Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Веќе пет дена по ред жителите на скопската населба Серава се оставени без струја. Во знак на револт тие и денеска ја блокираа улицата позната како „Пластичарска“. Пред камера раскажуваат дека исклучувањето на струјата им го отежнува секојдневието најмногу на старите и изнемоштени лица и на децата. Велат дека иако редовно ги плаќаат сите сметки за струја сепак на ниските температури се оставени без греење па мора да се снаоѓаат на различни ...
Кој тоа ја анимира јавноста но и кој е виновен за зголемените цени на стујата случувањата со енергетскиот сектор , платите на работниците кои стагнираат . Пратеничките прашања во законодавниот дом денска ја подгрејаа атмосферата во собраниската сала на седницата откако лидерот на СДСМ од собраниската говорница дирекно го праша премиерот Мицкоски кој ќе понесе одговорност за сето ова и дали ова е дел од препишаното српско сценарио од ...
Во пресрет на новогодишните празници и на еден ден пред истекот на годината ќе се носи Законот за судски совет, кој во Собранието е на второ читање и во вторник треба да го помине собранискиот филтер. Како што најави Претседателот на Собранието, Африм Гаши со овој закон всушност треба да се комплетира составот на Судскиот совет. Во период кога јавноста очекува институционална јасност, а не административни паузи, вчера Судскиот совет ја одложи ...
Купишта смет, смрдеа, мрак, руина. Скопските подвозници и надвозници налик како сцени од хорор филм. Зоните за преминување наместо безбедност - на пешациите им носат страв и незигурност. Дел од нив не ги користат и се движат сред булевари - доведувајќи се во уште поголем ризик. Ваква е состојбата со децении. Властите како да дигнале раце од оваа собраќајна инфраструктура - која во некои делови на Скопје е закатанчена, па пешаците на диво ги ...
Борбата за стандардот и намалувањето на невработените лица на оваа Влада ѝ е еден од главните приоритети. Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции - германска, грчка и турска, со вредност од околу 110 до 120 милиони евра што ќе донесат повеќе од 1.500 нови вработувања, информираше попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието. - Веќе сме во фаза на потврда и конфирмација на три ...
Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои се бара прологирање на рокот за ДДВ од 18 проценти за прв купен стан денеска го поминаа собранискиот филтер на Комисијата за финансирање и буџет. Предлог-измените се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и со нив се бара прологирање на одредбата за зголемување на ДДВ од пет на 18 проценти од 1 јануари 2028 година. - Со законот ја одлагаме примената на одредбата која требаше да стапи ...
На денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше, Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката. Николов сведочеше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар. Тој објасни дека сервисот го работи од 2009 година, а објектот на дискотеката бил изнајмен во летото 2012 година, кога започнало неговото ...
Во товарно возило со струшки таблички вчера пронајдена е поголема количина пиротехнички средства без никаква документација. Возачот со иницијали Н.Р. и сопатникот И.Р. кој бил полициски службеник, изјавиле дека пиротехниката е на правно лице од Скопје, а при контролата во магацинот на тоа правни лице пронајдено е уште едно товарно возило со пиротехника. - Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, ...
Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Втората мерка која ја планираме, посочи тој, е Е-рецепт, кој во ...
Муамет Хоџа денес официјално стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, Хоџа, како што информират од МЖСПП, одржал работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во министерството, при што бил ...
Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа нагласи дека Министерството континуирано продолжува со спроведување на мерки против аерозагадувањето. Потенцира дека се спроведува Акцискиот план, кој е на сила од ноември 2025 година. -Министерството контринуирано продолжува со спроведување на сите мерки кои имаат иста цел – подобрување, односно заштита на амбиентот од загадување. Во тек е Акцискиот план кој се спроведува, ...
Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и да се позанимава многу подетално и многу повеќе со поднесените преку 100 кривични пријави од институциите што сега стојат во нечии фиоки во Обвинителството, тоа го очекувам од новиот државен јавен обвинител, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање. Како што напомена, „народот со право е жеден ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек. -Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со ...
Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста. Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски им се извини на граѓаните ...
Министерството за економија и труд активно работи на спроведување на реформската агенда и многу брзо ќе стигнеме во целосно исполнување на условите за добивање зелено светло од Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши одговарајќи на прашање на пратеничката Сања Лукаревска. Според него, пазарниот и трудовиот инспекторат во 2025 година направиле рекорден број контроли, односно за 25 отсто повеќе во однос на претходниот ...
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ресорната ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада денеска во 18 часот на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси. Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното ...
Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. напротив, Титан Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во Титан Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија. Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон Титан Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров изврши принудна измена со составот на ракометари кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство, откако на подготовките во Скопје се повреди кружниот напаѓач Валентин Карасманакис. Ракометарот на Алкалоид се здоби со скршеница на прстот на десната рака и ќе ги пропушти натпреварите на Европското првенство. На местото на повредениот Карасманакис е повикан ...
Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул. Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Божикното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше „нецивилизирано и полно горчина“, што, како што рече, сугерира дека тој е „ментално нестабилна личност“. „Видовме извештај за навистина бизарното божикно обраќање на Зеленски. Тоа е некултурно, огорчено и звучи како донекаде нестабилна личност“, изјави Песков за руските медиуми. Тој додаде дека Кремљ ја доведува во ...
Во украински ноќен напад со беспилотни летала, запалени се резервоари со нафтени деривати во пристанишниот град Темрјук, во јужниот руски регион Краснодар, соопштија денеска властите на градот на Азовското Море. Пожарот зафати површина од 2.000 квадратни метри во градот на полуостровот Таман, соопштија тие. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита работеа на локализирање на пожарот. Градот беше цел на сличен напад со беспилотни ...
СП преку соопштение ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. -Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, ...
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува опозициската партија на отчетност пред јавноста. Очекуваме антикорупцискиот тим на СДСМ сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчисти сите сомнежи и да ја информира јавноста – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Сега, кога постојат и јавни сведоштва за тоа, очекуваме СДСМ да излезе на прес конференција и да одговори пред македонската јавност дали е точно дека поранешниот претседател на оваа партија Зоран ...
Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на ...
Во мое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје. Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и поддршка, ...
Министерството за животна средина ги укина вонредните мерки во Скопје, Струмица и Кичево по падот на ПМ10 честичките под алармантниот праг. Иако загадувањето останува високо, промената на метеоролошките услови овозможи формално прекинување на рестрикциите, додека системските проблеми со греењето и индустријата продолжуваат да претставуваат долгорочен предизвик. Наглиот пад на загадувањето во Македонија во овој период најчесто се должи на ...
Припадници на римо-католичката црква и дел од православните верници денеска го слават раѓањето на Исус Христос, големиот празник Божиќ. Во својата честитка до монсињор Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според грегоријанскиот календар, претседателката Гордана Сиљановска Давкова напиша дека „празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме ...
Дирекцијата за заштита и спасување бара строго почитување на противпожарните мерки и забрана за пиротехника во затворени простории. Во пресрет на новогодишните и предновогодишните прослави, кога угостителските објекти се полни, а се организираат и бројни јавни забави, Дирекцијата за заштита и спасување упати јасен апел до сопствениците и организаторите строго да ги почитуваат безбедносните правила и противпожарните прописи. Надлежните ...