Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Премиерот на Полска, Доналд Туск синоќа изјави дека Варшава „се сомневала“ дека владата на Унбгарија со години ја информирала Русија за состаноците на Советот на ЕУ. Неговата изјава уследи откако „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори, објави дека унгарската влада предводена од премиерот Виктор Орбан ја ѝ обезбедувала на Москва пристап до дискусиите за чувствителни теми во Европската Унија. Според „Вашингтон пост“, ...
Иран поседува балистичко оружје со кое може да ги загрози Рим и Лондон, пишуваат европските весници, посочувајќи дека американските и израелските напади не ги неутрализирале ракетните капацитети на Техеран. Италијанскиот весник „Ла Република“ наведува дека за евентуален напад врз европски цели, лансирните позиции би требало да се наоѓаат во северниот дел на Иран. Притоа се истакнува дека европските земји во моментов немаат оперативен систем ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Куба, Карлос Фернандез де Косио, коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за промена на власта на островот, повика кога станува збор за Куба да не се прават паралели со настаните во Иран и Венецуела. „Би ги замолил луѓето да не прават паралели кога зборуваат за Куба. Ние имаме своја реалност, свои околности. И, како што реков, не мислиме дека постои потреба од каква било воена акција на Соединетите ...
Кубанските власти синоќа започнаа со постепен процес за враќање на снабдувањето со електрична енергија по „целосниот колапс“ на националниот енергетски систем, што е втор ваков инцидент за помалку од една недела. Официјална Хавана ја насочи вината за енергетската криза кон нафтеното ембарго наметнато од страна на Соединетите Американски Држави. Државната електрична компанија соопшти дека во попладневните часови е вратена струјата во две ...
Кандидатот на Социјалистичката партија, Емануел Грегоар, победи на вчера одржаниот втор круг од изборите за градоначалник на Париз. Тој функцијата ќе ја преземе од неговата сопартијка Ан Идалго. Дијаметрално спротивно, крајната десница извојува убедлива победа во градот Ница, град на француската ривиера. Изборите се индикатор за односот на политичките сили во Франција воочи претседателските избори закажани за наредната година. Иако се уште не ...
Либералната партија на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок, покажуваат првичните официјални резултати. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти државната изборна комисија. Опозициската ...
Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се избегнуваат напади врз цивилна инфраструктура на Иран, доколку ескалира конфликтот со Иран по упатениот ултиматум на САД во врска Ормускиот теснец. Во објава на социјалната мрежа „Икс“ Пахлави го повика Трамп да го преиспита својот пристап, наведувајќи дека иранските власти треба да бидат соборени, но оти државата мора да биде заштитена. ...
Во Собранието денеска ќе се одржа седница на Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е Предлог-програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година. Членовите на Клубот за младински прашања и политики ќе имаат средба со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Република Северна Македонија. Во Собранието денеска ќе се одржа седница на Комисијата за култура и туризам на која на дневен ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Конфликтот на Блискиот Исток не се смирува. Ден по најавата за намалување на воениот ангажман во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со уништување на иранските електрани ако Ормускиот теснец не биде отворен во рок од 48 часа. Доналд Трамп – претседател на САД „Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, прво ...
Секое одложување на преговорите со Европската унија, носи само потешки и потешки услови за Македонија, вели амбасадорот Ѓорги Филипов во интервју за ТВ 24. Според Филипов, ако на изборите во април во Бугарија, победи екс претседателот Румен Радев, нема да има позитивен пресврт во односите Скопје – Софија.. Според Филипов, во еу се менува темпото на политичката волја за проширување и можно е да се донесат одлуки кои се повеќе стратешки отколку ...
При процесот за избор на државен јавен обвинител направени се пропусти, контатираше Дарко Аврамовски од Коалицијата Сите за правично судење во интервју за Рсе. Според Аврамовски требало Советот на јавните обвинители да ги покани кандидатите на седницата на којашто даваше мислењето за нив, со цел простор да ја претстават програмата и јавноста да ги запознае. Но, Советот избегнал одговорност и дал отворена карта на Владата. Аврамовски потенцира ...
Претплатниците во мобилната телефонија во државава минатата година просечно во тек на еден месец иницирале 104,05 повици и зборувале 228,03 минути. Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа, 143,27 минути (62,83 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државава е значително помал, 80,99 минути (35,52 проценти), во сопствена фиксна мрежа 1,51 минута (0,66 проценти), кон други фиксни телефонски мрежи во ...
Владата го намалува ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти. По две недели силен раст, во кои дизелот поскапе за околу 30, а бензините за 17 проценти, од Илинденска конечно излегоа со мерка. Според најавите, од вторник бензините најверојатно ќе останат на сегашното ниво, а дизелот сепак ќе поскапи за околу три до три и пол денари по литар. Мерката ќе важи две недели, а Мицкоски порача дека и покрај поскапувањата, земјава и натаму има едно од ...
По вознемирувачкиот настан вчера во Зрновци, местото викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река каде беше пронајдено женско тело во фаза на распаѓање денеска од обвинителство велат дека во моментов нема информации кои можат да се споделат со јавноста. Вчера официјално мвр ја потврди информацијата и наведе дека во СВР Штип околу 10.40 ч настанот бил пријавен и преземаат мерки за расчистување на случајот.. И од обвинителството преку ...
Предлагачите на новиот закон за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на сопствениците на малите продажни објекти, како што се тобако продавниците, киосците, мини маркетите и другите мали семејни бизниси и не ги вградија нивните аргументи во драфт-верзијата на законот која наскоро треба да стигне до Владата. Уште при објавувањето на првичната верзија на законското решение, малите трговци предупредија дека ќе бидат сериозно економски ...
Владата одржува вонредна седница на која се носат мерки за ублажување на ценовниот удар. На повидок е намалување на стапката на ддв од 18 на 10 проценти. Поради растот на цената на нафтата на светските берзи и очекувањата горивата утре повторно да поскапат, итни мерки побара и опозицијата, која предупреди дека спиралата на раст на основните прехранбени производи е веќе почната. Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ...
„Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ. Намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините. Овие мерки ќе значат долгорочно и сеопфатно решение, вистински и реално ќе се намалат цените и на горивата и на храната и ќе се заштити стандардот на граѓаните во оваа криза“, велат од СДСМ. „Владата мора итно ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар. - Официјалните ветеринари на АХВ на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот ...
Роден во Скопје во 1947 година, Пенушлиски дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година, а своето образование го надградил со постдипломски студии на Институтот „Прат“ во Њујорк. Во текот на својата долга и плодна кариера реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, градејќи препознатлив авторски израз што се движеше помеѓу интимата и урбаниот пејзаж. Неговото сликарство често беше длабоко ...
Словенија денес ќе ги одржи своите 10-ти парламентарни избори по стекнувањето независност од поранешна СФРЈ. Изборите ќе се одржат според пропорционален изборен систем. Земјата е поделена на осум изборни единици, од кои секоја вклучува единаесет изборни единици, со вкупно 1.698.352 лица со право на глас, а во секоја изборна единица се распределени 11 пратенички места. Вкупно 1.179 кандидати на 17 листи, вклучувајќи 15 кои се кандидираат на ...
Според последното соопштение на УХМР, денес времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 0°С на Попова Шапка до 17°С во Гевгелија. Во Скопје, минималната температура ќе се спушти до 0°С, а максималната ќе достигне до 15°С. На Попова Шапка висината на снежната покривка е 54 cm. До крајот на денот облачноста ќе се ...
Во ек на празничниот викенд, вистински бран патувања ја зафати Македонија, при што за само 12 часа над 20.000 граѓани ја напуштиле државата и заминале во странство. Според податоците од Министерството за внатрешни работи, најголем дел од сообраќајот бил регистриран на граничниот премин Богородица. Во период од 24 часа, во земјата влегле 7.945 граѓани, додека 7.954 ја напуштиле државата. Во истиот период, преку овој премин во Македонија влегле ...
Иран, синоќа изведе жестоки напади врз Израел, а премиерот Бенџамин Нетанјаху изјави дека имале „многу тешка вечер“. Погодени се градовите Арад и Димона во јужниот дел на земјата. Во Арад загинале најмалку пет лица, над 100 се повредени, а многумина се заробени под рушевините на зградите. Многу станбени објекти се уште горат. Нетанјаху посочи дека разговарал со локалните власти и нагласи дека Израел ќе продолжи со напади врз своите ...
До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање. Жителите на општината за ТВ 24 вознемирено сведочат како било откриено телото. Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Неофицијално – не е исклучена можноста од насилна смрт. Телото веднаш е предадено на обдукција. До доцна вечерва ...
Несекојдневна глетка за пуслот на природата која буди чувство на убавина и восхит. Мечка и две мечиња се бањаат во реката Радика, уживајќи на свој начин на почетокот од пролетта. „Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата на фејсбук-страницата Ривер Радика при што се посочува дека снимката ја направил Един Исмаили. Несекојдневна глетка за пуслот на природата која буди чувство на ...
Граѓаните на Словенија утре на парламентарни избори ќе гласаат за новиот состав на Собранието, од што зависи и кој ќе ја формира идната Влада. Се бираат вкупно 90 пратеници – 88 ќе бидат избор на 1.695.196 граѓани, а двајца ќе произлезат од гласовите на малцинствата. За мнозинство се потребни најмалку 46 освоеnи места. Овие избори се сметаат за еден од најтесните политички дуели видени во последните години. Главната трка се води помеѓу ...
Во регионот, владата на црна гора донесе одлука за привремено намалување на акцизата на дизелот за 50 проценти и за безните за 25 отсто. Мерка ќе стапи на сила од понеделник на полноќ. Србија дополнително ја намали акцизата за горивата за 40% отако претходно ја намали за 20 отсто. Ценовни ограничувања веќе воведоа и Босна и Херцеговина и Хрватска. Според македонската влада, државава и со сегашните цени важи за земја во регионот со најниски ...
Намалување на акцизата и ддв за горивата – ова се две мерки кои, според информации на тв 24 се на маса во владата и чекаат финализирање. Од Владата потврдуваат дека утре ќе има вонредна владина седница. Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба ...
Васе Анакиев доби притвор од 30 дена, откако е отворена истрага дека како директор на Државниот инспекторат за земјоделство барал поткуп од 100 илјади евра од фирма, за да може да увезе стока која имала забрана за влез. Според МВР, поткупот бил баран индиректно, преку шпедитер, за да заврши работа што по закон не смеел да ја направи. Пред два дена била предадена првата рата од 50 илјади евра, кои оштетениот ги дал на шпедитерот за подоцна да ...