Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Не стивнуваат протестите во Албанија. Нови демонстрации против политиките на Еди Рама. Незадоволството кое почна по контроверзниот проект за луксузен ресорт на албанското крајбежје прерасна во општо незадоволство од работата на владата и високата корупција во земјата. Албанските медиуми тврдат, демонстрациите се најмасовни досега, со учество на неколку стотици илјади лица, меѓу кои и голем број албанци од дијаспората, решени да го променат ...
Пожарите на дивите депонии не се случајност – тие се последица на човечка несовесност, апелираат од ТППЕ Струмица и притоа појаснуваат дека во изминативе денови пожарникарите интервенирале при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија. - Ваквите интервенции бараат голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси, кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот. Горењето на отпадот ...
Левица преку соопштение соопшти дека не се точни тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека нивните предлози во Работната група за измените на Изборниот законик биле целосно прифатени. Од партијата велат дека нивните клучни барања – воведување една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање – биле одбиени. Според Левица, во текот на работата на групата тие настапувале конструктивно, со цел да се постигне консензус и да ...
Големиот шумски пожар што избувна во саботата навечер во близина на северните предградија на Солун, во областа Ореокастро, сè уште не е изгаснат, соопшти Грчката противпожарна служба. Пламените стигнаа многу блиску до куќите во областите од кои граѓаните беа евакуирани синоќа, додека покрај фабриката за рециклирање, пожарот се прошири и на текстилна фабрика, што, според раководителот на противпожарната служба, Костас Цигас, придонело за ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Голем шумски пожар избувна попладнево на хрватскиот остров Хвар, на подрачјето меѓу Јагодна и Иван Долац, по што на терен веднаш беа испратени бројни противпожарни екипи. Во гаснењето учествуваат пожарникари од доброволните противпожарни друштва Хвар, Јелса и Стари Град, а од воздух им помагаат четири канадери, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пожарот зафатил делови од неколку вили, при што има и ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Власта и опозицијата со дијаметрално различни ставови во однос на успешноста на Реформската агенда и средствата од планот за раст. „Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. ...
Опозициската СДСМ смета дека Владата ја довела државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори. Од СДСМ велат дека економијата е во слободен пад, инфлацијата ги изела платите, цените на основните производи континуирано растат, минималната плата не е зголемена, а истовремено јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, додека според опозицијата, буџетот ...
Најавена реконструкција на владата а опозицијата обвинува – лице осудено на условна казна ќе раководи со ресорот за добро владеење. Според СДСМ, димитар димовски – секретар за јавни политики во владата и лице осомничено во неколку случаи ќе биде дел од владиниот кабинет..Од опозицијата велат, реконструкцијата е само театар а во суштина ништо не се менува ... Јон Фрчковски - член на Извршниот одбор „Освен бизнис партнер на мицкоски и дел од ...
Пропадна уште еден обид на пратеничклите групи во законодавниот дом да ги пеглаат разликите околу изборниот законик кој го иницираше парламентарното мнозинство и премиерот Мицккоски. Вели владата е спремна на сите отстапки само да се најде соодветен модул дијаспората да може да го изразува своето право на глас а за се друго вели е спремен да го прифати на опозициските партии. Сепак опозициските партии во текот на денот и претходно излегоа со ...
Чистење на двор кај една од куќите во близина или спој на лабави жици помеѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција во Штип истакна дека сè уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот, кој ги вознемири жителите од оваа населба. Освен на Исарот, вчера драматично и ...
Ребалансот на Буџетот ги судри власта и опозицијата – во Собранието втор ден расправа во комисијата за финансирање и буџет. Власта тврди - средствата се насочуваат кон развој, опозицијата обвинува дека е резултат на недомаќинско трошење и се сомнева дека парите не се за нови проекти туку за покривање на долговите. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека за тоа дали буџетските средства се правилно распределени најдобро ...
Со натпреварот меѓу Канада и Мароко вечерва започнува осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство, додека вториот четвртфиналист ќе биде познат по пресметката меѓу Франција и Парагвај. Канада, еден од трите домаќини на Светското првенство, беше првата што стигна до осминафиналето. Во Лос Анџелес, ја победи Јужна Африка со 1-0 во судиското продолжение. Голот го постигна Стефан Еустакио, со што Канада прв пат во својата историја се ...
Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници со употреба на нож се случиле во текот на истиот ден во Скопје, при што повредени се 12-годишно и 15-годишно момче. Според информациите, првиот инцидент се случил во населбата Шуто Оризари, каде 12-годишно дете било нападнато со нож од друг малолетник и завршило во болница со повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Вториот случај е ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. ...
Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС го блокира Изборниот законик поради страв дека ќе ја изгуби поддршката од македонската дијаспора на следните избори. Манасиевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, голем број граѓани ја напуштиле државата поради, како што рече, „катастрофалното раководење“ на СДС. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. „Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржа говор на Националниот споменик на планината Рашмор во Јужна Дакота, со што ги започна прославите по повод 250-годишнината од американската независност. Пред својот говор, Трамп објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа позлатениот планина Рашмор со неговиот лик врежан покрај поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, објави ABC. Видеото беше објавено откако ...
Штип се соочи со серија пожари на неколку различни локации, при што противпожарните екипи интервенираа истовремено за да спречат поголеми последици. Најновиот пожар избувнал во индустриската зона, во просторот меѓу Штипска млекара и текстилната компанија „Албатрос“, каде што огнот зафатил сува вегетација. Поради близината на пламените јазици до производствените капацитети, од објектот на конфекцијата превентивно биле евакуирани вработените. ...
Според информациите од ЕВН Македонија, денес (4 јули) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Општина Центар. Во периодот од 10:00 до 13:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците на булевар „Кочо Рацин“ бр. 28/1 во Општина Центар. Од ЕВН апелираат до граѓаните да ги имаат предвид најавените прекини и навреме да ги планираат своите активности. Според информациите од ...
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат метеоролозите за денеска. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува да има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд кој во одредениделови ќе биде и над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и ...
Собранието на Северна Македонија на 13 јули ќе одржи седница посветена на реконструкцијата на Владата, на која пратениците ќе одлучуваат за разрешување на дел од актуелните министри и избор на нови членови на извршната власт. Предлогот за кадровските измени, потпишан од премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше доставен до законодавниот дом, по што претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја закажа седницата за понеделник со почеток во 11 ...
Претседателот на Демократскиот сојуз Павле трајанов во гостување во емисијата „Аргумент+“, излезе со оценка дека најквалитетно од се би било да се стави крај на штанцаните дипломи и партиските вработувања кои вели апсолутно постојат и сега како и во изминативе 35 години. Според него несоодветни по струка лица на одредени позиции го кочи функционирањето на системот. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле трајанов во гостување во емисијата ...
Четири големи пожари денес беснеа на истокот. А вистинска драма се одвиваше во Штип откако околу пладне избил пожар во реонот на тврдината Исар, во централното градско подрачје. Сите противпожарни возила, пожарникари и доброволци, како и населението и волонтери, беа на терен, каде што со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, се обидуваа огнените стихии, кои на моменти изгледаа навистина застрашувачки да не дојдат до ...
Цементарата УСЈЕ и граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска со спротивставени аргументи се сретнаа на јавната расправа за новата А-интегрирана еколошка дозвола, документ што ќе ги дефинира условите за работа на Цементарата во следните седум години. Иако од од компанијата уверуваат дека работат согласно европските прописи, сепак активистите бараат построги правила и транспарентна објава на резултатите од мерењата. На крајот, одлуката за ...
Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори. Македонската армија се поднови со нова воена опрема набавена со пари од Европската Унија. Преку европскиот мировен фонд досегашната подршка за АРМ изнесува 40 милини евра.Опремата која беше презентирана во касарната Илиден за евроамбасадорот Михаил Рокас е доказ за видливиот резултат од партнерството меѓу Европската Унија и Северна Македонија. Испораката е поделена во три фази, веќе се ...
Зголемувањето на старосната граница за пензионирање не смее да биде единствена мерка за стабилизација на пензискиот систем, сметаат експертите, откако вчера министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека очекува ММФ да препорача таков чекор. Според нив, потребни се пошироки реформи, пред сè зајакнување на приватниот сектор и подобро финансирање на пензискиот систем. Поранешната директорка на Агенцијата за вработување, ...
До крајот на годинава владата планира да потроши повеќе пари од тоа што може да го собере во државната каса, што значи дека дупката во буџетот неминовно ќе се продлабочува. Ова е само една од ставките која е во предлог ребалансот на буџетот кој од денеска е во собраниска процедура. Во своето експозе, министерката за финансии Гордана Динитриоска Кочовска, вели дека овој ребаланс е резултат на потребата за усогласување на буџетските проекции со ...