Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Провалник, кој викендов влегол во три куќи во прилепското село Долнени и ги ограбил, е снимен на надзорна камера во една од куќите, а снимката е објавена на социјалните мрежи, со апел за информации околу крадецот, кој според информациите не бил сам. Кражбите се случиле околу 2:30 часот по полноќ во ноќта меѓу саботата и неделата, кога крадецот, кој според биле провалени и ограбени три куќи во селото. За инцидентот алармираше Игор Конески, ...
Во текот на само едно деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрирало дури девет случаи на семејно насилство низ државата, а седум лица завршиле во полициска станица. Во еден од случаите, лице било пренесено на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар. Според информациите на МВР, серијата инциденти била евидентирана на 12 јули во повеќе градови и населени места низ Македонија, при што во повеќето случаи станува збор за ...
Основното државно обвинителство (ОДО) во Подгорица и полицијата ги истражуваат околностите под кои настапила смрт кај новороденче, откако мајката, наводно, се породила во домашни услови. Според неформални информации на медиумот „Вијести“, 26-годишна девојка синоќа, три часа по полноќ, во Ургентниот блок на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) го донела телото на тукушто роденото бебе. Наредена обдукција Девојката им изјавила на лекарите дека ...
Кумановецот кој ги малтретирал сопругата и децата е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар, откако во јавноста вирално се прошири видео во кое неговата ќерка јавно побара помош. - На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската ...
На 11.07.2026 во 23:20 часот во село Јакимово, виничко, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница во содејство со полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода К.С.(28) и М.С.(31), двајцата од Јакимово. Од МВР информираат дека при преземање марки и активности по претходно изготвен план, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило „фолксваген“ со винички регистарски ознаки, кое ...
Саботата во 10:54 часот во СВР Битола Б.Б.(46) од село Меџитлија, битолско, пријавил дека при изведување на градежни активности во атарот на селото, пронашол граната. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола утврдено било дека се работи за артилериска граната 75мм од Првата светска војна. Се посочува и дека гранатата била безбедно подигната. Саботата во 10:54 ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(55) и И.М.(32), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека А.З. сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а заедно со И.М. сториле кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“. На двајцата, одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. -На 08.07.2026 А.З. на второпријавениот и сега ...
На 12 јули 2026 година, во 18:50 часот, во ОВР Струга е приведено 32-годишно лице од Струга, кое претходно агресивно се однесувало кон полициски службеници кои вршеле работи од областа на безбедноста. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 12 јули 2026 година, во 18:50 часот, во ОВР Струга е приведено 32-годишно лице од Струга, кое претходно агресивно се однесувало кон ...
На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. ...
Четиринаесетгодишно момче се здобило со тешки телесни повреди, а неговиот 12-годишен сопатник е повреден во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Штип–село Шашаварлија, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Несреќата била пријавена на 12 јули во 13:15 часот, а во неа учествувале патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. (50) од Штип, и мопед без регистарски ознаки, кој го ...
Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во ...
Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа во штипско вчера попладне. Се превзеувале со мопед без регистрација и се судриле со возило. – На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-село Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П. (41) од Гостивар поради сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. — реклама — — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга. — реклама — — реклама — По целосното документирање на случајот, против него е ...
Ново вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство, овојпат од Куманово. На снимката објавена од „Слободен печат“ се гледа како девојче е физички нападнато од повеќе врснички, кои ѝ удираат шлаканици и клоци, ја влечат за коса и ја туркаат кон ѕид, додека целиот инцидент се снима. Снимката првично била споделена на социјалната мрежа „Снепчет“ со со опис „кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш и ќотек“. Настанот се случил пред околу еден месец, но дури ...
Трагичен случај е регистриран во скопската општина Аеродром, каде четириесетгодишен маж бил пронајден починат во својот стан. За случајот веднаш биле известени надлежните служби, кои извршиле увид на местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 11 јули околу 18:20 часот. По пристигнувањето на екипа од Итната медицинска помош, лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи ...
Мотоциклистот во кој утрово удри автобус кај „Бристол“ е повреден, информираа од МВР за Скопје Инфо. - На 13.07.2026 околу 08:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус и мотоцикл. При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот, соопштија од полицијата. Во тек е увид на местото на настанот. Мотоциклистот во кој утрово удри автобус кај „Бристол“ е повреден, ...
Откриена е причината за превртувањето на комбито со српски туристи, меѓу повредените има и шест деца! Страшната сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Котор–Никшиќ во местото Липци, доби нов трагичен епилог и откриена е причината заради која дошло до превртување на комбето. Според најновите информации од црногорската Управа на полицијата, во оваа тешка несреќа живот загуби 21-годишна девојка, а повредени се вкупно 16 лица. ...
Британска туристка се здобила со тешки телесни повреди во инцидент што се случил во саботата во акваториумот кај полуостровот Луштица, во близина на Сината пештера во Црна Гора. Според информациите, жената пливала во една од помалите морски пештери во близина на Сината пештера кога била тешко повредена од пропелерот на глисер со регистрација 192КТ. Претходно, истиот глисер неа и уште неколку туристи ги превезол до пештерата. Според првичните ...
Две лица синоќа се обиделе насилно да провалат во црквата „Св. Петка“ во селото Ботун, која се наоѓа покрај патот кон Охрид, но нивниот обид завршил безуспешно, информираат мештани за „Скопје1“. Според жителите кои доставиле снимка од безбедносните камери, обидот за упад се случил околу 20 часот. На видеозаписот се гледаат две лица кои пристапуваат кон влезната врата на верскиот објект и се обидуваат насилно да ја пробијат со тежок метален ...
Во изминатите 24 часа полицијата регистрирала девет случаи на семејно насилство низ Македонија, при што шест лица биле лишени од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Во Кавадарци, полициски службеници ја привеле 37-годишната жена, која според пријавата физички ја нападнала својата 57-годишна мајка и ѝ упатувала закани. При алкотестирање кај неа биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Во Куманово бил приведен 71-годишен ...
Вчера околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на настанот ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 11.07.2026 околу 18:20 ...
Во СВР Скопје е приведен малолетник осомничен дека со нож нападнал и повредил 14-годишно момче во скопската населба Сарај. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил по претходна расправија, при што 14-годишникот бил прободен со нож. Тој веднаш бил пренесен во здравствена установа, каде што му била укажана лекарска помош, додека осомничениот тинејџер е лишен од слобода. За случајот е известен јавен ...
Во Ѓорче Петров вчера шест лица на возраст од 23 до 63 години физички се пресметале откако претходно направиле сообраќајка, информираат од МВР. Според пријавата, настанот бил пријавен на 10 јули во 18:00 часот, а во пресметката учествувале Г.Б. (60), Н.Б. (31) и С.Б. (36), сите од Скопје, од една страна, и О.А. (35), П.А. (23) и Ш.А. (63) од село Буковиќ, скопско, од друга страна. Од Министерството велат дека полицијата презема мерки за ...
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода откако, според информациите на полицијата, со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник по претходна расправија. Од СВР Скопје информираат дека на 11 јули 2026 година било пријавено дека околу 15:00 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, ...
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако, според сомнежите на полицијата, извршиле кражба во продажен објект во Велес. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Од СВР Велес информираат дека на 11 јули 2026 година, околу 12:30 часот, биле приведени С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Настанот бил пријавен од 39-годишна вработена во ...
Во 21:55 часот, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше примен повик од странски државјанин од Романија, кој се изгубил при самостојно движење во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. Веднаш по приемот на пријавата, ЦУК ги презеде сите неопходни активности и ги извести Министерството за внатрешни работи (ЦИК Скопје), Дирекцијата за заштита ...
Пожар избувна вечерва во пекара во близина на „Рекорд“, во центарот на Скопје, по што на местото веднаш интервенирале противпожарните служби. Според првичните информации, на терен било испратено едно противпожарно возило, кое започнало со гаснење на огнот. Набргу по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнала и полицијата, која го обезбедува просторот и ги утврдува околностите под кои настанал инцидентот. Во моментов не се познати ...
Вечерва избувна пожар во сендвичарницата Бејкинг Бред на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје. Благодарение на брзата интервенција на екипите на противпожарните екипи, огнот е локализиран и изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот. Полициски екипи го обезбедуваат местото на настанот, додека пожарникарите сè уште се присутни и вршат проверки за да ...
Вчера во 18:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат кај с.Селце, прилепско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Н.(46) од Прилеп и мопед „шинерај“ со прилепски регистарски ознаки управуван од А.П.(77) од Прилеп. Полицијата констатирала дека возачот на мопедот не поседувал возачка дозвола. Во несреќата возачот на мопедот А.П. и сопатникот И.Р.(68) од ...