Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Единствената врска на Земјата со Венера е прекината. Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA) официјално го прогласи своето вселенско летало Akatsuki за „мртво“, повеќе од една година откако го изгуби контактот. Со ова официјално се запираат операциите, бидејќи агенцијата процени дека шансите за враќање на сондата се минимални, пишува Futurism. Лансирано во 2010 година, леталото Akatsuki имаше задача да го проучува времето на ...
Научниците го открија најстариот познат примерок воздух на Земјата, заробен во древен мраз од Антарктикот, кој датира од пред околу 6 милиони години. Откритието, објавено во престижно научно списание, дава непроценливи податоци за климата и атмосферата од времето кога нивоата на јаглерод диоксид биле слични на денешното, но планетата била значително потопла. Според истражувањето кое го објави „Саенс алерт“ (ScienceAlert), тим од меѓународни ...
Новиот систем Motorway Assistant на BMW доби регулатива DCAS од ООН, со што стана првиот германски производител со такво одобрение. Ова овозможува легално возење без раце до 130 km/h во бројни земји. Додека Mercedes-Benz се фокусира на развој на S-Класа која нема да има потреба од возач, нивниот главен ривал BMW стана првиот германски автомобилски производител што добил официјално одобрение за новата регулатива на ООН за системи за помош при ...
Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината ќе изгледа малку поголема и посветла од вообичаеното, обезбедувајќи единствена глетка на ноќното небо, пишува Euronews. Што точно е супермесечина? Терминот „супермесечина“ го опишува моментот кога полната Месечина се совпаѓа со ...
Се повеќе американски сојузни држави воведуваат закони кои бараат јасно обележување на користењето на вештачка интелигенција. Идејата за право да се „исклучи“ вештачката интелигенција добива сѐ поголемо значење низ Соединетите Држави. По години во кои AI алатките незабележливо влегоа во секојдневниот живот — од пребарување на интернет до создавање содржина — одредени држави сега бараат употребата на вештачка интелигенција јасно да се ...
Motorola Edge 70 донесува невообичаено голема батерија во ултратенко куќиште од само 5,99 mm, со премиум изработка и долгорочна софтверска поддршка. Motorola официјално го лансираше новиот Edge 70 на европскиот пазар, таргетирајќи го сегментот на ултратенки телефони каде моментално доминираат iPhone Air и Samsung Galaxy S25 Edge. За разлика од конкурентите кои правеа компромиси со батеријата, Motorola се обидува да ги промени правилата на ...
Ново истражување открива кој табор е побезбеден кога станува збор за фишинг и измами. Кога ќе бидат прашани кој е побезбеден, Android или iOS, повеќето корисници инстинктивно ќе се согласат со Apple. Екосистемот „оградена градина“ често се наведува како причина зошто iPhone-ите се побезбедни од Android телефоните. Сепак, новото истражување покажува дека работите не се толку едноставни. Во една важна област, Android телефоните се всушност ...
Ако некому му требаше потсетник колку клучна стана Кина за глобалната автомобилска индустрија, само погледнете го партнерството помеѓу „Volkswagen“ и „Xpeng“. Партнерството беше најавено минатата година и ќе се фокусира на нови електрични архитектури кои ќе поддржат широк спектар на идни модели – од чисто електрични возила до хибриди и конвенционални мотори. Резултатите од соработката се веќе видливи. Еден од првите заеднички проекти е новиот ...
„Apple“ сè уште планира да издаде подобрена и освежена верзија на асистентот „Siri AI“ во март следната година, со лансирање на нов дисплеј за паметен дом кој ќе има основа за звучник и опција за монтирање на ѕид. Покрај тоа, наскоро официјално пристигнува нова верзија на „Apple TV“ и „HomePod mini“ и ќе служи како демонстрација на претстојните функции на „Siri“ и „Apple Intelligence“. Според најновите информации, новата верзија на асистентот ...
Следејќи го примерот на Android телефоните, се чини дека Android Auto се подготвува да воведе виџети на почетниот екран. Оваа нова функција ќе им овозможи на корисниците да додаваат виџети од своите мобилни апликации директно на интерфејсот на Android Auto. Функцијата е со кодно име Earth и сè уште е во развој, но страницата на Android Authority успеа да ја активира. Моментално, Android Auto веќе овозможува вклучување на „Таскбар со виџети“ ...
Microsoft ја воведува можноста за споделување звук во Windows 11, што ќе овозможи емитување на аудио на два пара безжични слушалки, звучници, слушалки за во уво или слушни апарати. Функцијата е развиена користејќи го аудио-кодекот Bluetooth Low Energy (LE) и е достапна за Windows 11 Insider корисниците во Dev и Beta каналите. Споделувањето звук е корисно ако гледате филм на лаптоп со пријател или член на семејството или едноставно сакате да ...
Во последните неколку недели, на топ-листите на „Billboard“ речиси секоја недела се појавува барем еден "AI" изведувач. Најпознат пример е „Xania Monet“, која влезе во историјата како првиот виртуелен изведувач на радио-листата и предизвика вистинска лавина реакции. Музичката индустрија сега отворено дебатира за правилата, обележувањето и границата помеѓу „алатка“ и „автор“. Според „Forbes“, податоците од „Billboard“ покажуваат дека на ...
Овој „космички лилјак“ е оддалечен околу 10.000 светлосни години од нас и лета помеѓу јужните соѕвездија Циркус и Норма. Протегајќи се на површина од небото еквивалентна на големината на четири полни месечини, се чини како да се обидува да ја лови светлечката точка над себе за храна. Ова маглина е ѕвездена колевка, огромен облак гас и прашина од кој се раѓаат ѕвездите. Новородените ѕвезди во неа ослободуваат доволно енергија за да ги ...
Кога тим составен од клучните девелопери зад легендарниот серијал Burnout ќе најави нова игра, очекувањата на гејминг заедницата стануваат искчлучително големи. Wreckreation, најновиот и најамбициозен проект на студиото Three Fields Entertainment е аркадна тркачка игра која се залага духовно да го воскресне целиот жанр. Дали успева во реализирање на таквата импресивна амбиција или пак само создава носталгичен данок кој е претежок за плаќање? ...
Во Лиујанг, светската престолнина на огнометите, Кина испиша историја со најголемиот синхронизиран спектакл со дронови досега, заменувајќи го барутот со софтвер и поставувајќи два Гинисови рекорди. Кина ја замени хемиската магија на огнометите со дигитално програмирана светлосна кореографија. Според пишувањето на порталот TechRadar, Лиујанг, град познат како светска престолнина на огнометите, го исполни своето небо со огромен број дронови. На ...
Кинеските флегшип смартфони пристигнуваат на пазарот порано од вообичаено, а сега на ред е Oppo со моделите Find X9 и Find X9 Pro Oppo пред неколку недели ја претстави својата нова серија премиум смартфони, која моментално ги содржи моделите Find X9 и Find X9 Pro. Иако првично стануваше збор за претставување во Кина без многу официјални најави дека уредите ќе стигнат на глобалниот пазар, тоа брзо се смени, што значи дека флегшипите на Oppo ќе ...
Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата и технологијата на поврзување. Според информациите на познатиот инсајдер Digital Chat Station, објавени на кинеската мрежа Weibo, неколку водечки производители се подготвуваат за претставување на нови сертифицирани уреди во Кина, меѓу кои е и најочекуваниот модел на Xiaomi. Две верзии со напредни ...
Како што се приближува крајот на годината, се повеќе гласини има за новите модели Galaxy S26. Најновите гласини велат дека секој модел ќе добие надградба на камерата и поголема батерија Сите модели од претстојната водечка серија на Samsung Galaxy S26 би можеле да добијат значителни надградби на камерата и батеријата. Најскапиот модел во серијата, Galaxy S26 Ultra, наводно ќе го задржи 6,9-инчниот M14 OLED дисплеј, но со нова функција за ...
Досега најдеталната радио-слика од јужниот дел на Млечниот Пат, создадена во Австралија, нуди нов увид во еволуцијата на ѕвездите — од нивното формирање во „ѕвездени јасли“ до остатоци од супернова. Астрономи од австралискиот Меѓународен центар за истражување во радиоастрономијата (ICRAR) ја создадоа најголемата досега составена нискофреквентна радио-слика во боја на Млечниот Пат. Спектакуларната нова фотографија нуди поглед на нашата ...
Серијалот Avernum има импресивно долго присуство во гејмерската индустрија, со длабоки корени во cRPG жанрот кои датираат уште од 1994 година – тема за која нашироко разговаравме и со самиот автор на играта. Avernum 4: Greed and Glory го означува триумфалното враќање на оваа сага, служејќи истовремено како римејк на оригиналната игра од 2005 година и како почеток на новата Great Trials трилогија. Доколку сте подготвени целосно да ѝ се ...
Резултатите од истражувањето од телескопот Џејмс Веб откриваат дека меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, посетител од друг ѕвезден систем, е длабоко изменета по милијарди години бомбардирање од галактички космички зраци. Поради ова, обвивката на кометата, дебела од 15 до 20 метри, повеќе не личи на оригиналниот материјал од матичниот ѕвезден систем на кометата, што претставува вистинска „промена на парадигмата“ во проучувањето на ваквите објекти. ...
Научници развија камера со неверојатно брза експозиција, која во трилионитиот дел од секундата го открива движењето на атомите и хаотичните промени во материјалите. Брзината на затворачот кај најдобрите дигитални фотоапарати денес изнесува околу четириилјадити делови од секундата. Но, за да се „улови“ движењето на атомите, потребен е затворач кој работи незамисливо побрзо. Тим научници од Универзитетот Колумбија во 2023 година претстави ...
Nintendo штотуку објави необична видео игра на виртуелната конзола SNES која претходно беше ексклузивна за Јапонија. Играта со едноставен наслов Mario & Wario содржи „point-and-click“ механика што го следи водоводџијата во потрага по неговиот брат откако неговиот двојник му спушта кофа на главата. Тоа е целиот заплет. Играчите го водат Марио, со кофа на главата, низ 100 нивоа, секое исполнето со загатки. Оригиналната игра беше ...
Најновиот Google Pixel Watch 4 крие изненадување кое ќе ги воодушеви сите љубители на технологијата и „направи сам“ поправките. Според анализата на познатиот портал iFixit, новиот паметен часовник од понудата на Google доби оценка од 9 од 10 за поправливост, што е реткост меѓу современите гаџети. За разлика од претходните модели, Pixel Watch 4 повеќе не користи лепак за поврзување на клучните делови. Наместо тоа, има завртки и гумени ...
Откако ја објави својата намера да произведе XR уред во 2023 година и го откри дизајнот и наменетата употреба на слушалките во 2024 година, заедно со најавата за Android XR, Samsung сподели многу малку детали за „Проектот Moohan“. Тоа би требало да се промени, според новите информации, кои детално ги опишуваат не само спецификациите на новите слушалки на Samsung, туку и нивното конечно име и новите додатоци за контролерот пред наводното ...
Некои уживаат во бучната возење низ тунели, додека други тоа воопшто не го сакаат. Porsche смисли и патентираше апликација за своите автомобили која ги покрива двете опции. Еве за што станува збор. Замислете дека возите низ тунел, со спуштени прозорци, моторот рика, а вртежите одекнуваат од ѕидовите. Некои ентузијасти-возачи живеат за вакви искуства, а Porsche сега би можел да го автоматизира целиот тој доживеј. Porsche изработи патент, ...
News Tower е длабока економска симулација која мајсторски спојува комплексни наративни избори. Доколку ѝ пружите шанса на играта на независното студио Sparrow Night, ќе навлезете во турбулентните 1930-ти години во Њујорк и ќе изградите сопствена медиумска империја од нула. По успешниот период во раниот пристап на Steam, тимот се подготвува за официјалното издание на верзијата 1.0 во ноември 2025. За да дознаеме повеќе за инспирацијата, ...
Samsung го подготвува Galaxy Z Fold8 со потенок дизајн, поголема батерија и можен повраток на S Pen пенкалото, додека Apple наводно го финализира својот прв преклопен iPhone. Првиот преклопен iPhone на Apple наводно би можел да се појави во 2026 година, а според извештаите, Samsung се подготвува сериозно да му парира. Според информациите на јужнокорејскиот портал Dealsite, следниот Galaxy Z Fold8 ќе донесе бројни измени кои треба да ги ...
Од хоби на двајца програмери до глобален феномен: Како Инстаграм го промени начинот на кој гледаме на светот и создаде нова ера на визуелна комуникација Од апликација за љубители на филтри до зделка вредна милијарда долари со Facebook — Instagram го минал патот од стартап за љубители на филтри до светска културна платформа. Оваа социјална мрежа слави 15 години постоење, па се навраќаме на тоа како настана, кој ја измисли и зошто сѐ уште ги ...
Сте слушнале ли за квантна музика? Јапонски научници направија веб-апликација преку која ќе можете да слушнете како звучат законите на квантниот свет Научници од Универзитетот Кобе во Јапонија создадоа револуционерна веб-апликација што спојува музика, квантна физика и теорија на игри. Со оваа апликација, комплексните формули се претвораат во жив музички дијалог, налик на џез-импровизација. За првпат, може буквално да се чуе како законите на ...