Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Четириесет и шестгодишната македонска државјанка Сашка Стојановска и понатаму е задржана во полициската станица во Улцињ, откако завчера беше уапсена под сомнение дека со автомобил усмртила куче. По објавувањето на снимката од настанот на социјалните мрежи, црногорската полиција соопшти дека таа била приведена при обид да ја напушти државата. Според полицијата, по пријавата веднаш биле преземени оперативни мерки, по што возилото и возачот ...
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинале на планината Елбрус во Русија, пренесува рускиот портал Lenta.ru. Само двајца членови на експедицијата успеале да ги преживеат екстремните услови на планината. Повикувајќи се на информации од рускиот Telegram-канал Shot, руските медиуми наведуваат дека преживеале само двајца членови на алпинистичката група. Еден маж успеал самостојно да се спушти од планината и да повика помош, додека вториот бил ...
Снимка, која наводно е направена вчера и на која се гледа како двајца разбојници ограбуваат две жени на улицата „Бирчанинова“ во Белград, е објавена на социјалните мрежи. Според минувачите и сведоците на инцидентот, жртвите се мајка и ќерка, а напаѓачите – мигранти. Ова досега не е официјално потврдено, а српската полиција официјално не се огласува за случајот. Корисниците на социјалните мрежи коментираат дека ова не е единствен таков ...
Ледени топки паѓаа врз туристичкиот бисер на Јадранот (видео) Силно невреме проследено со крупен град утрово го зафати Ровињ и околината, предизвикувајќи материјална штета и вознемиреност кај жителите и туристите. Бурата започнала по 9 часот, а според сведоштва, паѓале ледени зрна со големина на орев. Локалните метеоролози велат дека ваков град ретко се памети во Истра, а има информации и за неколку лица со полесни повреди. Фотографиите од ...
Чудо: 13-годишно девојче во Чиле остана неповредено откако поради силно невреме градежен кран падна врз неколку куќи и автомобили (видео) На снимките од местото на несреќата се гледа како металната конструкција на кранот буквално ги „сече“ покривите на куќите и ги затрупува автомобилите. Спасувачките екипи веднаш интервенирале, а најголемо олеснување било сознанието дека 13-годишното девојче, кое во моментот на ударот било во својата соба, ...
Возачите од Македонија кои викендов патуваат кон Солун и Халкидики треба да имаат предвид на значајни сообраќајни ограничувања, бидејќи во Солун ќе има целосно затворање на дел од внатрешната обиколница во двата правци. Според објави на грчки медиуми, затворањето е поврзано со работи на инфраструктурен проект, односно со активности за уривање/градежни интервенции на мост. Станува збор за 48-часовен прекин на сообраќајот на дел од источната ...
Албанија е потресена од трагичен случај што заврши со три загинати лица, откако маж осомничен за двојно убиство ја држел својата поранешна свршеница како заложник речиси 12 часа. Според информациите од албанските медиуми, 35-годишниот Нертил Бузи е осомничен дека рано наутро влегол во домот на родителите на својата поранешна свршеница во селото Видиште, во близина на Рошковец, каде што ги застрелал нејзиниот татко Коста Плака и мајката Лела ...
Ансамблот „Ателје 212“ се огласи во врска со одлуката на Градското собрание на Белград да го назначи директорот Љубиша Ристиќ за директор на театарот, објавувајќи кратко соопштение на социјалните мрежи. Во објаваta тие велат дека ја поздравуваат доследноста на Секретаријатот за култура и Градското собрание во водењето на културната политика на Белград. Од нашата мрежа Шеф во Баерн: Трансфер на Олисе во Реал Мадрид воопшто… 31 минута ...
Американските царински давачки за стоки од Србија се привремено укинати од петокот, а претходната стапка од 35 проценти е намалена на нула, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. -Добра вест е што од вечерва, по наше време, царинските давачки за Србија се нула проценти, рече Вучиќ во гостувањето во програмата на Радио-телевизија Србија (РТС). Од нашата мрежа Шеф во Баерн: Трансфер на Олисе во Реал Мадрид воопшто… 21 минута kontra.mk ...
Хрватска ги отвора вратите кон економските мигранти од Пакистан, олеснувајќи им на работниците од оваа држава да добијат визи. Хрватска и Пакистан, на официјална средба во Исламабад, се согласија да го забрзаат отворањето на хрватскиот визен центар, што треба значително да го поедностави процесот за пакистанските граѓани кои аплицираат за хрватски работни визи. Хрватска ги отвора вратите кон економските мигранти од Пакистан, олеснувајќи им ...
Грчката полиција денеска во Глифада, елитно крајбрежно предградие на Атина, уапси 30-годишен маж кај кого беше пронајдена рачна бомба. Се сомнева дека со неа тој имал намера да го нападне домот на поранешен обвинител на Врховниот суд. Апсењето е извршено по полициска операција на Управата за борба против организираниот криминал, а лицето кај кое е пронајдена бомбата подолго време било под надзор, бидејќи властите имале индиции дека тој ...
Европската Унија одобри 140,5 милиони евра неповратни средства за Босна и Херцеговина, во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) за периодот 2025–2027 година, соопшти денеска Делегацијата на Европската Унија во БиХ. „Европската Унија останува најдоследниот партнер на Босна и Херцеговина“, порача Делегацијата на ЕУ во Сараево во објава на социјалната мрежа „Икс“, потврдувајќи дека институциите на Унијата ја одобриле ...
Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора. Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“. Ветерот според написите сруши и дел од фасада на станбена зграда. Во некои делови беше прекинато снабдувањето со електрична енергија./Извор:Makfax Градот кршеше ...
Млади македонски бригадири од Велес, Штип, Гостивар, Скопје и Битола собрани во една македонска бригада од вкупно 34 бригадири денеска од Македонија замина за Нови Пазар во југозападниот дел на Србија каде во наредните седум дена ќе учествуваа на Младинската работна акција (Омладинска радна акција) ОРА „Нови Пазар 2026“ на уредување на плажа на околното езеро и ќе пошумуваат. Македонските бригадири меѓу кои и 13 млади и тројца возрасни ...
На бреговите на реката Осум во централно-јужна Албанија, под сенката на карпестиот рид, лежи Берат, град стар два илјади и четиристотини години. Животот тука почнал во 6-от и 5-от век пред нашата ера, со илирското население, а во 3-от век п.н.е. населбата прераснала во утврдена цитадела позната како Антипатреа. Низ вековите низ овие улици минале Илири, Грци, Римјани, Византијци и Османлии, а нивните траги останале врежани во замоците, ...
Грчки суд донесе историска одлука, со која на лекарка ѝ беше доделена отштета од 20.000 евра поради последиците што ги претрпела од долготрајна прекумерна работа и таканареченото професионално согорување. Станува збор за Елена Јоаниду, специјалист по интерна медицина, која работела во болницата во Ретимно на островот Крит. Таа ја напуштила својата работа во јануари 2023 година, откако, како што навела, подолг период укажувала на сериозен ...
Добивај вести на Viber Туристи од соседна Србија објавуваат предупредување со други туристи кои се деновиве во Солун во соседна Грција. Според објавите на Фејсбук, коли паркирани во Солун биле искршени и и од нив биле земено се што имало внатре. - Предупредување за сите туристи од Србија. Во Солун ноќеска беше ограбен автомобилот, и сè што можеле да украдат било земено од автомобилот. За среќа документите и уредите беа со нас. Не е само до ...
Актерот, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ денес оцени дека граѓаните повеќе немаат право да се жалат, туку дека системот во Србија „мора да се промени ако сакаме да преживееме“, не само во кинематографијата, туку и во другите сфери на општеството, наведувајќи дека е оптимист дека овие промени ќе дојдат. Во интервју за денешното издание на весникот „Данас“, Бјелогрлиќ рече дека српските филмови освојуваат бројни награди на фестивали во ...
Четириесет лица се повредени откако патнички автобус се преврте на автопатот Кирикале – Самсун во Турција, откако возачот изгуби контрола над возилото, објавија денеска турските медиуми. ⚡️At least 30 people were injured in a bus accident in Istanbul, including children The driver lost control on a slippery road, collided with a car, and then hit a road sign pole, according to TRT Haber. pic.twitter.com/p3J56Yj1w5 — NEXTA (@nexta_tv) July ...
На државјаните на Русија и Белорусија од 1 ноември годинава ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора. Владата го продолжи безвизниот режим за Русите и Белорусите до 31 октомври, како и за државјаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија. Усогласувањето на визната политика со Европската Унија е барање на Брисел преку завршните мерила од Поглавјето 24 (правда, слобода и безбедност). Според владината уредба, државјаните на наведените ...
Бурата што ја зафати Грција во петокот, кратко погодувајќи ја Атина навечер пред да се движи кон исток, предизвика штети и широко распространети нарушувања, иако не се пријавени повредени, јави Катимерини. Силните ветрови и градот соборија дрвја во Атина и Пиреја, додека скелињата се урнаа на градилиште во Пиреја, нарушувајќи го сообраќајот. Патниот сообраќај беше погоден и од поплави по должината на дел од улицата Пиреос кон Атина и на ...
Манастирите на Света Гора ги засилија мерките за заштита од шумски пожари во текот на летната сезона, а во системот за рано откривање на огнот сè поголема улога имаат дроновите, камерите и детекторите за чад. Грчките медиуми објавуваат дека противпожарните сили на Атос се во постојана готовност поради специфичностите на теренот, високите температури и густата вегетација, кои можат да го зголемат ризикот од избувнување и брзо ширење на ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, град и урагански налети на ветер погоди повеќе делови од Грција, оставајќи зад себе значителна материјална штета и стотици интервенции на спасувачките служби. Најпогодени беа областите Атика, Тесалија, Евија, Пелопонез, Епир и делови од северна Грција, вклучувајќи го и Халкидики. Националната опсерваторија во Атина регистрирала десетици илјади молњи за време на невремето. Една од најсериозните ...
Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека доколку била на власт за време на војната, ќе спровела „етничко чистење“ на Косово. Одлуката ја објави вчера косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните органи. Свечла изјави дека со својата реторика, српската министерка го ...
Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата се ставени под „жолто ниво“ на тревога. Државниот механизам е во зголемена тревога за денес, бидејќи мапата за прогноза на ризик од пожар на Генералниот секретаријат за цивилна заштита предвидува „многу висок“ и „висок“ ризик од пожар во голем дел од земјата, објавува „ЕРТ“. Категоријата на ризик 4, односно „многу висок“ ризик ги ...
Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ беше уапсен во заедничка акција на локалната полиција и Дирекцијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК). Шимиќ беше уапсен заедно со Неда Ливљаниќ, поранешна директорка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Државната управа на Шибенско-книнската жупанија. Се сомнева дека Шимиќ нелегално ги добил потребните дозволи за кампот во Тисно преку ...
Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...
Летниот одмор во Грција за едно семејство од Србија заврши со неочекуван трошок и непријатно искуство при напуштањето на земјата, а сето тоа поради правила што многу возачи често ги игнорираат или свесно ги прекршуваат. Член на Фејсбук група посветена на летувањето во Грција го сподели искуството што го доживеале за време на рутинска сообраќајна контрола во близина на Јанина. Според авторот на објавата, полицијата ги запрела на наплатната ...
Археолозите открија злато старо повеќе од 1.300 години на мистериозен бродолом во близина на Хрватска. Наодот вклучува златни монети, скапоцени камења и прстен со ликот на царот Ираклиј. Археолозите велат дека откритието е едно од најзначајните за разбирање на улогата на морските патишта од тој период. Повеќе од една деценија, тимови ги испитуваат остатоците од бродолом покрај брегот на Хрватска. „ Утврдивме дека бродот потонал во 7-ми или ...
Црногорската влада брои дури 34 члена во држава со околу 600.000 жители, со што по бројност ги надминува владите на значително поголеми европски земји, како Франција и Италија. Гломазниот владин состав беше повод за остра реакција на лидерот на Граѓанското движење УРА и поранешен премиер Дритан Абазовиќ, кој ги обвини функционерите на власта дека се ненаситни за позиции и привилегии. „Што е ова, луѓе? Кои се овие луѓе? Дали се најадоа и ...