Во време кога на пазарите расте загриженоста дали огромните средства вложени во вештачката интелигенција некогаш ќе се исплатат, цената на ВИ токените - основната единица според која се наплаќа користењето на овие модели - постепено се намалува. Индексот Silicon Data LLM Token Expenditure, кој го следи износот што корисниците го плаќаат за токени при користење на модели со вештачка интелигенција, е намален за речиси 20 отсто во однос на ...

Јапонскиот технолошки конгломерат „Panasonic Holdings Corp“ повторно го привлекува вниманието на инвеститорите благодарение на растот на вештачката интелигенција (ВИ), објави „Bloomberg“. Побарувачката за производи што ја поддржуваат инфраструктурата за ВИ, вклучувајќи електронски компоненти, материјали за плочки и батерии за складирање енергија што се користат во центрите за податоци, ги зголеми акциите на „Panasonic“ во оваа година, давајќи ...

Вештачката интелигенција сè повеќе преминува од теорија во реална деловна примена, па така прашањето повеќе не е дали компаниите треба да размислуваат за ВИ, туку како да ја изградат својата стратегија околу неа. Токму со цел да ја отвори оваа дебата меѓу носителите на одлуки, компанијата CrazyLabs на 14 јули организира ексклузивниот настан “Crazy for AI: Executive Edition”, наменет за основачи, извршни директори, членови на управни одбори и ...

На социјалните мрежи циркулира лажен оглас во кој, со помош на вештачка интелигенција, се злоупотребуваат ликовите и гласовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и министерот за економија, Синиша Малог. На граѓаните им се ветува лесна заработка, но само кога ќе платат 210 евра, пренесуваат српските медиуми. Во тоа видео со вештачка интелигенција, исто така, се наведува дека по плаќањето на таа сума за еден час, првите пари се ...

Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) ги предупреди родителите да бидат внимателни кога објавуваат фотографии од своите деца на интернет, бидејќи тие би можеле да бидат злоупотребени за создавање сексуално експлицитен материјал со употреба на вештачка интелигенција (ВИ). NCA и Фондацијата за надзор на интернет (IWF) објавија нови упатства насочени кон заштита на децата од зголемената злоупотреба на ВИ технологијата. ...

Малите Nokia телефони, популарно нарекувани „цигли“, се враќаат во 2026 година со препознатливиот дизајн, но и со нови функции, меѓу кои и поддршка за вештачка интелигенција. Компанијата HMD сè уште изгледа не може целосно да одлучи во која насока ќе го развива своето портфолио – дали ќе се фокусира на паметни телефони под сопствениот бренд HMD или на класични мобилни телефони. Дополнително, останува нејасно и каква ќе биде иднината на ...

Првиот глобален дијалог за управување со вештачката интелигенција свечено беше отворен денеска во Женева, а генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, истакна дека на интернетот му биле потребни дури 15 години за да достигне милијарда корисници, додека ВИ го постигнала тоа за само две години, што е показател за тоа колку таа денес го менува и го обликува светот. – Прашањето е дали заедно ќе ја обликуваме таа трансформација ...