Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Две компании од Технолошко-индустриските развојни зони водат арбитражен спор со ТИРЗ. Компанијата „Дура“ го затвори погонот, а „Аптив“ каде работат повеќе од 400 работници треба да затвори до крај на годинава. Но, од ТИРЗ утврдиле и прекршување на договорите и бараат да ги вратат парите. Ова е само дел од кажаното во вчерашната „Топ тема“ на колешката Наташа Стојановска и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски. Две компании од ...
Потребите наспроти реалноста, законите наспроти праксата!? Дали новиот пакет закони за реформи во јавната администрација ќе донесе системски промени, а не само козметички измени реформи? Има ли политичка волја за професионализација, департизација и рационализација ? Во Топ Тема интервју со министерот за јавна администрација, Горан Минчев. Топ Тема со Боби Христов на Телма Потребите наспроти реалноста, законите наспроти праксата!? Дали ...
Македонски апелационен судија осомничен дека имал штек со пари како мексиканските картели- скриени во ѕид. Евра завиткани во ролни од алуминиумска фолија- во шуплините на циглите зад шпоретот во кујната. КОД открива како истражителите стасале до бункерот во кој се криеле 350 000 евра. Кој е судијата Ѓоко Ристов кој со децении суди предмети во кои се инволвирани политичари бизнисмени, ВИП личности- а на крај колегите му дадоа домашен притвор. ...
Западнобалканските камионџии се пред колапс, економијата пред ризик, а Европа пред тест. Поради правилото 90/180 во Шенген, транспортерите велат дека повеќе не можат да работат. Од денеска почнуваат блокади на граничните премини низ целиот Балкан. Дали странските инвеститори ќе лобираат за промена на правилата во ЕУ или регионот ќе остане без транспорт? Камионџиите порачуваат: ова не е протест, туку борба за опстанок. АНКЕТА: Дали ЕУ треба да ...
Нов закон за инфлуенсери – ќе има ли и повисок минималец? 💼 Во деветтата епизода на ХоризонТелма подкастот разговаравме со Дарко Трајкоски, претседател на Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија. 🤚Кои се нашите работнички права, но и колку плата реално треба да земаме? – се едни од прашањата на кои побаравме одговор. ❓ Дали ќе се испочитува новиот закон за инфлуенсери, и дали ќе има покачување на минималната плата? ...
Фондот за здравствено осигурување од денес е поврзан со Централниот регистар на населението, што треба да донесе побрзо и поефикасно решавање на боледувањата и другите здравствени права. Но, бројките покажуваат спротивно – злоупотребата на боледувањата, особено во јавниот сектор, расте. Илјадници случаи годишно, милионски суми и сомнежи дека дел од боледувањата се користат не поради здравје, туку поради комоција. Исти лица – различни ...
Економскиот форум во Давос изгледаше како политичка гладијаторска арена, Европа и Америка, Гренланд, сојузниците како непријатели, трговска војна, новиот поредок, законот на посилниот. Кој е курсот и предизвиците за македонската надворешна политика во новите околности? Во Вин-Вин дебатираат Универзитетските професори Александар Спасеновски и Александар Спасов. Вин-Вин со Оливера Трајковска на Телма Економскиот форум во Давос изгледаше како ...
СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи? Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен ...
„Максима“ е драмска серија од шест дела (6×50 мин.) што го истражува животот на кралицата Максима од Холандија, заснована на бестселерот на Марсија Лујтен. Серијата ја раскажува фасцинантната животна приказна на холандската кралица Максима, од нејзиниот ран живот во Аргентина и Њујорк до нејзината иднина како кралица на Холандија. Од моментот кога убавата Аргентинка Максима се појавува покрај холандскиот престолонаследник, таа се наоѓа во ...
Во новата епизода на Хоризон Телма наш соговорник е д-р Драган Ѓорѓиевски со кого разговараме за новиот Закон за заштита од пушење, на кое ниво е здравствената култура на населението и сите ризици со кои се соочуваат младите по нивното здравје. 🎙️ Премиерата на осмата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎧 Сите епизоди се достапни на YouTube подкаст каналот на Телма и на Spotify Во новата ...
Судскиот совет е главниот контролен механизам за проверка на работата на судиите, но неказнивоста резултира со случаи, како овој со апелациониот судија Ѓоко Ристов, констатираа гостите во вечерашната „Топ тема“’. Очекуваaт овој случај да отвори истраги и за други лица во правосудството. За овие и други прашања во вечерашната „Топ тема“ дискутираа поранешната судијка Вера Коцо, адвокатот Тони Менкиновски и поранешната претседателка на ...
Македонската ракометна репрезентација, по поразот од Данска, одигра храбро и борбено реми со Португалија. Нашиот тим се враќаше од негатива од пет голови и освои бод против полуфиналистот од последното Светско првенство. Филип Кузмановски со 15 гола беше лидер на теренот, а Мартин Томовски со клучни одбрани го одржа тимот до самиот крај. По два натпревари освоен е еден бод, а шансите за пласман понатаму се мали, но сè уште постојат. Следува ...
Креаторот на глобално популарната серија „Игра на лигни“, Хванг Донг-хјук, подготвува нов проект за „Нетфликс“, кој дал зелено светло за криминалистичката серија „The Dealer“ сместена во светот на коцкари. Веќе е потврдена и актерската постава за серијата. Според „Вараети“, серијата ќе се фокусира на жена наречена Геонхва, чии планови за венчавка пропаѓаат откако станува жртва на измама со недвижности. Таа се впушта во опасно коцкарско ...
Минатата година низ процесот на јавни набавки помиинаа 100 милијарди денари. Хаваријата со измените на членот 353 од Кривичниот законик од 2023 година, девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ под притисок на одлуката на Уставниот суд предложија да се санира со нови измени. Што добиваме и зошто за експертската јавност измените се само козметички во „Вин-Вин“ дебатираа Дарко Аврамовски од коалиција „Сите за правично судење“ и Снежана ...
Првиот трејлер за третата сезона на „Еуфорија“ пристигна пред нејзината премиера на 12 април на „Ејџ-Би-О“ и „Ејџ-Би-О Макс“. Главните членови на екипата Зендаја, Сидни Свини, Хантер Шафер, Џејкоб Елорди, Ерик Дејн, Алекса Деми, Мод Апатоу, Марта Кели, Клое Чери, Колман Доминго и Доминик Фајк се враќаат за третата сезона. Барби Фереира, Сторм Рид, Џејвон „Вана“ Волтон и Остин Абрамс нема да играат во новата сезона, а Ангус Клауд, кој ја ...
Консензус или партиски игри – како и зошто Собранието ја суспендираше институцијата Народен правобранител? Што е пречка да се изгласаат измените за старт на Безбеден град ? Што ни недостасува: консензус или реформски проекти ? Во Топ Тема дебата со пратениците: Миле Лефков, ВМРО- ДПМНЕ, Фатмир Битиќи, СДСМ и Илир Хасани, ДУИ. Топ Тема со Боби Христов на Телма. Консензус или партиски игри – како и зошто Собранието ја суспендираше ...
По полноќ во Македонија често музиката е погласна од законот. Иако постои Закон за заштита од бучава и предвидени се високи казни, на терен тишината ретко се почитува. Граѓаните се поделени – едни бараат мир и одмор, други забава и гласна музика. Угостителите сакаат работа, а државата треба да најде рамнотежа. Прашањето останува: дали бучавата е проблем на култура или на непочитување на законот? Кој е во право – оној што сака да спие или оној ...
Управата за јавни приходи (УЈП) бара данок на странски исплати за последните години, граѓаните револтирани. Како до поголема наплата на даночните приходи и намалување на сивата економија? Во вечерашната „Топ тема“ интервју со директорката на УЈП, Елена Петрова што го водеше колешката Наташа Стојановска. Паѓа домашното производство на струја. Кои се причините? Зошто ЕСМ тоне во долгови? – Во „Топ тема“ и интервју на колешката Ирена Чачкова ...
На 27 декември во Центарот за култура “Григор Прличев” се одржа 9-то издание на културната манифестација “Зимска бајка”. Шоуто беше во знак на македонската современа музика и креативниот хумор. Бендот на „Зимска бајка“ составен од врвни музичари од Охрид и земјата, со изведувачите Драган Василески – Пајо, Емилија Колоска и специјалниот гостин на шоуто Ристо Самарџиев и хорот „Вокс Лихнидос“ приредија волшебно музичко доживување. Домаќини на ...
По освојувањето на четири златни глобуси, креаторите на серијата „Адолесценција“ Стивен Грем и Џек Торн навестија дека работат на продолжение. Кога излезе на „Нетфликс“ лани, „Адолесценција“ беше претставена како минисерија, што значи дека треба да има само една сезона, но Грем сега вели дека размислуваат за уште една сезона. „Засега не можам да потврдам какви се шансите да има втора сезона, зашто тоа е некаде во длабочините на мојот и на ...
Бурен политички старт на новата година. Големи антикорупционери, но само на прес конференции!? Лидерската во најава – реална потреба или покритие за неиспорачаните резултати од власта? – Пржинската влада, потреба или хир? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Александар Кржаловски, директор на МЦМС, и политичките аналитичари Сефер Селими и Благојче Атанасовски. Бурен политички старт на новата година. Големи антикорупционери, но само на прес ...
Шеснаесетгодишната ѕвезда на хит-серијата „Адолесценција“ Овен Купер стана вториот најмлад машки добитник на Златен глобус откако ноќеска триумфираше во категоријата најдобра споредна улога. Рекордер останува Рики Шродер, кој имаше само девет години кога освои Златен глобус во 1980 за филмот „Шампионот“. „Стоењето овде на Златните глобуси воопшто не изгледа реално. Какво неверојатно патување поминавме јас и моето семејство“, рече Купер во ...
„Грешници“, „Марти Суприм“ и „Една битка по друга“ се меѓу филмовите што ќе се натпреваруваат на Златните глобуси, вечерва (11 јануари) во Лос Анџелес. „Франкенштајн“, „Сентиментална вредност“ и „Хамнет“ се некои од другите филмови што се борат за злато на церемонијата која се одржува по 81 пат. Оваа година е воведена нова категорија, најдобар подкаст, додека „Адолесценција“, „Пит“ и „Студиото“ се номинирани во ТВ категориите. Златните ...
Серијата е историска драма инспирирана од вистински настани за норвешката престолонаследничка Марта, која за време на Втората светска војна бега во САД. Далеку од окупираната татковина, таа станува важен дипломатски мост меѓу Норвешка и американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт, борејќи се за слободата на својот народ и сопствената политичка улога во свет на војна и моќ. Серијата е историска драма инспирирана од вистински настани за ...
Во недела четири општини на повторените избори ќе избираат градоначалници. Ќе освои ли ДУИ една поголема општина во трката за Гостивар или трансферот на Бејта на листата на ВЛЕН ќе го затвори големиот пакет на градоначалнички позиции за владеачката коалиција? Во Вин-Вин со Оливера Трајковска дебатираат Бесим Небиу и Рамадан Рамадани. Во недела четири општини на повторените избори ќе избираат градоначалници. Ќе освои ли ДУИ една поголема ...
Актерката Сара Џесика Паркер ја доби почесната награда „Керол Барнет“ за извонреден придонес кон телевизијата, а нејзина најголема поддршка на црвениот тепих беа сопругот Метју Бродерик и нивниот 23-годишен син Џејмс Вилки Бродерик, кој ретко се појавува во јавност. Паркер и Бродерик се во брак од 1997, а ги имаат и близнаците Табита Хоџ и Марион Лорет Елвел, кои се родени во 2009. На церемонијата се појавија и нејзините колеги од култната ...
Во новата епизода на ХоризонТелма подкастот разговараме со Ѓорѓина Цениќ, една од најмладите доктори на науки во Македонија. Таа на само 26 години докторира во рекорден рок во полето на вештачката интелигенција во Словенија, а потоа продолжува да работи на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана. Љубовта кон математиката ја негува уште од најмала возраст, па така наместо приказни за добра ноќ таа решавала математички задачи кои се најголемиот ...
Невреме ја зафати Европа – снег и мраз ги парализираа аеродромите, а обилните дождови предизвикаа поплави низ регионот. На Балканот, снег и прекини во сообраќајот има во Босна и Херцеговина и Хрватска, додека во Црна Гора е активен црвен метео-аларм поради излевањето на реката Зета. Критична е состојбата и во Албанија, особено во Драч. Во Македонија снегот почна да паѓа, но дождовите веќе создаваат проблеми – во Битола се поплавени повеќе ...
Ќе се снима шеста сезона од популарната ТВ-серија „Емили во Париз“, објави стриминг-гигантот „Нетфликс“, преку видео со главната актерка Лили Колинс. Креаторот на серијата, Дарен Стар, веќе почнал да размислува за тоа што би можело да биде следно за Емили во шестата сезона. „Има многу места што би сакал да ги посетам. Серијата се вика ‘Емили во Париз’. Никогаш нема трајно да ја напушти својата база. Но, ако можам да ја однесам публиката на ...
Во новата епизода на ХоризонТелма гостува Слободен Чокревски, доктор по ветеринарна медицина, врвен гастроном и познавач на храната и виното. Зачините се негова пасија, препознатлив е ѝ како страствен патувач, денес живее и работи во Узбекистан, пренесувајќи го целото свое искуство и знаење како основач на @slowfood.mk 🎙️ Премиерата на шестата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎧 Сите ...