Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот – симбол на работничката борба за достоинствени услови, фер плати и основни права. По тој повод, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест што започна во 11 часот пред Работничкиот дом и продолжува кон Собранието, Стопанската комора и Владата, со јасна порака дека трпението на работниците има граници. Во фокусот е барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра – праг што ...

Изјавите на Мицкоски за европската перспектива се спротивни на реалната состојба во земјата - власта ја оддалечува Македонија од европските стандарди, порачаа од СДСМ. Според нив, наместо напредок кон Европската Унија, државата се соочува со проблеми во владеењето на правото, слободата на медиумите и демократските процеси. Од СДСМ велат дека вистинските реформи и почитување на европските вредности се единствениот пат за напредок и ...

Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа, фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа синоќа над Астон Вила со 1-0 на домашен терен, додека Брага го победи Фрајбург со 2-1. Брага до победата на домашен терен над Фрајбург дојде во судиското продолжение, откако португалскиот тим дојде до почетно водство во осмата минута со голот на Тикназ. Фрајбург не чекаше долго за да одговори и само осум минути подоцна го израмни резултатот со голот на ...

Силни експлозии одекнуваа ноќеска во украинскиот црноморски град Одеса, кој е под масовен напад со беспилотни летала, објавија локални канали на апликацијата „Телеграм“. Според истите извори, повеќе од 20 дронови го напаѓаат градот од акваторијата на Црното Море. Локалните власти ги повикаа граѓаните веднаш да побараат засолниште во скривниците. Воздушната тревога е прогласена во 1:09 часот по локално време. Силни експлозии одекнуваа ноќеска ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека укинува одредени царини за шкотското виски по посетата на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила на Белата куќа оваа недела. „Кралот и кралицата ме натераа да направам нешто што никој друг не успеал, и тоа речиси без да побараат!“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Американскиот претседател наведе дека промената е направена по барање на јавноста, особено во однос на дабовите буриња во ...

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое ...

Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот. Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ...

Утринава најниски температури се измерени на Попова Шапка -5 степени Целзиусови и во Маврови Анови -1 степен, додека во повеќе градови низ земјата температурите се движеа околу нулата. Највисока температура од 6 степени е измерена во Гевгелија и Куманово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Крива Паланка - 18 литри на метар квадратен, во Виница - 13 и во Пожаране - ...

Во селото Смилево, Демир Хисар, денеска започнува дводневната културната манифестација „Смилевски конгрес 2026“. Како што посочуваат од НУ Манифестација „Смилевски конгрес“, настанот има цел да отвори простор за преиспитување на улогата на уметноста и заедницата во современиот општествен контекст, нагласувајќи дека културната меморија на Смилевскиот конгрес не се третира како историски остаток, туку како активна можност за ново промислување ...

Холандските власти вчера евакуираа аеродром во јужниот дел на земјата откако избувна голем шумски пожар во близина на воена тренинг-зона, во услови на тековна суша во регионот. Пожарот избувнал во близина на полигон за воена обука во северниот дел на провинцијата Лимбург. Евакуираниот аеродром „Кемпен“ е меѓу најпрометните аеродроми во Холандија. На околу 40 километри источно, во близина на границата со Германија, вчера избувна уште еден ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. ...

Иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада, потврди уште еднаш синоќа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во говорот на 76. редовен Конгрес во Ванкувер. „Секако, иранската репрезентација ќе учествува на Светското првенство. Морам да го кажам тоа, потврдувајќи уште еднаш за оние кои можеби сакаат да слушнат нешто друго, да напишат нешто друго. Секако, Иран ќе учествува на ...

Одбојкарките на скопски Работнички го совладаа вечерва на домашен терен Наковски Волеј со 3-1 во сетови и израмнија на 1-1 во финалната серија од плејофот за титулата. Избраничките на Душко Деспотовски го добија првиот сет со 25-21, но струмичкиот тим брзо се врати резултатски во игра и доминираше во вториот сет за конечни 21-14. Третиот сет донесе крајно неизвесна битка во која Работнички славеше на крајот на разлика со 26-24, а со ...

Со штрајкови и протести во Атина и други грчки градови, во Грција традиционални ќе се одбележи Денот на трудот, организирани од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор, јави дописничката на МИА од Атина. Грција денеска е без бродски и железнички сообраќај, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што во Атина, метрото и трамвајот започнаа 24 часовен штрајк, автобусите и тролејбусите ќе сообраќаат од 9 до 21 ...

Асоцијацијата на слободни и независни синдикати на Србија во својот првомајски проглас бара итни промени во функционирањето на институциите и судството со цел да се обезбедат подобри услови за работниците. „Работниците во Србија го дочекуваат Меѓународниот ден на трудот во услови на економска неизвесност, зголемени трошоци за живот и продлабочување на социјалните разлики...Речиси една третина од населението на Србија е на раб на сиромаштија, ...

САД повикаа на директни разговори на високо ниво меѓу Израел и Либан во услови на кревко примирје меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах, јави ДПА. „Либан се наоѓа на крстосница. Неговиот народ има историска можност да ја врати својата држава и да ја обликува својата иднина како вистински суверена и независна нација“, се наведува во соопштението на американската амбасада во Бејрут, објавено на социјалната мрежа „Икс“. Претседателот на ...

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Од Владата порачуваат дека остануваат посветени ...

ЈСП Скопје информира дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година - 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Денеска и во недела, 3 мај, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време, оние што се во ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека изборите ќе се одржат или на 12 јули или од октомври до крајот на ноември. „Најдоцна во следните шест и пол месеци, а можеби дури и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во земјата и ситуацијата во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ. Тој најави дека препораките на ОДИХР ќе бидат целосно усвоени од ...

Канцеларијата на парискиот обвинител покрена истрага против петнаесетгодишник осомничен дека ја хакирал националната агенција за издавање лични карти и се обидел да ги продаде податоците на милиони Французи на „dark web“ претходно овој месец, соопшти денеска обвинителството. Тинејџерот, чиј идентитет не е откриен, е приведен на 25 април и задржан во полициски притвор на испитување, откако се појави сомнеж дека тој стои зад прекарот „breach3d“ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...

По повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, денеска дел од паркиралиштата со кои стопанисуваат ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар и ЈП „Градски паркинг“ - Скопје ќе бидат бесплатни за сите граѓани. Редовно ќе се наплаќаат само затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“, „Трготекстил“ и „Палома Бјанка“ кои се во надлежност на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар, како и зона А0 Водно, катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните ...

Румен Радев на чекор до премиерската функција – најави влада до 15 мај и порача „Голема е веројатноста да бидам премиер.“ По конститутивната седница на 52-то Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека никогаш не бегал од одговорност и дека во тек е избор на најсоодветна комбинација од лични квалитети и искуство, за клучните функции во идната влада. Најави дека приоритет на најголемата пратеничка ...

САД тврдат дека разговорите со Иран напредуваат, но дека нуклеарното прашање останува отворено. Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека без откажување од нуклеарно оружје нема договор, ниту укинување на поморската блокада. Трамп имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, при што рускиот претседател му понудил помош околу прашањето со збогатениот ураниум. Доналд Трамп - претседател на САД „Тие направија ...

Судскиот процес против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, кои според обвинението во записниците внесувале погрешни податоци за правното лице „Пулс“, денеска се заокружи со завршни зборови. Судот ќе донесе пресуда на петти мај. Обвинителката Сапасенка Андонова од ОЈОГОКК вели дека се става акцент на пропустите на полициските службеници кои придонеле да се рализира одредена имотна корист за прваниот субјект кој не бил нотиран во ...

Искршен инвентар, уништени табли и длабока вознемиреност е епилогот од синоќешниот вандализам во најголемото основно училиште во Штип, „Ванчо Прќе, кое е лоцирано во централното градско подрачје. Таму синоќа околу полноќ насилно влегло маскирано лице, откако претходно неутрализирал некои од камерите, по што ги пуштил сите чешми, кршел компјутери, цртал кукасти крстови и носел долг нож, а напишал и пораки по ѕидовите со недолична содржина. ...

Заедно со цените на прехранбените продукти во Охрид растат цените и на услугите на општинските претпријатија.Паркингот поскапува за 30 проценти,исто толку комуналните услуги, а гробарината за 50 проценти. Од владеачкото мнозинство кое даде зелено светло за поскапувањето велат дека истото е оправдано согласно покачувањата на цените на горивата, репроматеријалите како и минималната плата.Опозицијата критикува- наместо помош дополнително се ...

Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ се огради од изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон во која тој го оспори делото на Гоце Делчев. „Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес. Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.62
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
5.69
21%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.9
36%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.41
37%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.53
26%
1018
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
39%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
8.05
43%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.33
39%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1019
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 38ᴼ
0.89
27%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
8.14
96%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Калај

50.56

Злато

131072.82