Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. - Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот ...
Месецот февруари и оваа година ќе мине во знакот на осмото по ред издание на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Како што беше истакнато на денешата прес-конференција по повод кампањата, во месецот февруари што пациентите со ретки болести го викаат „свој“, ќе биде направен обид јавноста поблиску да биде запознаена со нови ретки дијагнози, секоја од нив проследена со соодветен текст, двојазично на македонски и на албански ...
Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјаtа Андраш Клајн, чиј фокус бил процесот на евроинтеграции. - Министерот Сали се фокусира на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Северна Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец село Лисец - Попова Шапка до 30 метри. На патниот правец Р-1302 Берово - Струмица, кај селоto Ратево, поради поголем одрон, сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци, кои поминуваат низ усеци и клисури, можна е појава на ...
Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат Иванка Василевска, заменик-шеф, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше изгласана резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Република Северна Македонија. Текстот на резолуцијата во име на мониторинг-комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија, од политичката група на социјалистите, и ...
Фондацијата „Фросина Кулакова“ ја одбележа својата прва јавна активност со донаторска вечер посветена на уметноста, солидарноста и јавната одговорност. Настанот собра уметници, културната јавност и граѓани, а делата од различни креативни области беа понудени на хуманитарна аукција. Средствата ќе се користат за психосоцијална и правна поддршка на семејства погодени од сообраќајни трагедии и за стипендирање на млади талентирани уметници. Во ...
Не може да одговара само апелацискиот судија Ѓоко Ристов, што е со Судечкиот совет, порача независниот експерт Ивана Петковска. Според неа, не може да одговара само Ристов. „Во апелација еден човек, еден глас. Значи, Ристов може да одговара само за себе, но да видиме дали ќе се прошири истрагата и за Судечкиот совет?!“ – вели Петковска. Таа додава дека Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) мора да презентира докази и ...
Доколку навистина парите најдени кај родителите на судијата Ѓоко Ристов се од продажба, тоа многу лесно се докажува, изјави во 24 Анализа адвокатот Јанаки Митровски. „Значи се знае редот - договор, нотар, трансакција, извештај од банка. Ако навистина парите се од продажба, тогаш многу лесно ќе се докаже. Но, што доколку ги немаат овие документи? Особено ако истрагата покаже дека има огромен имот судијата. И да го цитирам премиерот, иако тоа ...
Случајот на судијата Ѓоко Ристов, кај чии родители беа најдени 350.000 евра во ѕид, нема врска со адвокатот Фехми Стафа, кој е во притвор дека дал 50.000 на апелациски судија за притворот на Љупчо Пецов Џаволот, вели во 24 Анализа адвокатот на Стафа, Асмир Алиспахиќ. „Одговорно тврдам дека мојот вастодавец не дал мито на ниеден судија и нема врска со случајот Ристов“ – вели Алиспахиќ. Според него, ниту Драган Паунов, осомничениот инспектор на ...
Судијата Садула Изаири од Основниот суд Тетово доби најмногу гласови на денешните непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои вчера го искористиле правото на глас. Гласањето се одвиваше од 8 до 15 часот на избирачките места во сите судови во земјата, а прелиминарните резултати беа соопштени на јавна седница во ...
По четири дена застој, прекуграничниот товарен транспорт постепено се нормализира, откако македонските превозници ги повлекоа блокадите. Одлуката беше донесена на состанок на Кризен штаб на „МАКАМ-Транс“, по најавата од Европската комисија дека со новата стратегија за визи ќе се решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Министрите за транспорт од Западен Балкан во вторник ќе одржат средба со претставници на ЕК ...
Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека угина Нилскиот коњ Берта, роден пред 40 години во Зоолошката градина во Виена. Од ЈОУ Зоолошка градина посочија дека нилскиот коњ Берта во своето современо живеалиште во Битола на увид на јавноста беше десет години, а претходно бил згрижен во Зоолошките градини во Скопје и Белград. -Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје. И покрај ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук. -За да не го злоупотребувате ова во националистики призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам се со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно Законот за јазици со МВР, за да немате таков аргумент, за ...
Парламентарното собрание на Советот на Европа вчера донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за ...
Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Северна Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со ...
Демократите и републиканците во американскиот Сенат постигнаа договор за привремено финансирање на Министерството за внатрешна безбедност (ДХС) со цел да се избегне нова блокада на работата на владата. Договорот го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, јави Еуроњуз. Двете страни се согласија да го издвојат финансирањето на внатрешната безбедност од сеопфатниот закон за буџет и да обезбедат средства за работа на министерството во ...
Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, вечер, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени ...
Во рамките на свечената манифестација „Спортисти на годината 2025“ министерот за спорт, Борко Ристовски, уште еднаш ја потврди поддршката за македонските спортисти од страна на државата. -Спортистите се нашите најдобри амбасадори. Ветувам дека сите пречки ќе бидат совладани и спортот ќе го ставиме на вистинска патека. Успесите и развојот во овие неполни две години се должат на поддршката од Владата и Министерството за спорт. Напорно ...
Во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“. Добитниците на наградите по категории се: Ален Рустемовски (бокс) - Спортист на годината. Тој освои 2. место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија. Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година - Светски шампион 1 место, ...
Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. -Еден од приоритетите на Министерство за спорт со поддршка од Владата, е да создадеме систем што ќе ги препознава и ќе ги поддржува младите таленти - истакна министерот за спорт Борко Ристовски на свеченото доделување на стипендиите што се одржа вечерва во Македонската опера и балет, во склоп ...
Коалициската влада на Германија се согласи на компромис за реформа на миграциската политика на земјата во согласност со законите на ЕУ, дознава ДПА од владини извори денеска. Конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите (СПД) се согласија да спроведат построги ограничувања во врска со тоа кој може да аплицира за азил, но и да овозможат побрз пристап до пазарот на трудот за оние што чекаат резултат од нивното барање. ...
Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024. Протестот се одржува на денот кога се навршуваат 600 дена од изборите. Најавата за овој седми протест на оваа тема во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста да ја обезбеди безбедноста на Киев и другите украински градови за време на екстремниот зимски период. „Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери да ни помогнат да ги заштитиме животите. Ви благодарам, претседателе Трамп. Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите ...
Генералштабот на иранските вооружени сили денеска предупреди дека одлуката на Европската Унија (ЕУ) да го прогласи Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација директно ќе влијае врз европските носители на одлуки. Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена под притисок од САД и Израел. „Ирационалната, неодговорна и злонамерна одлука на ЕУ несомнено е донесена во слепа послушност кон хегемонските и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на соседна Канада со нова казнена царина од 50 проценти на авионите што се продаваат во САД. Трамп исто така на својата платформа „Трут Соушл“ (Truth Social) изјави дека американската лиценца за канадскиот производител на деловни млазни авиони „Бомбардиер“ (Bombardier) ќе биде повлечена. Како причини за повлекувањето на лиценцата на „Бомбардиер“ и заканата со царини, тој ги наведе ...
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 10 ...
Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...
Донаторската вечер насловена „Threads of Light“, во ресторан Везилка официјално го одбележи почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта беше посветена на уметноста, креативноста и солидарноста како универзални јазици преку кои може да се зборува за животот, одговорноста и потребата од подлабока општествена промена. Настанот ќе ги обедини уметниците, културната јавност и граѓаните околу една заедничка идеја – дека ...
Четворица мажи од 20 до 40 години од Неготинско се осомничени дека силувале 13-годишно девојче, лани на 14 февруари. Осомничени се за кривичното дело Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 3 од Кривичниот законик, а Основното јавно обвинителство во Кавадарци донеле наредба за спроведување истражна постапка. Предвидената казна за ова дело е најмалку 10 години или доживотен затвор. „Осомничените на 14.02.2025 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според наводите на МВР, Дехари во својство на градоначалник од 2021 до 2025 година склучил договори за вработување со четири лица и свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да добиваат плата и надоместоци и по истекот на законскиот рок не им го ...