Обвинителите, судиите и адвокатите од Нови Сад ќе протестираат претпладнево пред судот во Нови Сад поради усвојувањето на пакет судски закони предложени од пратеникот на владејачката Српската напредна странка, Угљеша Мрдиќ. Пакетот судски закони предложени од Мрдиќ беше усвоен од страна на српскиот Парламент на 28 јануари, а објавени во Службен весник откако претседателот на Србија ги потпиша на 30 јануари, и покрај предупредувањата од ...

На патниот правец Удово - Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци - Валандово. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на ...

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето синоќа ја совлада Германија со 34:27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг. Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше ...

Македонската ракометна репрезентација Европското првенство го заврши на 14.место, а селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров во гостувањето во Македонската телевизија во специјалната емисија по повод финалето се осврна и на нашиот настап. - За да имаме подобри резултати потребно е да имаме селекција, која ќе биде физички подготвена за сите предизвици и за ритамот на играње на големо првенство, односно во клубовите да се работи и ...

Кошаркарите на Маџари остварија победа во последниот натпревар од 13.коло од МТЕЛ Супер лигата откако вечерва го совладаа МКК Куманово со 94:78. Ова беше четврта победа за Маџари на последните пет натпревари, додека кумановчани го претрпеа третиот пораз на последните четири натпревари. Домашниот тим имаше водство во текот на целиот натпревар, а гостите најблиску беа кога на почетокот на вториот период Маџари водеше со 32:31. Сепак избраниците ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 11.то финале на Австралија опен за првпат не успеа да го подигне победничкиот пехар. Во своето обраќање тој зборуваше за Карлос Алкараз, кој го освои својот прв трофеј во Мелбурн. - Честитки Карлос, неверојатни неколку недели. Најдобриот збор е: историско, легендарно. Ти посакувам се најдобро во кариерата, млад си и има уште време пред тебе. Благодарност и до мојот тим, пред сè за поддршката, изјави Ѓоковиќ. ...

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Тетово, премиерот рече дека очекува уште подобри резултати во периодот што следи. - Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за индустриското производство за декември. Повторно имаме раст на индустриското ...

Сојузот на синдикатите и работодавците да седнат на преговарачка маса и да се договорат за минималната плата. Она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој на средба со новинарите во Прилеп нагласува дека до тогаш важи постојната формула од трипартитниот договор од 2022 година. -Владата е за покачување на минималната плата, но врз база на реални параметри кои се ...

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Мајк Џонсон, денеска изјави дека верува дека има поддршка од пратениците од својата партија за да го прекине делумниот прекин на работата на владата. Во интервју за ТВ мрежата Ен-Би-Си, Џонсон изрази уверување дека ќе добие поддршка, но укажа дека логистички предизвик е сите пратеници да се доведат во Вашингтон на гласање во Претставничкиот дом поради проблемите со ...

Жителите на Костарика денеска гласаат на претседателски избори избирајќи меѓу продолжување на сегашната политика преку изборот на наследничката на досегашниот шеф на државата, конзервативниот популист Родриго Чавес, или давање нова шанса на партиите кои сакаат да се ослободат од имиџот на „самоуслужен естаблишмент“. Порастот на криминалот во оваа историски мирна централноамериканска земја во последните години би можел да биде одлучувачки ...

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање на стоки, услуги и обврски, соопшти Министерството за финансии на Бугарија. Според законот за воведување на еврото во Бугарија, цените на стоките и услугите и понатаму ќе бидат истакнати во двете валути до 8 август 2026 година, со цел да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулативни практики, јавија ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе и додаде дека одговорното однесување во сообраќајот покажува дека како општество можеме да направиме промена кога безбедноста е заедничка цел. - Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме ...

Од 20:20 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Стража е укината, по неполн час откако беше воведена вечерва на овој планински превој во двете насоки. Од 19.40 часот е укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с.Шипковица-Попова Шапка што беше воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег, соопшти АМСМ. ЈП Македонија пат информира дека врнежи ...

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, соопшти ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на ...

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери. Камерите автоматски ги детектираат прекршоците штом возилото ќе ја надмине ...

Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“. Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација. „Нашиот преговарачки тим ...

Камерите на безбеден град од денеска ги ловат сообраќајните прекршоци. Опомените се заменија со казни за непрописно паркирање, брзо возење, поминување на црвено и управување на возило со неважечка регистрација. Најмалата казна е 15 , а најголемата 500 евра МВР - За пречекорувања на брзина казните се движат од 10 до 300 евра. За поминување на црвено глобата изнесува 250 евра. За непрописно запирање и паркирање казните се движат од 25 до 180 ...

,Опозицијата најавува, власта негира – предвремените избори повторно на политичкиот дискурс во државата откако темата ја отвори претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Лидерот на СДСМ е дециден дека Владата нема да го заврши мандатот до 2028 година и очекува изборитеда се одржат до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Венко Филипче, претседател на СДСМ „Не можам да претпоставам, но мислам дека сигурно ќе има предвремени избори ...

Прекумерната и несоодветна употреба на антибиотици претставува сериозен здравствен предизвик во Македонија. Поради сè поголемата употреба на антибиотици па дури и тогаш кога нема потреба, сè почеста е "антибиотската резистенција" - состојба во која бактериите престануваат да реагираат на лекувањето. Ова значи дека инфекциите што некогаш се лекувале лесно може да станат долготрајни, посериозни или дури и опасни по живот .Антибиотската ...

Дијалогот меѓу сите засегнати страни е многу поважен од коментарите за тоа дали некој е на страната на власта или на опозицијата. Најважно е да се адресираат проблемите и власта да најде начин да ги реши. Вака комуникологот Бојан Кордалов во изјава за Телевизија 24 ги коментираше наративите кои се шират во јавоста од политичките партии дека синдикатите кои протестираат и бараат зголемување на минималната плата се поддржани од опозицијата. ...

Дислокација на Фабриката Усје не може да се случи од денес за утре. Доколку сите заеднички работиме ќе можеме да најдеме заедничко решение. Вака градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, одговори на новинарско прашање, прашан за тоа дали ќе се фокусираат на овој проблем по изгласаната иницијатива во Советот на Град Скопје за преместување на фабриката.Според него, поддршката за иницијативата од страна на советниците на град Скопје но и ...

Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово - Дебар, соопшти АМСМ. Претходно, како што соопшти ЈП „Македонија пат“, од 14.30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег. Забрана за сообраќај на камиони и автобуси од 9.20 часот е ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се намали бројот на прекршоци во сообраќајот со проектот „Безбеден град“ чија имплементација почнува од денеска со казнувањето за сторени сообраќајни прекршоци. Вели дека е зголемен прагот на толеранција за казнување, но дека како ќе се навикнуваат возачите, така ќе се вратиме на европските критериуми. - Го зголемивме прагот на толеранција, до 50 ќе биде 6 километри на час, над 50 девет километри на ...

Иван Драгниќ, еден од српските државјани кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија за пет тони марихуана, а за која сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во Скопје, односно е косопственик со уште тројца Срби, пишуваат српските медиуми. Станува збор за фирмата „Алфафарм Гроуп“ ДОО Скопје, која е основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра. Компанијата е регистрирана за одгледување и преработка на ...

Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз за првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен откако во финалето со 3:1 во сетови го совлада десеткратниот првак на турнирот Новак Ѓоковиќ. На церемонијата тој се обрати прво до српскиот тенисер. - Новак секако дека заслужува овации. Зборуваш дека правам неверојатни работи, но тоа што ти го правиш инспирира. Не само тенисерите, туку сите спортисти, сите луѓе на светот. За мене е чест да ја ...

Македонската Дејвис куп репрезентација се подготвува за првиот дуел во 2026 година против селекцијата на Кипар. Македонските тенисери се подготвуваат во Скопје, а ќе имаат и неколку дена подготовки и адаптирање и во Никозија. - По 20 години сме во повторно на едно повисоко ниво. Лани во Скопје постигнавме убав успех. Имаме добри тенисери, кои можат да играат за репрезентацијата. Секако проблем е што нашиот најдобар играч Калин Ивановски нема ...

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски оствари одличен резултат на митингот во Горзов, Полска. Тој го освои третото место со скок со должина од 7.82 метри. Митингот е со сребрена етикета од континенталните митинзи под покровителство на Европска атлетика со што Трајковски уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток на сезоната. Македонскиот атлетичар на новото ажурирање ќе напредува и на ...

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според ...

Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале 2618 пријави, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од конкурсите, нагласувајќи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот. -Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, ќе отворат простор за нови креативни изрази и ќе придонесат ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара. - Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
69%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.06
85%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.76
77%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.36
70%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
72%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
52%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Родиум

358480.82