Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Времето денеска ќе биде променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени. ...
Иван Анастасовски универзитетски професор и поранешен потпретседател на Собранието во 2006 како дел од НСДП која беше дел од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА , Рубин Земон поранешен пратеник и лидер на ПОЕН, Слободан Чокревски син на поранешниот Слободан Чокревски екс директор на АХВ , Богданка Кузевска портапаролката на СДСМ и Соња Стаменковска градоначалничката на Македонска Каменица се дел од членовите кои се очекува според партиски избори на ...
Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ на местото на Мартин Костовски кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово. Костовски не успеа да влезе во вториот круг во Куманово по што се дистанцираше од СДСМ. Освен Труфуновски , организациски секретар е и Љупчо Фармаковски, а генерелен секретар Александар Саша Димитријевиќ. По катастрофалниот пораз на СДСМ на локалните избори Димитријевиќ и Фармаковски си ...
Град Скопје ќе обезбеди еднократна парична помош за онколошките пациенти во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година. Според одлуката, право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на градот, односно во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. За остварување на правото, потребно е да се достави ...
На првата официјална средба по неговото именување, јавниот обвинител Ненад Савески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, разговараа за континуираната поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство како и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата, соопштуваат од Јавното Обвинителство на Република Северна Македонија. - Притоа, двајцата разговараа и за сите можности и насоки во кои таа поддршка треба ...
Земјава до сега има имплементирано околу 30 % од реформите на патот кон евроинтеграциите покажуваат истражувањата на Институтот за демократија . По сектори најмногу напредува министерството за дигитална трансформација а најмалку секторот правда и фундаменталните вредности . Сепак од институтот велат дека очекуваат најголем дел од реформите да бидат исполнети оваа година бидејќи рокот е до 2027 иако има грејс период и од една година плус кога ...
Вработени од РЕК „Битола“ се пожалиле на стомачни тегоби кои е можно да се предизвикани од труење со храна. Половина од вработените во рудникот во рударско енергетскиот комбинат денес не се на работа – обвинија од опозициската СДСМ во Битола, од каде преку јавно соопштение прашуваат дали е точно дека значителен дел од вработените во рудникот се затруле од храната? СДСМ БИТОЛА - Дали покрај негрижата кон комбинатот, сега не се води грижа ни за ...
Владата даде зелено светло и го поддржа проектот за Брз автобуски превоз кој беше почнат уште во 2021 година кога градоначалник беше Петре Шилегов. Иако тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше проектот сепак сегашниот градоначалник на Град Скопје од нивните редови Орце Ѓорѓиевски се одлучи да го спроведе. Проектот ќе се финансира со 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и ќе треба да биде готов до 2029 година. ...
Стартуваше па набргу се прекинаа активностите бидејќи банкротираа и фирмата и банката од Азербејџан кои требаше да ја доизградат канализационата мрежа од селото Зајас па се до градот Кичево поточно до селото Другово.Оттогаш се е оставено на половина, а парите одобрени за проектот стојат замрзнати вели новиот градоначалник на општината според кој постојат голем број дилеми околу самиот проект. „Што се однесува до канализацијата, проблемот е во ...
Судскиот процес за трагедијата во ,,Пулс” Кочани минатата година, продолжи со двајца сведоци-вработени во општината. Раководител на одделението за уредување на градежно земјиште во општината наведе дека објектот ,,Пулс” се наоѓа во лесна и незагадувачка индустрија, Г2. На прашање на Обвинителството сведокот одговори дека не се направила пренамена на објектот, локалитетот. Драги Илиевски - раководител на одделение за уредување на градежно ...
Иван Анастасовски универзитетски професор и поранешен потпретседател на Собранието во 2006 како дел од НСДП која беше дел од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА , Рубин Земон поранешен пратеник и лидер на ПОЕН, Слободан Чокревски син на поранешниот Слободан Чокревски екс директор на АХВ , Богданка Кузевска портапаролката на СДСМ и Соња Стаменковска градоначалничката на Македонска Каменица се дел од членовите кои се очекува според партиски избори на ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ја нагласи подготвеноста на банката да дејствува доколку зголемувањето на цените на енергијата предизвикано од војната со Иран нагло ја зголеми инфлацијата, јави ДПА. Управниот совет на ЕЦБ е подготвен, доколку е соодветно, „да направи промени во нашата политика на кој било состанок“, изјави Лагард денеска на настан во Франкфурт. Постојат, додаде таа, „причини за будност“. ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во синоќешниот воздушен напад врз централниот дел на Појасот Газа елиминирани се неколку членови на елитните сили на Хамас, Нухба. ИДФ истакнува дека вооружените припадници на Хамас „неодамна спровеле неколку воени обуки во централниот дел на Појасот Газа и оти претставуваат закана за ИДФ и за Израел. ИДФ наведе дека од почетокот на војната со Иран, убиени се десетина оперативци на Хамас, кои ...
Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно предлог - одлуката што беше изгласана на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека за избор за заменик директор на Агенцијата, Собранието ќе објави ...
Ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев, кој заедно со уште неколку физички лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и уште едно правно лице, се сомничат за повеќе кривични дела поврзани со финансиски малверзации и примање поткуп во врска со користење средства преку европската ИПАРД-програма, седнаа на обвинителна клупа во ...
Планот за професионален интегритет 2026 - 2028 е значаен инструмент во нашите напори за искоренување на корупцијата. Нашата цел е јасна - нула корупција во полицијата - порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на планот за професионален интегритет 2026 - 2028 на Министерството за внатрешни работи, изработен во рамките на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор 2021 - 2026. ...
Во општинскиот даночен регистар на Кочани дискотеката „Пулс“ не фигурирала како правно лице, туку обврските за лиценца и за фирмарина ги намирувале правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ“. Ова го истакна Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансиски прашања, на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Одговарајќи на прашања на Јавното обвинителство, Рашков појасни дека Општината нема ингеренции за издавање лиценци ...
Државјанин на Северна Македонија Н.К. (33) е приведен под сомнение дека синоќа усмртил 57-годишен пешак додека возел камион на автопатот кај Грделица, а потоа го напуштил местото на несреќата, соопшти денеска полицијата во Лесковац. Пешакот им подлегнал на повредите на самото место, а полицијата го идентификувала осомничениот, кој подоцна бил пронајден и приведен на подрачјето на Сремска Митровица. Со наредба на Основното јавно обвинителство ...
Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска се иззема од точката на дневен ред. Судиите членови на Судскиот совет, кои ја поддржаа кандидатурата на Дика-Георгиевска, истакнаа дека таа ги исполнува сите услови за уставен судија, дека станува збор за професионалец кој има ...
Во екот на зголемените тензии на Блискиот Исток, Иран го добил американскиот предлог од 15 точки за прекин на американско-израелската офанзива. Планот, според извори, опфаќа клучни прашања како ублажување на санкциите, нуклеарната програма и регионалната безбедност. Додека од Вашингтон се испраќаат сигнали дека постои подготвеност за договор, официјален Техеран ги негира наводите за директни преговори. Техеран бара затворање на сите ...
Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно", континуирано ја истакнува важноста на одговорниот пристап кон игрите на среќа. Во рамки на активностите за едукација и превенција, компанијата овозможи функционирање на неколку советувалишта низ државата. Покрај постоечките центри во Скопје, Куманово и Прилеп, веќе следната недела се очекува да започне со работа и ново советувалиште во Радовиш. ...
Наместо намалувањето на ДДВ-то за горивата Владата требаше да ја намали акцизата со што ќе имаше поголем ефект велат од Конфедерацијата на работодавачи. Економската криза се случува во моментот, а повратот на ДДВ-то се случува низ неколку месеци така што подобро е да се преземат поконкретни мерки, вели претседателот на Конфедерацијата. Наместо намалувањето на ДДВ-то за горивата Владата требаше да ја намали акцизата со што ќе имаше поголем ...
Поранешниот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, рече дека не е задоволен од начинот на кој се одвиваат трките во Формула 1 откако шампионатот се префрли на нови технички прописи и промените во дизајнот на автомобилите и моторите. Според Марко, со ретки исклучоци, во моментов нема интересни настани што се случуваат во трките во Формула 1. - Сè оживува, а потоа умира само поради шоуто на Ферари на почетокот на трката. Ако ги одземете стартовите ...
Германскиот тенисер Александар Зверев ноќеска го победи Французинот Квентин Алис во четвртото коло на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 46 минути и заврши со резултат 7:6 (7:4) и 7:6 (7:1). Зверев, четврти на светската ранг-листа, сервираше 16 аса, направи една двојна грешка и не успеа да реализира ниту еден од своите шест брејк топки. Алис, 111-ти во светот, сервираше 12 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту еден брејк ...
Европската комисија, поради нестабилноста на пазарот предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, ги повика земјите членки да ја почнат сезоната на полнење на складиштата за гас на координиран и навремен начин и да се подготват за следната зима. - Навремените и координирани подготовки се од суштинско значење за да се обезбеди правилно полнење на складиштата за гас за следната грејна сезона, адаптирање кон пазарните услови и примена на ...
Данската премиерка Мете Фредериксен денеска му ја поднесе оставката на својата влада на кралот откако нејзината трипартиска коалиција претрпе убедлив пораз на парламентарните избори, соопшти кралската палата. Партиите се подготвени да влезат во потенцијално тешки и долги преговори за да утврдат дали Фредериксен или друг лидер на партијата ќе ја формира следната влада. На власт од 2019 година, 48-годишната Фредериксен водеше кампања за да ги ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез објасни денеска во парламентот во Мадрид дека неговата земја се спротивставува на нападите врз Иран затоа што не сака да учествува во „нелегална војна“ и да ја повтори грешката од окупацијата на Ирак во 2003 година. „Тоа што таму се случува е катастрофа. Тоа е она што досега го постигнаа застапниците на војната“, рече Санчез, обраќајќи и се на опозициската десница собрана околу Народната партија и партијата Вокс ...
Техеран денеска ги предупреди САД да не распоредуваат копнени трупи во Иран, откако во безбедносните извештаи се наведува дека Вашингтон префрла сè повеќе сили во регионот на Заливот, јави ДПА. „Внимателно ги следиме сите движења на САД во регионот, особено распоредувањето на трупи“, напиша претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф на Икс. „Не ја тестирајте нашата решеност да ја браниме нашата земја“, рече Галибаф, кој е поранешен ...
Израелскиот политичар од партијата Сино и бело, Аври Штајнер предложи Израел да купи 40 ненаселени грчки острови во Егејско Море, за да ги користи како засолниште за израелските граѓани во случај на војна, објави на израелскиот весник „Маарив“. Штајнер купувањето на ненаселени грчки острови ја оцени како втора Железна купола, поради опасноста од иранските ракети кои можат да погодат цели во Израел. - Тие не мора да бидат само острови, за мене ...
Општина Кочани навремено го поништила известувањето за користење паркинг-простор и побарала од Државниот пазарен инспекторат да не издава лиценца за работа на дискотеката „Пулс“, бидејќи објектот се наоѓал во зона за лесна и незагадувачка индустрија. Ова го истакна сведокот Драги Илиевски, раководител на Одделението за уредување на градежно земјиште, на денешното рочиште што се одржува во судницата во „Идризово“ за пожарот во кој загинаа 63 ...