот – целиот град Кируна – зграда по зграда, се сели на нова локација. Градот мора да се пресели поради слегнување на земјиштето предизвикано од проширувањето на најголемиот подземен рудник за железна руда во светот. Новиот Кируна се гради 3 километри источно, а целиот процес треба да биде завршен до 2035 година. Кируна е основана пред 125 ...

На крајот на годината и ЈП „Нискоградба“ со своја рекапитулација за годината која изминува и плановите за следната 2026 година. Директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски вели дека позначајни предизвици со кои се соочи претпријатието во 2025 година беше зголемувањето на бруто платите од 8 % и трошоците за вработените (отпремнини за вработени кои заминаа во пензија) или вредносно во износ од околу 8 милиони денари (во споредба со 2024). „Како ...

На дното на океанот западно од Гренланд, откриен е резервоар за природен гас заробен во леден кафез, кој би можел да биде најдлабокиот ладен извор на гасен хидрат досега, а воедно и преполн со животински свет. Ова уникатно живеалиште, наречено Фреја, е пронајдено на длабочина од 3.640 метри, пишува Science Alert. Наслагите од гасен хидрат Фреја се откриени за време на експедицијата Ocean Census Arctic Deep EXTREME24, предводена од истражувачи ...

Во новата епизода на поткастот „Бизнис-клуб“ претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со петте експерти во Комората, кои со својата работа оставаат силен и препознатлив печат во коморското работење: м-р Анета Димовска, м-р Наташа Јаневска, д-р Татјана Штерјова-Душковска, м-р Игор Тасевски и м-р Михајло Донев. Во фокусот на разговорот со претседателот на СКСМ беа клучните аспекти од нивната работа, како ...

Доколку сакате вашето дете да учи во средина што нуди највисоки меѓународни стандарди, индивидуален пристап и образование со лиценца од Оксфорд, вистинскиот избор е Меѓународното училиште „Максимилијан“. Уписите за прво одделение и за средно образование во ова училиште започнуваат од 1 април 2025 година и ќе траат сè до пополнување на слободните места… Во светот на образованието, родителите често се соочуваат со изборот дали да го запишат ...

Капитал: БAT e глобален лидер во индустрија што доживува трансформација. Каде ја гледате улогата на македонската подружница во таа глобална стратегија? Николовски: Како човек кој веќе 15 години е во индустријата, можам да посведочам дека индустријата се трансформира навистина брзо и по мое мислење на подобро за потрошувачите. Во моментот кога станав генерален менаџер на BAT за Македонија, Албанија и Косово, нашата понуда на производи се ...

Студијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци. Да ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите. На состаноците, како и на ...

Ако работата ја носите дома, ако останувате во канцеларијата и по завршување на работното време, ако работите преку викенд со цел да го надополните пропуштеното, ако целите ги надминуваат индивидуалните способности и можности – тогаш време е да научите да делегирате. Поедноставно, тоа е пренесување на работата на другите со јасно дефинирани овластувања кои се потребни за работата да се заврши, односно одлука со која ќе одлучите кои задачи и ...

Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност Сопствениците и менаџментот на бизнисите се ...

Сè што е ново е добро Флуктуација на менаџерите од фирма во фирма е вообичаена појава. Исто така вообичаено е новите менаџери да носат со себе идеи и менаџерски алатки од своите претходни компании. Меѓутоа, многу често, алатките што функционирале успешно во една фирма, може да се покажат неуспешни на новото работно место. Особено тоа е случај кога менаџерот претходно работел во друга индустриска бранша, различна од новата според големината и ...

Борис Вукиќ е тренер и консултант со повеќе од 25 години искуство во организациски развој и трансформација на компании, особено во делот на семејните бизниси. Партнер е на Adizes South East Europe и сертифициран сениор Adizes консултант кој што неколку пати има доаѓано во Скопје, пред сe’ како говорник на конференциите за семејни бизниси во организација на Clear View BTC. Направивме едно сумирање на разговорот што го имавме со Вукиќ на една ...

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици. “Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата ...

Mads Veggerby Lausten Генерален Менаџер и Директор на Кластер Исток Капитал: Мадс, имате големо искуство во Ново Нордиск, на различни позиции низ светот. Дали можете да го споделите вашето видување за компанијата? Како Ново Нордиск еволуираше во последната деценија? Мадс: Во последните две децении, Ново Нордиск се трансформираше од регионално фокусирана фармацевтска компанија, во глобален лидер во здравството. Во мојата кариера имав различни ...

Програмата за лојалност на трговскиот синџир „Гомекс" од Зрењанин на корисниците им овозможува инстант заштеди и собирање бонитетни поени при купувањето во мрежата на малопродажните објекти на компанијата и на надворешните партнери. Со услугата „Селектор на попусти", корисникот може самиот да ја креира листата на производи што сака да бидат на акција. Приреди: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs Tрговскиот синџир „Гомекс" од Зрењанин на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1028
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1028
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
62%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.5
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
88%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1028
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
61%
1028
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
82%
1029
Currency

61.635

Currency

53.0784

Currency

70.9022

Currency

37.3437

Currency

38.8244

Currency

67.8745

Currency

7.69271

Currency

0.68361

Currency

0.33692

Currency

0.52518

Currency

1.20703

Currency

0.57706

Алуминиум

3.15

Иридиум

212342.22

Сребро

3043.39

Бакар

12.14

Цинк

3.33

Родиум

384201.42

Паладиум

57164.03

Злато

173443.31

Платина

75811.46

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

57.67