Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист Гејт“. -Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар - се наведува во информацијата на МВР. Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се ...
Иранските власти објавија воведување нови процедури за премин на бродови низ Ормуската Теснина, според кои сопствениците на бродови мора да поднесат барање за дозвола преку министерствата за надворешни работи на нивните земји, објави денеска иранската државна телевизија ИРИБ. Според медиумските извештаи, по приемот на барањето за дозвола, иранското Министерство за надворешни работи ја проследува документацијата до морнарицата на Иранската ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не поддржува единствена Европска Унија, бидејќи ЕУ е геополитичка сила што Вашингтон не може да ја игнорира, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, повикувајќи ги земјите-членки да не ја ослабуваат Унијата со билатерални договори со САД. „Тие не ја сакаат Европската Унија, тоа е многу јасно“, рече Калас на конференција во Талин, ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде тајни налози за апсење против уште пет израелски функционери - тројца политичари и две воени лица, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“. Веста доаѓа откако судот со седиште во Хаг веќе издаде налози за апсење во ноември 2024 година за израелскиот премиер Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Според изворот, сè уште не е ...
Во нуклеарната централа Барака во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска избувна пожар откако беше погодена од дрон, а засега нема радиолошки последици за животната средина, објавија властите. Не е познато кој го испратил дронот, иако највероајтно станува збор за Иран, кој во последните денови сè повеќе им се заканува на ОАЕ поради отстапувањето на просторот на земјата на израелската армија и нејзината противракетна одбрана за време на ...
Глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“ годинава по 11-ти пат се одржува во Скопје, со цел пренесување на свеста за машкото здравје и собирање средства за борба против ракот на простата и менталните заболувања. Настанот, кој Скопје го организира од 2016 година, е дел од глобална иницијатива што досега има собрано повеќе од 60,5 милиони долари наменети за борба против ракот на простата и подигнување на свеста за ...
Ниските температури и мразот повторно ги оставија овоштарите и лозарите со огромни штети. Дел од земјоделците велат дека родот е преполовен, а на одредени места и целосно уништен. Од Националната земјоделска мрежа се надеваат дек со обештетувањата ќе ги покријат реалните загуби за разлика од претходните сезони кога добивала од 5 до 10 % оштета за загубениот род Според нив, земјоделците се ставени во невозможна ситуација – ако нема род поради ...
ЕУ не е дизајнирана за светот во кој живееме – потребна е Унија во самата Унија, едногласноста ги кочи одлуките. Ваква порака испрати Жозеп Борел екс шефот на европската дипломатија, во интервју за белгискиот јавен радиодифузер. Остро го критикува начинот на функционирање на Унијата и оцени дека неуспехот да се обедини за клучните прашања, ја поткопува улогата на ЕУ на глобалната сцена. Според Борел, помала „основна група“ во рамките на ЕУ, ...
Ова не е Лас Вегас, коцкарниците ќе се регулираат, дури и по цената на парите што доаѓаат од нив во буџетот. Премиерот Христијан Мицкоски е решен да ги тргне казината најмалку 500 метри од училиштата. Неговата денешна реакција доаѓа откако трите асоцијации на приредувачи на игри на среќа, обложувалниците и вработените во нив жестоко реагираа на, како што велат, нетранспарентноста во носењето на овој закон, кој според нив ќе го уништи ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во официјална посета на Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Денеска претседателката ја посети македонската православна црква „Св. Климент ...
Осумнаесетгодишно момче убиено во Сарај, полицијата го приведе осомничениот. Убиството се случило на 15 мај во шума во Сарај, а во полиција пријавил таткото на осомничениот откако неговиот син го признал убиството. Од МВР соопштија дека се пронајдени телото на жртвата и пиштолот со кој е извршено убиството, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Врсничкото насилство стана алармантна реалност. Дневните билтени на МВР ...
Опозицискиот лидер излезе со алармантни тврдења дека државата е пред банкрот. Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека неговите информации се толку сериозни што државата се соочува со сериозни финансиски проблеми, а Владата лошо го менаџира државниот Буџет. Тој истакна дека новото задолжување од 260 милиони евра е доказ за, како што рече, „огромната дупка во Буџетот“. Според Филипче, Владата побарала заем од 300 милиони евра, но од ...
Грција, Италија, Кипар и Малта предупредија на евентуална нова мигрантска криза поради конфликтот на Блиски Исток и побараа координирани мерки на европско ниво. Во заедничката декларација, објавена на „Форумот Европа – Персиски Залив“, што се одржува во Атина од 15 мај до денеска, се потенцира неопходноста од акција за ограничување на зголемениот миграциски притисок врз Европската Унија. Четирите медитерански земји се согласија да ја ...
Осуда и барање за извинување, се најголем дел од реакциите по срамното и недолично прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, а на која се пееја навредливи песни. Спортските власти пак покрај осуда најавија и покренување на постапка против клубот кој може да се соочи и со казна поради навредливото пеење. Од ФФМ истакнуваат дека е неприфатлива потребата да се пејат вулгарни и навредливи текстови. „Фудбалската ...
Владата на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси. Претходната одлука на Владата за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува утре. ...
Кина, по средбата помеѓу кинескиот и американскиот претседател Шји Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, соопшти дека се постигнати прелиминарни договори за царините, за земјоделските производи и за авионите. Кинеското Министерство за трговија вчера соопшти дека понатамошните преговори за деталите се во тек. Во соопштението на кинеското Министерство за трговија се наведува дека е договорено Кина да купи американски авиони и САД да го снабди ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Словенија. Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во ...
МВР ноќеска го лиши од слобода 19-годишниот М.Б. од село Бојане, по основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот почнал по пријава на телефонската линија 192, кога таткото на осомничениот, И.Б., пријавил дека неговиот син му признал дека усмртил 18-годишно лице од истото село. Според пријавеното, убиството се случило на 15 мај во шума во околината на Сарај, каде ...
Светска здравствена организација (СЗО) прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и во Уганда за „јавна здравствена криза од меѓународен интерес“. Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, процени дека епидемијата на ебола предизвикана од вирусот бундибугио претставува „вонредна состојба во јавното здравје со меѓународна значење“ (ПХЕИЦ), иако сè уште не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба. ...
Во синоќешниот масовен напад со беспилотни летала врз Москва и околината загинаа најмалку три лица, а 12 се повредени, соопштија руските власти без да наведат кој ги извршил нападите. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 74 дронови во текот на ноќта, а над 120 во изминатите 24 часа. Во нападите врз други руски области повредени се четири лица и предизвикана е материјална штета ...
Стотици илјади Тунижани вчера протестираа во главниот град изразувајќи го незадоволството од претседателот Каис Сајед, кого го обвинуваат за ограничување на слободите и лошо владеење, што довело до економска и социјална криза. Протестот се одржа под мотото „Луѓето се гладни, затворите се полни“. Демонстрантите тврдат дека Сајед не успева да се справи со економската криза и ги користи судството и полицијата за да ги замолчи своите критичари. ...
На планината Водно денеска ќе се одржи 14-тото издание на најмасовниот планински спортски настан во земјата „Sparkasse Life – Прв до врв“, кој традиционално обединува илјадници љубители на спортот и природата. Како што информираат организаторите, настанот ќе понуди натпреварување во пет категории: планинско трчање на 4,5 километри, планински велосипедизам на 9 километри, друмски велосипедизам на 11,4 километри, Е-bike на 9 километри и ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (17 мај) без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир. Според најавата, прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“. Од компанијата апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности додека ...
Фудбалерите на Манчестер Сити освоија уште еден пехар откако во финалето на ФА купот на Вембли во Лондон го совладаа Челзи со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Семењо во 71.минута. Тој на атрактивен начин со „петица“ ја затресе мрежата на Челзи по асистенцијата на Ерлинг Халанд. До крајот на натпреварот екипата на Пеп Гвардиола успеа да го зачува водството од гол предност. За екипата на Манчестер Сити ова е осми трофеј во најстарото ...
На трите дуели одиграни попладнево во рамки на 32.коло од Првата фудбалска лига беа постигнати 17 голови или речиси шест по натпревари. Најефикасно беше на дуелот меѓу Шкупи и Работнички каде гостите победија со 7:0 воедно тоа беше и единствената победа, додека на другите два дуела немаше победник. Во Куманово Башкими и Македонија ЃП одиграа нерешено 3:3, а домашниот Башкими ја испушти предноста од 3:1, додека во Кавадарци Тиквеш водеше со ...
Украинската тенисерка Елена Свитолина триумфираше на Мастерс 1000 турнирот во Рим откако во финалето со 2-1 во сетови (6:4; 6:7 (3) и 6:2) ја совлада Американката Коко Гоф. Ова за Свитолина е трета турнирска победа на турнирот во Рим. Првиот сет и припадна на Свитолина, која во завршницата на сетот направи два брејка за 6:4 во гемови. Во вториот сет до прва предност дојде Гоф, со брејк за водство од 6:5 во гемови, но Свитолина веднаш изедначи ...
Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра да ја ...
Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али Ндуме изјави дека денеска се киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиштето, а другите 10 од нивните домови, кои се наоѓаат во близина на училиштето. Вооружени мажи вчера киднапираа непознат број на ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на настава. Ниту една група нема преземено одговорност за вчерашното и денешното киднапирање на ...
Седум луѓе се повредени откако автомобил со голема брзина удри во случајни минувачи во центарот на италијанскиот град Модена. Возачот на автомобилот е приведен и според полицијата нема други опасности. Претходно, италијанските медиуми објавија дека автомобилот откако се залетал во луѓето удрил во излог на продавница, а потоа возачот избодел еден човек, кој се обидел да го запре. Седум луѓе се повредени откако автомобил со голема брзина удри ...
Најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ денеска се врати во својата база Норфолк во Вирџинија по 11 месеци поминати на море и учество во воената операција за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, а учествуваше и од војната против Иран. Бродот „УСС Џералд Р. Форд“ исплови од Вирџинија во јуни минатата година и се упати кон Средоземното Море. Во октомври, беше пренасочен кон Карипско Море како дел од ...