Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Првиот тренинг во спуст за жени на Олимписките игри 2026 година во Кортина д'Ампецо е откажан, објави „Газета дело Спорт“. Организаторите одлучиле да го откажат денешниот тренинг поради обилни снежни врнежи. -Со оглед на времето, мислам дека дефинитивно ќе има одложувања или промени во следните неколку дена. Сигурна сум дека времето ќе биде прекрасно на денот на натпреварувањето, забележа Алис Робинсон од Нов Зеланд. Тренинзите се закажани за ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интербју за француската телевизџија „Франс 2“ изјави дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале 55.000 украински војници. - Во Украина, официјалниот број на војници убиени на бојното поле, без разлика дали се редовни или мобилизирани, е 55.000, истакна Зеленски. Тој додаде дека има голем број луѓе кои Украина ги смета за исчезнати. Претседателот на Украина, Володимир ...
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека истекувањето на Договорот Нов СТАРТ, со што се ограничуваше стратешки нуклеарниот арсенал на Русија и на САД, е мрачен момен за меѓународната безбедност и мир и ги повика Москва и Вашингтон што е можно побрзо да постигнат нов договор за контрола на оружјето за масовно уништување. Договорот Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty), кој го ограничуваше бројот на нуклеарни ...
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени. Претходно, во 19:50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во ...
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи триесет и седмата седница, на која, како што е наведено во донесената одлука, на дневен ред предвидени се повеќе точки, меѓу кои и записникот на Комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од јавниот обвинител Ленче Ристовска. Советот ќе одлучува и по два дисциплински предмети, а се очекува да се ...
Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите, од улица Струма во општина Карпош и дел од корисниците, на, Булевар „Јане Сандански“ бр. 30 во општина Аеродром. Како што соопшти Центар за управување со кризи без електрична енергија од 8:30 до 13:30 ке останат и дел од корисниците, на ул.8 и 11 Белимбегово во општина Илинден. Без струја утре од 9 до 11 часот ќе останат дел од потрошувачите, од улица Струма во општина Карпош ...
Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството. За денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На минатото рочиште ...
Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри утрово има на патниот правец Тетово – Скопје. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица), информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се ...
Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во посета македонија на средба со преставници од владата. На средбата бил координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Според соопштението, на средбата била изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за ...
Огнови, блокади и протести во повеќе градови низ државата поради конфискација на возила без возачка дозвола. Лица погодени од мерката за одземање возила без положен возачки испит протестираа во Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола и Ресен поради одземањето на нивните возила, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. Во Штип група на граѓани запалија гуми на улица, по што интервенираше ...
Сојузот на синдикатите на Македонија со Иницијатива до Собранието, се бара функционерите да си ги намалат нивните плати за 80 проценти и предлагаат основицата за пресметка на платите да важи како за сите останати, потсетувајќи го премиерот дека Владата е таа која што не го почитува Оптшиот колективен договор. Во пресрет на утрешниот состанок во Влада, синдикатот на УПОЗ потенцира дека ако има за едните мора да има и за другите, Раководството ...
Домашно производство на струја не значи автоматски и државна енергетска сигурност. Базната електрична енергија, според енергетичарите Константин Димитров и Дејан Димовски, мора да доаѓа од капацитети во сопственост на државата, додека приватните електрани работат исклучиво според пазарната логика и профитот. Тие коментираат дека приватните капацитети нема да обезбедуваат субвенционирана струја за граѓаните, како што тоа го прави ЕСМ, туку ...
Анкетната за Кочани но и за модуларната во Тетово и останатите несреќи која ја иницираше парламентарното мнозинство ќе се оддржи велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако Левица доставиле свои предлог член и заменик. Во краток разговор за ТВ 24 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ само кратко велат дека Лавица со тој чекор и дава легитимитет на оваа анкетна и истата ќе се одржи. Бојан Стојановски ВМРО-ДПМНЕ - Добро е што Левица ...
Обвинителството започна истрага за случајот „извоз на македонски мозоци во САД за научни цели“. Предметот ќе го води Обвинителството за организиран криминал и корупција „Земајќи ја во предвид обработката, замрзнувањете и меѓународниот транспорт на човечки ткива ќе се испитуваат сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело - кое се гони по службена должност, соопштија од Обвинителството ОЈО - Предметот е доставен на ...
Како е можно 5 тони марихуана да помината преку граница – низ филтерот на царината и полицијата ? На прашање на ТВ 24 премерот Христијан Мицскои воздржано возврати – да се почека истрагата . Христијан Мицкоски, премиер на Македонија - За петте тони дрога што завршија во Србија опозицијата имаше прашање до власта како е можно толкава количина дрога да премине преку граница? Од каде знаеме дека поминала од Македонија? Па така тие тврдат? Да се ...
Само 10% од жените биле опфатени со скрининг на рак на грло на матка. Иако болеста може да се спречи, во земјава годишно заболуваат околу 200 жени, а 40 ја губат битката со болеста. Државата не двои доволно пари за превенција, алармираат од граѓанските организации, од каде велат дека буџетот за превентивни програми со години стагнира. ЕССЕ - Анализите и искуствата од терен покажуваат дека превентивната здравствена заштита не е приоритет во ...
На обвинителна клупа струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов-денеска се одржа подготвително рочиште, а првото рочиште е закажано за 25 март со воведни зборови и произнесување на вина на обвинетите. За овој случај, обвинети се 10 физички и 14 правни лица- односно за даночна измама, злосторничко здружување, перење пари. Според Обвинителството, од 2019-2024 година, во поднесуваните даночни пријави неосновано било користено правото на влезен ДДВ. ...
Во Абу Даби нова рунда мировни преговори меѓу Украина, Русија и САД. На дневен ред територијалните прашања кои остануваат клучна пречка. По новите масовни руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски обвини дека Москва го прекршила енергетското примирје, што предизвикало прилагодувања во работата на украинската делегација. Тој очекува одговор од САД, оценувајќи дека Русија не ја разбира дипломатијата сериозно. Володимир Зеленски – ...
Нов генерален секретар и укинување на потпретседателите ова се можните промени кои Христијан Мицкоски не се исклучува да ги направи на ЦК во петок. Мицкоски според висок партиски функционер нов генерален секретар ќе бира меѓу пратеникот Драган Ковачки, акруелниот генерален секретар и пратеник Ѓорѓија Сајковски или директорот на СОЗР Ивица Томовски.Интересно е што Ковачки досега не се спомна, меѓу можните кандидидати за наследник на Сајковски, ...
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА УРИВА РЕКОРДИ: СКОРО МИЛИОН И ДВЕСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТЕНИ ДОБИВКИ САМО ВО ЈАНУАРИ! Јануари донесе празнична радост и постави рекордно ниво на добивки за играчите на ВЛТ. Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 72.586.111денари или скоро милион и двеста илјади евра, на играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026. Овие бројки се убав доказ за илјадници нови ...
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади на патот Битола – Ресен и во кочанско, каде што група граѓани протестираа во знак на револт поради правилата на системот „Безбеден град“. На дел од локациите граѓани вчера палеа гуми, отпад и дрва, блокирајќи ги коловозите во знак на протест поради ...
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во Собранието но и и до сите пратенички групи поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, барајќи итно и неодложно постапување. ССМ предлага основицата за пресметување на платите на пратениците и функционерите да биде минималната плата во државата, наместо просечната плата, како и намалување на ...
Граѓаните на Европската Унија се сè повеќе загрижени за безбедноста поради зголемените геополитички тензии и сакаат Унијата да дејствува обединето и амбициозно, покажува анкетата на Евробарометар објавена денеска. Повеќето граѓани се загрижени за конфликтите во близина на ЕУ (72 проценти), проследени од тероризмот (67 проценти), кибер нападите од земји надвор од ЕУ (66), природните катастрофи влошени од климатските промени (66) и ...
Главниот преговарач на Русија во разговорите со САД, Кирил Дмитриев денеска ги отфрли обвинувањата за вмешаност на руското разузнавање во скандалот со Џефри Епштајн. - Очајни, морално пропаднати, лажливи левичарски елити паничат и се обидуваат да заблудат. Светот е изморен од вашите лаги и ги гледа нивните вистински намери, објави Дмитриев на платформата Икс. Тој реагира откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека покојниот сексуален ...
Во следните денови се очекува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќва во југоисточните делови на земјата се очекуваат врнежи над 20 литри на квадратен метар. Во петок поинтензивни врнежи од дожд ќе има во крајните западни делови од државава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер. ...
Обвинителството оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава биле транспортирани за научноистражувачки цели во САД. Имајќи ја во предвид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за ...
Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе учествуваат на трилатералните преговори со Русија и Украина во Абу Даби, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Според неа, делегациите на САД, Украина и Русија „досега не беа во можност да седнат на преговарачка маса и да тргнат кон мир“. Таа оцени дека пратеникот Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, „го направил невозможното возможно“ кога станува ...
Американската администрација се согласи да одржи разговори со иранските претставници во Оман, а консултациите се очекува да се одржат на 6 февруари, објави Барак Равид, новинар за американскиот онлајн портал Аксиос, повикувајќи се на информирани извори. Според неговиот извор во една арапска земја, „се очекува нуклеарните разговори меѓу САД и Иран да се одржат во Оман в петок“. Според овие информации, „администрацијата на Трамп, на барање на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што започна во саботата, објави синоќа Ен-Би-Си. Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 „против“. Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада до крајот на ...