Во необичен и досега невиден симболичен протест, околу 30 софистицирани роботи маршираа пред зградата на Министерството за дигитални работи во Полска, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција (AI) и заштита на човечките работни места. Протестот го организираше организацијата „Демократизам „Democratism“ и нејзиниот „човечки лидер“ Гжегож Кулис. Наместо револтирани граѓани, пред државната институција се појавија напредни ...

Лидерите на најголемите платформи за вештачка интелигенција во светот рекоа дека е време да се забави темпото на развој на нивните најнапредни – и најпрофитабилни – модели, наведувајќи ги ескалирачките ризици од технологијата, извести Лос Анџелес Тајмс. Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, објави долг блог пост во саботата велејќи дека неговата компанија ќе имплементира нови безбедносни чекори како што се евалуатори од ...

Говорејќи на отворањето на 63. сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк оцени дека брзиот развој на ВИ отвора сериозни прашања за човековите права, приватноста и контролата врз технологијата. Само неколку луѓе денес имаат речиси неограничена моќ над развојот на вештачката интелигенција, предупреди Турк. „Неколкумина мажи имаат речиси неограничена моќ над ВИ“, ...

Огромните инвестиции на технолошките гиганти во изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција имаат позитивен ефект врз широк спектар компании и нивните акции, што му помогна на индексот S&P 500 да се зголеми повеќе од двојно од почетокот на растечкиот пазар во октомври 2022 година. На Волстрит внимателно се следат какви било знаци дека ваквото трошење, кое во 2026 година се очекува да достигне речиси 800 милијарди долари, ...

Научници успеаја да го претворат во звук драматичниот настан во кој пред околу 41.000 години дошло до големи промени во магнетното поле на Земјата. Користејќи податоци од сателитската мисија „Swarm“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), во комбинација со геолошки записи од древни карпи и седименти, истражувачите реконструирале како изгледал таканаречениот Лашампски настан, односно привремениот пресврт на магнетното поле. За звукот да биде ...

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава откри дека К-поп ѕвездата ТОП и диџејот Стив Аоки ќе биде меѓу осумте патници што планира да ги однесе на пат околу Месечината следната година со една од ракетите „Спејс икс“ на Илон Маск. Маезава ги купил сите места на првото патување на Месечината, на кое се работи од 2018 година и кое ќе следи по неговото патување со леталото „Сојуз“ до Меѓународната вселенска станица (ИСС) на 12-дневен престој минатата ...

Иднината на патувањето е со дигитални пасоши и доколку пилот-проектот што моментално го спроведува Финска се покаже како успешен, веројатно ќе стане практика во сите земји од Европската Унија. Финска е првата земја во светот која во моментов тестира дигитално патување. Сите Финци на летовите на „Финер“ кои патуваа за Лондон, Манчестер и Единбург, деновиве можеа да го тестираат својот дигитален патен документ, пишува веб-страницата „Шенген ...

Корекцијата на пазарот поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), растот на приносите од обврзниците и сајбер-заканите се три клучни ризици за светските финансии, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот Извештај за глобална финансиска стабилност, кој е презентиран на годишните состаноци на ММФ во Бангкок, Тајланд. ММФ посебно ги потенцира разочарувачките резултати од инвестициите во ВИ кои би можеле да предизвикаат ...

Во ерата на вештачката интелигенција, работодавачите сè повеќе ги вреднуваат љубопитноста, приспособливоста, критичкото размислување и способноста за проценка на резултатите што ги генерираат алатките за ВИ, додека конкретните технолошки знаења сè побрзо се менуваат, наведуваат раководителите за човечки ресурси и развој на таленти. Извршниот директор на платформата за вработување Гринхаус, Даниел Чејт, оцени дека поради брзите промени на ...

Американската технолошка компанија Anthropic, која развива вештачка интелигенција и стои зад познатиот асистент за вештачка интелигенција Клод (Claude) објави дека за неколку месеци помалите модели на вештачка интелигенција (ВИ) би можеле да станат способни независно да се шират на уреди поврзани на интернет, како што се смарт шпорети и телевизори со Андроид. Во експериментите, компанијата провери дали моделите на ВИ можат да пронајдат уреди ...

Бесмртната медуза која ги препишува законите на биологијата Во океанските длабочини живее суштество кое го пронашло рецептот за вечна младост. Малата медуза Turritopsis dohrnii е единственото познато животно што може да го сврти процесот на стареење наназад и да се врати во својата најрана младешка фаза кога животот и е во опасност. Истражувањата на морскиот биолог Марија Милиета од Универзитетот A&M во Тексас покажуваат дека дури и кога ...

Нејзината теорија за потеклото на животот беше одбиена 15 пати, а денес науката докажа дека била во право Американската биолошка научничка Лин Маргулис остави трага со откритија што денес ги прифаќаме како општо познати вистини. Во време кога класичните догми на дарвинизмот ја гледаа еволуцијата главно како сурова борба и истребување, таа тврдеше нешто сосема поинакво: дека соработката и симбиозата се меѓу најсилните двигатели на животот. ...

Cloudflare оствари приходи од 782,5 милиони долари во третиот квартал од 2026 година, објави компанијата на 5 ноември. Приходите се зголемени за 39 проценти во споредба со истиот период од минатата година. Нето-загубата изнесува 34,1 милион долари, наспроти 1,3 милиони претходната година. Оперативната загуба според стандардните сметководствени правила достигнала 67,9 милиони долари, во споредба со 37,5 милиони. За последниот квартал од ...

Од одржување на свежината на намирниците набавени за неделата, па сè до олеснување на чистењето во кујната – домашните апарати на Samsung покажуваат како може да се пронајде вредност во секојдневието. Ново истражување укажува на тоа дека она што ја оправдува една набавка не се сведува само на цената на касата; доверливоста, трошоците за користење и секојдневната практичност се клучните фактори преку кои Европејците ја дефинираат вредноста. ...

Продажбата на паметни телефони во светот забележала значителен пад во третиот квартал од 2026 година, достигнувајќи го најниското ниво за овој период од 2012 година, покажуваат податоците на „Каунтерпоинт рисрч“. Според анализата, во периодот јули-септември биле продадени 20 отсто помалку паметни телефони во споредба со истиот квартал минатата година. Како главна причина за падот се наведува недостигот на мемориски компоненти, особено ...

Суд во Франкфурт утврди дека Google дошол до снимки за своите онлајн-мапи преку „шпионирање“, бидејќи сопствениците на имоти не биле однапред известени дека сателити ќе ги фотографираат нивните домови. Снимки од воздух на станбени објекти во Германија не смеат да бидат објавени на Google Maps доколку сопственикот се спротивстави на тоа. Ова е пресудата на еден германски суд, кој одлучи во корист на сопственик на имот што го тужеше ...

Марк Цукерберг, основач и извршен директор на американскиот гигант за социјални медиуми „Мета“, ги отфрли повиците компаниите за вештачка интелигенција колективно да го забават развојот на сè помоќни системи, објави NBC News. „Не мислам дека ни е потребна некаква координација на ниво на целата индустрија. Мислам дека секоја лабораторија треба да одвои доволно време и, кога ќе забележи проблеми, едноставно да одвои онолку време колку што е ...

Meta одлучи да отстрани контроверзна одредба од своите услови за користење што предизвика загриженост во врска со собирањето содржини за обука на вештачка интелигенција. Meta неодамна ги ажурираше своите комерцијални услови за користење, наведувајќи дека компанијата може „да користи која било содржина од домените, веб-страниците или URL-адресите [на деловна сметка] за да обезбеди, развива, подобрува, истражува, обучува и одржува интегритет“ ...

ОпенАИ, компанијата која го развива Чат ГПТ, ја суспендираше работата со своите најнапредни модели на вештачка интелигенција, откако еден од системите ги заобиколил ограничувањата за пристап до интернет за време на тестирањето и контактирал со надворешен четбот. Моделот не требало да има пристап до интернет, но пронашол и искористил слабост во мрежните контроли на околината за тестирање, предизвикана од неефикасно филтрирање на DNS, соопшти ...

Сателитскиот интернет, како што е Starlink, овозможува пристап до мрежата на локации каде што кабелскиот или мобилниот интернет не се достапни. Сепак, оваа услуга не е достапна насекаде. Земјите што ја забрануваат или не дозволуваат употребата на Starlink вклучуваат Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија, Сирија и Авганистан. Ограничувања или регулаторни пречки постојат и во Иран, Јужна Африка, Индија, Намибија, Ангола и Египет, пренесува ...

Првата во светот забрана за користење на социјалните мрежи за тинејџери, воведена во Австралија, е „лошо осмислена“ и претставува „сериозно ограничување на политичкиот дискурс“. Ова го изјави адвокат на Reddit пред Високиот суд, во рамките на првиот правен предизвик против овој закон, пренесува Ројтерс. Reddit, заедно со едно либертаријанско здружение, поднесе тужба до судот барајќи укинување на законот, кој им забранува на големите платформи ...

Четворица астронаути денеска се вратија на Земјата по осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС). Меѓу нив е и француската астронаутка Софи Адено, која со 235 дена поминати на Меѓународната вселенска станица постави рекорд по должина на непрекинат престој во орбитата меѓу европските астронаути. Адено, заедно со уште тројца членови на екипажот, еден руски и двајца американски космонаути, слета во капсула која околу 17:30 ...

Висината на Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа, е зголемена за речиси два метри во споредба со 2023 година и сега изнесува 4.807,47 метри. Оваа надморска височина е блиска до историската вредност забележана кон крајот на 19-тиот век, според стручните геодети од францускиот департман Горна Савоја, кои редовно ја мерат висината на врвот уште од 2001 година. Сепак, тие повикуваат на претпазливост и истакнуваат дека ова поединечно мерење ...

Capcom ID останува достапен за користење, но корисниците може да добиваат зголемен број на лажни „фишинг“ (phishing) е-пораки. Корисниците на Capcom ID треба да бидат претпазливи во однос на „фишинг“ мејловите, откако Capcom потврди дека дошло до масовно протекување на податоци, кое засегнало над 11,7 милиони корисници. Претходно, компанијата за видеоигри објави дека нејзиниот онлајн сервис за членство бил изложен на „неовластен пристап од ...

Alibaba вели дека отворањето на кодот драстично ги намалува трошоците и им овозможува на помалите компании да ја развиваат својата вештачка интелигенција. Само преку отворен код вештачката интелигенција може да стане широко достапна, а само преку нејзината широка примена можеме да создадеме одржлива и инклузивна интелигентна ера, според кинеската технолошка компанија Alibaba. Претседателот на компанијата Alibaba Group Holding, Џо Цаи, укажа ...

Ново истражување укажува на претходно недоволно истражен механизам преку кој микропластиката може да му наштети на здравјето на луѓето и на животната средина. Научниците открија дека ситните пластични фрагменти во водата можат спонтано да генерираат слободни радикали – високо реактивни молекули способни да ги оштетат клетките. Микропластиката често се смета за релативно хемиски инертна; сепак, нова студија објавена во списанието Nature ја ...

Развиена е технологија за прочистување на воздухот во возилата, која ги отстранува ситните честички од околниот воздух за време на возењето и ги собира честичките што настануваат од абењето на сопирачките, пред тие да се ослободат во средината. Оваа технологија ја користи постоечката структура на возилото за да го прочисти воздухот покрај патот и да ги собере честичките од сопирачките директно на изворот. Како клучно истражувачко достигнување ...

Полесен е од вашиот телефон, лесно го собира во џеб, а сепак ги поседува сите копчиња што ви се потребни. Xbox го најави „Nano Controller“ – најмалиот контролер што компанијата некогаш го создала. Тој е наменет за деца, гејмери со помали дланки и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи приближно 99 грама. И покрај неговата големина, Xbox не отстранил ниту една контрола. На ...

Обожавателите на популарната серија видеоигри Grand Theft Auto ги делат само две недели од објавувањето на новото продолжение, кое го чекаа речиси една деценија. Тоа е најскапата игра во историјата на гејминг индустријата. Серијата им овозможува на играчите да станат гангстери: да пукаат со различно оружје и да крадат, возат и кршат автомобили низ фиктивни американски градови. GTA VI пристигнува тринаесет години по својот претходник и се ...

Претходното издание на Football Manager не помина најдобро, па затоа Sports Interactive овојпат одлучија малку да ги почестат фановите. Пред да одлучите дали да ја купите играта, ќе можете бесплатно да ја испробате Football Manager 27 на компјутер (PC и Mac) во периодот од 29 октомври до 3 ноември оваа година. Поточно, почнувајќи од 29 октомври во 20:00 часот (по локално време), па во текот на следните пет дена, FM27 ќе биде бесплатна за ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87