Познатиот актер Иван Босиљчиќ ја претстави својата прва книга насловена „Naše priče“. Иако сме навикнати да го гледаме на големото платно, во серии и на концертни сцени, Босиљчиќ сега се претставува пред публиката во сосема нова, но блиска за него улога – како писател. Книгата неодамна беше претставена на фестивалот „Град Чита“ во Белград, а авторот откри дека пишува уште од средношколските денови. „Малкумина знаат, всушност моите најблиски ...

Во современата архитектонска практика, поимот „луксузна зграда“ одамна престана да биде еднозначен синоним за големина, скапи материјали или визуелна раскошност. Денес, луксузот во архитектурата се поместува од сферата на „претставување на богатство“ кон сферата на искуство, квалитет на живеење и прецизност на дизајнот. Како што истакнуваат современи архитектонски теоретичари, вистинскиот луксуз не е во вишокот, туку во намерноста на секој ...

Пет први места и апсолутна доминација – младите ја враќаат вербата во македонскиот мелос Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје даде силен и гласен одговор – македонската песна живее, и тоа на големите светски сцени. На престижниот меѓународен хорски фестивал во Јесоло, Италија, учениците под диригентската палка на маестро Вера ...

На 26. мај 2026 година, во 19:19 часот, во Културно информативниот центар – Скопје, Салон 19:19, ќе биде промовирана книгата „Раскажани стихови: историја на една љубов“ од Марина Димитриева- Ѓорѓиевска во издание на издавачката куќа „Македоника литера“. Книгата ќе ја промовираат Нове Цветановски и Ранко Младеноски, стихови ќе чита Ева Стојчевска Книгата содржи суптилна и издржана лирика во која главни теми се љубовта и човечките доблести и ...

Вечерва, на 20 мај во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје во соработка со Град Скопје се отвора изложбата со наслов „Професори + студенти“. Во проектот односно изложбата учестуваат факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот каде што студентите заедно со нивните ментори ќе ги изложат своите дела во галеријата на МКЦ. Според пропозициите, секој професор учествува со по едно дело, најмногу со двајца студенти. ...

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, и во рамките на одбележувањето на 35 години од основањето на „Матица македонска“, првата издавачка куќа во самостојна Македонија почнува големата акција „Мисли на македонски, читај домашно“. Акцијата ќе трае од денес до 27 мај, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку веб-страницата www.matica.com.mk, а во нејзините рамки, меѓу другото, читателите ќе можат да ...

Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде што секој момент носи нова неизвесност. Насловната улога ќе ја игра Марија Јелиќ од Србија, а во екипата се и солисти од Бугарија, Италија и од Националната опера и балет. „Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од првиот тон. Во ...

Во Галеријата ,,Ранко Струмениковски ” во Битола НАЈНОВОТО ТВОРЕШТВО НА СЛИКАРОТ ВАСКО ТАШКОВСКИ ПРЕД БИТОЛЧАНИ Исклучителен уметнички настан се случи во Битола со отворањето на ликовната изложба на Академик Васко Ташковски кој премиерно се претставува со 30 слики создадени во последниве неколку години. Галеријата ,,Ранко Струмениковски” беше претесна за сите заинтересирани љубители на уметноста на свеченото отворање на кое присуствуваше ...

Реакциите се зголемуваат по откажувањето на фестивалската изведба на претставата „Za život cijeli“ во продукција на Сараевскиот воен театар – SARTR на 25. фестивал на БХ драма во Зеница. Претставата отвора простор за сеќавање на еден клуб, но и за заедницата што го следи, преку приказната за фудбалскиот клуб „Железничар“. Претставата беше закажана за утре, но наместо тоа, Босанскиот народен театар Зеница повика на мирен протестен собир. А ...

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во копродукција помеѓу Театар „Златен Елец“ и Центарот за култура во Битола, но покрај матичната сцена за претставата, планот е да патува насекаде низ државата како дел од редовната практика на овој независен театар. Во претставата играат актерките Илина Чоревска и ...

За да ги продаде сопствените интереси како општи, владејачката класа ги контролира идеолошките апарати како што се јавните установи, црквите, војската или училиштата. Најважниот од тие апарати, корпоративните медиуми е тема на книгата „Измислување на стварноста“. Во неа, Мајкл Паренти покажува како медиумите, обликувајќи ги јавните дискурси, ја спроведуваат и ја одржуваат моќта на своите сопственици и огласувачи. Тоа го прават преку ...

Првиот концерт се одржал во градот Калиш, во катедралата „Св. Никола” по што свештеникот кој раководи со катедралата, организирал прием за хорот на кој била претставена и голема фреска на која биле претставени светите браќа Кирил и Методиј. Вториот концерт се одржал во концертната сала на универзитетот „Адам Мицкјевич ” во Познањ. За овој концерт, маестро Татарчевски избрал програма со композиции од македонските бардови на хорското творештво ...

Познатиот македонски музички состав „Фолтин“ одбележува значаен јубилеј – 30 години од нивниот прв концерт. По тој повод, бендот преку своите профили на социјалните мрежи го промовираше новото јубилејно лого, кое е дело на истакнатиот македонски визуелен уметник Зоран Кардула. Како што информираат од „Фолтин“, овој јубилеј не претставува само бројка, туку симболизира три децении исполнети со луѓе, сцени, патувања, љубов, слобода и ...

Од денеска, 19 мај, па сè до 26 мај, во објектот Мала Станица при Националната галерија на Македонија, јавноста ќе може да ја погледне уникатната фотографска изложба насловена „Физика на радоста“, во организација на „Театар Пи“. Изложбата го портретира човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи кои секој од нас ги носи низ животот како свој личен лавиринт. Проектот ...

Гест кој ќе го стопи сечие срце: „The Rock“ изнајми цело кино за основци да ја гледаат новата лајв верзија на филмот „Моана“ Објавена во: 19 Мај, 2026 17:44 Двејн „The Rock“ Џонсон повторно ги освои срцата на фановите со искрена гест, овој пат за група ученици од Велика Британија кои направиле видео посветено на новата лајв верзија на цртаниот филмот „Моана“ кој наскоро се очекува да излезе во јавност . Токму тоа видео го привлекло ...

Прекрасна духовна атмосфера владееше во манастирската црква „Свети Спас“, каде што во неделата вечерта, во рамките на одбележувањето на денот Свети Спас – заштитникот на Гевгелија, се одржа концерт на духовна православна музика. Пред многубројната публика настапија Женскиот византиски хор „Свети Теофил Струмички“, Градскиот мешан хор „Гортинија“ и Сара Мејс. – Времето е едно од фундаменталните својства на музиката, но кога зборуваме за ...

– Во постојаната нумизматичка поставка се изложени околу 2.500 монети, кои датираат од почетоците на монетоковањето на овие простори, од 6 век пр. н. е., па сè до 19 век. Во поставката се претставени монети откриени преку археолошки истражувања од целата територија на државата, посочи директорката на Националниот археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, за нумизматичката поставка која беше отворена на 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, а ...

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Внатрешни ротации“ од Павел Јовановски. Тој ќе се претстави со дела работени во последниот период. Павел Јовановски (Скопје, 1996), завршил средно уметничко училиште и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот за сликарство со конзервација и реставрација.Член во Друштвото за ликовни уметници на Македонија од 2023 година. ...

Хрватскиот пејач Марко Тоља претставува дует со големиот и неповторлив Оливер Драгојевиќ под насловот „Ти си моја љубaв“. „Неверојатно е како животот понекогаш те изненадува. Огромна привилегија и среќа е што на самиот почеток од мојата кариера имав можност да го запознаам мојот најголем идол Оливер. Никогаш не помислив дека после тоа ќе пеам со него безброј пати и ќе се зближам. Претпоставувам дека во мене виде млад пејач кој му е близок по ...

Во Герила кафе утре вечер, среда 20 мај, со почеток во 20 часот ќе се одржи ревија на кратки филмови од последните две изданија (2024 и 2025 година) на ФИЛМАЈ, фестивал на краток филм, во организација на Фото-кино клуб „Козјак“. Пред публиката ќе бидат прикажани осум кратки филмови од различни земји, а влезот е бесплатен за сите посетители. Ревијата е најава и загревање за публиката една недела пред почетокот на осмото издание на ФИЛМАЈ 2026 ...

Во среда, на 20 мај со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology”, издадена од Routledge Books во Њујорк и Лондон во 2025 година. Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период и нивните ...

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20:00 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“. „ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти кои преку работилници и ...

Сто и педесет години од камбанаријата на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во ова мало место, одекнува името на непокорот што никој не успеал да го замолчи. Сто и педесет години Разловци стои исправено над македонската историја и трае како највисок пантеон на македонскиот опстој. Овде, во 1876 година, македонскиот народ го разгоре жарот што подоцна ќе прерасне во силен ослободителен бран низ цела Македонија. Разловечкото востание е ...

По низата распродадени концерти низ регионот, како и трите полни Белградски арени, легендарната фолк музичка дива Весна Змијанац ја продолжува својата голема турнеја „И да имам сто живота“ и оваа есен пристигнува пред македонската публика. Змијанац важи за една од најголемите музички ѕвезди од 1980-тите и 1990-тите. Најголемите хитови во нејзината кариера се: „Nevera moja“, „Ne kunite crne oči“, „Kunem ti se životom“, „Kad zamirišu ...

Мултидисциплинарната уметница Снежана Арнаутовиќ – Стјепановиќ учествуваше на отворањето на австрискиот павилјон на овогодинешното Венециско биенале на покана на уметникот Флорентин Холцингер. Заедно со австриски уметници, таа го изведе перформансот „Морски свет Венеција“ во комплексен сценски простор исполнет со резервоари за вода, метални конструкции и моќни звучни и визуелни ефекти, а во една од централните секвенци, изведувачите се ...

По исклучителниот успех на повеќе од 40 меѓународни фестивалски проекции и 18 освоени награди, од кои 6 награди од публиката, филмот „Lijepa večer, lijep dan“ од режисерката Ивона Јука конечно пристигнува во кината низ регионот. Дистрибуцијата на филмот започнува во кината во Загреб, Осиек, Риека и Сплит, со голема премиера на 18 мај. Филмот предизвикува силни реакции кај публиката и критичарите и се издвојува како еден од најконтроверзните ...

Битолскиот дувачки оркестар најавува концерт посветен на легендарните „Битлси“ со наслов „ALL YOU NEED IS…БИТ(О)ЛСИ”. Концертот ќе се одржи на 20 мај во 20 часот во Центар за култура – Битола. Специјални гости ќе бидат: Бранислав Николов („Фолтин“), Сашо Паркет („Паркети“) и Горан Петков. Водител на концертот ќе биде актерот од Драмски театар – Скопје, Рубенс Муратовски. Дувачкиот оркестар на овој концерт продолжува соработката и поддршката ...

„Електрични оргазам“ го претстави новиот сингл и спот „Gde je Barbara sad“, кој е дел од новото издание „U magli sjaj“. Песната е создадена во соработка со познатата актерка Аница Добра, со која бендот соработуваше во 1992 година на култниот филм „Црни бомбардер“. „Аница е наша стара пријателка и неколку пати беше гостин на нашите концерти. Цело време разговаравме за снимање нов дует. А сега, сите парчиња се споија, на новиот албум. Нашиот ...

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава на театарот „Војдан Чернодрински“ од годишната програма за 2026 година. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 година и до ден денес успешно ...

Во современата архитектонска практика, интервенцијата врз постоечки објекти сè почесто се претвора во прашање што надминува чиста естетика. Дали една стара зграда навистина се „спасува“ ако ѝ се замени фасадата, или станува збор за сосема нов објект со задржана конструктивна основа? Одговорот, според современите архитектонски теории за адаптивна реупотреба (adaptive reuse) и ставовите на институции како UNESCO и ICOMOS, зависи од тоа што ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.18
47%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.36
61%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
52%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.62
76%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.26
56%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
0.67
72%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
4.47
44%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
56%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
54%
1022
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
1.85
34%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.08
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

50.56

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20