Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може да прогласуваат кој е агресор, а кој миротворец и дека јагнето му ја мати водата на волкот. Ќе се раскусурат големите ...
Дури и за неговите стандарди, струјата на несвесност од Доналд Трамп во вторникот навечер беше вистински спектакл. Врзано за исклучувањето на Украина од првиот круг на мировни преговори со Русија и ефективно заканувањето со повлекување на САД од НАТО, Доналд сега предложи дека Киев започнал војна со Москва Дополнително, изјави дека популарноста на Зеленски паднала на само 4% во неговата земја и дека тој ја презел улогата на диктатор, не ...
Изборите кои што во неделата се оддржаа во Германија го бетонираа впечатокот кој што се создаваше низ текот на целата глобално-изборна 2024 година дека светската политика свртува кон десно. Можеби враќањето на власт на лабуристите во Британија е исклучок од од ваквиот генерален впечаток, но победата на десничарите во Германија и претходно на Трамп и неговите републиканци во САД, го вообличија и валоризираа политичкиот тренд кој го поддржува ...
По повлекувањето на големите македонски лидери Киро Глигоров и Бранко Црвенковски од политиката, СДСМ нема политичари кои на научно, интелектуално и интуитивно ниво ги разбираат надворешната политика и глобалните трендови на светската политичка сцена. За Зоран Заев знаеме дека беше полиглот, нели, но тој политиката генерално, а посебно надворешната, ја разбираше како вештина со која сервилниот муртински итрец се борел за тезга и на ...
На 18 февруари во главниот град на Саудиска арабија, Ријад, започнаа официјалните преговори помеѓу САД и Руската Федерација за нормализирање на меѓусебните односи и ставање на крај на руско-украинската војна. Делегациите беа предводени од министрите за надворешни работи, Рубио и Лавров. Ова е прва официјална средба на толку високо ниво по заладувањето на односите помеѓу двете земји предизивикани од агресијата на Русија врз Украина. Иако ...
На единствениот начин на кој научникот но и секој разумен човек го осознава светот, односно на самиот акт на откривањето, секавично му следи рационализација и когнитивна конструкција на откриеното. На ова, пак, речиси во истиот мисловен миг, ѝ следи и класификацијата, категоризацијата и именувањето на појавата. Најчесто дури, вториве му претходат на откритието, зашто сите луѓе воопшто, а не само научните систематизатори, инстинктивно целат да ...
Со реченицата „Мнозина философи има гоедари и мнозина гоедари станале философи“, ја започнува својата Автобиографија Марко Цепенков, издадена во 1896 година. И после нецели 130 години гледате дека речиси ништо не се сменило кај нас. Истата ситуација ја имаме и денес и тоа е еден од најголемите проблеми на оваа држава! И ние, како и Европа, што воопшто и не е чудно, си имаме – што би рекол Венс – „внатрешен проблем“, проблем што го кочи ...
Еден читател на ДНЕВНИК пред некој ден ме предложи за амбасадор на Република Македонија во Париз (!?). Да видиш, да не веруваш! Фала му и за предлогот и за добронамерноста! Париз многу си го сакам и цел век сонувам за некој подолготраен престој во него (жена ми посебно). Па сепак, не сум сосема сигурен дека би бил особено блескав дипломат. Амбасадорите ги бие глас на луѓе што совршено владеат со умешноста да молчат, а јас пак, еве, јавно ...
Ме прашуваат од локално.мк за мислење за гласањето на РС Македонија во Генералното собрание на ОН. Зборуваме, се разбира за резолуцијата за Украина. Повод беше тригодишнината од почетокот на војната, на 22 февруари 2022. Некни бил ден на целодневни гласања во светската организација, какви што паметам од мојата работа таму. Претпладнето се гласало во Генералното собрание. Европејците не се согласиле со текстот на американската резолуција чиј ...
Многу информации се обелоденија за активностите на УСАИД и на Фондацијата Сорос, но и други многубројни пиун невладини и граѓански организации во Македонија, за тоа како и колку многу пари потрошиле во земјава. Добар дел од тие пари завршиле како поттик за пропаганда за реализација на нечии и надворешни и внатрешни политички агенди и интереси. Бројни наши сограѓани беа инволвирани во уништување на државата, на системот во неа. За грст долари. ...
Не знаеме дали американската амбасадорка во Скопје е воодушевена од она што се случува во нејзината земја последниов месец, како што е воодушевена што премиерот Христијан Мицкоски по третпат откако стапи на должност (а по втор, од 20 јануари наваму) е во Вашингтон. Таа е дипломат кој треба да служи на интересите на нејзината држава, под администрација која и да е. И особено да ги негува врските меѓу нејзината администрација и онаа во земјата ...
И неважно дали ќе станеме рамноправна членка некогаш или само ќе се движиме на тој пат. Та не го разбираат во ДПМНЕ. Самата кооперација во процесот на интеграција за нас е можност за реформи со стручна и материјална поддршка на ЕУ институциите. Демек ќе сме можеле сами. Се покажа, ништо не можеме сами, ништо. Да можевме … Политиката на премиерот и на претседателката во однос на ЕУ е анти ЕУ политика. Приказните за идентитетот и за другите ...
Наредбите и постапките на Доналд Трамп и неговиот сопретседател Илон Маск се дел од една иста стратегија. Најочигледната цел е да се воспостави авторитарна, еднопартиска контрола во Соединетите Американски Држави, а тоа го знаеме бидејќи го напишаа својот план во Проектот 2025 година и го спроведуваат секој ден откако ја презедоа функцијата. Но, треба да разбереме зошто им треба таквата моќ. Не е само за да победат во културните војни; Трамп ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Платените странски агенти, активисти на криминалната организација УСАИД и останатите “филантропски“ измамници и криминалци, лажно претставувајќи се како “независни аналитичари“, последниве денови се’ поотворено инсистираат дека Република Македонија мора да се определи меѓу САД и ЕУ. Притоа, оние кои беа подготвени “вените да ги пресечат“ за својот “стратешки партнер“ САД, запенавено не убедуваат дека треба целосно да се ...
На третата годишнина од руската агресија врз Украина, во Обединетите нации беа предложени две различни резолуции. Првата беше предложена од САД, а коспонзорирана од Израел, Грузија, Унгарија и, внимавајте, Северна Македонија. Второто, во име на Европската унија, беше поднесено од Германија и Франција,. Текстот предложен од САД изразува жалење за трагичната загуба на животи во руско-украинскиот конфликт и ја нагласува потребата од трајно мирно ...
Теоретски согледано, јавното обвинителство како самостоен државен орган ги гони сторителите на кривичните дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон. Своите активности јавното обвинителство треба да ги врши врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност на Уставот. Така што, Јавното обвинителство, својата работа треба да ја врши законито, непристрасно и ...
Спротиставувајќи им се на своите сојузници од групата Г-7, Германија, Франција, Канада, Велика Британија, Италија и Јапонија, ставот на новата американска администрација е дека отсега натаму руската агресија врз Украина треба да се нарекува „конфликтот во Украина“. Имено, во нивното заеднички соопштение, Америка ја одбива формулацијата со која Русија се нарекува „агресор“. И што правиме сега? Државите кои сакаат да ги задржат добрите односи ...
Дипломатијата е повеќе од партиски Пи-аР, а ВМРО-ДПМНЕ со ваква политика допрва ќе ја внесува Северна Македонија во меѓународен процеп и домашен амбис. Тоа ќе биде последица на пристапот на Мицкоски: „Поамериканец“ и од Американците, помалку Европјанин и од евроскептиците, „посуверенист“ и од Кремљ – замислувајќи дека може да ја проектира Северна Македонија во „неврзана Југославија“. Играњето „ќеф на Американците, за инает на Европјаните, па ...
Господата пратеници од власта денеска рекоа НЕ за предлогот за намалување на ДДВ-то за електрична енергија и за основните прехранбени производи. Чоек и да ги разбери. Оти тие одамна изгубиле контакт со релноста и не знаат што значи борба за гол живот. Ним, со месечна плата од 1.500 евра плус уште толку за патни трошоци, со по еден-два или повеќе станови во Скопје, 2-3.000 денари повеќе или помалку во месецот ништо не им значат. И не само што ...
Почитувани читатели, со денешната колумна посветена на Еуростандард банка, ги споделувам моите размисли за вистинскиот губитник на овој непромислен стечај. Евидентно е дека после неполни 5 години, од отворениот стечај на Еуростандард банка, во стечајната маса на финансиските средства има многу повеќе отколку што е самото обесштетување на правните и физички лица, клиенти на банката. Овој факт сам по себе докажува дека стечајот на Еуростандард ...
1. Постои суштествена разлика меѓу литературата како кариера (суетна амбиција и „алатка“ за престиж) и литературата како (лична, егзистенцијално „запечатена“) кауза! Без да има потреба за посебно изјаснување, овие пригодни забелешки (верувам) недвосмислено ќе посведочат: точно во која од посочените (заемно спротивставени и непомирливи) категории и позиции – уште од почеток го гледам, вреднувам и доживувам творештвото на Никола Маџиров. Никола ...
Пишува: Владимир Трајановски Новите генерации охриѓани имаат некоја чудна тенденција да го уништуваат природното и културното наследство. Не им значат ништо природните богатства, историјата, нештата изградени од оние пред нас. Многу лесно одлучуваат да го збришат минатото, а со тоа и споменот за некои минати генерации кои дале значаен белег на Охрид и околината. Во моментов во таква опасност е делот на централното градско подрачје, кај ...
Колумна на Никола Тасев Колку пати на светските говорници се слушна од наши политичари за македонските проблеми во минативе 20-тина години? Колку пати влијателните држави слушнаа директно од македонски лидер што мисли и што трпи народот во нашата држава? Одговорот на овие прашања ќе го даде и одговорот на „загрижените“ дека премиерот Мицкоски е премногу директен кон Брисел, дека… Истите душегрижници не учеа дека историјата е непотребна – па ...
Денес за Македонија и нејзините граѓани не е прашање дали Доналд Трамп, претседателот на САД, е во право кога ги бара наоѓалиштата на металични суровини (благородни и ретки) од Украина како компензација за воената помош и дали Украинците знаат точно што поседуваат од богатство (имаат многу) и дали заедно со ЕУ сите три страни го знаат ценовниот развој. Напротив во Македонија мора да се праша и да се одговори: Зошто таа не ги користи своите ...
Бранко Прља Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) ги поместува границите на можното, американската Канцеларија за авторски права зазема цврст став: човечката креативност останува во срцето на авторското право. Вториот дел од долгоочекуваниот извештај за авторските права и вештачката интелигенција, објавен на 29 јануари 2025 година, содржи значајни заклучоци кои ќе влијаат врз иднината на креативните индустрии. „Нашите заклучоци се ...
Политиката во нашата земја долго време боледува од ракот на кабајдалук, наречен политичкото силеџиство кој метастазира во коскената срцевина и полека но сигурно им го одзема здивот на граѓаните. Во нашата потсвест, не по наша вина, највисоката форма на владеење е авторитаризмот на лидерот иако сето тоа од задушувачката доминација на сè поцентрализираните и нималку либерални или демократски политички структури. Овој тип на владеење носи само ...
Анегдотата вели дека францускиот премиер Таљеран, државник, дипломат и политичар кој се одржал на власт за време и после Наполеон, пред да испрати еден млад соработник во дипломатска мисија го предупредил: „И, пред сè, без многу жар“. Таква, имено, е надворешната политика политика – сфера вон ваша контрола која бара смиреност, такт и интелигенција. Премногу жар имаше во кажувањето на македонскиот премиер Мицкоски за своите дипломатски мисии. ...
Во време на глобална економска нестабилност, инфлацијата не е само економски феномен кој доведува до раст на цените. Не, инфлацијата е сигнал дека нешто во економијата мора да се менува. Таа не е само краткорочен проблем кој бара брзи решенија, туку предизвик за поголеми и системски промени. Ајде вака, да гледаме подалеку и неконвенционално, инфлацијата им дава шанса на успешните компании и држави да постават темели за долгорочен успех. Како ...
Надворешно политичките одлуки што беа носени во последните години не само што ги обликуваат политичките опции на новата власт, туку ќе имаат долготрајни ефекти врз статусот на државата во меѓународните односи. Велат дека како ќе ги дефинирате вашите национални интереси, така ја дефинирате вашата земја. Од тоа како беа досега дефинирани, ни оставија држава во срам. Бесрамноста стана главна карактеристика на македонската надворешна политика. ...
Кој не би сакал да му носат и принесуваат, да го даруваат и да го посипуваат, да го китат и честат? Кој не би сакал да добие пет кубици даб од секоја исечена шума? Кој не би сакал пред куќата благодарните директори на малите хидроелектрани секоја година да му носат нов џип? Кој не би сакал подрумите да му се полни со буриња со ракија и вино, долапите да му се натрупани со далматински и његушки пршути, а во рибниците пред куќата да му се ...