Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека денес, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот совет. На оваа седница се разговараше опширно за актуелните политички случувања во земјата, односите и релациите со другите политички партии, како и за најавената средба на политичките лидери. Генералниот совет, со целосен консензус, донесе одлука претседателот Али Ахмети да учествува на средбата на ...

На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците се одржа лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која се разговараше за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. ...

По повеќе од три часа, заврши лидерската средба, на која точно напладне во Клубот на пратеници седнаа само петмина политичари. Освен Мицкоски (како претставник на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ), таму беа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Билал Касами; а од опозицијата лидерите на ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Во продолжение проследете ги изјавите на лидерите: По повеќе од три часа, ...

По речиси три часа дебата, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. Иако на масата седнаа речиси сите релевантни политички лидери, вклучувајќи ги Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се појави, со што најголемата опозициска партија остана надвор од разговорите за клучните реформи. На средбата се дискутираше за: Укинување на техничката ...

Резиме Техничката влада, реформската агенда, измените на Изборниот законик, но и на Законот за прекршоци, како и изборот на новиот народен правобранител, попладнево се најдоа на маса меѓу партиските лидери кои се сретнаа во Клубот на пратеници. Средбата која ја иницираше премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, помина во конструктивна атмосфера – оценија политичарите во изјавите за медиумите. На средбата која траеше три часа, како што и ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по денешната лидерска средба ја оцени средбата како „изненадувачки, за првпат конструктивна“, посочувајќи дека е постигната начелна согласност до крајот на пролетта, односно до јуни, да се донесе нов Изборен законик. Според него, на состанокот се разговарало за повеќе модалитети на изборниот модел, меѓу кои и воведување една изборна единица, со или без изборен цензус, како и дилемата околу отворени или ...

Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во синоќешната емисија Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за лидерската средба која се одржа вчера, и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДС, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што кажа тој, местото на лидерот на опозициска СДС беше исто така на таа маса, затоа што во државата е ...