Цената на златото на светските пазари денес се движи во опсег од приближно 125 до 127 евра за грам 24-каратно злато, покажуваат последните податоци од трговијата со благородни метали. Златото традиционално се смета за сигурно засолниште во периоди на економска неизвесност. Аналитичарите посочуваат дека движењата на цената се под влијание на инфлацијата, каматните стапки и геополитичките случувања. На европските пазари, цената се задржува на ...

Додека Доналд Трамп се обидува да ја намали зависноста на САД од Кина, неочекуван сојузник доаѓа од Германија и започнува голем индустриски пресврт. Планот на Вашингтон да се ослободи од доминацијата на Кина врз ретките земни метали започнува во американската држава Јужна Каролина, во близина на градот Самтер, каде што се развива нова индустриска зона. Во центарот на проектот е германската компанија Vacuumschmelze, глобален лидер во ...

Земјите-членки на Европската Унија ветија повеќе од 10 милијарди евра за заштита на потрошувачите и бизнисите од зголемувањето на цените на електричната енергија како резултат на војната во Иран, соопшти Институтот „Bruegel“, цитиран од „Bloomberg. Трошењето не е ефикасно искористено, при што речиси четири петтини од мерките, како што се општите даночни олеснувања, се лошо насочени, покажа студијата на институтот со седиште во Брисел. Дел од ...

Странските директни инвестиции во Македонија лани паднале како камен. Бројката сама по себе е доволно силна: околу 468 милиони евра влезени во земјата, што е за 61 процент помалку во споредба со претходната година. Но, уште посилен е впечатокот кога ова ќе се стави во регионален контекст. Додека дел од соседите успеале да привлечат повеќе капитал, Македонија се најде меѓу земјите со најголем пад на инвестиции на Балканот. Тоа не е само ...

Цената на нафтата Брент скокна на рекордно ниво откако „Аксиос“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да добие брифинг за новите воени опции за дејствување во Иран, сигнализирајќи потенцијал за нова ескалација на Блискиот Исток. Глобалниот репер скокна за дури 7,1 проценти и достигна 126 долари за барел, што е највисоко интрадневно ниво за четири години, додека „Вест Тексас Интермедијд“ скокна над 110 долари. Шефот на ...

Цените на сировата нафтата нагло пораснаа откако се појавија информации дека САД се подготвуваат за „продолжена“ блокада на Иран, при што цената на Брент надмина 120 долари за барел. Растот дополнително го поттикна состанокот во Белата куќа меѓу претседателот Доналд Трамп и водечките енергетски компании. Поради конфликтот, пловидбата низ Ормутскиот теснец е сериозно ограничена, а аналитичарите предупредуваат дека доколку блокадата потрае, ...

Добивај вести на Viber Западен Балкан се соочува со сериозен ризик од недостиг на работна сила и економски притисоци, предупреди генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Амер Капетановиќ, на бизнис форумот KFF2026 во Приштина. Презентирајќи ги клучните наоди од најновиот извештај, Капетановиќ истакна дека регионот мора да го промени економскиот модел и да се насочи кон развој базиран на продуктивност, доверба и поголема ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да биде брифиран од командантот на Централна команда на САД, генерал Брад Купер, за нови планови за можни воени дејствија против Иран, објави политичкиот портал „Аксиос“. Белата куќа засега не ги коментира таквите информации. Според извештаите што ги објави „Аксиос“ повикувајќи се на изјави на двајца добро упатени извори, Централната команда изготвила план за „кратка и силна“ серија удари ...

„Финфлуенсери“, да добро читате, не е грешка. „Финфлуенсери“ (финансиски инфлуенсери) се личности од социјалните медиуми кои користат платформи како TikTok, Instagram и YouTube за споделување финансиски совети, инвестициски совети и содржина за лични финансии. Тие често дејствуваат како алтернативни, релативни финансиски едукатори, но може да немаат формални акредитиви, понекогаш промовирајќи производи со висок ризик, измами или користејќи ...

Добивај вести на Viber Македонскиот производител на челик Макстил АД Скопје во 2025 година оствари позитивен финансиски резултат, но се соочува со намалени приходи и послабата деловна активност под влијание на глобалните економски движења. Според годишниот извештај на компанијата објавен на Македонска берза, Макстил изминатата година работел во услови на нестабилни пазари, зголемени трошоци за енергија и намалена побарувачка на челик, што ...

Добивај вести на Viber Во март годинава според минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), семејствата во просек за облека и обувки трошеле по 6.024 денари или 8.9 отсто од приходите. Но, од продавниците за облека и обувки велат дека оваа сума е многу мала и едно семејство за тие пари може да земе само нешто од најевтините работи. Посебно нагласуваат дека ако некој треба да оди на свадба или ...

Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучните фискални предизвици во земјата. Според агендата, со поздравни обраќања на настанот што се одржува во амфитеатарот на Македонската академија на ...

Федералните резерви (Фед) влегуваат во фаза на политички притисок, а моментално се води борба за контрола над институцијата што ја диктира цената на секој долар на планетата и влијае на вашето портфолио. На Џером Пауел му истекува мандатот како претседавач на Фед на 15 мај, а Трамп веќе пронајде наследник по име Кевин Ворш. Изгледите се речиси сигурни и загарантирани дека на ова место отсега ќе го гледаме Кевин, за кого се шпекулира дека е ...

Администрацијата на САД предлага рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари, во момент кога трошоците од војната со Иран веќе достигнаа околу 25 милијарди долари. Ова е првата целосна јавна процена за цената на конфликтот, кој започна на 28 февруари. Со оглед дека војната продолжува, неизвесноста останува висока, што значи дополнителен притисок врз енергетските пазари, берзите и пошироката глобална економија. Добро утро, ви пишува ...

Добивај вести на Viber Европскиот железнички сообраќај влегува во нова фаза, со силен фокус на развој на меѓународни линии и подобра поврзаност меѓу големите градови. Возот сѐ повеќе станува сериозна алтернатива на авионскиот превоз, особено на средни релации. Еден од најзначајните нови проекти е директната железничка линија меѓу Прага и Копенхаген, која ќе поминува низ Берлин и Хамбург и ќе ги поврзува централна и северна Европа. Проектот ...

Добивај вести на Viber Европската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици, додека центарот на иновации и производство сѐ повеќе се префрла кон Кина. Ова го потврди и извршниот директор на Volkswagen групацијата, Оливер Блуме, кој истакна дека традиционалниот модел на развој и продажба од Германија веќе не е одржлив поради новите регулативи, променетите очекувања на купувачите и силната конкуренција. „Нашиот бизнис модел се ...

„Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е токму тие успешни примери по правило, кај нас се „сомнителни ликови“ за јавноста и потенцијални противници на секоја политичка номенклатура. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти кои треба да се правдаат зашто се успешни. Звучи неверојатно, но вистинито“. Ова е само една ...

Ват Рон Кун со сигурност е една од најнеобичните и најмагични градби во светот. Овој бел храм е сместен во Тајланд, а она што е интересно кај него е тоа што не личи на традиционална религиозна градба, туку на уметничка визија, е оживеана во камен и огледало. Секоја површина е покриена со бел малтер и ситни парчиња огледало кои ја рефлектираат светлината. Кога сонцето ќе светне врз храмот, градбата како да „оживува“ и блеска одвнатре. Дизајнот ...

Добивај вести на Viber Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје(УКИМ) изготвија студии за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години. Студиите од двете академски институции се обединети во една заокружена и сеопфатна целина наречена „Бела книга“ на достигнувања. Публикацијата нуди ...

Се прават пресметки за ребаланс на буџетот, дознава ТВ 24 од доверливи извори. Можно е Владата да ги ревидира проекциите за економски раст од 3,9 проценти и инфлација од околу 2,5 проценти, откако неколку меѓународни финансиски институции ги намалија очекувањата. Последен е извештајот на Светска банка, кој за годинава предвидува раст од 2,9 проценти. Во меѓувреме, најголемо потфрлање во буџетот во првиот квартал има кај собирањето на ДДВ, ...

Добивај вести на Viber Иранскиот риал падна на рекордно ниско ниво. Иранската домашна валута, риалот, денеска падна на рекордно ниско ниво, потребни беа 1,8 милиони риали за еден долар. Во првите недели од војната што Соединетите Американски Држави(САД) ја почнаа против Иран на 28 февруари, риалот остана стабилен делумно затоа што имаше мала трговија и увоз, но почна да губи вредност пред два дена, објавува Бета. Експертите очекуваат ...

Тензии, обвинувања за фалификат, исфрлување од сала на непожелни кои алармираат за злоупотреби и фалсификаување на одлуки на пензионерското редовно собрание. Дел од претседателите на локалните здруженија на пензионерите беа изферлени со обезбедување од салата во која заседаваше собранието. Тие бараа да присуствуваат на седницата бидејќи стравуваат од можен фалсифат на одлуките кои ќе бидат донесени без соодветен кворум. На седницата се најде ...

Дополнителни 24 отсто користат ВИ поретко од еднаш неделно. Вештачка интелигенција не користат 18 отсто од учесниците во анкетата, но во принцип можат да замислат да ја користат. На тоа треба да се додадат и 22 отсто од оние кои воопшто не сакаат да имаат работа со ВИ, ниту сега ниту во иднина. Во анкетата, спроведена во март и април, учествувале 1.003 лица постари од 16 години, а истражувањето е репрезентативно. „Германија не треба само да ...

Двете вредности се значително под долгорочниот просек од 100 поени, што укажува на слабеење на довербата во економската активност. ESI претставува ран показател за економските движења, заснован на очекувањата на компаниите и потрошувачите пред промените да бидат видливи во официјалните податоци, како што се БДП или вработеноста. Кога ESI паѓа или расте, тоа често е првиот сигнал за промена на економскиот тренд, поради што аналитичарите и ...

Една кинеска поговорка вели: „Човекот што отстранува планина почнува со носење мали камења“. За бизнисите, овие „мали камења“ ги претставуваат чекорите потребни за да се премине подалеку од удобноста на домашниот пазар во огромниот потенцијал на глобалниот извоз. Компании како што се Тојота од Јапонија, Сименс од Германија и Самсунг од Кореја покажаа дека потрагата по извозни пазари не е само опција, туку неопходност за долгорочен раст и ...

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 1 јануари до 31 март 2026 година оствари позитивен финансиски резултат од 1,46 милијарди денари, што претставува раст од 2,8% во однос на истиот период минатата година, кога добивката изнесуваше 1,42 милијарди денари. Воедно, планираната бруто-добивка за првиот квартал е реализирана со 115,4%. Резултатите се остварени во услови на зголемена неизвесност во глобалното економско окружување, поврзана со ...

Војната на Блискиот Исток, постојаната инфлација и неизвесноста го забавија растот на економиите на Западниот Балкан, оценува групацијата Светска банка. Недостигот од работна сила во регионот ги ограничува можностите за повисок раст. Според новиот Извештај, просечниот економски раст во регионот годинава ќе биде 2,8 отсто, што е за 0,3 процентни поени помалку од претходната прогноза. За Македонија намалувањето е за 0,1 процентни поени, па сега ...

Економиите во Западен Балкан се соочуваат со забавен пораст како резултат на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и постојаната инфлација. Според Светска банка, недостигот на работна сила и демографските промени дополнително го усложнуваат економскиот развој на регионот. Институцијата предупредува дека без посериозни структурни реформи и поголема активност на пазарот на труд, долгорочните перспективи ќе останат ограничени ...

Поради драматичната криза во Хормушкиот теснец, каде што сообраќајот на бродови падна од 178 на само седум дневно, а трошоците за осигурување вртоглаво пораснаа за неверојатни 10%, Египет и Италија активираа нов стратешки коридор, пренесува „Focus.de“. Станува збор за т.н. 'Ro-Ro' рута која го поврзува египетското пристаниште Дамиета со италијански Трст, нудејќи побрза и побезбедна алтернатива за стоката која патува меѓу Европа и Заливот. ...

Две третини од планираниот буџетски дефицити за годинава е исполнет и тоа само за три месеци. Заклучно со март министерствата потрошиле над 400 милиони од планираните речиси 640 милиони евра за оваа година. Ова значи дека до крајот на 2026 можат да се искористат уште 230 милиони евра. Со ваквата сликата за домашната каса во првиот квартал, се отвара прашањето колкава можност има државата да носи дополнителни мерки ако има потреба од тоа. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.37
48%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
85%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
40%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
5.14
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
45%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6918

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Цинк

3.35

Бакар

12.06