Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател планира да укине клучен наод на EPA за емисиите - проследен со промена на правилото за автомобилската индустрија. Администрацијата на Доналд Трамп планира да укине клучен научен наод од 2009 година, врз основа на кој Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) ги регулираше емисиите на стакленички гасови од возилата. Со овој потег, EPA би ја изгубила законската основа за пропишување ...
Откако на почетокот на годината државата се задолжи со еврообврзница во висина од една милијарда евра, сега одново се разгледува можно задолжување од 300 милиони евра на странските пазари. Владата на седница изминатава недела го задолжила МФ да ја стартува постапката. „Задолжувањето на меѓународниот пазар е планирано со Буџетот за 2026 година, како и со Ревидираната фискална стратегија 2026-2030 година и Ревидираната стратегија за управување ...
Лакомоста на газдите и функционерите се главна причина за непокачување на платите, а не ниската продуктивност на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Распределбата на создадената вредност е „непропорционална и неправедна“, при што најголемиот дел завршува во профит, инвестиции, амортизација и други трошоци, а не кај работниците, оценуваат од синдикатите. Иван Пешевски – ССМ: „Македонија има просек над светскиот и постои ...
Наместо инвестиции – нови критериуми за субвенции, наместо да се вложува во домашното производство, земјава се турка во увозна зависност. Бројот на домашни производители во државата продолжува да се намалува, а сè поголем е бројот на производители, претежно помлади земјоделци, кои ставија клуч на своите фарми. Велат, зголемените трошоци за производство и намалените цени на дел од земјоделските производи си го направија своето. И покрај тоа ...
Во она што се покажува како одличен квартал за раст на корпоративните приходи, раководителите на компаниите и инвеститорите се фокусирани на нешто сосема друго: заканата од вештачката интелигенција. Споменувањата за нарушување на работата на вештачката интелигенција во повиците на менаџментот речиси се удвоија во споредба со претходниот квартал, покажува анализата на транскриптите на „Блумберг њуз“. Иако технологијата сè уште не ги намалила ...
Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за ограничување на престојот на превозниците на товар од земјите од регионот во земјите од Шенген, објавија подгорички Вијести. Тој медиум наведува и дека поради ова, можни се нови протести од страна на превозниците и блокади на граничните премини и пристаништата. Превозниците предложија професионалните возачи да добијат ...
Вакцинацијата и познавањето на јазикот стануваат задолжителни за вработување во Хрватска. Македонците кои летово ќе заминат на сезонска работа во Хрватска, ќе мора со барањето на работна дозвола за привремен престој да приложат потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена и ќе треба добро да го зборуваат хрватскиот јазик, што се смета за основа за интеграција на странските работници. ...
Биткоин доминацијата – не само како пазарен лидер по капитализација, туку и како главен барометар за ризик-апетитот во крипто – повторно се тестира во циклус во кој цените се лизгаат, а „дигиталниот долар“ тивко расте. Додека пазарот се обидува да се врати во ритам по серијата распродажби, еден сигнал станува погласен: експанзијата на стабилкоините, пред сè на Tether. Тезата што ја турка Mike McGlone од Bloomberg Intelligence е директна: ...
Финансии / Банкарство АМЕРИКАНСКИТЕ ФИРМИ И ПОТРОШУВАЧИ ГИ ПОКРИВААТ 90 ОТСТО ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП, просечното зголемување на даночниот товар е околу 1.000 долари по домаќинство 15.02.2026 Сподели: Новиот извештај од Федералните резерви на Њујорк го потврдува ставот на економистите дека товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на САД. Според податоците од оваа институција, во текот на 2025 година, ...
Јануари за многумина е „најдолгиот“ месец, но вистинскиот проблем не е календарот, туку малите, повторливи трошоци што тивко го јадат буџетот. Кога ќе се соберат, тие изгледаат како да исчезнале „од џеб“, а всушност се серија одлуки што се повторуваат секоја недела и секој месец. Има една проста формула: штом еднаш ќе ги препознаете, штедењето престанува да личи на казна и станува автоматизам – без драматични резови. Првиот чекор е ...
Добивај вести на Viber Многу дипломирани студенти на Факултетот за електротехника и компјутери (FER) во Хрватска размислуваат за своите први работни места и кариери во земјата. Пазарното искуство покажува дека работењето во странство е често многу попрофитабилно. Еден од коментаторите на Reddit истакнува дека Хрватска често е „помалото зло“ кога се бара работа, но ако целта е добра заработка и професионален развој, се препорачува да се ...
Во првиот месец од 2026 година е измерена годишна инфлација од 3,2 %, додека месечно се регистрира дефлација од 0,7 %. Индексот на цените на мало покажува раст од 1,2 % на годишно ниво, а на месечно ниво бележи пад од 2,7 %. Најизразен пораст во годишна смисла се забележува кај храната и безалкохолните пијалаци со раст од 5,2 %, додека алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците поскапеле за 5,3 %. Според податоците на Државниот завод за ...
„Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи како флоскула за незголемување на минималната плата – дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што значи продуктивност“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. Посочува дека се единствените од бизнис секторот кои не ја проблематизираат продуктивноста на македонските работници... „Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во интервју за онлајн медиумот „Фактор“ упатува сериозни забелешки до државата и начинот на кој институциите ја водат економската политика. Тој смета дека Македонија одамна можела да има поголем раст и развој, доколку владите навреме и сериозно ги разгледале предлозите на Комората и бизнис заедницата. Пропуштени години, блокирани реформи и нерелизирани проекти Азески вели дека во изминатите ...
Фирми од Кавадарци, Велес, Струмица, Куманово, Скопје, Врапчиште, Кочани, Струга имаат лиценци за производство на марихуана за медицински цели. Според потврдени информации на „Локално“ во моментов се регистрирани 43 активни фирми од овој бизнис додека 18 правни лица се водат како „неактивни“. „Локално“ во две тематски анализи ќе објави податоци за финансиската кондиција на дел од компаниите од овој бизнис. Синцеритас Скопје, фирма ...
Влошената слика за заработката ги затемнува изгледите за кинеските акции, оставајќи ги инвеститорите претпазливи дека трошоците за празниците за Лунарната Нова година можеби нема да бидат доволни за повторно да го поттикнат растот. Најавите за корпоративната добивка покажаа „големо влошување“ за последниот квартал од 2025 година, покажува анализата на „Морган Стенли“. Најновите економски индикатори ја нагласуваат слабата побарувачка на ...
Добивај вести на Viber Љупчо Димовски, вицепремиерот за политички систем, синоќа во емисијата „Тема на денот“ на Сител ТВ рече дека не се согласува со предлагачот околу Законот за пушење, затоа што е рестриктивен и ги става субјектите во неправедна позиција. - Јас имам специфичен став и дефинирано мислење. Сум за тоа да се регулира пушењето, но не сум за рестриктивни решенија и сериозно ја загрозуваат слободата и рамноправноста, но и ...
Советот на ЕУ формално даде „зелено светло“ за воведување нови царински давачки за стоки што влегуваат во ЕУ во форма на мали пакети, а кои главно доаѓаат од Кина. Овој потег предвидува воведување на такса од најмалку три евра по пакет. Целта е да се потисне феноменот на бесцарински увоз на вакви пакети, што создава нелојална конкуренција за продавачите во рамките на Унијата. Се забележува дека дури 91 процент од 4,6 милијарди вакви пакети ...
Откако со години одеа во кафетерија барем еднаш дневно, Американците се откажуваат од кафетериите, преминуваат на поевтино кафе, кои самите го прават или воопшто не пијат кафе поради растечките цени. Цените на кафето во Соединетите Американски Држави се зголемија за 18,3% во јануари во споредба со пред една година, според најновиот индекс на потрошувачки цени објавен во петокот. За пет години, цените на кафето се зголемија за 47%, според ...
Добивај вести на Viber Но, тоа е зад нас, да видиме што е пред нас: 1. Понеделник 16.02. - Посета на Универзитетот Гоце Делчев- Штип; 2. Вторник 17.02. - Бизнис делегација од Словачка; 3. Среда 18.02. - Отворање на „Клубот Европа“ во „Макпрогрес“, Виница; 4. Четврток 19.02. - Дебата за извозот; 5. Петок 20.02. - Промоција на новото раководство на Регионланата Комора Кичево; Вака изгледа мојата агенда за нареднава недела, која треба да се ...
Кина ќе воведе нулта царини за увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи од 1 мај, објавија државните медиуми. Пекинг нагласува дека паралелно ќе продолжи со преговорите и потпишувањето договори за економско партнерство, а исто така планира дополнително да го прошири пристапот до кинескиот пазар за африканскиот извоз преку надградени механизми, вклучувајќи го и таканаречениот „зелен канал“, наведува државната телевизија, а ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во саботата изјави дека глобалните трговски врски станале голема безбедносна закана. „Трговијата е исто толку безбедносно прашање колку што е и економско“, рече Лагард на Минхенската безбедносна конференција, додавајќи дека меѓузависноста, некогаш сметана за стабилизирачка, сега е предмет на нарушување и „намерно оружје на зависноста“, пренесува Баха. Лагард забележа дека ...
Албанија ја заврши минатата година со негативен биланс, продлабочувајќи го дефицитот во меѓународната трговија. Увозот надмина трипати поголем обем од извозот заклучно со крајот на годината, откривајќи ја големата зависност на албанската трговија од странски производи. “Албанија увезуваше повеќе стоки физички, но по пониски просечни цени, додека извезуваше помалку стоки, и по вредност и по тежина.” Овие податоци говорат за продлабочена криза ...
Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“. Со овој традиционален чин симболично беше означен почетокот на новата лозарска сезона, со порака за единство, одговорност и ...
Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход. Физичките лица, даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да ...
На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно работат, произведуваат.“ „Тоа, се надевам, дека ќе е мотив и стимул и за оваа сезона да има добар род и земјоделците да бидат што по‑мотивирани за што повеќе да сработат. Ние ќе продолжиме да ...
„Македонија, а пред се македонските работници се продуктивни над светскиот просек (23,27 долари). Ако се пресмета на месечно ниво (168 работни часа), еден работник е продуктивен, односно создава 297.024 денари месечно. Нето минималната плата во Македонија изнесува 24.379 денари месечно, а еден работник создава 297.024 денари месечно. Тоа значи дека работник со минимална плата добива 17% од вредноста што просечно се создава месечно. Газдите и ...
14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како почеток на новата лозарска година. Од друга страна е Св. Валентин, ден кој многумина го поврзуваат со љубовта и малите вниманија. Токму таа можност двојно да се прослави еден ден, ја претворија во своја лична приказна пријателките и ...
Добивај вести на Viber По повод 25 години од основањето на првата специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица - Систина“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде специјална јубилејна понуда со вклучен пренатален неинвазивен тест (NIPT) во пакетите за породување. NIPT е безбеден и неинвазивен пренатален тест, кој овозможува рано откривање на најчестите хромозомски и генетски состојби кај фетусот, без ризик за ...
Институтот за економски анализи и политики Finance Think, објави истражување во кое се анализира извршувањето на Буџетот за 2025 година. Анализта открива дека постои сериозно потфрлање во однос на тоа што е планирано, односно вкупните буџетски приходи биле реализирани на 92%, а даночните приходи на 96% од планираното. Од Институтот Finance Think велат дека овој јаз меѓу проекциите и реализацијата ја отвори дилемата дали буџетот се соочува со ...