Браво, навистина убав, прекрасен гест на ФК Пелистер. Имено попчаднево прволигашот од Битола и официјално потврди дека приходот од билетите од дербито со Вардар, ќе оди кај семејствата на трагично загинатите во страшната трагедија во Кочани. „ ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги ...

Над 54 милиони денари се собрани досега преку Црвениот крст кои деновиве би требало да им бидат исплатени на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Во првата фаза ќе бидат исплатени 36 милиони денари, линеарно, по 150 000 денари за сите настрадани. Во другите фази пак, исплатата ќе се одвива по методологија утврдена од надлежни институции и стручни лица, вели генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити. Исплатата е ...

Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани преку Црвениот крст, во износ од по 150 000 денари. Заклучно со 22 март собрани се 51.822.579 денари преку Црвениот крст од каде денеска ќе ги соопштат преземаните активности и начинот на исплатата. Според последните информации од Министерството за здравство, од околу 200 повредени во трагедијата што се случи пред ...

Натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар кој ќе се одржи веднаш по репрезентативната пауза, ќе биде со хуманитарна цел. Од клубот во Битола објавија дека сите приходи од продажбата на билетите ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани. Според соопштението на ФК Пелистер, средствата од билетите за дуелот против Вардар, кој е дел од 25. коло, ќе одат за поддршка на семејствата на жртвите од трагичниот настан во дискотеката во Кочани. ...

Фудбалската федерација на Македонија најави дека целиот приход од билетите на мечот против Велс ќе одат за помош за настраданите во огромната трагедија во Кочани. Се очекува голема посетеност на првиот домашен натпревар во овој квалификациски циклус, кога повторно ќе биде оддадена почит за настраданите во трагедијата. На македонските фудбалери ќе им биде потребна поддршка од трибините, со надеж дека ќе успее да освои шест бода од првите два ...

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ брифираше дека целоупниот приход од продадените билети за дуелот против Велс кој се игра на 25 март, ќе биде наменет за настраданите во трагедијата во Кочани. „Целокупниот приход собран од дуелот против Велс, ќе биде наменет за настраданите во несреќата во Кочани“, категоричен беше Омерагиќ. Во изминативе неколку денови, ФФМ имаше неколку хуманитарни акции за настраданите во ...

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално објави дека приходот од продадените билети за дербито со Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во страшната трагедија во Кочани. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на ...

Новата рунда во Првата македонска фудбалска лига ни го носи дербито меѓу Пелистер и Вардар, меч кој носи еден хуман гест на клубот од Битола. Имено „зелено-белите“ ја информираа јавноста дека сите приходи од билетите од овој натпревар ќе бидат наменети за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани. Воедно клубот апелираше до навивачите, поддржувачите, љубителите на фудбалот да го исполнат стадионот и да дадат свој придонес во ...