Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја. Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија ...
Осум новинари исчезнале или биле убиени во Мексико во текот на 2025 година, соопшти во свој извештај британската организација за заштита на новинарите „Член 19“ (Article 19). Во извештајот Мексико е посочено како земја во Латинска Америка со највисоко ниво на цензура и судски притисоци врз медиумите. „Во 2025 година Мексико регистрира едно исчезнување и седум убиства на новинари, со што повторно е на врвот на регионалната листа“, се наведува ...
Павилјонот на Република Северна Mакедонија на 61. Венециско биенале свечено ќе биде отворен утревечер во 18.30 часот со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?), авторско дело на Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. Претставувањето е целосно поддржано и организирано од Министерството за култура и туризам. Македонскиот павилјон е сместен во ...
Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против Баер Леверкузен (1-1, 2-0), ...
Бугарската претседателка Илијана Јотова се очекува денеска да го врачи мандатот за составување влада, јави БТА. Во вторникот, по завршувањето на консултациите со парламентарните групи, Јотова соопшти дека мандатот ќе биде врачен на 7 мај во 17 часот. За време на средбите се издвоиле неколку теми што политичките сили ги сметаат за клучни приоритети – буџетот, судските реформи и исплатите од Планот за закрепнување и отпорност. „Најважните ...
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. „Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...
Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и светска кариера, со седиште во Берлин. Критиката го опишува како уметник со ...
Вториот реванш полуфинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Баерн и ПСЖ се очекува со големо внимание, пред сè по извонредниот прв дуел во Париз, каде европскиот првак ПСЖ победи со 5:4. - Може ли луѓето да очекуваат иста игра како минатата недела? Секогаш ќе зависи од двата тима. Ако еден одлучи да направи чекор назад и да се брани повеќе, тогаш може да има некои помирни фази во играта. Во спротивно, нема да има. Тешко е да се замисли дека ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија првиот натпревар од полуфиналето од плеј офот против Пелистер со 80:75 (28:18; 11:17; 18:20; 23:20). Победата значи и водство од 1-0 во добиени натпревари во серијата до две победи. Првакот одлично ја одигра првата четвртина и стигна до водство од 28:18, а во вториот период битолчани одиграа квалитетно во одбраната и примија само 11 поени, па така на полувреме беше 39:35. Во вториот дел Пелистер во ...
Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична дефанзивна игра не му ...
Кошаркарките на Бадел синоќа остварија победа од 71:69 во натпреварот број 3 од финалето од плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Крива Паланка и намалија на 2-1 во победи за Крива Паланка. Триумфот на Бадел беше остварен со кошот на две секунди до крајот на Ива Чoлакоска, која вкупно постигна 16 поени, а во решавачките моменти имаше смирена рака. Претходниот напад гостинките од Крива Паланка за водство не го реализираа, а по ...
Легендарниот гитарист Влатко Стефановски денеска во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа Croatia Records. На промоцијата, што ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите тековни и идни музички ...
Прволигашките екипи Силекс и Шкендија Тетово изборија пласман во финалето од куп натпреварувањата откако попладнево постигнаа победи во реванш полуфиналните дуели. Во Кратово, Силекс го совлада тимот на второлигашот Охрид со 1:0, а стрелец на голот од пенал беше Дарко Додев во 35.минута. Екипата на Силекс преку Ади Алиќ не искористи пенал во 25.минута, неговиот удар го одбрани Дамјан Серафимов. На првиот дуел во Охрид беше нерешено 1:1. ...
„Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, ...
Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епстин и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епстин, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Рачно ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предвиде дека војната во Иран ќе „заврши брзо“ и вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Неговите коментари доаѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ (Axios) објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето. Тој нагласува дека на Србија и се потребни решителни и сериозни ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија денеска со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба, по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела - телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. Обвинителството, во завршен збор, ...
Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централна прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај. На настанот обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости, како и претставници на дипломатскиот кор во ...
Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на ...
Поради дефект во шахта и монтажа на водомер за паркови без водоснабдување денеска од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во Општина Центар. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиено известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот е поради поради дефект во шахта Ф 6/4“ и монтажа на водомер за паркови ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода. Во Општина Студеничани, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. ...
Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Конференцијата ќе ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан, во тек на кој ќе се одржат седум панел ...
Нема опасност од енергетска криза во земјава, тврдат властите. Со стартот на интрадеј пазарот за електрична енергија, Владата уверува дека македонскиот енергетски систем станува постабилен, потранспарентен и поотпорен на ризици. Новата алатка која ја воведе Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО овозможува тргување со струја речиси во реално време, што според надлежните ќе помогне побрзо да се реагира при евентуални ...
2027 може да е опција за предвремени парламентарни избори но фокусот е тие да бидат во редовниот термин пролетта 2028 се дообјасни денеска премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната изјава дека избори ќе има наскоро. Денеска во изјавата за медиумите посочи дека 2026 секако ќе биде реформска година иако ВМРО-ДПМНЕ била спремна и за предвремени избори но крајната цел за сега останува тие да бидат пролетта 2028 во редовниот термин. Од Бихаќка ...
Јагленосани тела, изгорена јакна која била на пејачот Андреја Ѓорѓиески, крв, патики, штикли, капути, гитара, фотоапарат. Обвинителството презентираше околу 90 потресни фотографии и видео снимки кои сведочеа за затекнатата состојба во објектот „Пулс“ на критичната вечер минатата година во Кочани. Црн ранец во кој имало пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти и ќеса со неискористено ...
Европските амбасадори ќе бидат тука за вас да ја надминеме и последната пречка за пристапување во Европската унија , порача евроабасадор Михаил Рокас на конференцијата „30 Години на европскиот пат: Северна Македонија - Европска унија - следни чекори. Патот дотаму според Рокас е многу поблиску од тоа што мислиме, но недостига како што кажа желба за обединување низ политичкиот спектар. Договор е постигнат во 2022 и да беше да беше испорачан ...