До 11.00 часот на 80. Избирачки места во Општина Штип на гласање излегле 4.500 граѓани или 10,89 проценти од вкупниот број на избирачи, вели за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев. -Гласањето се одвива во најдобаред ред, немаме пријавено никакви неправилности од страна на избирачите или од страна на Избирачките одбори. Гласањето на Локалните избори во Штип се одвива во мирна атмосфера, вели Вацев. Во централното ...

Изборниот тек од локалните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезеност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии. Во општина Дебар, до 11 часот гласале 981 лица или 5 отсто од вкупно запишаните 19.762 граѓани со право на глас. Зголемена излезеност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.551 гласале 369 или 4,8 отсто. Во ...

Државната изборна комисија отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден. Четирите приговори се отврлени бидејќи по проверката било утврдено дека лицата се запишани во избирачкиот список. Прифатениот приговор е на лице од Струга, по проверката било утврдено дека го нема во избирачкиот список, а лицето ги исполнува условите за тоа. Па така, ова лице денеска ќе гласа на избирачко место во Општина ...

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. Според ...

Државната изборна комисија поништи потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје бидејќи по допрен глас дошла до информација дека на листата има починато лице. Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила. Оттаму велат дека сите ...

Македонија денеска гласа на осмите локални избори од независноста. На вкупно 3.474 избирачки места во земјата, денес право на глас имаат 1.832.415 граѓани на првиот круг од осмите локални избори. Ден претходно, своето право на глас го остварија 2.162 затвореници, лица во домашен притвор, 8.848 болни и инвалиди, како и 442 жители на домови за стари лица. За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека американската војска уништила подморница што превезувала голема количина наркотици и пловела кон САД по добро позната рута за трговија со дрога. „За мене беше чест уништувањето на голема подморница што се користела за трговија со дрога, која се движела кон САД. Американските разузнавачки служби потврдија дека бродот содржел фентанил и други нелегални супстанции“, напиша Трамп на својата ...

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време, институција задолжена за генерирање, одржување и емитување на стандардното време во Кина, пренесуваат денеска кинеските медиуми. Официјален Пекинг ги обвини САД за кражба на тајни податоци и инфилтрирање во центарот предупредувајќи дека овие кибер напади би можеле да ги нарушат комуникациските мрежи, финансиските системи, снабдувањето со електрична енергија и меѓународното ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори. Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори. Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година. Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово го оствари своето право на глас во основното училиште „Песталоци“ во Скопје, при што изјави дека гласањето на локалните избори започнало на сите избирачки места низ државата. -Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори, рече Тошковски. Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки ...

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. - Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко ...

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно ...

Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките ...

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...

Во текот на изборниот молк, на некои интернет портали и социјални мрежи се појавија снимки и информации што укажуваат на можни прекршувања на изборниот молк. Според Изборниот законик, за време на изборен молк е забрането какво било вршење политичка промоција, вклучително и активности кои би можеле да се сметаат за изборна кампања. Конкретни индиции за изборни нерегуларности се појавија од неколку општини, меѓу кои Крива Паланка, каде, според ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го постави најбрзото време во квалификациите за Гран При на САД во Остин. Тој со време 1 минута и 32,51 секунди стигна до пол-позицијата. Возач на Мекларен, Ландо Норис, заврши втор (1:32,801), а Шарл Леклер од Ферари заврши трет (1:32,807). Квалификации за ГН на САД: 1. Макс Верстапен (Ред Бул) — 1:32.510 минута 2. Ландо Норис (Мекларен) — 1:32.801 3. Шарл Леклер (Ферари) — 1:32.807 4. Џорџ Расел (Мерцедес) — ...

На 3474 избирачки места во земјава денеска во првиот круг од осмите локални избори можат да гласаат 1 832 415 гласачи. Вчера своето право на глас можеа да го остварат 2162 затвореници, лицата во домашен притвор, 8848 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување, кратко откако палестинската амбасада во Египет соопшти дека преминот ќе се отвори в понеделник. „Отворањето на преминот ќе биде разгледано во зависност од тоа како Хамас ќе го исполни својот дел од договорот - враќањето на телата на мртвите заложници и спроведувањето на договорената рамка“, се вели во соопштението од ...

Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека избирачките места се отворени. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати. Вчера, ден пред ...

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да ...

Осмите Локални избори во земјава ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. Државната изборна комисија акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП" - Скопје - 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, ...

Скопјани на Локалните избори 2025 имаат можност да избираат градоначалник на Град Скопје меѓу 16 кандидати, од кои само една жена. За 45 советнички места има поднесено 19 листи со 855 кандидати. Тие исто така гласаат и за градоначалници и за советници на скопските општини во кои живеат. Па, така, на изборните места ќе добијат четири ливчиња, кои по гласањето ќе треба да ги стават во обележани кутии. Право на глас во Градот Скопје имаат 474 304 ...

Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран при наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври годинава. - Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што најавува УХМР, следува период на стабилно време, освен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се вели во соопштението од АМСМ за состобата на патиштата. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните ...

Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Во Избирачкиот список се запишани 1 832 415 избирачи кои треба да гласаат на 3474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи ...

На ден пред изборите, гласаат лица сместени во установи за вонсемејна грижа и затворениците во КП установи, а од удобноста на своите домови гласаат болните и немоќни лица како и лицата во домашен притвор. Според информациите од Државната изборна комисија, право на глас денеска имаат 2162 затвореници и лица во домашен притвор, 8848 болни и немоќни лица и 442 лица во установи за стари лица. Претседателот на Државната изборна комисија - Борис ...

Црна комедија со француски шмек и домашна топлина ја освои велешката публика. Со долг аплауз и без празно седиште, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес премиерно беше изведена претставата „Мало невино убиство“, црна комедија по текст на францускиот драматург Жан-Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски. Во центарот на заплетот е едно навидум мало и безопасно недоразбирање, кое прераснува во лавина од лаги, ...

Родителите и семејствата на загинатите од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани попладнево го одржаа 27-миот марш на ангелите. Маршот почна во 15 часот и пет минути во Паркот на револуцијата во Кочани, продолжи кон трговскиот центар, Управата за јавни приходи и полициската станица, а потоа кај двојниот мост и пред Основниот суд во Кочани и заврши во Паркот на револуцијата. - Ние не бараме ништо повеќе од вистинска правда – за нашите деца, за ...

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во понеделник ( 20 октомври) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. По состанокот, како што информираат од Комисијата, ќе бидат спроведени интервјуа со кандидатите, кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. Во насока на зголемена транспарентност, интервјуата ќе бидат одржани пред независни ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
70%
1022
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1022
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
70%
1022
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.67
65%
1021
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.45
72%
1023
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
72%
1022
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1023
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
79%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
95%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
66%
1021
Currency

61.5417

Currency

52.9349

Currency

70.4249

Currency

35.1475

Currency

38.1696

Currency

65.6794

Currency

7.48627

Currency

0.68452

Currency

0.33755

Currency

0.52402

Currency

1.24143

Currency

0.58871

Рутениум

29192.88

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Цинк

3.26

Алуминиум

2.89

Никел

472696.35

Платина

54545.58

Злато

135307.19

Калај

40.61

Сребро

1947.42

Кобалт

58.42

Паладиум

47808.16