Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска го заврши својот пат кон најпрестижната филмска награда. Иако филмските кругови му предвидуваа светла иднина и важеше за сериозен кандидат, Американската академија за филмска уметност и наука не го вброи меѓу 15-те остварувања кои продолжуваат во финалната трка за Оскар. Со објавувањето на листата за потесен избор (shortlist), официјално заврши оваа фаза од ...
Многу сум среќна што сум овде и што ги гледам овие луѓе на едно место, по една многу интензивна кампања. Ова ми е омилениот настан во овие два месеци, рече Тамара Котевска на средбата со новинари и колеги кои ја дочекаа по нејзиното враќање од Франција во Скопје, организиран по повод објавувањето на потесните листи со кандидати за „Оскар“ од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, на кои, за жал, „Приказната за ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска нема да продолжи во трката за номинација за 98. доделување на „Оскарите“, откако не се најде меѓу 15-те документарци во потесниот избор што Американската академија за филмски уметности и науки го објави вчера. Иако бројни светски медиуми го вбројуваа филмот меѓу сериозните кандидати за номинација, Котевска порачува дека разочарување нема. „Среќна сум што една македонска ...
Иако не се најде ниту во категоријата за најдобар интернационален филм ниту за најдобар документарен филм на кратките листи со кандидати за „Оскар“ на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, како што изјави Тамара Котевска, сепак, филмот „Приказната за Силјан“ и понатаму ќе има огромни успеси на својот пат. Позитивна и насмеана, младата македонска режисерка вчера во Скопје најави дека наскоро ќе може да биде организирана и ...
Прогнозите за „Приказната за Силјан“, наградуваниот документарен филм на Тамара Котевска, еден од авторите на „Медена земја“, сепак не се остварија. Документарниот филм не влезе во топ 15-те филмови во оскаровската трка. „Приказната за Силјан” на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и ...

