Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Како што Црна Гора се приближува кон членство во ЕУ, Брисел вработува службеници што зборуваат црногорски, започнувајќи ја практичната работа потребна за јазикот да стане 25-ти официјален јазик на Унијата. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти за да помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, кој ги содржи правилата според кои земјата се приклучува кон блокот, како и за преведување закони, објави денес ...
Издадено е вонредно предупредување за целата држава, во кое се наведува дека Србија се соочува со силен, продолжен топлотен бран. Во предупредувањето се наведува дека се очекуваат максимални температури од 35 до 40 °C најмалку пет последователни дена, почнувајќи од 30 јули. Поради зголемувањето на температурите, активирано е портокалово временско предупредување на териториите на Бачка, Банат, Поморавље и југоисточна Србија, а жолто во ...
Полицијата во Република Српска привела лице од Илиџа под сомнение дека измамило жител на Бања Лука, ветувајќи му дека ќе му помогне да се ослободи од наводна „црна магија“. Според полициските информации, осомничениот од оштетениот зел пари и златен накит. Точната вредност на одземеното треба да биде утврдена во истрагата. Случајот се обработува како сомнение за измама. Полицијата потсетува дека граѓаните не треба да даваат пари или вредни ...
По налог на Основното јавно обвинителство во Алексинац, вчера во 21:30 часот му е одреден притвор во траење од 48 часа на осомничениот А.В. (34) од територијата на АП КиМ, припадник на т.н. косовска полиција, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело противправно лишување од слобода, на штета на својата емотивна партнерка, оштетената И.Ж. од територијата на град Крушевац. Осомничениот се терети дека во периодот од 27 јуни ...
Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Патнички брод со 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салча поради екстремно нискиот водостој, пренесуваат AFP и романскиот портал Digi24. Since the pitch black of midnight all alone with our multidirectional engines – until 0900AM with a massive Slovakian tug to assist- we haven’t budged! Romania on one side; Bulgaria the other. The Danube is still winning! https://t.co/rmEmxnEu7J pic.twitter.com/DUeBvxYcDB — ...
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција вечерва. Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 5 километри под површината на земјата во 22:10 часот по локално време, односно 23:10 часот по грчко време. Земјотресот е регистриран на 149 километри од Лариса и 20 километри северозападно од Јанина. ИЗДВОЕНИ ДДВ останува опција, се очекува поевтинување на горивата следната недела Рекорден раст на бројот на ...
Седницата на Парламентот на Црна Гора беше прекината по жестока вербална расправија меѓу пратеникот на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ, и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ, јавува „Вијести“. Инцидентот се случил за време на расправата за повеќе предлог-закони од областа на матичните книги, државјанството, живеалиштето и централниот регистар на население. Според медиумот, поголем инцидент бил спречен откако ...
Околу 02:20 часот ноќеска, патничкиот брод „Викинг Улур“, кој пловел низводно под швајцарско знаме, во намалена видливост во ноќта и поради ниското ниво на реката Дунав, се насукал на околу 25 км после градот Видин. На бродот имало 186 патници, државјани на ЕУ, како и 52 членови на екипажот и услужен персонал. Заглавениот брод требало да товари резерви во пристаништето Видин, а на бродот немало доволно вода за пиење. Бродскиот агент ...
Хрватскиот портал Јутарњи објави интервју со поранешниот министер за надворешни работи на Хрватска, историчарот Мирко Ковач. Анализата на поранешниот министер за најактулните теми: војната во Украина и нападите од САД и Израел врз Иранрасните тензии и емиграцијата во Германија и Европа како и новиот распоред на сили во светот е ретко детална и аргументирана анализа кој низ факти на начин секому разбирлив ги објаснува процесите и состојбите. ...
Пожарот на Парос и натаму беснее во областа Кампи, каде што огнот избувнал во вторникот, 28 јули, околу 13:30 часот, во близина на островската депонија. Пламените зафатиле отпад и ниска вегетација, а силниот ветер и сувите необработени површини помогнале пожарот брзо да се прошири и да се подели на два фронта. Грчката цивилна заштита испратила две последователни предупредувања преку бројот 112. Жителите и туристите од областите Агиос ...
Албанија остро ги осуди изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Косово е дел од Србија, како и зборовите на министерката за државна администрација Снежана Пауновиќ во врска со етничкото чистење во Косово. На заедничката прес-конференција во Тирана со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ-Радман, албанскиот министер за надворешни работи Ферит Хоџа ја нагласи важноста на дијалогот меѓу Косово и Србија. „Овој ...
Покрај Џеки Чен и Јусеин Болт, на тимот бренд-амбасадори на EXPO 2027 Белград неодамна му се приклучи и Лин Дан, кој важи за еден од најголемите бадминтон играчи на сите времиња. Двократниот олимписки шампион, петкратен светски првак и спортист чие име стана синоним за извонредност, дисциплина и истрајност, остави неизбришлива трага во светскиот спорт и инспирираше милиони луѓе ширум светот. Бренд-амбасадорите на EXPO 2027 Белград се избираат ...
Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а туристите известуваат дека е почувствуван во Торони, Јерисос, Сикија и Тасос. Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот бил 23 километри југоисточно од градот Јерисос во северна Грција. Земјотресот е регистриран во 10:30 часот по локално време, а засега нема информации за ...
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен полицаец на 10 години затвор за воени злосторства врз цивилното население во Призрен во 1998 и во 1999 година, објави „Радио ким“. Судот го прогласи Шаќир Љутвија, од селото Крстац кај Драгаш, за виновен откако случајот беше вратен на повторно судење. И во претходната постапка Љутвија беше осуден на 10 години затвор. Сепак, по жалбата на одбраната, Апелацискиот суд на Косово ја укина ...
Капењето е привремено забрането на четири плажи во Црна Гора, откако последните анализи покажале лош квалитет на морската вода. Црвени знамиња се поставени на купалиштата „Жукотрлица 02“ и „Жукотрлица 03“ во Бар, како и на „Словенска плажа 01“ и „Пржно“ во Будва. Испитувањето било спроведено од Институтот за биологија на морето од 20 до 23 јули на вкупно 114 локации. На 78,9 проценти од местата водата била со одличен квалитет, на 8,8 проценти ...
Албанскиот пратеник и лидер на партијата „Можност“, Агрон Шехај, е суспендиран од работата на парламентарните комисии и пленарните седници во траење од 60 дена, по инцидент со доверлив документ за воен финансиски договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Не станувало збор за документ украден од разузнавачките служби, како што може да се заклучи од дел од насловите, туку за копија од договор за заем од 302 милиони долари за ...
„Upgrade You“ е едукативно-забавен јутјуб серијал во кој нашиот реномиран шминкер и фризер Даниел Николовски, како ментор, го води јутрјуберот Ридван Мемедов – Ритко, низ различни предизвици со цел да излезе од својата комфор зона и да „работи“ на себе. Во секоја епизода Даниел му дава на Ритко нова мисија – посета на психолог, фитнес, бонтон, учење англиски јазик, читање книги, комуникација со луѓе, работа на својата лична култура, како и ...
Екстремно ниското ниво на водата на Дунав целосно го промени изгледот на реката кај Нови Сад, го откри брегот и остави бројни бродови и помали пловила напуштени. Ужасни сцени од Дунав го привлекуваат вниманието на граѓаните на Нови Сад овие денови. Поради екстремно ниското ниво на водата, една од најголемите европски реки го промени својот изглед до непрепознатливост. Жителите на Нови Сад велат дека не се сеќаваат на ваква ситуација и ...
Шумски пожар избувна во близина на Анталија, Турција, во шумската област кај населбата Узумлу. Пожарот, чии причини засега не се познати, се гаси и од воздух и од земја. Во акцијата се вклучени шест хеликоптери, три авиони, 14 противпожарни возила, пет цистерни за вода, две возила за итни интервенции и 135 шумски работници. Надлежните соопштија дека силниот ветер го отежнува гаснењето и придонесува за ширење на огнената стихија. Antalya’nın ...
Добивај вести на Viber Германската компанија Дрекслмаер, која работи во Зрењанин, објави дека планираната програма за отпуштања за 359 вработени, кои се согласија да ја напуштат компанијата до крајот на јули 2026 година, ќе биде суспендирана. Компанијата го проценува својот иден бизнис во Србија во секторот за е-мобилност. „Гледаме поголема побарувачка во секторот за е-мобилност, поради зголемените трошоци за гориво и новите шеми за ...
На граничниот премин Бајаково–Батровци утрово биле регистрирани задржувања до пет часа на одредени правци. Големи колони има поради засилениот туристички сообраќај кон Јадранското Море. Задржувања од неколку часа биле пријавени и на Товарник–Шид и на помалите премини меѓу Хрватска и Србија. Гужви има и на наплатните станици, тунелите и јазлите на хрватските автопати. Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја следат состојбата во реално ...
Во Урошевац, град во Косово именуван по последниот српски цар, Стефан Урош, е покрената петиција „За Феризај без Урошевац“, со која се бара од Собранието на таканареченото Косово да ја укине службената употреба на името „Урошевац“ и да го користи исклучиво името „Феризај“ во сите документи и официјална комуникација на институциите. Феризај, по кого Албанците го именувале овој град, бил човек за време на османлиската ера, кој бил на чело на ...
Грчката полиција уапси тројца осомничени откако работник вчера загина во силна експлозија која одекна во фабрика за оцет во близина на грчкиот град Коринт, објави „Иефимеридa“. Властите ги уапсиле 47-годишниот сопственик на компанијата, 46-годишниот одговорен за безбедност и 46-годишниот раководител на производството. Според првичните информации, експлозијата се случила додека 67-годишен работник вршел заварување во близина на инсталација за ...
Вкупно 6,2 тони несоодветни прехранбени производи од животинско потекло биле запленети за време на обемна инспекција спроведена од инспекциските тимови на Регионот Атика, јави Прототема. Поконкретно, инспекцијата започнала во објект за производство и преработка на месо во Илион. Таму, регионалните инспектори откриле дека бизнисот наведен во нивните евиденции престанал да работи, додека друга компанија работела во истите простории без ...
Автобус полн со патници вчера пробил заштитна ограда и преминал во спротивната лента на еден од главните булевари во Софија, при што четири луѓе биле повредени, објави „Новините“. Автобусот, кој сообраќал од населбата Младост кон Орлов мост, ја пробил централната ограда кај клучката „Четврти километар“ на булеварот „Цариградско шосе“. Бетонските заштитни бариери спречиле возилото да падне од надвозникот. Според бугарските медиуми, во ...
Вистински хаос се случил во бугарскиот град Средец, каде што масовна тепачка меѓу две семејства прераснала во насилен судир во кој биле употребени секири, мотики и дрвени стапови. Во инцидентот се повредени четири лица, а полицијата интервенирала за да ја стави ситуацијата под контрола. Според информациите на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас, инцидентот бил пријавен околу 21:45 часот во саботата, 26 јули. ...
Вознемирувачка снима од Хрватска го шокира регионот. Немоќен млад човек беше брутално претепан, газен и влечен по улица, додека нападот беше снимен. Полицијата трага по напаѓачите. Полициските службеници спроведуваат интензивна криминалистичка истрага и работат на утврдување на идентитетот на лицата поврзани со физичкиот напад врз млад човек на улицата Зајчева, во центарот на Славонски Брод, неофицијално пренесува порталот SBOnline. Нападот ...
Тридневен топлотен бран до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од ...
Србија во овој момент не може да стави вето на членството на Украина во Европската Унија. Белград сè уште е кандидат, а правото да блокираат одлуки го имаат само земјите членки. Но, доколку Србија влезе во Унијата пред Украина и ги добие сите права што произлегуваат од членството, теоретски би можела да го употреби ветото во една од фазите во кои е потребна согласност од сите држави. Таквото сценарио засега не е официјална политика на ...