Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња. На овие локални избори во Општината се пријавени околу 400 лица кои доставиле медицинска документација со која потврдиле дека не можат да излезат на избирачките места утре, па своето избирачко право требаше да го остварат денеска. Избирачките одбори утрово не ...

Во Затворот во Штип во тек е гласањето на осудените лица. Жаклина Парчаклиева член на Избирачкиот одбор за Затвор Штип изјави дека гласачкото место е отворено точно во седум часот и гласањето се одвива без проблеми. -Нашето гласачко место беше отворено точно во седум часот. Вкупно гласачи на списокот имаме 221 и досега гласањето се одвива нормално без никакви проблеми. Во затворот во Штип има осуденици од цела Македонија, изјави Парчаклиева. Таа ...

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас ...

Во Казнено поправната установа КПД „Идризово“ гласањето за локалните избори почнало нареме и се одвива во најдобар ред, информираат од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536. -Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така, изјави Јадранка Митиевска, претседател на Избирачкиот одбор на ова избирачко место. Таа истакна дека вкупниот број ...

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен ...

Три жени загинаа во експлозија што се случи вчера во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкортостан во југозападна Русија, изјави денеска гувернерот Радиј Хабиров. -За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната поддршка, а ќе биде исплатена и отштета. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, објави ...

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта. Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. - Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои ...

Иран објави дека повеќе не е обврзан со ограничувања на својата нуклеарна програма, откако денеска истече меѓународниот договор што ја регулира таа програма, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Отсега натаму, „сите одредби (од договорот), вклучително и ограничувањата на нуклеарната програма на Иран и поврзаните механизми, се сметаат за комплетни“, се вели во соопштението. Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, ...

Вкупно 2.019 болни и изнемоштени лица денес гласаат за избор на градоначалници и членови на советите на локалните избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион-Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови. Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина ...

Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во пресрет ...

Европската комисија изјави дека секоја можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би била добредојдена доколку таа би придонела за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина, објави Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, рече дека „претседателката (Урсула) фон дер Лајен го поздравува секој чекор што води кон праведен и траен мир за Украина. ...

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас и ќе продолжи да го почитува и исполнува својот дел од планот, откако висок функционер во палестинската милитантна група изјави дека Хамас не може да се обврзе на разоружување. -Хамас треба да ги ослободи сите заложници во првата фаза. Тоа не го стори. Хамас знае каде се телата на нашите заложници. Хамас треба да биде ...

Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион. Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето. -Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп. Во ...

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници - 683 имало на ...

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи на јубилејното, 60-то издание на Фестивалот, во јуни 2026 година. Со оригинални и неизведени драмски текстови на повикот на Фестивалот може да се пријават сите драмски автори во земјава. Како што информираат од овој единствен национален театарски фестивал, авторите ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера побара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго. Трамп претходно овој месец објави дека ќе испрати стотици војници од Националната гарда во третиот по големина град во САД за борба против криминалот и заштита на федералните полицајци. Сепак, федералниот суд го замрзна распоредувањето на трупите, велејќи дека нема доволно докази дека имало ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот конгресмен Џорџ Сантос, кој отслужуваше седумгодишна затворска казна за измама и кражба на идентитет, наредувајќи го неговото итно ослободување. Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека Сантос бил „ужасно малтретиран“. „Затоа штотуку потпишав помилување со кое веднаш ќе се ослободи Џорџ Сантос од затвор. Среќно, Џорџ, и имај прекрасен живот!“, додаде тој. Поранешниот ...

Вкупно 296 болни и изнемоштени лица и седуммина затвореници денеска ќе го остварат своето право да гласаат на 77 избирачки места на првиот круг од локалните избори во Струга и струшко, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Според него, непречено се одвива преземањето на избирачкиот материјал од страна на избирачките одбори и гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови. За градоначалничката ...

Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола информира дека утрово во 7 часот почна гласањето во двата домови за стари лица и во битолскиот затвор. Во изјава за медиумите, претседателот на ОИК Игор Талевски посочи дека денеска ќе гласаат и 141 болни и немоќни лица. -Гласањето почна и се гласа во старскиот дом „Сју Рајдер“ каде може да гласаат 70 лица, во домот „Софија“ каде може да гласаат 38 лица и во битолскиот затвор каде се евидентирани 105 ...

Осмите Локални избори во Македонија што ќе се одржат в недела ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП" - Скопје - 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, ...

Нова сензација во НБА лигата, двајца играчи имаат различни бројки во висината едниот „загубил“ сантиметри, а вториот има „повеќе“. Новиот играч на Шарлот Хорнетс – Колин Секстон „загубил“ седум сантиметри на официјалното мерење пред почетокот на сезоната. Бекот кој беше висок 190,5 сантиметри, според новите податоци има 183 сантиметри. Разликата од околу осум сантиметри предизвика бура прашања кај навивачите и аналитичарите. Се шпекулира дека ...

Едриличарската Федерација на Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53-тото Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија. Натпреварите ќе се одржат од 17-19.октомври, планирано е одржување на максимум девет трки во секоја класа, а завршната церемонија и доделувањето на медалите ќе се одржат на 19.октомври. Настанот е во организација на Бугарската едриличарска федерација и општина ...

Ракометарите на Вардар ја остварија осмата победа во првенството откако вчера како гостин го совладаа МРК Куманово со 25:32. „Црвено-црните“ со овој триумф ја продолжија серијата без пораз во Супер лигата. Гостите имаа предност во текот на целиот натпревар, а тренерот Иван Чупиќ им даде шанса и на играчите кои имаат и помала минутажа. Најефикасни на натпреварот беа Александар Стојков (МРК Куманово) и јапонскиот интернационалец Харуки Кавада ...

Саша Обрадовиќ вчеравечер ја забележа втора победа во исто толку натпревари во својот втор мандат на клупата на Црвена ѕвезда. Со него на клупата, моќниот Реал беше поразен со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Обрадовиќ покажа дека е голем тренер, препишувајќи заслуги за успехот на својот претходник, Јанис Сферопулос. - Бевме фантастични, особено во одбраната - во одредени моменти целосно ги запревме. Првенствено мислам на втората и третата ...

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми. Информацијата се појави во медиумскиот простор во позадина на обидите на Пекинг и Вашингтон да избегнат нова ескалација на царините. Информацијата беше објавена по видео-конференција помеѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант. Кинеските медиуми објавија дека ...

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. Во Градот Скопје вкупната бројка ...

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ работена според текстот на Вуди Ален и Даглас Мекграт вечер премиерно ќе биде прикажана во Драмскиот театар. Адаптацијата и режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат 15 актери, од кои 13 актери од Драмскиот театар и двајца гости дипломци од Факултетот за драмски уметности. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Елена Вангеловска, а сценските движења се на Маја Каревски. ...

Две книги поезија од Тихомир Јанчовски, насловени „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“, ќе бидат промовирани денеска напладне во „Цреша бар“. -Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го постигна најбрзото време во квалификациите за спринт трката на Големата награда на САД. Во првата сесија, тој имаше време од 1 минута и 33,363 секунди, во втората, 1 минута и 33,163 секунди, а во третата, 1 минута и 32,143 секунди. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја освои квалификациската трка за спринт по десетти пат во својата кариера. Верстапен ќе стартува од првиот ред со возачот на Мекларен, Ландо ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино. Но, тој сè уште го нема потврдено учеството. Ако настапи на Мастерсот тоа ќе биде негово 17.то учество и со тоа ќе го изедначи рекордот на Рожер Федерер. Ѓоковиќ и минатата година имаше обезбедено учество, но донесе одлука да не игра. Оваа година тој има освоено 4.580 бодови, а пред него се Карлос Алкараз со 11.040 и Јаник Синер со 8.500 двајцата веќе имаат ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
70%
1022
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
70%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.67
65%
1021
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.45
72%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
72%
1022
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1023
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
79%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
95%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
66%
1021
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Алуминиум

2.89

Платина

54545.58

Злато

135307.19

Сребро

1947.42

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Паладиум

47808.16

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Калај

40.61

Бакар

10.74

Цинк

3.26