Надлежните да преземат мерки против тие што го злоупотребувале системот, а не да се фрла црна дамка врз целата медицинска фела – ова е реакцијата на Независниот синдикат на здравствени работници по изјавите на Премиерот и Министерот Алиу дека лекари земале плата и до 10.000 евра со незаконско работење, но без да прецизираат кои се и од каде се. Од синдикатот порачаа дека институциите мора да реагираат и конечно да се понесе лична одговорност, ...

Анестезиолошки техничар вработен на КАРИЛ осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески, чие безживотно тело беше пронајдено во неговиот дом во Охрид.... Неофицијално станува збор за 53 годишниот Жарко Гроздановски од тетовското село Брвеница кој со Митревски склучил договор за доживотна издршка...Осомничениот се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство а полицијата се сомнева дека убиството е извршено од ...

Нов Марш за ангелите во Кочани во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Семејствата на загинатите разочарани откако вчера Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот на обвинителката во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ивана Алексова Трајчева која ги водеше истрагите, а кои, конечно, влегоа во судница. Нов Марш за ангелите во Кочани во знак на сеќавање на ...

Повеќедневното невреме и снежните врнежи, покрај тешкотиите во сообраќајот и првите поплави, предизвикаа и значителни проблеми во снабдувањето со електрична енергија во делови од Босна и Херцеговина, потврди денеска Електростопанство на БиХ. Како што се наведува, најтешка е состојбата во северозападниот дел на земјата, односно на подрачјето на Унско-санскиот кантон, каде повеќе градови се без напојување со електрична енергија. Локалните ...

Едно лице загина, а 11 се повредени, вклучувајќи и едно дете, како резултат на синоќешниот руски напад врз цивилната инфраструктура во Одеса, објави на „Телеграм“ Сергеј Лисак, началник на Воената администрација на Одеса. „За жал, до 7:00 часот утрово, знаеме дека едно лице починало во болницата како резултат на повредите. Моето искрено сочувство до семејството и најблиските“, посочи Лисак и во објавата на „Фејсбук“. Вкупно, според Лисак, 11 ...

Украинските и руските власти денеска соопштија за цивилни жртви и големи материјални штети по серијата ноќни напади со дронови, кои вклучуваа и напад врз породилиште во Одеса, пренесува ДПА. Во Украина, две лица загинаа во Криви Риг, додека по една жртва е пријавена во Полтавската област и во Одеса. Началникот на воената администрација во Одеса, Серхиј Лисак, потврди дека е погоден покривот на акушерска клиника, но за среќа персоналот и ...

Западна Европа би била првата жртва на уцени од украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку нуклеарно оружје дојде во негови раце, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа за руските медиуми, коментирајќи го барањето на Зеленски безбедносните гаранции за Украина да опфатат и таков вид вооружување, рече дека „тој не само што ќе бара пари и оружје“, туку и ќе им „диктира услови на западните ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Вели дека Владата ќе ја следи состојбата и следнава недела и доколку има потреба ќе биде продолжена мерката за уште две недели или евентуално ќе се оди со нова мерка со акцизите. Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми ...

Анестезиолошки техничар од Универзитетската клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, е приведениот за убиство на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело беше пронајдено во неговиот дом во Охрид. Според истрагата, двете лица претходно склучиле договор за доживотна издршка. Од Министерството за внатрешни работи синоќа потврдија дека привеле едно лице под сомнение дека извршило убиство. Како што соопштија од МВР, во тетовското ...

Институциите да постапат и соодветно да ги казнат тие што го злоупотребувале здравствениот систем, но не смее да се фрла дамка врз сите здравствени работници – ова е реакцијата на Независниот синдикат на здравствени работници во однос на изјавите на надлежните дека лекари заработувале и по 10.000 евра плата незаконски и со фиктивни дежурства. Во државава мора конечно да се сноси лична одговорност и институиите да постапуваат порача ...

Завршницата на одбојкарскиот Куп попладнево на програмата ги има финалните натпревари. Во претходните два дена се играа полуфиналните натпревари. Првото финале е женското меѓу Вардар ЕМ и Наковски Волеј кое почнува во 17:30 часот, додека два часа подоцна бранителот на трофејот УГД Штип против ГОК Борец. Голем успех постигнаа одбојкарките на Вардар ЕМ со победата од 3:0 во сетови против Газели Волеј и се изборија за своето прво финале во ова ...

Денеска во 16 часот и 5 минути ќе се одржи нов „Марш на ангелите“ во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите повикуваат на поддршка на маршот и да не се дозволи да се заборави трагедијата. „Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои. За некого ова е почеток на пролет, за нас — продолжение на тишината ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир, пренесува ДПА. На конференцијата на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран. - Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека по третпат во последните 10 дена е извршен напад во областа на нуклеарната централа Бушер во Иран. Агенцијата на ОН доцна синоќа на платформата Икс, повикувајќи се на ирански информации, наведе дека нема извештаи за оштетување на оперативниот реактор ниту за истекување радијација. Генералниот директор Рафаел Гроси повика на „максимална воена воздржаност за да се избегне ризик од ...

Тајланд соопшти дека постигнал договор со Иран кој ќе овозможи неговите нафтени танкери непречено да минуваат низ Ормуската Теснина, која е под блокада на Техеран.ж - Постигнат е договор кој ќе овозможи безбеден премин на тајландските танкери, со што ќе се намалат грижите за снабдувањето со гориво - изјави тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул. Земјите од Југоисточна Азија го носат најголемиот товар од недостигот на енергенси, а во Тајланд ...

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К" на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи. Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон" и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Куба е следна“, посочувајќи ги како пример неодамнешните воени акции на САД во Венецуела и Иран. За време на форумот во Флорида, Трамп не прецизираше какви дејствија планира, но нагласи дека владата во Хавана е пред колапс поради тешката економска криза. - Ја создадов оваа голема армија. Реков дека никогаш нема да мора да ја користите, но понекогаш мора. И, патем, Куба е следна - изјави ...

Утре, рано изутрина, завршува зимското и започнува летното сметање на времето, со поместување на часовникот за еден час нанапред – од два на три часот. Според уредбата за летно сметање на времето во 2026 година, промената стапува на сила на 29 март и ќе трае до 25 октомври. Летното сметање на времето овозможува повеќе дневна светлина и потенцијално намалување на трошоците за електрична енергија, но експертите предупредуваат дека губењето еден ...

Италијанскиот возач во Ф1 Кими Антонели ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Тој во квалификациите имаше најбрз круг – 1:28.778 минута. За комплетна доминација на Мерцедес во квалификациите се погрижи и вториот возач на овој тим Џорџ Расел, кој ќе стартува од првиот ред – втората позиција. Ова е првпат по 2018 година возачите на Мерцедес да го имаа првиот ред на стартот на трката во Сузука. Третото место ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер во само две недели успеа да постигне две победи против Германецот Александер Зверев на Мастерс турнирите. На турнирот во Мајами синоќа во полуфинале го победи со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6(4)). Ова беше негова 11.та победа во серија и сега против Зверев има скор од 8-4 во победи. За вториот носител Синер сега останува уште финалниот меч и со евентуална победа ќе стане првиот тенисер по Рожер Федерер, кој успеал ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека неговата земја „не е должна да го поддржува НАТО“, со што повторно ги подгреа сомнежите околу заложбата на Вашингтон за клаузулите за заемна одбрана на Алијансата. Говорејќи на инвестициски форум во Мајами, Флорида, Трамп изрази разочарување што европските сојузници одбиле да дадат материјална поддршка на САД во војната со Иран, која трае речиси еден месец. Иако САД не се консултираа со ...

Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД. Во нападот, во кој биле користени ракети и беспилотни летала, оштетени се неколку американски авиони за пренасочување на гориво, а двајца војници се здобиле со тешки повреди. На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Абас Арагчи разговараа за можностите за дипломатско решавање на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во официјалното соопштение се наведува дека министрите детално ја разгледале „сложената воено-политичка криза“ која, според Москва, е резултат на „неоправданата американско-израелска агресија против Иран“. Лавров и Арагчи ...

Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ ...

Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од жителите во селото Стајковци и населбата Сингелиќ и од улицата „Адем Демачи“. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 08:30 часот без вода се дел од селото Стајковци и населбата Сингелиќ кај земјоделската аптека, а од 09 часот без водоснабдување се жителите од улицата „Адем Демачи“ пред слаткарницата „Тиамо“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, во суперлативи зборуваше за го нарече египетскиот репрезентативец Мохамед Салах, кој на лето ќе го напушти премиерлигашот од „Енфилд Роуд‘. Клоп и Салах соработуваа седум години во Ливерпул, период во кој клубот ја освои Премиер лигата и Лигата на шампиони. „Кога го тренирате, ги правите исти работи како и со секој друг играч. Му кажувате да не ја губи топката, повеќе да се враќа во одбраната. ...

Одбојкарите на Штип УГД се првите финалист во македонскиот Куп во машка конкуренција, откако вчера во првото полуфинале од завршниот турнир во Скопје триумфираа над Струмица со 3-0 во сетови. До своето трето едноподруго Куп финале, одбојкарите на Штип УГД дојдоа во доминантен стил, препуштајќи му на противникот само 47 поени во трите сета. Противник на Штип УГД во денешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел во кој вечерва ...

Одбојкарите на велешки Борец ќе се соочат со бранителот на титулата Штип УГД во финалето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) во машка конкуренција, откако вчера во второто полуфинале со 3:0 во сетови (25:19, 25:14, 26:24) го совлада Работнички волеј. Велешкиот состав беше сигурен во првите два сета во полуфиналната пресметка, додека во третиот се врати од негатива од 16:20 и со пресврт го освои сетот на разлика, ...

Екипата на ТФТ со победата постигната синоќа во првиот натпревар од 21.коло на МТЕЛ Супер лигата остана лидер на табелата, а совладан беше Гостивар со 87:82, пред сè на серијата од 12-0 во последните три минути. Гостите од Гостивар беа рамноправен ривал во најголемиот дел од натпреварот, а во финишот имаше и двоцифрена предност (72:61) на седум минути пред крајот. Домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на ривалот и на крајот забележа нова ...

Милијардерот Илон Маск во вторникот се вклучил во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД Доналд Трамп, и индискиот премиер Нарендра Моди во врска со војната во Иран, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на свои извори. Засега не е познато зошто Маск учествувал во разговорот и дали воопшто зел збор, наведува американскиот весник. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, на прашањето да ја коментира информацијата, само изјави дека ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
72%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 13ᴼ
0.0
44%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.25
71%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
58%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1018
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
65%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
79%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0117

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Платина

64172.89

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93