На 17 јуни, со почеток во 20:00 часот, на сцената на Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот свет на Франц Ксавер Крец – автор кој со својата хиперреалистична драматургија прецизно ги детектира општествените пукнатини на современиот човек. Иако драмата тематски се поврзува со Орвеловата „1984“, дејството не е сместено во минатото, туку во ...

Утре (7 април), со почеток во 19:19 часот, во салонот „19:19“ во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовиран романот „Немам страв“ од Трајче Стамески. Како што веќе е нагласено, конечно, со овој роман, современата македонска книжевност доби психолошки трилер каков што досега немаше. Дело од македонски автор коешто со своите квалитети е рамо до рамо со најдобрите психолошки трилери што до македонската читателска публика доаѓаа ...

Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај, пристигна и на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“, носејќи пред домашните читатели едно од највпечатливите и највознемирувачки дела на современата книжевност. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува. „Замир“ е роман со моќен емотивен и општествен набој, дело што отвора крупни и болни ...

Утре (6 април), со почеток во 19 часот, во салонот „19-19“ во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана новата книга важна за македонската историографија – монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од универзитетската професорка Виолета Ачкоска. Оваа книга во издание на „Панили“ е резултат на повеќегодишни истражувања и во неа е отсликано едно специфично време на идеолошко-политички прекршувања на општествен ...

Денес, 21 мај (четврток) со почеток во 19:00 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе биде прикажана ликовната изложба „Емотивни пејзажи – никаде толку луѓе како во еден човек“ на Јасмина Котевска и Тони Попов. Изложбата претставува циклус експресионистички портрети и автопортрети создадени како непосреден одговор на внатрешните емоционални состојби на авторите. Наместо класично прикажување на физичкиот лик, делата го истражуваат човекот како ...

„Стоби е повеќе од име. Стоби е антички град полн со историја, култура и наследство кое треба да се зачува за следните генерации и да се сподели со сегашните“. Ова е дел од кампањата на Националната установа „Соби“ за подигање на свеста за културното наследство во Македонија. – Иако многумина го поврзуваат името „Стоби“ со популарните смоки, вистинската приказна на Стоби датира уште од дамнешни времиња. Првото живеење е 4.500 години пред ...

Во НУ Центар за култура во Битола од денеска е отворена традуционалната државна 38. по ред изложба со детски ликовни творби работени на тема “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. По отворањето на изложбата беа доделени наградите на најдобрите училишта, ментори и автори – ученици, меѓу кои и од Битола.Валентин Соклевски, како стручен соработник во организацијата на изложбата како најава за оваа 51 по ред изложба рече ...

Легендарната актерка и режисерка Снежана Коневска-Руси е гостинка во „Претрес со Ландов”. Таа говори за состојбите во културата, (не)културата, негувањето и почитувањето на македонскиот јазик. „(Не)културата и културата кај нас се борат. Сè уште нема победник. Некултура најмногу има во политиката”, вели Коневска-Руси. — реклама — Легендарната актерка и режисерка Снежана Коневска-Руси е гостинка во „Претрес со Ландов”. Таа говори за ...

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, на 20 мај (среда), ќе се одржи промоција на стихозбирката „Elegy and Beyond“, самостојно издание на авторката Славица Милошевска, која пишува под псевдонимот Cranky Frankie. Станува збор за збирка напишана на англиски јазик, составена од 52 поеми, поделени во две тематски целини: Elegy и Midnight Confessions. „Оваа книга е интимен наратив, што се движи меѓу поезијата и сеќавањата, во кој авторката ...

Софија е 40-годишна професорка по филозофија, која се наоѓа во третото доба. Десет години е во брак со Ксавиер, професор по политички науки. Тие имаат удобен живот и нивната врска е прилично стабилна и покрај нередовниот сексуален живот. Не се жалат, но јасно е дека нешто недостасува во нивната врска. Од друга страна, тие имаат богат и радосен социјален живот помеѓу нивните пријатели и почитуваните родители. Удобниот живот на Софија се ...

Инспириран од вистински настани, „Брич“ е драматичен трилер сместен во ходниците на ФБИ – чуварот на најчувствителните тајни во САД. Mладиот Ерик О’Нил е унапреден од неговата работа за надзор на ниско ниво во седиштето на Федералното истражно биро. Неговиот сон да стане полноправен агент почнува да станува реалност. Уште поимпресивно е што О’Нил е избран да работи за познатиот оперативец Роберт Хансен во рамките на „обезбедување информации“, ...

Во 23-от век, на секои пет илјади години се појавува апсолутно зло што му се заканува на човештвото. Единствената одбрана е мистериозниот „петти елемент“ – совршено суштество во човечка форма по име Лилу, кое паѓа во животот на поранешниот војник и сега таксист Корбен Далас. Додека моќниот индустријалец Жан-Батист Емануел Зорг работи за темните сили, Корбен и Лилу тргнуваат во трка со времето за да ги пронајдат четирите камења што ги ...

Српскиот меѓународно лиценциран НЛП тренер, комуниколог и автор на подкастот „Ментален нудист“, Мартина Ѓокиќ сподели интересна анализа што го прави Јаков Јозиновиќ ваков феномен. „За него знаев само како за феномен кој постои и ништо повеќе. Едно утре добив повик да одам на концерт на Јаков Јозиновиќ. Три часа го набљудував како се однесува, движи, пее и комуницира со публиката. И ова го заклучив за неговиот mindset кој всушност го прави ...

Холивудскиот актер со кубанско потекло Енди Гарсија го претстави својот долгогодишен проект „Дијамант“ на Канскиот филмски фестивал, речиси две децении откако првпат ја добил идејата додека ѝ помагал на својата ќерка со училишна задача да напише кратка ноар-приказна. Филмот се прикажа надвор од официјалната конкуренција. Гарсија е режисер и ја игра главната улога во филмот инспириран од ноар-жанрот. Во филмот играат и Бил Мaреј и Дастин ...

Ова е прв дует на популарен женски бенд и познат кантавтор, а песната ја носи атмосферата на старите градски кафеани, боемските ноќи и емоциите што враќаат спомени уште при првото слушање. Со години, Фрајле се познати по својата енергија, добра забава и специфичен боемски дух, а овој сензибилитет се рефлектира и во песната „Среда“. Тоа е песна со која наздравувате, пеете до доцна во ноќта и евоцирате спомени на големи љубови и пријателства. ...

Велес, 19 мај 2026 (МИА) - Во Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовиран романот „Жетва“ од велешкиот автор Емилио Јанковски, негово шесто книжевно дело. За романот говореше рецензентот Виктор Хаџи-Арсов, кој се осврна на тематиката и пораките што ги носи делото. Во разговорот за МИА, Хаџи-Арсов, за Јанковски оцени дека е уметник кој се изразува на свој посебен суптилен и таинствен-мистериозен начин. -Зошто мистериозен? ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) – Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска. Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на ...

Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средните училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а некои од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена. Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до ...

– Зарина е лик од денешницата што во сижето паралелно се поврзува со ликот на нејзината мајка, со приказна сместена некаде во осумдесеттите години на минатиот век. Двете приказни се поврзани со настани од нивното време, а темата е онаа вечната: љубовта. Но не само љубовта на еден маж и една жена, туку и забранетата љубов, но уште повеќе безусловната љубов, вели Пандева за весникот ВЕЧЕР „Зара Зарина“ е наслов на новиот роман на Лилјана ...

Во Драмски театар Скопје денеска се одржа првата проба за комплексниот предизвик што ќе се реализира согласно Годишната програма за работа на театарот. Станува збор на почнување на процеси на подготовки на диптих од претстави работени по текстовите, „Федра“ на Расин и „Федра“ на Сара Кејн во режија на Дино Мустафиќ, соопштија од Театарот. Преставите се насловени „Федра“ и „Љубовта на Федра“. Главниот лик Федра во двете претстави ги игра ...

Во рамки на програмата на НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип и со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, на 23 мај 2026 година (сабота), со почеток во 19:30 часот, во НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип ќе се одржи IX Интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“. Фестивалот претставува значајна меѓународна културна манифестација која придонесува за афирмација на хорската уметност, развој на културната соработка и промоција на ...

Во современата архитектура и градежна наука, поимот „болна зграда“ (Sick Building Syndrome) не се однесува на визуелен или стилски недостаток, туку на состојба во која внатрешната средина на објектот негативно влијае врз здравјето и благосостојбата на корисниците. Симптомите најчесто вклучуваат главоболки, замор, иритација на очите, проблеми со дишењето и општа нелагодност, кои исчезнуваат кога лицето ќе ја напушти зградата. Овој феномен е ...

На 29 мај (петок), во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 19 часот, ќе се одржи музичко-поетската италијанска вечер насловена „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“. Концертот е дел од годинешното издание на „Скопски Брас Фестивал“. Како солист на труба ќе настапи еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, придружуван од ИД Камерниот оркестар под диригентската палка на ...

Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12 јули на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија, а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија на отворањето на фестивалот ќе настапат големата оперска дива Ермонела Јахо, сопран од Албанија, и светски реномираниот тенор Чарлс Кастроново од Соединетите Американски Држави. Веќе ...

Овогодинешната селекција носи два авторски филма кои преку различни естетски и наративни пристапи ги отвораат прашањата за современото разбирање на семејството, телото, идентитетот, заедништвото и припадноста. Во нивниот фокус е интимното искуство, кое не останува затворено во приватното, туку се трансформира во поширок, универзален општествен коментар што зборува за начинот на кој живееме во растргнат свет и ги наоѓаме и градиме нашите ...

На лична покана на амбасадорот на Република Кипар во Софија, Н.Е. Хараламбос Кафкаридес (Haralambos Kafkarides), проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, присуствуваше на свечениот настан организиран по повод Претседателството на Република Кипар со Советот на Европската Унија во 2026 година. Настанот се одржа во свечена и пријателска атмосфера, во присуство на бројни ...

На 27 и 28 мај (среда и четврток), со почеток од 20 часот, на големата сцена на Театар Комедија ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите: Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. „Избраниот“ е апсурдна комедија за тричлено семејство кое живее во една рудиментарна средина и ...

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности. „Културно лето на Чаир 2026“ ...

Битолскиот оркестар „Дива“ утре, на 21 мај ќе одржи концерт со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во големата сала од Центарот публиката ќе има можност да ги проследи најдобрите музички поп и рок хитови MTV hits – vol.2, во изведба на солистите Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Публиката ќе биде дел од вечерта полна со емоции, ритам и ...

Во време кога грижата за природата станува неопходност, а не избор, „Сакам книги“ поставува нов стандард во домашната издавачка индустрија, организирајќи настан за садење дрвја како дел од својата поширока општествено одговорна мисија. Настанот ќе се одржи во понеделник, 6 април, со почеток од 11 часот во мега паркот во Карпош, Скопје, во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило, при што издавачката куќа донира садници за пошумување и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.18
47%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.36
61%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
52%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.62
76%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.26
56%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
0.67
72%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
4.47
44%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
56%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
54%
1022
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
1.85
34%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.08
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29