Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот. Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори ...
Ситуацијата со големото свлечиште на југот на Сицилија дополнително се влоши, а досега се урнаа околу 350 милиони кубни метри земјиште, јавуваат денеска италијанските медиуми. Според телевизијата ТР24 Скај, почвата и натаму се поместува, при што се слуша и придушен подземен татнеж, што дополнително ги зголемува стравувањата кај локалното население. Свлечиштето почнало да покажува знаци на активирање во неделата, по што се разви во фронт долг ...
Европската народна партија (ЕПП) денеска во Загреб усвои Декларација во која се нагласува дека демографијата не е споредно, туку „централно стратешко прашање“ за Европа, предлагајќи низа мерки за пресврт на негативниот тренд на бројот на жители. „Европа која се смалува и не е во состојба да ја одржи својата демографска сила, неизбежно ќе стане послаба Европа, помалку способна да ги штити своите граѓани, својата економија и своите вредности во ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ниту Москва, ниту Киев не извршиле напади врз енергетски објекти по постигнувањето на договорот на иницијатива на САД, со кој Русија се согласи да се воздржува од такви дејствија. - Навистина, од синоќа до денеска немаше напади врз енергетски капацитети во ниту еден наш регион. Украина е подготвена под истите услови да се воздржи од удари и денеска не нападнавме руски енергетски ...
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази убеденост дека решението за руската војна во Украина е близу. - Мислам дека се приближуваме до договор за Русија и Украина, изјави Трамп пред новинарите, без да даде конкретни детали за содржината на потенцијалниот договор. Во исто време, американскиот претседател се осврна и на тензиите со Техеран, потврдувајќи дека Иран „сака да склучи зделка“, но додаде дека „ќе видиме што ќе се случи“. ...
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени. УХМР информира дека ...
Советот на Европа по 26 години го затвора постмониторинг дијалогот со Македонија. Парламентарното Собрание на Советот на Европа ( ПССЕ) ја изгласа Резолуцијата за Македонија, каде се потенцира напредок во владеење на правото, заштита на човековите права, демократијата и соработката со телата на Советот на Европа. Известувачите кои го подготвија документ- извештајот Сибел Арслан од Швајцарија и Џозеф О’Рајли од Ирска, на дебатата во Стразбур, ...
Не треба јас да ја убедувам опозицијата кога станува збор укинувањето на техничката влада, еве, ги убеди Стразбур со укинување на постмониторингот-вака премиерот Мицкоски со провокативна изјава до опозицијата денеска го повтори ставот на владејачката партија. На следните избори повторно нека има техничка влада, а ако имаме редовни во 2028, јас ќе си дадам оставка во јануари 2028 година, нека победи опозицијата и за понаредните избори повторно ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов го повика премиерот Христијан Мицксоки на средба во понеделник за да го потпише колективниот договор за зголемување на сите плати на работниците. Доколку мицкоски не се појави во домот на работниците, синдикалците ќе организираат парализирање на главните сообраќајници во Скопје, предупреди Трендафилов. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ - Го повикувам ...
По неколку години застој, кавадаречкиот комбинат за фероникел повторно ќе почне со работа. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави рестарт на поранешно „Фени“, сега под името „Golden Eagle“. Работниците ќе се враќаат постепено, а производството треба да стартува веќе напролет. Иако тусрскиот гигант Јулдирим кој пред две години ја купи фабриката, пред нова година се откажа од неа и ја изгаси печката, набрзо се случи пресврт. ...
Матичните гинеколози со јавна реакција до министерството и фондот за здравство – бараат промени и јасно дефинирање на услугите во примарната гинеколошка здравствена заштита..... Денеска од пред министерството за здравство порачаа дека мора да се ревидираат договорите со Фондот и да се утврди точно кои услуги се бесплатни за пациентките, а кои не се. Реакцијата следува по контролите кои ги изврши Фондот, а во кои беше утврдено дека дел од ...
Бројот на пациенти со ретки болести расте, а буџетот се намалува.Годинава истиот е за 180 милиони денари помал од лани. Дополнително велат лекарите процедурите за набавка на одредени лекови се долги и макотрпни,а во многу случаи пациентот нема време за чекање. Порачуваат дека треба да се промени начинот на набавка на лековите за ретки болести. Во време кога бројот на дијагностицирани расте, секое кратење на средствата создава страв кај ...
До Судот поднесени се вкупно три обвиненија за 23 лица - за предметите за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ Кочани, посочи обвинителката Ивана Алексова Трајчева од ОЈОГОКК на денешниот брифинг со новинарите. Од нив, поднесен е обвинителен акт а опфатени се 13 лица од кои 4 началници и 9 полициски службеници, обвинети како соизвршители сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. ОЈОГОКК „На 16.03.2025година, дел од ...
Воведување на 24 часовна контрола за УСЈЕ, мониторниг на сите 12, а не само на 10 оџаци на компанијата, како и европски закони при издавање на А интегрирана еколошка дозвола. Иницијативата Стоп за УСЈЕ - во пресрет на утрешниот протестен марш со нови барања до институциите за построги мерки и контроли за Цементарницата. Од Министерството за животна средина на брифинг со новинарите - информираа дека од УСЈЕ, но и од другите индустриски ...
Советот на Европа по 26 години го затвора постмониторинг дијалогот со Македонија. Парламентарното Собрание на Советот на Европа ( ПССЕ) ја изгласа Резолуцијата за Македонија, каде се потенцира напредок во владеење на правото, заштита на човековите права, демократијата и соработката со телата на Советот на Европа. Известувачите кои го подготвија документ- извештајот Сибел Арслан од Швајцарија и Џозеф О’Рајли од Ирска, на дебатата во Стразбур, ...
Најавата за изградба на прифатни центри за мигранти од Африка и Азија во соседна Албанија го вклучи алармот кај македонската заедница кај нашиот западен сосед. Од Македонската алијанса за европска интеграција за Телевизија 24 потврдија дека одлуката на албанската Влада веќе ја оспориле пред Уставниот суд во Тирана. Претседателот на партијата, Васил Стеријовски, истакнува дека ваквиот потег на албанските власти е спорен по повеќе основи, но ...
В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба - рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. - Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник - информира министерот одговорајќи на новинарски ...
Европската комисија за следната недела закажа состанок со министрите од шесте земји од Западен Балкан за прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната, најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт. - Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите ...
Справувањето со аерозагадувањето и воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад се двата клучни приоритети на кои ќе се фоксуира Министерството за животна средина и просторно планирање. На денешниот брифинг со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа најави „нула толеранција“ за загадувачите и имплементација на новиот Закон за контрола на емисии. -Во справувањето со аерозагадувањето ...
Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дикскуија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони - покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност. -Во моментов интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат критериумите за избор во звања, ...
Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува надминување на проблемост со транспортерите идната недела на закажаниот состанок во Брисел со министрите од шесте земји од Западен Балкан, рече дека е важно што имало заедничка дипломатска офанзива со земјите од регионот и оти проблемот е препознаен од страна на ЕУ. - Овој проблеми со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме ...
Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на ...
Поднесено е обвинение против 13 полициски службеници - четворица началници и девет полицајци, кои спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ во Кочани вечерта на 16 март минатата година кога се случи пожарот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тие, како што информираа денеска на брифинг во ОЈО ГОКК со предметната јавна обвинителка Ивана Алексова-Трајчева, се обвинети дека како соизвршители сториле кривично дело тешки ...
Здружението на приватните гинеколози и акушери предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска здравствена заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос и неправедно ја префрла одговорноста врз нив наместо институционално да се уреди. - Недефинирани се стандардите за бројот на потребни прегледи, индикациите за прегледи. Прегледи има ...
Министерството за здравство соопшти дека е во постојана координација со Фондот за здравствено осигурување и стручните здруженија за унапредување на примарната гинеколошко-акушерска заштита откога Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска предупреди за сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Од ресорното министерство нагласуваат дека упатствата базирани на докази континуирано се ревидираат, а ...
Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Од МВР посочуваат дека целта на Комитетот е: да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот ...
Следната недела, Сојузот на синдикати на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Оттаму упатија отворен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. - Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува ...
Европската група на либерали и демократи (АЛДЕ) во парламентарното собрание на Советот на Европа ја поддржа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека државата остварила значаен демократски и институционален напредок. Од АЛДЕ посочија дека одлуката е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, во кои либералните политики имале важна улога. Според нив, ова претставува силно ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на свеченото отворање на фондацијата „Фросина Кулакова“, посветена на унапредување на сообраќајната безбедност и поддршка на семејствата погодени од сообраќајни несреќи. Тој истакна дека трагичната смрт на Фросина Кулакова е силна опомена за одговорноста во сообраќајот и најави почеток на имплементацијата на системот „Безбеден град“, чија цел е превенција и спасување животи. На ...
Од недела започнува со работа системот „Сејф Сити“, новиот автоматизиран механизам за контрола на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информира дека дневно над 100 граѓани ги ажурираат своите податоци, што е законска обврска за сите возачи. Системот ќе регистрира прекршоци како брзо возење, минување на црвено светло, истечена регистрација и непрописно паркирање, со казни од 15 до 500 евра. Казните платени во рок од осум дена ќе се ...