Девет предмети за дискусија, едно барање за преиспитување на одлука на Уставниот суд и два предлога за донесување на конечни одлуки се на дневен ред на денешната седница на судот. Меѓу иницијативите што ќе се најдат на дневен ред е и онаа со која се оспорува терминот „привремен“ во Законот за таксата за привремен престој, поднесена од Славко Лазовски, кој смета дека овој термин не е усогласен со современите уставни вредности. Судот ќе ја ...

Сомнителен проектил погодил контејнерски брод во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати во близина на Ормутскиот теснец, соопшти Британската организација за трговска морнарица. „Капетанот на контејнерскиот брод пријавил штета веројатно предизвикана од неодреден проектил“, соопшти организацијата. Инцидентот се случил 25 наутички милји (46 км) северозападно од Рас ал-Хаима во Емиратите, во близина на Ормускиот теснец. Нема жртви или ...

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа. Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, од 9 до 13 часот дел од корисниците на ул.„Шидска“ кај менувачницата Срна во ...

Израелската армија рано утрово објави дека нападнала позиции на либанското шиитско движење Хезболах, објави ДПА. Нападите беа извршени врз инфраструктурата на групата поддржана од Иран во јужните предградија на Бејрут, позната како Дахија, соопшти војската. Областа се смета за упориште на Хезболах. Пред околу една недела, шиитското движење продолжи со гранатирањето на Израел како одговор на израелското убиство на иранскиот врховен лидер ...

Ерупција од вулканот Килауеа на Хаваи привремено затвори еден национален парк и дел од еден голем автопат, бидејќи вулкански остатоци, вклучувајќи пепел, паѓаа од ерупцијата. Фонтаните од лава што почнаа да извираат рано утрово се 43-ти во серијата ерупции што започнаа во декември 2024 година. Преносите во живо покажаа светло црвена лава и чад што се издига од кратерот. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае сегашната ерупција. Претходните ...

Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција. На седницата треба да бидат усвоени извештаите за констатирана состојба по извршена посета на судовите, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријави и исполнетост на услови по ...

Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата. За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. - Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е ...

Иранските вооружени сили во текот на ноќта започнаа масовен бран напади со ракети и дронови насочени кон Израел и повеќе држави во Персискиот Залив. Додека израелската ПВО пресретна голем дел од проектилите, иранските медиуми блиски до Револуционерната гарда го опишаа нападот како најобемната операција од почетокот на војната. Според израелските воени извори, ракетите кои не биле соборени паднале во ненаселени подрачја, но армијата веќе ...

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. По тој повод, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред спомен обележјето во поранешниот Монопол во Скопје, а ќе се обрати и на настанот организиран по повод одбележувањето на годишнината. Исто така, и собраниска делегација во состав: Љупчо ...

Ракометарите на Вардар синоќа остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија последниот натпревар сезонава во АБА 2 лигата откако на гостувањето беа поразени од Широки Бријег по продолжение со 111:109 (23:24; 31:16; 23:24; 15:28; 10:10 и 9:7). Со овој пораз „металците“ со скор од 4-4 (победи-порази) го завршија натпреварувањето на деветтото место. Македонскиот претставник одигра слабо во вториот период и на полувреме домаќинот водеше со 54:40. Во последната четвртина МЗТ ...

Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток. Воените случувања го принудија да замине од Тел Авив и со семејството да дојде во Сплит каде што претходно неколку сезони го носеше и дресот на Хајдук. Сахити е играч под договор со Хамбургер (Бундес лига) и беше на позајмица во Макаби Тел Авив. Тој на пет натпревари постигна четири голови, а Макаби според германскиот Билд размислуваше ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една импресивна сезона во НБА лигата. На дуелот против Оклахома Сити, кој неговата екипа Денвер го загуби Јокиќ успеа да стигне до 500 асистенции во сезоната. За центарот на Денвер ова е осма сезона како успева да има повеќе од 1.000 поени, 500 скокови и 500 асистенции. Во НБА лигата единствено легендата Леброн Џејмс има одиграно 13 сезони со такви бројки по сезона. Јокиќ сезонава има имаше повеќе од ...

Процепот што се отвори на една швајцарска планина се шири, соопштија денеска локалните власти, изразувајќи загриженост дека дел од планината би можел да попушти и да го загрози селото под неа. Пукнатината сега е долга 250 метри и широка помеѓу 80 и 100 сантиметри. Се зголемува до 4 милиметри дневно, пренесе ДПА. Се наоѓа во регионот Вал д’Анивиер во јужна Швајцарија, недалеку од малиот град Сиер. Геолозите проценуваат дека до 500.000 кубни ...

Градоначалникот на Кран-Монтана повеќе нема да носи одлуки за последиците од пожарот во барот во швајцарскиот скијачки центар за време на новогодишната прослава, соопшти денеска општинскиот совет. Никола Феро ќе продолжи со своите други должности како градоначалник, но нема да биде вклучен во никакви одлуки во врска со пожарот, пренесе ДПА. Одлуката дојде по завчерашната најава дека официјалната истрага за пожарот е проширена за да го вклучи ...

Унгарскиот парламент усвои нацрт-резолуција со која се отфрла членството на Украина во Европската унија. Предложената резолуција ги отфрла напорите за трансформирање на Европската унија во воен сојуз, како и напорите што го загрозуваат суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, објавува унгарскиот портал ATV. Во усвоениот документ се наведува дека Унгарија се спротивставува на членството на Украина во ЕУ бидејќи оваа земја е во војна и нејзиното ...

Шпанската влада следната недела формално ќе помилува 53 жени кои за време на диктатурата на генералот Франциско Франко биле затворени од страна на Одборот за заштита на жените, институција со која раководела сопругата на Франко, Кармен Поло, соопшти Министерство за територијална политика и демократско сеќавање. Одборот за време на режимот на Франко ги казнувал жените кои се сметале за „морално девијантни“, вклучително и сомнежи за ...

Пилотите на Луфтханза се повикани на 48-часовен штрајк во четврток и петок, соопшти синдикатот „Vereinigung Cockpit“, со што ескалира спорот за платите со германската авиокомпанија. Синдикатот повика повеќе од 5.000 пилоти да ги прекинат работните активности, пренесе ДПА. Штрајкот ќе влијае на полетувањата од Германија со кои управува главната авиокомпанија на Луфтханза, како и нејзината подружница за товарни летови „Lufthansa Cargo“ и ...

Шест лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пожар во автобус што сообраќал на редовна линија во западна Швајцарија, соопшти полицијата синоќа, цитирана од ДПА. Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата во кантонот Фрибург. Еден вработен во брзата помош е исто така повреден за време на спасувачките операции. Несреќата се случила во општината Керцерс, западно од главниот град Берн. „Можно е намерни ...

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. - На Меѓународниот аеродром - Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, седум државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, двајца ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 19 степени. До крајот на работната недела ќе се ...

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, ...

И ако во минатото покачувањето на платите беше резултат на трипартитен договор, според премиерот Христијан Мицкоски, сега тоа треба да биде резултат на дипартитен договор меѓу работниците и работодавачите. Според првиот човек на Владата, барањата на синдикатите треба да бидат усогласени со реалните економски можности. Како што посочува, тие може да осцилираат – од 600 евра, па по одреден период да пораснат и до 1000 евра – за што, според ...

Кандидатот за јавен обвинител на Република Северна Македонија ги исполнува формалните услови за функцијата за која е предложен. Очекуваме неговото работење да не биде дел од очекувањата на власта за обвинител близок до политиката, туку да придонесе за зацврстување на владеењето на правото и за гонење на криминалот со почитување на современите стандарди на правична и фер постапка, велат од ДУИ. Во исто време, владата не спроведе транспарентен ...

ТВ 24 во Кочани во пресрет на годишнината од најголемата историја во државата. Се чека правда за 63 загубени животи во дискотеката на смртта. Кочани со неколкудневна манифестација ќе одадае почит на загинатите. Градоначалникот Владко Грозданов без конкретен одговор за парите кои треба да ги добијат родителите на загинатите деца за спомен обележјето. ТВ 24 во Кочани во пресрет на годишнината од најголемата историја во државата. Се чека правда ...

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта „Треблинка“ во 1943 година. Во изјава за медиумите порача дека застанати пред амбисот на злото, нема да ...

Судијата Ненад Савески на чекор за прв човек во Јавното обвинителство. На денешната седница од четирите одобрени кандидати од Советот на обвинители, владата одлучи да го предложи кривичниот судија за државен обвинител. Постапката се сели во Собранието - каде за негов избор ќе биде потребно просто мнозинство од најмалку 61 глас. Владиниот портпарол Марија Митева - вели дека на изборот претходела конструктивна дискусија каде биде земени во ...

Антикорупциската комисија на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски и фирмата за која се тврдеше дека е на неговиот татко, а која наводно добивала тендери од СОЗР. Постапката што ја водеше ДКСК е запрена. Опозициската СДСМ обвинуваше дека 160 тендери добила фирма блиска на наводно блиско лице на директорот на владината служба, Томовски ги отфрли ...

Ќе ја плаќа ли народот цената на воениот конфликт? Со зголемувањето на цените на нафтените деривати, државата е на прагот од нов ценовен шок, алармираат експертите и предупредуваат на ново енормно зголемување, иако, како што велат и моменталните цени се превисоки. Проценките говорат дека поскапувањето на горивата неизбежно ќе предизвика нов бран на поскапувања кај храната и основните производи, бидејќи транспортот, производството и ...

Јавното претпријатие „Колекторски систем“, задолжено за заштита на Охридското Езеро, пред колапс. Најновиот извештај на Државниот завод за ревизија открива скандалозно работење – блокирани сметки, имот кој никаде не е запишан и сомнителни трошења на народни пари.Р евизорите констатирале дека иако вреди над два милиони евра, колекторскиот систем изграден пред 35 години сè уште не е запишан во Катастар. Претпријатието нема имотни листови за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
70%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
44%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.04
67%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
35%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.14
39%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
5.66
77%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9875

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00