Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...

Медиумската заедница во Босна и Херцеговина е потресена од веста за ненадејната смрт на Ивана Шимунџа, долгогодишна новинарка, уредничка и директорка на информативниот портал „Мондо БиХ“. Шимунџа почина во Бања Лука на само 45-годишна возраст, а веста за нејзиното ненадејно заминување предизвика голема тага меѓу нејзините колеги, пријатели и луѓето со кои соработувала во текот на кариерата. Од неа со емотивна порака се простија колегите од ...

Земјотрес во Албанија, почувствуван Љушња и Елбасан, според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран околу 15:56 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на само 1 километар северо-североисточно од Љушња и на околу 36 километри југозападно од Елбасан. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени ...

Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европската Унија, покажува најновата анализа на Health Metrics, објавува ВЕСТИМАК.мк. Една од главните причини е силната конкуренција на фармацевтскиот пазар. Според анализата, кога за одреден лек ќе се појават шест или повеќе производители, неговата цена може да се намали за дури 60 проценти. Спротивно, повлекувањето на производ од пазарот во просек ја зголемува ...

Речиси четириесет нови пожари избувнаа низ цела Грција во рок од неколку часа, соопштија грчките пожарникари. Најголемиот пожар гори на островот Саламинa, во близина на главниот град Атина, според пожарникарите. Островот е дом на најголемата база на грчката морнарица. Базата не е под закана, соопштија пожарникарите на терен. Висок ризик од пожари, топлотен бран во тек Пожарот се проби низ клисура, а го гасат бројни противпожарни авиони и ...

Во општина Струмјани, во југозападна Бугарија, е прогласена вонредна состојба откако поројните дождови предизвикаа излевање на планинските реки Шашка и Злинска, поплавувајќи ги населбите и оштетувајќи ја инфраструктурата. Засега нема извештаи за смртни случаи или повредени, објавува порталот „Новините“. Поплавите го прекинаа снабдувањето со вода и електрична енергија во Струмјани и ја нарушија железничката линија низ областа, додека ...

Хрватска регистрираше пад на туризмот што е за 6,6 проценти помалку од минатата година, додека бројот на ноќевања се намали за 6,1 процент во однос на истиот месец минатата година на 13,5 милиони, според извештајот на Централниот завод за статистика (CSO) на земјата. Странците имаа повеќе забелешки за пад на услугите и условите за престој во Хрватска отколку минатите години што може негативно да се одрази и на идната сезона. Најчестите ...

Општината со булдожер ги сруши приватните чадори, лежалки и маси од плажата Каливија во Полигирос на Халкидики, објавува порталот Iefimerida.gr. Акцијата започна во 7 часот наутро, а целта беше да се ослободи плажата од предмети што беа поставени и со текот на времето станаа „трајни“, со што се спречува слободниот пристап до плажата за сите граѓани. Денешната акција во Каливија следеше само неколку дена по слична интервенција во Геракини, ...

Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат. -Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството. ...

Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак, вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле отстранети над 170 ...

Првиот случај на западнонилска треска е потврден во Албанија, при што вирусот е дијагностициран кај 72-годишен маж од Корча. Тој моментално се наоѓа во Регионалната болница во Корча, каде што прима соодветен третман. Според албанското Министерство за здравство, човекот бил каснат од комарец додека бил во својата градина, каде што поминувал многу време. Откако му се појавиле здравствени проблеми, отишол во болница, а тестирањето потврдило дека ...

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека за две недели ќе се одржи седница на Главниот одбор на СНС на која ќе се утврди изборната листа за парламентарните избори, изразувајќи верување дека Александар Вучиќ ќе биде носител на листата и кандидат на партијата за премиер. Вучевиќ истакна дека СНС останала на своите политички позиции и на патот по кој Србија оди во последните 14 години , но дека впечатокот е ...

Само четири дена откако понуди половина милион евра за информација што ќе доведе до апсење на Радоје Звицер, Црна Гора ја повтори истата понуда за уште еден бегалец од кругот на кавачкиот клан. Министерството за внатрешни работи нуди 500.000 евра за информација што директно ќе доведе до пронаоѓање и апсење на 43 годишниот Љубо Миловиќ, поранешен црногорски полицаец по кого е распишана црвена потерница на Интерпол. Миловиќ се бара поради ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на претседателот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, ...

Проектот Сејф Сити покрај со Албанците успеа да не скара и со Србите. Се сеќавате кога ги воведоа камерите овдешните политичари Албанци тврдеа дека се поставени да ги казнуваат само Албанците. Море дури и на Уставен го дадоа законот. Ете српските туристи се жалат што на пат кон Грција шибале до даска, ги фатиле камерите а на враќање не ги пуштале да излезеат од Македонија додека не платат. Нормално.Требало за нив да има посебно ...

Јахта која вчера се запалила во близина на јужната страна од островот Чиово во Далмација потона во Трогирскиот канал, додека траел обидот за нејзино извлекување. Најважната информација е дека сите шест лица кои се наоѓале на јахтата навреме биле евакуирани, па во инцидентот нема повредени. Акцијата за справување со пожарот и последиците од потонувањето била координирана од Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море ...

За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст Константинос Гаврилидис, додека членови на организацијата, на туристите на ...

Вараждинската полиција заврши со криминалистичката истрага за крвавиот инцидент што се случи минатата сабота околу 3 часот наутро во улицата „Иван Падовац“ во Вараждин. Истрагата утврди дека двајца младичи на возраст од 20 и 18 години вербално и физички нападнале четири малолетници (двајца на 16 и двајца на 17 години). За време на турканицата, 20-годишникот паднал на земја, по што еден од 17-годишните малолетници со намера тешко да го ...

Четириесет и тригодишен државјанин на Македонија бил уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќајни полицајци, откако бил запрен поради сообраќајни прекршоци. Српското Министерство за внатрешни работи соопштило дека осомничениот, со иницијали З. А., бил лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело давање поткуп. Апсењето било извршено од припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за ...

о продолжение на борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против корупција, по наредба на Специјалното одделение за борба против корупција на Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсија државјанинот на Република Македонија З. А. (43), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поткуп. Како што се ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео на социјалните мрежи на кое оди во автоперална, каде што се обиде сам да го измие својот автомобил, но не одеше сè според планот. Вучиќ сними дел од видеото додека вози и нагласи дека претходно го поставил телефонот за да не мора да го држи или да го гледа додека вози. Најави изборна кампања За време на возењето, тој зборуваше и за инфраструктурните проекти во Србија и рече дека треба да се ...

Откако албанскиот премиер Еди Рама ја шокираше јавноста со најавата за формирање независна држава на Бекташкиот ред усред Тирана, експертите предупредуваат дека зад овој проект се крие сложена игра на религијата, политиката и меѓународните односи. Новата микродржава, предвидена на површина од само 10 хектари, колку четвртина од Ватикан, треба да има сопствена администрација, пасоши и граници. За разлика од традиционалните исламски центри, ...

Србија се соочува со нов огнен бран, со 29 активни пожари на отворен простор низ земјата. Само во август досега се регистрирани 3.926 пожари, а во гаснењето се вклучени сите расположливи сили, вклучително и меѓународни тимови. Меѓу најактивните жаришта се оние на планината Столови, кај селото Луково во близина на Врање и на Златибор. Началникот на Противпожарно-спасувачката единица на српското МВР, Недељко Гагиќ, изјави дека пожарот на ...

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со десетици пожари, а според достапните информации, ситуацијата е тешка во Северна Македонија, јавуваат регионалните медиуми, додека пожари се активни и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Според најновиот извештај, во Северна Македонија се регистрирани 21 шумски пожар. Седум пожари се уште се активни, два се под контрола, додека 12 се целосно изгаснати. Активни пожари се ...

Турски суд денес осуди петмина градоначалници од главната опозициска партија во земјата за корупција, а критичарите го оценија процесот како политички мотивиран, објави „Асошијатед прес“. Во случајот, кој се водеше пред суд во Истанбул, имаше обвиненија за поткуп, местење тендери и за измама при склучување општински договори. Критичарите на претседателот Реџеп Таип Ердоган велат дека процесот е насочен против Републиканската народна партија ...

Добивај вести на Viber На Копаоник наскоро ќе започнат големи градежни работи за проширување на скијачката инфраструктура, што треба да донесе подобри услови за скијање и дополнително да ја подобри понудата на овој популарен зимски центар, пишува „eKapija“. Работите ќе се изведуваат на локацијата Мали Караман, каде што е планирана изградба на нови терени за тренинг, како и уредување на дел од постојната скијачка инфраструктура. Проектот ги ...

Западнонилската треска се шири низ регионот во периодот кога активноста на комарците е меѓу највисоките. Албанија го потврди првиот случај за 2026 година во Корчанскиот округ, Хрватска регистрира три заболени во јули и август, додека во Македонија бројот на потврдени случаи се искачи на 44, со пет смртни исходи. Албанското Министерство за здравство во понеделникот, 24 август, соопшти дека првиот потврден случај годинава бил откриен во ...

Над седум од десет мали и средни бизниси во Атина, односно 71,3 отсто велат дека годинава, за време на летните попусти имале полош промет од лани, а 98 отсто од анкетираните бараат промена на институционалната рамка за попустите и враќање на построги правила, покажуваат резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на трговци на Атина (ЕСА), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето биле вклучени 409 мали и средни претпријатија од ...

Егзон Битиќи (26) е осомничен за убиство на својата бремена сопруга Јетлира Фониќи (25), во селото Кравосерија во близина на Малишево во Косово! Невиден злостор го потресе селото Кравосерија во општина Малишево во Косово, каде што се сомнева дека Егзон Битиќи (26) ја убил својата сопруга Јетлира Фониќи (25), која била бремена во девет месец, во семејната куќа, а потоа се застрелал и себеси. Трагедијата се случила во спалната соба на двојката ...

Брисел работи на забрзување на европската интеграција на Црна Гора, за земјата да може да ги заврши преговорите за сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година. Ова го објави црногорскиот весник „Победа“, кој се повикува на високи извори од Европската комисија. Според публикацијата, се очекува првиот нацрт на Договорот за пристапување на земјата кон ЕУ да биде подготвен до крајот на септември. Планот беше лансиран по итни консултации ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Цинк

3.76