Многу децении Широк сокак е главната социјална артерија на Битола. Место за пиење кафе, место за денгубаеење, за бизнис и „алашвериш“ како што велат битолчани. И токму тука го сретнавме Владимир Симоновски, една од иконите на Широк сокак, уметничка душа и угостител кој повеќе од дваесет години е на Широк сокак. Од утро до вечер во веќе легендарното „Буре“ на најпознатиот и најширокиот македонски сокак. Битолчани се многу горди на својот град, ...

На прашањето што претставувале овие декорации, кустосот Јасминка Намичева одговори: „Најчесто ги користеле како фасадна декорација со преслик на класицистички елементи , која била одлика на академистичниот стил на градби . Во Скопје се користеле во поскромен формат и репертоар, за разлика од Битола“. За кој период е карактеристична оваа орнаментика и кои архитекти ја употребувале? Јасминка: Секако се користат од крајот на 19 век кога почнуваа ...

Се посилно се загрева изборната атмосфера пред двојното изјаснување што ни претстои – и за шеф на државата и за нов состав на парламентот. Дел од оваа констатација е заснована и на билбордите и на видеата на социјалните мрежи со политички пораки. Кампањата сè уште не е почната, па дали е законски и ако не е противзаконски, дали е етички да се води кампања пред кампања? Погледнете го видеото Скопје е преплавено со билборди, а изминативе неколку ...

Сакип Севхеров од Шутка е меѓу најстарите чистачи на чевли во Скопје. Тој вели дека на локацијата каде што е сега, пред Даут пашин амам на влезот на чаршијата е околу 20 години, а претходно бил лоциран на старата меѓуградска станица каде имало секојдневна гужва и каде се заработувало добро. „Ех, ми текнува кога ќе пристигнеа луѓе на автобуска од цела Македонија, сакаа во Скопје да дојдат со чисти чевли… луѓето порано повеќе се срамеа ако имаа ...

Хит-серијата „Еуфорија“ не се враќа во скоро време. Ејч-Би-О дополнително го одложи снимањето на третата сезона и нејзиното излегување не може да се очекува пред 2026 година. ТВ-мрежата соопшти дека новото одложување е поврзано со сценариото, што го пишува креаторот на серијата Сем Левинсон. „Левинсон ќе направи промени во приказната за третата сезона зашто ликовите го напушаат средното училиште. Во меѓувреме, актерите се слободни да работат на ...

Пред нешто повеќе од една деценија, на 1 јули 2013 година, Република Хрватска стана членка на Европската Унија. И покрај тоа што е најнова членка на Унијата, таа е една од земјите во Југоисточна Европа кои постигнаа најголем напредок во процесот на интеграција. Во 2023 година, таа беше примена и во Шенген зоната и во Еврозоната, подвиг што не им успеа на Бугарија и на Романија, иако тие се приклучија на ЕУ неколку години порано. Членството во ЕУ ...

Ејч-Би-О објави два одделни трејлера за втората сезона на „Куќата на змејот“, кои се фокусираат на двете спротивставени страни во серијата. Втората сезона ќе има премиера на 16 јуни. Во „црниот“ трејлер се прикажани Ренира, принцот Дејмон и нивните сили од Дрегонстоун, а „зелениот“ се фокусира на тимот на Алисент, нејзиниот татко Ото и нејзините деца Егон и Емонд. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, односно на ...

Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ на 11 април во Македонскиот народен театар ќе ја игра авторската претстава „Секс и глад“, шест години откако одлично помина со монодрамата „Ќиро“ во истиот театар, во организација на продукциите „КМК и „Кикса“. Филиповиќ вели дека со претставата сака да руши табуа поврзани со сексот кои сѐ уште се присутни во нашиот регион. „Иницијалната идеја за оваа претстава беше тоа што бев многу незадоволен со ...

Последната сезона на серијата „Круна“ на Нетфликс ги води овогодинешните номинации за ТВ наградите БАФТА, и покрај контроверзите околу нејзиното прикажувањe. Шестата сезона на кралската драма, која ги опфаќа настаните од 1990-тите, вклучувајќи ја и смртта на принцезата Дијана, е номинирана за осум награди, а серијата доби мешани критики од критичарите. Четворица актери во „Круна“ добија номинации, меѓу кои и Елизабет Дебицки, која ја играше ...

Клубот „Јагода“ со години нанзад е синоним за битолската клубска сцена и е етаблирана „битолска институција“ на Широк Сокак, во која има место и за домашните и за странските артисти од светот на електронската музика. Приказната започнува пред 10 години и постојано расте. „Јагода“ е бренд што изграден со дружење, љубов и добра музика пред се. Приказна за неколку другари кои во родниот град започнуваат свој бизнис и со многу труд и упорност, ...

Со претставата „Целото тело тука ме боли“ (Цело тело ту ме боли) легендарната српска актерка Светлана Бојковиќ ќе гостува во Скопје на 8 април, во Националната опера и балет. Актерката со повеќе од 50 години искуство на театарската, ТВ и филмска сцена вели за СМАРТ СДК.МК дека е среќна што игра во добра комедија. „Мислам дека претставата е многу добра и дека преку комедија ги отсликува реалноста и односите во општеството во кое што живееме. ...

Во Прилеп и годинава традиционално се одржа Прилепскиот карневал во кој главна улога имаат прилепската група „мечкари“. Нивните моќни маски направени од јагнешки и овчи кожи надградени со монистри и диви заби, ја носат моќната слика за светот на нивните предци. Прочка за „мечкарите“ е голем ден, вели Тони Павлоски еден од групата 45 луѓе кои во две групи дефилираат низ градот во маски стари 200 години надградувани генерациски од година во ...

Би-Би-Си објави трејлер за „Овој град“ (This Town), новата серија на авторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт, која зборува за подемот на ска сцената во Англија. Дејството се случува во 1981 година и следи четворица млади луѓе кои сакаат да формираат бенд среде големите политички и економски немири во Бирмингем. Серијата ќе има шест епизоди, а режисер е Пол Витингтон, кој работеше на „Круна“. Насловот на серијата е инспириран од песната „Град ...

Адаптацијата на класичниот роман на Маргарет Атвуд, „Приказната на робинката“ ја раскажува приказната за животот во дистопијата на Гилеад, тоталитарно општество во поранешните Соединети Американски Држави. Соочен со еколошка катастрофа и остар пад на стапката на наталитет, Гилеад владее со изопачен фундаментализам во неговото милитаризирано „враќање кон традиционалните вредности“, ги подложува плодните жени, наречени „Слугинки“, на ропство за ...

Премиерата на втората сезона на ТВ-серијата „Куќата на змејот“ ќе биде во јуни годинава на „Ејч-Би-О макс“, изјави Џи Би Перети од „Ворнер брос“. Тој рече дека тоа е една од сериите кои треба да придонесат за пресврт во овој медиумски гигант по тивкиот период за филмот и телевизијата, делумно поради штрајковите во Холивуд минатата година. Перети не наведе конкретен датум на премиерата. Претходно беше објавено дека втората сезона ќе има осум ...

Станува збор за т.н. заедничко родителство или родителство 50:50, кое подразбира дека разведените родители имаат подеднакво право да ги гледаат и да учествуваат во животот на децата, освен ако нема оправдани причини едниот родител да биде оддалечен од детето/децата Сегашното решение во Северна Македонија предвидува старателско право само за еден од родителите, додека другиот родител најчесто зависи од волјата и проценката на центрите за ...

Иако беше замислена како минисерија, „Нетфликс“ ја најави втората сезона на „Кавга“ (Beef), откако таа стана голем хит и освои дури осум награди Еми. Втората сезона ќе има сосема нова приказна и нова актерска екипа. Ќе се фокусира на две скарани двојки, при што, според најавите, едната би ја сочинувале Чарлс Ментон и Кејли Спини, а другата Џејк Џиленхал и Ен Хатавеј. Снимањето треба да почне на крајот на летото или наесен. „Кавга“ беше ...

Легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ вели дека отсекогаш била фасцинирана од Марлен Дитрих, германската кабаре пејачка и актерка. Карановиќ ја игра Дитрих во претставата „Марлена“ која на 3 март ќе се игра во Битола во Центарот за култура и на 4 март во Скопје, во МНТ, во организација на „Авалон“. „Отсекогаш бев фасцинирана од Марлен Дитрих, уште од средно училиште, особено откако се запишав на Факултетот за драмски уметности. Често ...

Дури и градовите во кои растеме и живееме, некогаш пред нас остануваат заклучени. Брзајќи, бркајќи се со животот, зјапаме во екраните кои не хипнотизираа потполно и не ги ни забележуваме вратите и портите покрај кои поминуваме. Зафатени со себеси и со она што ни се чини животно важно, никогаш не го успоруваме чекорот покрај дрвената врата со интересен железен чук. Ретко кога ќе го подигнеме погледот кон некоја величенствена порта која крие многу ...

Постојаната музејска поставка на експонати од старите скопски занаети е сместена во просториите на Сули-ан и се состои од повеќе области: археолошки дел, историски дел, етнолошки дел и изложба на уметнички дела инспирирани од мотивите на Чаршијата. Поставката е посветена на Старата скопска чаршија и доминантен дел имаат занаетите кои што биле најзастапени во Чаршијата, како и на градската соба, којашто порано била дневна соба во куќите на ...

Годинава ќе биде прогласен 25 годишниот награден роман и жири комисијата во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на жирито), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), констатираше дека се пристигнати дела од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело нема да биде воопшто лесен. Сите наслови треба да ги прочитаат сите наслови за месец и половина. ...

На денешен ден, пред 40 години, почнаа 14-те Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Сараево, главниот град на БиХ, една од републиките на тогашна СФР Југославија. Ова биле првите и дотогаш единствени Зимски олимписки игри, кои се одржале во држава со социјалистичко уредување. Сараево бил избран за град домаќин во мај 1978 година во конкуренција на јапонскиот Сапоро и шведскиот град Гетеборг. Маскота на игрите бил волкот „Вучко“- мал волк чиј дизајнер ...

Универзална сала започнала со работа во 1966 година, а е изградена со помош на солидарност и донации од 35 земји. Била проектирана од бугарските архитекти Станкови (Јарослав, Љубомир и Владимир) и нивната сестра К. Станкова-Мутафов, по урнек на објектот на Софискиот циркус, којшто настрадал во катастрофален пожар во 80-тите години на минатиот век. Таа е симбол на меѓународната солидарност, бидејќи во обезбедувањето средства за нејзината изградба ...

Родителите на децата со попреченост најмногу се плашат од фактот дека еден ден ќе нема кој да се грижи за нивните деца и затоа им е важно да се осамостојат што е можно повеќе и да најдат работа. Еден таков позитивен пример е осумнаесетгодишниот Петар Чоп од Слуњ, кој со помош на семејството произведува домашни тестенини, за кои веќе е награден. Секој ден прави домашни тестенини, а додека се меси тестото, мора да ги измери и пакува претходно ...

Во 1964 година,по катастрофалниот земјотрес, визијата за Скопје не беше само да се обнови, туку и да се претвори во модерен, современ град. Планот на јапонскиот архитект Кензо Танге за новото Скопје беше концептуализиран како почеток на една нова иднина, а изградбата на Музејот на современата уметност беше симболично отворање кон иднина, како ветување за реализација на утопистичкиот елан и како очекување за иднината. Над 35 земји, вклучувајќи ја ...

Италијанската порноѕвезда Роко Зифреди е некој што не би го очекувале на Берлинскиот филмски фестивал. Тој дојде во Берлин за премиерата на „Суперсекс“, новата играна серија на „Нетфликс“ која раскажува за неговиот живот. „Многу беше емотивно да се гледа мојата животна приказна на овој начин. Многу плачев“, кажа 59-годишниот Зифреди, кого на црвениот тепих го придружуваа сопругата Роза Карачоло (фото) и двајцата синови. Серијата почнува во ...

„Берлин“, спиноф серијата на „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), ќе добие втора сезона на „Нетфликс“. Снимањето ќе почне следната година. Покрај Берлин, кого го игра Педро Алонсо, ќе се врати и остатокот од неговата банда, која во првата сезона изврши грабеж во Париз. „Берлин“ се одвива пред случувањата во хитот „Куќа од хартија“ и „Нетфликс“ објави дека била најгледаната серија на светско ниво во првата недела од премиерата кон крајот на ...

Фасцинантна серија која длабоко навлегува во најскриените, најдлабоките мистерии и заговори од најстарата историја па се до ден денешен и ги разоткрива тајните на случаите кои одамна биле заборавени. Користејќи најсовремена техника и најнови научни откритија, досега невидени архивски и научни снимки, објаснувања од врвни научници, истражувачи, форензичари и поранешни офицери за тајни операции, серијата „Разоткриени заговори“ ги комбинира науката ...

„Halt and Catch Fire“ е американска драмска телевизиска серија создадена од Кристофер Кантвел и Кристофер К. Роџерс. Насловот на емисијата се однесува на инструкцијата за кодот на компјутерската машина „Halt and Catch Fire“ (HCF), чие извршување ќе предизвика централната процесорска единица на компјутерот да престане да работи (да се самозапали). Во првата сезона, измислената компанија Кардиф Електрик го прави својот прв напад во персоналните ...

Врз основа на вистински настани, серијата ја раскажува приказната за раѓањето на модерната шпионажа за време на американската револуционерна војна. Фокусот е на фармерот Абрахам Вудхул (Џејми Бел), кој заедно со своите пријатели стануваат неверојатни шпиони и го свртуваат бранот во борбата на Америка за независност. Тие основаат таен шпионски круг – Прстенот Кулпер (Culper Ring). Членовите на тајниот круг ги ризикуваат своите животи за ...

Ин мемориам

21 минута - Тера

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.03
81%
1018

Белград

5ᴼ/4ᴼ
1.54
80%
1020

Софија

4ᴼ/3ᴼ
3.6
86%
1019

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
1.81
76%
1021

Љубљана

2ᴼ/2ᴼ
2.57
87%
1021

Атина

13ᴼ/11ᴼ
3.09
82%
1018

Тирана

7ᴼ/7ᴼ
2.57
76%
1016

Подгорица

8ᴼ/8ᴼ
1.03
76%
1017
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

499807 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

989 $

Злато

84946 $

Бакар

8 $

Паладиум

31093 $

Платина

30358 $

Родиум

147106 $

Цинк

99207 $