Европската унија утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел. - Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука за да ги осигураме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема, рече Кошта придружуван од ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, додека по едно лице се уште се трага. -МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или ...

Летното сметање на времето завршува в недела, на 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање. Ноќта, саботата спрема неделата, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и ...

Екипата на Шкендија вечерва го играа дуелот од 2.коло од Конференциската лига на УЕФА. Во Скопје ќе гостува Шелбурн, а воедно ова е прв историски натпревар за Шкендија како дел од едно големо натпреварување. - Нормално е да бидеме мотивирани за овој натпревар. Шкендија ќе испише клупска историја. Едвај го чекаме натпреварот, очекуваме публиката да биде присутна во голема бројка и да нè поддржи. Сакаме историскиот настап да го збогатиме со трите ...

Северна Кореја вчера соопшти дека успешно тестирала „нов, најсовремен вооружен систем“ што вклучува суперсонични ракети како дел од одбранбената програма за зајакнување на нејзиното стратешко одвраќање. Две суперсонични ракети беа лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг и погодија цел на копното во североисточниот дел од земјата, објави утринава државната новинска агенција KCNA. Агенцијата не спомена дали севернокорејскиот ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. -Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, ...

Без изненадување минаа дуелите кои беа одиграни синоќа од третото коло од Лигата на шампионите. Убедливи победи постигнаа: Ливерпул, Челзи, Баерн, додека Реал Мадрид минимално со 1:0 го совлада Јувентус. Резултати на синоќа одиграни дуелите: Атлетик Билбао – Карабах 3:1, Галатасарај – Бодо/Глимит 3:1, Аталанта – Славија Прага 0:0, Баерн – Бриж 4:0, Челзи – Ајакс 5:1, Ајнтрахт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0 и ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози добил смртни закани од друг затвореник во парискиот затвор Ла Санте, каде во вторникот започна да ја отслужува својата петгодишна затворска казна, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, додавајќи дека е отворена истрага. „На 22 октомври 2025 година, директорот на затворот Ла Санте го извести обвинителството во Париз за видео кое било споделено на социјалните мрежи, очигледно снимено ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја откажал очекуваната средба со рускиот претседател, Владимир Путин. „Едноставно не ми се чинеше исправно. Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше - па затоа откажав, но ќе го направиме тоа во иднина“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, пренесе ДПА. Кога го прашаа дали мисли дека рускиот претседател сака да ја заврши актуелната војна со Украина, Трамп ...

Седум лица се повредени во ноќешниот руски напад со дронови врз Киев, објави утринава градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Седуммина повредени во главниот град по непријателскиот напад ноќеска. Петмина од нив се хоспитализирани, а двајца се на амбулантско лекување“, рече Кличко во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Кличко додаде дека, како резултат на непријателскиот напад врз Киев и падот на остатоците од беспилотните летала ноќеска ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, предупреди дека одобрувањето на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег од страна на израелскиот Парламент-Кнесетот, потег што е еднаков на анексија на територии што Палестинците ги сакаат за своја држава, би можело да го „загрози“ прекинот на огнот во Појасот Газа. -Мислам дека претседателот (Доналд Трамп) јасно кажа дека ова е нешто што не можеме да го поддржиме во овој ...

МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи. -Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје го одиграа вториот натпревар од втората АБА лига. Македонскиот првак одигра добро прво полувреме, а во второто полувреме ја загубија двоцифрената предност, на крајот домашниот тим се радуваше на победа од 83:77. Во последната четвртина двете екипи ја дочекаа со резултат (58:52) во корист на гостите од Скопје. Но, последниот период „металците“ го одиграа доста лошо, особено во нападот. Имаа сериозни проблеми со ...

Најмалку девет лица загинаа, а петмина други се повредени во експлозија во фабрика во рускиот град Копејск во регионот на Урал, објавија утринава руските државни медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Чељабинск, Алексеј Текслер. Извештаите дека дрон ја погодил фабриката првично не можеа да бидат потврдени, пренесува ДПА. Во својата објава на Телеграм, Текслер не прецизираше за каков тип фабрика станува збор. Според локалните извештаи, ...

Во Галерија „Метаноја“ вечер ќе биде отворена изложбата „Лица“ со дела на дванаесет уметници од Македонија: Сергеј Андреевски, Ниче Василев, Томе Мишев, Синиша Новески, Тони Попов, Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Вангел Срнаков, Стефан Младеновски, Игор Мишев, Мартина Спасовска и Никола Тренов, а рецензент е Коста Милков. -Во чест на творештвото на професорот Владимир Георгиевски, оваа година учесниците во изложбата „Несовршен простор" го ...

Од денеска до сабота во македонскиот Културно-информативен центар во Белград ќе се одржи литературната манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025“. Воведно обраќање попладнево во 18 часот ќе имаат: директорот на македонскиот КИЦ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и програмскиот уредник на проектот м-р Ели Маказлиева. На манифестацијата ќе има презенатција за значењето на литературата за деца како предизвик и императив, а ќе ...

Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи денеска да воведе ново натпреварување на националните тимови - Европски ракометни игри - кое ќе стартува од 2030 година. „Од 2030 година, осумте најдобри машки и женски репрезентации од Стариот континент ќе се натпреваруваат на Европските ракометни игри, а победниците ќе се квалификуваат за Олимписките игри“, објави ЕХФ. Новото натпреварување ќе се одржува на секои четири години во ...

Фудбалерите на Вардар ја продолжија одбраната на трофејот во Купот на Македонија, откако вчера попладнето се пласираа во четвртфиналето со триумф во Скопје над второлигашот Новаци со 3-1. Спахиу, Омерагиќ и Ворен беа стрелци во редовите на Вардар, додека Јовановски го постигна почесниот гол за гостинскиот тим. Пласман меѓу осумте најдобри екипи во фудбалскиот Куп претходно обезбедија Струга, Силекс, Детонит, Охрид, Шкендија Арачиново и ...

Во вториот натпревар во ФИБА Евро купот, а прв пред својата публика во Битола, кошаркарите на Пелистер вечерва ја совладаа словачката екипа Превидза со 90-83 и го забележаа првиот триумф во клупската историја на европската сцена. Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Прајс со 25. поени. Малешевиќ додаде 18. поени и девет скокови, а Вилсон уфрли 13. поени. По воведните две кола, Пелистер има скор од една победа и еден пораз во групата ...

Украина, последните случувања на Блискиот Исток, европската одбрана, конкурентноста, домувањето и миграцијата ќе бидат главни теми на денешната средба во Брисел на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ. Во најавата за Самитот на ЕУ се наведува дека во услови кога Русија продолжува со своите немилосрдни напади врз украинските цивили и инфраструктура, европските лидери ќе разговараат за конкретни чекори за зајакнување на поддршката ...

Врховниот суд на Белгија ја оцени како неприфатлива кривичната тужба поднесена против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со набавките на Ковид вакцини од американската компанија „Фајзер“. Пресудата на Врховниот суд е донесена по жалба на одлуката на Судот во белгискиот град Лиеж, кој во 2023 година ја отфрли тужбата поднесена од поранешниот белгиски лобист Фредерик Балдан. Балдан во тужбата ја обвинуваше Фон ...

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е ...

Израелскиот парламент – Кнесетот синоќа усвои два закона, во прелиминарно читање, за проширување на суверенитетот на окупираниот Западен Брег. Првиот предлог-закон, предложен од лидерот на националистичката партија Авигдор Либерман, чија цел е проширување на израелскиот суверенитет на населбата Маале Адумим, источно од Ерусалим, беше усвоен во прелиминарното читање, со 32 пратеници „за“ и девет „против“. Вториот закон го предложи пратеникот од ...

Американската војска синоќа започнала смртоносен напад врз брод во источниот Пацифик, при што загинаа две лица на бродот, потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Нападот врз бродот во Пацификот е осмиот американски напад врз брод за шверц на дрога од почетокот на септември и се чини дека го означува проширувањето на американската воена кампања, со оглед на тоа што сите напади беа насочени кон бродови во Карипското Море. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне ...

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, вчера по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон, изјави дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа. „Прозорецот за проширување на ЕУ сега е широко отворен. Се сретнавме во Лондон со нашите партнери од Западен Балкан со цел да ја продлабочиме соработката во областите на безбедноста, ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација ушествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо. - Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на патот кон ЕУ, објави на Фејсбук ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
77%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
73%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.02
75%
1023
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
76%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
45%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1021
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
71%
1023
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Цинк

3.22

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Родиум

255598.44

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20