Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Се помалку родени деца, се постаро население. Младите од земјава масовно се иселуваат. Ова го покажуваат меѓународни извештаи, според кои државата веќе неколку години бележи намалување на бројот на жители. Премиерот Христијан Мицкоски неодамна во поткаст рече дека за 15, 20 или 25 години, на Македонија може да ѝ недостигаат меѓу 150.000 и 250.000 жители. Тој предупредува дека ако Западна Европа има уште поголем демографски проблем, дел од ...
Министерството за надворешни работи вчера од бугарскиот амбасадор во земјава побарало објаснување за тоа како се случило да протече дипломатска нота за патувањето на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за „Локално“ изјави дека освен објаснувањето што го побарале од Бугарија, ги информирале и европските партнери дека настанал невиден преседан од нивна членка. Од нашата мрежа ...
Шеснаесет македонски дипломатско-конзуларни претсавништва во светот се уште празни, а за 12 во тек е постапка за пополнување. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на новинарско прашање рече дека постапката на пополнување на македонските амбасади во странство постојано се менува, бидејќи на дел од амбасадорите им завршува мандатот, на други им почнува, но дека засега се поплнети 31 македонска амабасада во Светот. Фото: Локално ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на Муни експо во Тел Авив, Израел. „На покана на Државата Израел и амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиен Ајзен, заедно со колегата Иван Јорданов бев дел од MUNI EXPO во Тел Авив, еден од најзначајните меѓународни настани посветени на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и современото управување со кризи. На едно место, претставници на градови од светот, ...
Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата. Велат дека важно е да се нагласи дека предмет на ...
Предлогот од пратениците дојде на истата собраниска седница на која беше и интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, од чиј ресор е и овој закон Група пратеници од владејачкото мнозинство на денешната собраниска седница поднесоа законски измени на Законот за безбедност во сообраќајот, а кои се однесуваат во делот на управувањето „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикли. Предлогот од пратениците дојде на истата ...
Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, ...
Летото штотуку започна, а повеќето зелени површини низ градот веќе се пожолтени и суви. Градскиот парк што до пред една недела имаше зелена трева, се исуши откако после неколку жешки денови. Граѓаните од различни населби на Скопје посочуваат дека секаде е иста ситуацијата и низ парковите и на кејот и на површините меѓу зградите. Сите паркови се такви низ цела општина. За ова се надлежни „Паркови и зеленило“ и речиси во секој парк имаат ...
Пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, на седницата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изнесе низа обвинувања за неговото работење, поврзувајќи го случајот со Артан Груби со, како што рече, бизнис интереси околу проектот „Бехтел и Енка“. Мојсоска тврдеше дека временската поврзаност меѓу влегувањето на функционер од ВМРО-ДПМНЕ во фирма за надзор на проектот и одлуката за промена на ...
Здравство за правда , ЕУ интеграции за спорт , социјала за култура, дополнително и местото на Иван Стоиљковиќ во министерството за односи со заедниците за Влен– ова според информациите на Тв 24 е начално дефинирано по вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски и двоецот Изет Меџити и Билал Касами. Долнително во Влен остануват и економија и животна средина кои воопшто не влегле во преговороте за ротации. Иако од Вреди инстирале на ...
Во рамките на програмата „Кичево – град на културата 2026“, љубителите на традицијата, уметноста и културното наследство ќе имаат можност одблиску да се запознаат со еден од највредните симболи на македонскиот идентитет, резбарството. Храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Кичево ќе биде домаќин на Резбарската работилница „Нишки“, чиј автор и реализатор е познатиот кичевски резбар Марјан Тренески. Неговата посветеност кон дрворезот и ...
Вчера попладне во 13:30 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на отворено помеѓу селата Делисинци и Сарамзалино, светиниколско, каде гореле сува трева и грмушки. Пожарот се проширил кон ниви со жито и блиската борова шума. -Полициски службеници од ОВР Свети Николе излегле на местото и било констатирано дека со пожарот била зафатена нива посеана со жито, сопственост на непознато лице, нива посеана со јачмен, сопственост на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години — рекорден број во толку краток временски период. Уште на самиот почеток, Тошковски нагласи дека демократското право на опозицијата го почитува целосно, дека не е бегал ниту ќе бега од расправа, и дека нема причина да се крие. „Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што ...
Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот Тошковски ја поистовети институцијата – МВР – со себеси, велејќи: ...
„Можеби треба да ставиме палестинско знаме на дивоградбите во Чаир од вашиот коалициски партнер или на дивоградбата на Мијалков во Охрид, па тогаш ќе почнете да апсите вистински криминалци онака како што апсите млади деца“, рече пратеничката На говорот на Мојсоска со контрареплика се јави министерот Панче Тошковски, кој рече дека земајќи ја предвид почитта што ја има кон жените „ќе се обидам да бидам најблаг спрема вас и да кажам дека она што ...
Иницијативата што ја започна „МОЈ ПРИЛЕП“ за промена на состојбите во градот наиде на голема поддршка кај прилепчани, и кај младите, но и кај повозрасните граѓани. На повикот за помош околу уредувањето на некогаш култното игралиште кај интернатот се вклучија десетици доброволци, кои со заедничка работа придонесоа просторот повторно да изгледа уредно и чисто. Оваа работна акција е уште еден пример дека кога граѓаните се обединуваат околу ...
Преку „Везилка“, Националниот центар за вештачка интелигенција (ВИ) целта е граѓаните да добиваат побрзи услуги, а во тоа може да помогнат новите технологии, беше истакнато на денепната презентација на овој проект која се случи во хотелот „Александар Палас“. Проф. д-р Димитар Трајанов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), го презентираше проектот пред студенти, евроамбасадорот Михалис Рокас, ректорката на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. Според полицијата, на 20.05.2026 на место викано Калин Камен во селото Кркља, Кривопаланечко, пријавената упатила закани кон вработени во Агенција за храна и ветеринарство, а потоа со тврд предмет се обидела да ги спречи при извршување службени дејствија. СВР ...
Добивај вести на Viber На 23 јуни 2026 година, во 18.20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Рилски Конгрес“ во Скопје се случил сериозен сообраќаен инцидент по претходно недоразбирање во сообраќајот. Според пријавеното, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н. 29 од скопско, по што мотоциклистот паднал. Откако Г.Н. се подигнал, возачот на „пежото“, ...
Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница во Собранието ги праша пратениците од опозицијата на кого му смета што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, запленети се 300% повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДС. „Денес со поднесената интерпелација од страна на опозицијата или барањето за смена на министерот на МВР се наметнува ...
Соопштение на СДСМ; Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се ...
Биткоинот накратко се спушти под границата од 60.000 долари, достигнувајќи го најниското ниво од крајот на 2024 година, покажува анализата на „Дојче банк“. Според банката, падот е резултат на комбинација од макроекономски фактори и промени на пазарот, при што најголемата криптовалута сè повеќе се однесува како институционална ризична актива отколку како шпекулативна инвестиција водена од малите инвеститори. Аналитичарите посочуваат три главни ...
По протестите на студентите Албанци за правосудниот испит да се полага и на албански јазик, се споделуваат шпекулации за договорот за реконструкција на Владата и ротирањето на министерствата меѓу владините коалиционери. Од ВЛЕН за аплбанските медиумио брифираат дека Игор Филков и Иван Стоилковиќ ги губат министерствата и Министерството за правда и тоа за политички систем ги преземаат кадри на оваа партија. Наводно, ВЛЕН ќе ги добие и ...
Првиот полицаец во државата, Панче Тошковски денеска информира дека неодамнешното апсење на претседателот на подмладокот на Левица, Андреј Куцуловски не било бидејќи истакнал знаме од Палестина на натпреварот од Светското училишно првенство во ракомет помеѓу Македонија и Израел туку бидејќи извикувал „убијци, убијци“. Тој на интерпелацијата против него од Собранието изјави дека Куцуловски им се обраќал на 14 и 16-годишни дечиња. Од нашата ...
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, преку изјава за медиумите упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека поради административен хаос е загрозено здравјето на најмладите пациенти на Детската клиника. „Животот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски. Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за ...
„Организирана криминална група постоеше во едно друго време, кога вие се сликавте и бевте дел со Чипсио, го пречекувавте во Прилеп, се дружевте итн. Вакви работи нема повеќе, вакви командири, вакви полициски службеници во МВР не постојат. Ова е едно време кога вие, и кога кралот на марихуаната царуваше во државата. Сега е друго време, на спроведување закони, реформи, следење европска агенда, работа во интерес на граѓаните“, истакна Пеце ...
Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат измените на законите за основно и средно образование, со кои се предвидува глоба од 250 евра за родители на ученици сторители на насилство. Казната ќе се изрекува за секое сторено насилство, како и во случаи кога родителот или старателот не соработува со училиштето во постапките за спречување и надминување на насилството. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска изјави дека македонско-бугарската историска комисија ќе даде резултати како што бара Европскиот парлемент само ако работи врз основа на факти, докази и аргументи и се тргне од стегите на политичкиот притисок кој го прави Бугарија. „Ако се бара да кажеме дека Гоце Делчев е Бугарин нема да постигне резултати истириската комисија. Да се бара да кажеме дека Јане Сандански не бил Македонец бил ...
Државата проценила дека треба да ѝ исплати обесштетување од речиси 700.000 евра на фирмата „Анго“, зашто лани ѝ ја одзеде парцелата до Собранието, каде што компанијата една деценија не само што не успеа да подигне гаража, туку практично и не почна да ја гради. До овој заклучок се доаѓа од информацијата што Државното правобранителство неделава ја сподели со БИРН, а која се базира врз стручно вештачење. На прашањето на БИРН дали ...
По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството. Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009. Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република ...